Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Управата за јавни приходи информира дека повратот на средства од мерката МојДДВ за скенирани сметки во третиот квартал од 2025 година продолжува, односно не е прекинат ниту откажан, велат од УЈП. Во процесот на исплата кај дел од спецификациите се појави технички проблем кој бара целосна преработка на истите. Имено, доколку постои дури и само еден налог каде се појавува корисник со промена на банка или трансакциска сметка, целата пратка ...
ЕВН Хоме како Универзален снабдувач на електрична енергија, на тендерот за набавка на електрична енергија за задоволување на потребите на корисниците за периодот јануари-декември 2026 доби само една понуда и тоа од АД ЕСМ со купопродажна цена на електрична енергија од 65 евра за мегаватчас, за покривање на 100% од вкупно планираните количини. Оваа цена е повисока за 4,84 % од претходната која беше добиена на последниот тендер на Универзалниот ...
Приклучувањето на земјава кон Единствената област за плаќање во евра – СЕПА претставува историски чекор кон модерна, безбедна и европски интегрирана платежна инфраструктура. Оваа трансформација веќе носи конкретни придобивки за граѓаните и за компаниите, а тоа се побрзи, поедноставни и значително поевтини трансакции во евра. Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, во колумна за Билтенот на Македонската банкарска асоцијација истакнува ...
„Реплек“ ја отвори својата подружница – КА информативен центар, наменет за информирање за производите на компанијата на база на медицински канабис. Центарот е прв од ваков вид во државата и претставува уште еден пионерски чекор во сегментот на производи на база на канабис, кои компанијата прва ги воведе на домашниот пазар, уште во 2016 година. КА информативниот центар е дел од определбата на „Реплек“ континуирано да воведува иновации во сите ...
Граѓански обврзници од третата емисија, за која што Министерството за финансии го објави Проспектот може да се запишат во сите деловни банки во земјава. Граѓаните коишто сакаат да запишат обврзници и да учествуваат на аукцијата тоа може да го направат во филијалите на банките ширум земјата. Рокот за запишување на обврзници од оваа емисија е до 10 декември 2025 година. Граѓаните може да запишат минимален износ од 10.000 денари, односно со ...
Вкупните средства на останатите финансиски институции (ОФИ), во третиот квартал на годината остварија квартално и годишно зголемување од 5,1% и 19,0%, соодветно, главно како резултат зголемените средства на пензиските фондови, при дополнителен придонес и на повисоките средства на осигурителните друштва и инвестициски фондови. Позитивни движења се остварени и кај останатите потсектори. Најголемиот дел од средствата на ОФИ им припаѓа на ...
„Џонсон Мети“ оствари силни резултати во првата половина од финансиската година (шесте месеци што завршија на 30ти септември 2025 година), што го одразува влијанието на трансформацијата во поекономичен и пофокусиран бизнис што генерира готовина. Про-форма основната оперативна добивка (без „Catalyst Technologies“ и „Value Businesses“) е зголемена за 38% по константна валута, а остварена е маржа од 12,4% во „Clean Air“, што е зголемување од 200 ...
Драги пензионери, Пензиите за ноември се веќе достапни, соопшти Халк Банка на својот фејсбук профил. Од денес (27.11.2025), вашите средства се достапни на вашите сметки во сите филијали на Халкбанк, на сите банкомати и преку електронско и мобилно банкарство. Доколку сте дале согласност, можете да ги подигнете и во поштенските единици на Пошта на Северна Македонија. Важни се луѓето, потенцираат од оваа општествено одговорна банка – Халкбанк ...
Black Friday одамна не е она што беше – ден на големи попусти, редици пред продавници и купувачка еуфорија. Годинава, наместо празнична „шопинг треска“, граѓаните најавуваат многу потивок, домашен Black Friday – “во кругот на семејството”, со пресметан буџет и внимателен однос кон секоја потрошена денарка. Економската реалност, инфлацијата и високите цени оставија силен белег врз навиките на потрошувачите, а довербата во вистинските попусти е ...
