Скопје
13ᴼ /
13ᴼ
Започнуваме со исплата на пензиите од петок, 31 октомври, соопштија од Комерцијална Банка. Ако користите дебитна картичка, со вашата пензија ќе може да располагате истиот ден.Користете ја безбедно и удобно – плаќајте безготовински во продавница или онлајн или, пак, подигнете пари од банкомат. Ако повеќе сакате да ја подигнете пензијата во филијала или експозитура, ќе може да го направите тоа од 31 октомври (петок) и во секој работен ден ...
Советот на Народната банка, на својата редовна седница, го усвои Извештајот за ризиците за банкарскиот сектор за вториот квартал од 2025 година. Во услови на забрзан раст на домашната економија и забавување на инфлацијата, банкарскиот систем ја задржа стабилноста, солвентноста се подобри, а стапката на адекватност на капиталот достигна 19,6%, што е највисокото ниво од 2006 година. Ликвидноста на банкарскиот систем се задржа на задоволително ...
АЛКАЛОИД со раст на консолидираните продажби од 7 %, извоз од 160,4 милиони евра и инвестиции од 15 милиони евра во периодот јануари – септември 2025 г. Приходи од продажби Според единечниот биланс на успех, во периодот јануари – септември 2025 година продажбите достигнуваат 10.180.866.920 денари, што е за 2 % повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Вкупните консолидирани продажби, пак, достигнуваат 15.191.149.664 денари, што ...
Управата за јавни приходи ја информира јавноста дека заклучно со 27 октомври 2025 година, кога истече законскиот рок за поднесување на ДДВ-04 пријавите и плаќање на даночниот долг за третиот квартал од 2025 година, сè уште постојат даночни обврзници кои не ги исполниле своите законски обврски. Според евиденцијата на УЈП, остануваат неподнесени 2.209 тримесечни и 146 месечни пријави, како и 7.436 тримесечни и 1.270 месечни даночни обврзници ...
„Лукоил“ соопшти дека се договорил со „Гунвор“ групацијата да ги продаде сите свои средства во странство. Во соопштението се истакнува дека клучните услови на трансакцијата биле претходно договорени меѓу страните. „Лукоил“ информира дека понудата дадена од „Гунвор“ групацијата за купување на „Лукоил Интернешнл ГмбХ“, со седиште во Австрија, е прифатена и дека компанијата се обврзала да не преговара со други потенцијални купувачи. Но сега ...
Европските производители на автомобили предупредија дека ќе бидат принудени да го запрат производството во рок од неколку дена ако не се најде решение поради влошување на недостигот на полупроводници откако Кина го забрани извозот на чипови произведени од Nexperia. Гардијан објави дека Европската асоцијација на производители на автомобили (ACEA), чии членови се Volkswagen, Stellantis, Peugeot и BMW, изјави дека производителите работат со ...
„Домашната инфлација е значително намалена во однос на врвот од крајот на 2022 година и е сведена на едноцифрено ниво. Просечната инфлација во 2025 година досега се движи околу 4%, а врз основа на сите расположливи претпоставки и мерките преземени досега од Народната банка, очекуваме дека инфлацијата ќе забавува во следниот период и ќе се приближи кон историскиот просек.“ Ова го порача вицегувернерката Ана Митреска на Конференцијата во ...
Курсната листа на Народната банка на Република Северна Македонија се формира и објавува согласно Одлуката за начинот на формирање и објавување на курсевите на Народната банка на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 58/14, 102/14, 14/15 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 83/22). Курсна листа на Народната банка на Република Северна Македонија формирана на 29.10.2025 која се применува од ...
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 27.10.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 70,00 ден/лит. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС ...
„Единствената област за плаќања во евра, СЕПА, веќе е дел од нашата реалност. Тоа не е само симбол, туку и услуга. Преку пониските трошоци, брзината и едноставниот сет информации потребен за извршување на плаќањето, граѓаните и компаниите од нашата земја веќе ги чувствуваат придобивките кога испраќаат пари или кога плаќаат снабдувачи во странство или, пак, кога примаат дознаки од странство“, порача вицегувернерката на Народната банка, ...