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска оствари работна средба со претставници на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), на која беше потврден силниот заеднички фокус кон унапредување на енергетската инфраструктура и забрзување на реформските процеси во земјата. На средбите се разговараше за неколку стратешки проекти што ќе започнат во следната година, меѓу кои и проектот за батериски енергетски систем ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,26% во однос на одлуката од 24.11.2025 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 2,370%, кај дизелот за ...
Државниот пазарен инспекторат по повод најавените продажни поттикнувања “Black Friday” акции ќе врши засилени вонредни инспекциски надзори кај сите трговци на целата територија на државата. Целта е да се обезбеди заштита на потрошувачите од нечесни трговски практики како и почитување на законските обврски од страна на трговците кои нудат попусти. Апелираме до сите трговци да обезбедат фер пазарни услови и да ги почитуваат законските обврски. ...
Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, од една страна и претседателот на Управниот одбор на НЛБ д.д. Љубљана, Блаж Бродњак и членот на Управниот одбор на НЛБ д.д. Љубљана, Антонио Аргир, од друга, потпишаа договор за меѓусебна соработка којшто ѝ овозможува на Народната банка да започне со плаќања преку СЕПА. Од 9 декември 2025 година, државата и државните институции ќе можат да плаќаат и да примаат средства во евра, согласно ...
26 ноември 2025 – Следната година во Подгорица, Црна Гора, од 26 до 28 март 2026 година ќе се одржи 23. меѓународна PRO PR конференција, најдолговечната конференција во југоисточна Европа посветена на односите со јавноста. Конференцијата ќе се одржи под мотото „Лидерство во комуникацијата“, а посебен акцент е ставен на тоа што и годинава, во рамките на програмскиот дел PR Talk, за првпат за комуникацијата ќе зборуваат директори на водечки ...
Министерството за финансии денеска го објави Проспектот за издавање на нова Граѓанска обрзница. Проспектот е објавен на износ од 100 милиони денари, а граѓаните ќе може да доставуваат понуди за запишување обврзници до 10 декември 2025 година. Износот на една граѓанска обврзница е 10.000 денари, односно тоа е минималниот износ којшто може да се запише од страна на граѓаните. Купонската каматна стапка изнесува 4,5%, а рочноста на обврзницата е ...
ЕУ-финансираната програма ЕУ за Економски Раст (EU4EG) вчера го одбележа своето официјално затворање со саем на претпријатија кој обедини повеќе од педесет микро, мали и средни претпријатија, стартапи, акцелератори, креатори на политики и партнери. Од своето започнување, EU4EG поддржа над сто мали и средни претпријатија, стартапи од Полошкиот, Североисточниот, Југозападниот регион како и Ресен, овозможувајќи им поддршка да ги подобрат своите ...
Исплатата на повратот преку апликацијата „Мој ДДВ“ официјално започна, а граѓаните веќе пријавуваат дека средствата им се појавуваат на трансакциските сметки, пишува Centar.mk. Ова е редовниот поврат за последниот пресметковен период (јули,авгус,септември), кој Министерството за финансии и Управата за јавни приходи го префрлаат на сите граѓани кои редовно ги скенираат фискалните сметки. Според Законот исплатата треба да биде финиширана до ...
Комисијата за одлучување по прекршок при Комисијата за заштита на конкуренцијата донесе решение со кое утврди дека четири трговски друштва кои оперираат на пазарот на трговија на мало со прехранбени производи, како и Сојузот на стопански комори на Македонија како координатор, учествувале во забранет договор и/или усогласено однесување во смисла на член 59 од Законот за заштита на конкуренцијата. Во постапката е утврдено дека на состанок ...
Комисијата за одлучување по прекршок при Комисијата за заштита на конкуренцијата донесе решение со кое утврди дека четири трговски друштва кои оперираат на пазарот на трговија на мало со прехранбени производи, како и Сојузот на стопански комори на Македонија како координатор, учествувале во забранет договор и/или усогласено однесување во смисла на член 59 од Законот за заштита на конкуренцијата. Во постапката е утврдено дека на состанок ...