Портфолиото на фармацевтската компанија „Реплек“ и оваа година предизвикува голем интерес на CPHI саемот за фармација, кој од 28-ми до 30-ти октомври се одржува во Франкфурт, Германија, под мотото „Ја обликуваме иднината на фармацијата“. CPHI саемот е собир на глобалните лидери во фармацијата и во неговите рамки се презентираат иновациите во индустријата. „Реплек“ го презентира своето производно портфолио – фармацевтски производи и ...
35 претставници од различни организациски сектори на компанијата го сочинуваат алкалоидовиот тим на овогодишното 36. издание на CPhl, кој за време на три интензивни саемски денови во својата агенда има повеќе од 400 деловни средби со постојни партнери, добавувачи и со нови потенцијални соработници „Алкалоид“ годинава го забележа своето 22. учество на најреномираниот светски собир во областа на фармацијата – CPhI (Convention of Pharmaceutical ...
Иако долго очекуваното линеарно зголемување од 1.000 денари за сите пензионери е потврдено, исплатата нема да започне пред март 2026 година, што отвора прашања за тоа како највозрасните граѓани ќе го издржат периодот до тогаш. Одлука со одложен ефект Според најавите од надлежните институции, линеарното покачување е дел од пошироката стратегија за усогласување на пензискиот систем со буџетските проекции за следната година. Иако оваа мерка ќе ...
Медиумите известуваат дека Амазон планира да отпушти 30.000 работни места. Амазон би можел да ги спроведе најголемите намалувања на работни места од 2023 година. Во последните години, Амазон отпушташе работни места во различни оддели. Во јануари, Амазон отпушти мал број позиции во своите оддели за комуникации и одржливост. Ова, исто така, следи по извештајот на CNBC во кој се дискутира за меморандум од извршниот директор на Амазон, Енди Џаси, ...
Атлантик Група во првите 9 месеци од 2025 година оствари приходи од продажба во износ од 879,0 милиони евра, што претставува раст од 10,1% во споредба со истиот период минатата година. И покрај одличните продажни резултати, профитабилноста и понатаму е под голем притисок на исклучително високите трошоци од работењето, па добивката пред камати, даноци и амортизација (EBITDA) изнесува 88,2 милиони евра, што е пад од 9,3%, додека нето добивката ...
Во прилог интегралното обраќање на вицепремиерот Николоски: “Политиките на Владата за привлекување на авиолинии на скопскиот и охридскиот аеродром ги даваат своите резултати. Единеаест нови дестинации од скопскиот и охридскиот аеродрoм почуваат веќе од утре. Сo зимскиот распоред на летање веќе од утре 27 октомври од Охрид ќе се лета кон Базел-исклучително важна дестинација бидејќи Охрид го отвораме не само за туристите од Швајцарија туку и за ...
Според официјалните податоци, Србија поседува најмногу злато од земјите од поранешна Југославија, со 41 тона, по што следуваат Северна Македонија со седум тони, Словенија има околу три тони, Хрватска 1,75 тони и Босна и Херцеговина 1,5 тони, објави хрватскиот RTL. Ако чувате злато во кутија за црни денови, можеби сега е време да го продадете, бидејќи златото никогаш не вредело повеќе. Можеби вреди да се почека малку подолго, бидејќи ...
Во понеделник Регулаторната Комисија за Енергетика ќе ја оддржи редовната седница на која ќе биде донесена одлука новите цени на горивата. Во изминатите денови цената на нафтата растеше, па така сега нафтата од типот брент се продава за 66 долари по барел, вти круд пак се продаваше по 61 долари по барел. Во моментов македонските граѓани точат гориво по следните цени: ЕУРОСУПЕР БС – 95 73 ден/л ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 67 ден/л ЕУРОСУПЕР БС – 98 ...
Во последно време, прашањето за пензиската реформа повторно ја раздвижи јавноста во Македонија. Соочени со растечкиот број пензионери и се помалиот број вработени кои уплаќаат придонеси, експертите сè почесто предупредуваат дека пензискиот систем е под сериозен притисок. Една од најчесто споменуваните мерки за стабилизација е поместување на старосната граница за пензионирање, пишува Centar.mk. Сегашна состојба Во моментов, според Законот за ...
Вкупната бруто-произведена електрична енергија во август 2025 година изнесува 381 301 МWh, што претставува 93.2 % од бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија Во август 2025 година, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува 409 092 МWh електрична енергија, 20.185 мил. нм3 природен гас, 267 987 тони јаглен и 110 475 тони нафтени продукти. Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 93.2 % во ...
Во октомври, месецот на штедење, Халкбанк уште еднаш потсетува дека навиката за штедење не се учи само преку бројки, туку и преку љубов, грижа и трпение. Со детското штедење Халки, банката повеќе од една деценија ги учи најмладите дека секој мал чекор денес може да донесе голема промена утре. Со слоганот „Мали чекори – големи соништа“, Халки праќа порака дека вистинската вредност не е во тоа колку имаме, туку како се грижиме за она што го ...
dm Дрогерие Маркт ДООЕЛ Скопје е најдобрата компанија во земјава во категоријата „Трговија на мало со козметички и тоалетни препарати“. Ова признание вчера вечер беше доделено на манифестацијата „Бизнис Лидер“ на која се прославува извонредноста и успехот на најуспешните во македонскиот деловен свет. Изборот е направен според објективни финансиски податоци, анализирајќи три клучни критериуми: висина на приходи, добивка и број на вработени. По ...
Управата за јавни приходи упатува повик до сите даночни обврзници: поднесете ги ДДВ-04 пријавите и платете го даночниот долг за изминатиот даночен период навреме и одговорно. Поради скратената работна недела, даночните обврзници располагаат со пократок рок за навремена подготовка и поднесување на даночните пријави и плаќање на даночниот долг. Законскиот рок за поднесување и плаќање на ДДВ-04 пријавите е 25 октомври (сабота), а бидејќи е ...
Периодот на растечки трошоци за живот и слаб економски раст повторно ја отвори дебатата околу динамиката на покачувањето на минималната плата. Иако јавноста очекуваше нова корекција во текот на 2025 година, надлежните институции најавија дека следното покачување ќе се реализира дури во март 2026 година. Ова одложување ги става под лупа прашањата: како ќе се справат работниците со тековните цени и што ќе преземе државата во меѓувреме?, ...
Стопанската комора на Северна Македонија го изработи првиот водич за декарбонизација за малите бизниси во земјата со поддршка од Европската Унија. Дигиталната алатка обезбедува упатства чекор по чекор за најефикасните начини за низа локални компании за да го намалат својот јаглероден отпечаток како дел од светската борба против климатските промени. Комората го изработи водичот во соработка со советодавниот тим на Европската инвестициска ...
Најновотото истражување за Основна полова проценка извршено од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) на Програмата за финансирање на зелена економија (Green Economy Financing Facility -GEFF) открива постојан полов диспаритет во однос на пристапот до климатското финансирање во Северна Македонија. Програмата пласира финансиска поддршка во Северна Македонија од 2017 година, обезбедувајќи финансирање за сопственици на домови, за инвестиции ...
На конференцијата International Freelance Conference, организирана од Импакт фондација, се отвори една од најважните теми за современите фриленсери, нивната (не)вклученост во финансискиот систем и предизвиците со кои се соочуваат при пристап до кредитни инструменти, картички и други финансиски алатки. Во време кога фриленсерството расте со забрзано темпо, државните институции и понатаму се потпираат на застарени модели за проценка на ...
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во август 2025 година изнесува 68 180 денари. Во август 2025 година, во однос на август 2024 година, просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен е повисока за 10.3 %. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Дејности на здравствена и социјална заштита за 14.9 %, Образование за 14.8 % и ...
Вкупната потребна енергија во 2023 година изнесува 2 707 695 тони нафтени еквиваленти (тое), информира ДЗС. Во структурата на оваа потрошувачка, најголемо учество имаат: Бруто-примарното производство изнесува 942 472 тое, што претставува намалување од 9.3 % во споредба со 2022 година. Најголемо намалување е забележано кај лигнитот, со пад од 19.3 %, додека најзначително зголемување е евидентирано кај: Финалната енергетска потрошувачка во 2023 ...
Diamond Mall ја започна својата роденденска прослава со повик до граѓаните на заедничка хумана мисија, посветена на грижа за напуштените животни и поттикнување на нивно вдомување. Наместо класична прослава, Diamond Mall преку низа активности сака да ја подигне свесноста за грижата за бездомните животни и да ги поттикне граѓаните повеќе да вдомуваат улични кучиња. Роденденските активности стартуваат на 20 октомври, кога во трговскиот центар ...