На Економскиот факултет во Скопје се одржа првиот заеднички стручен симпозиум во организација на Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) и Здружението на внатрешни ревизори на РС Македонија. Настанот собра над 500 учесници, професионалци од сметководствената и ревизорската фела, како и експерти од академската заедница, институциите и студентите, ставајќи силен фокус на актуелните професионални и етички предизвици со ...
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини информира дека наплатата на надоместоците за експлоатација на минерални суровини во третиот квартал од 2025 година достигна рекордни 384.166.062,00 денари. Ова претставува зголемување за повеќе од два и пол пати во однос на истиот период во 2024 година, кога беа наплатени 147.703.963,00 денари денари. Овој успех следи по исклучителните резултати од првиот квартал од 2025 година, ...
Иновациите во финансиските услуги, дигиталната трансформација на институциите и примената на напредни технологии ќе бидат во центарот на годинешната конференција „Finance Talks by EOS“, што ќе се одржи на 10 декември во хотелот „Александар Палас“ во Скопје. Годинешната тема: „Иновации и дигитална трансформација – предизвици во планирањето на долгорочен раст и одржливост на финансиските услуги“, ја отвора една од најрелевантните теми за ...
Понекогаш човек знае точно што сака да направи, да вложи во нешто важно, да го олесни секојдневието, да поддржи нечија идеја или да создаде поголема удобност во својот дом. Но, исто така знае дека најтешко е да се најде финансиско решение што е стабилно, предвидливо и фер. Во вакви моменти, вистинска разлика прават понудите што носат јасни правила, фиксни услови и чувство на сигурност. Токму таква е понудата со сет поволности за Промо ...
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини воведува современ дигитален систем и специјализиран дрон за надзор и мониторинг на концесиите за минерални суровини, соларна енергија и ветерни инсталации. Новата технологија овозможува прецизно следење на експлоатацијата на минералното богатство, како и проверка на точните координати и инфраструктурата на соларните панели и столбовите за мерење на ветерните паркови. На овој начин, ...
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 17.11.2025 година и со тоа малопродажната цена на малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 75,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 77,00 ден/лит. Малопродажната цена ...
На сметките на граѓаните, Мој ДДВ ќе биде исплатено од крајот на месецов, согласно Законот, кој предвидува исплатата на средствата од повраток на данок за скенираните сметки преку апликацијата “Мој ДДВ” да се изврши во рок од шеесет дена од завршувањето на дадениот квартал, објави Centar.mk. Па така конечниот рок согласно Законот за исплата на средствата од третиот квартал (јули,август септември) е 30-ти ноември 2025. Граѓаните кои имаат ...
За сите граѓани останува уште еден неработен ден, а тоа е 8-ми декември денот на Свети Климент Охридски, пишува Centar.mk. Овој пат Свети Климент се паѓа во понеделник, што значи дека тој викенд ќе биде продолжен и ќе може да се искористи за некое предновогодишно патување. Инаку властите ги објавија и неработните денови во 2026-та година, па така ова се сите празници следната година: Согласно со Законот за празниците на Република Македонија ...
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во септември 2025 година изнесува 68 392 денари, соопшти Државниот Завод за статистика. Во септември 2025 година, во однос на септември 2024 година, просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен е повисока за 9.3 %. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Образование за 15.1 %, Дејности на ...
Количеството на превезената стока во товарниот патен превоз во третото тримесечје од 2025 година е зголемено за 25.7% во однос на истото тримесечје од претходната година, соопшти ДЗС. Во третото тримесечје од 2025 година, во патниот патнички превоз бројот на превезените патници изнесува 948 илјади, во градско-приградскиот превоз 7884 илјади, во железничкиот превоз 35 илјади, додека бројот на превезените патници во воздухопловниот превоз ...
Курсната листа на Народната банка на Република Северна Македонија се формира и објавува согласно Одлуката за начинот на формирање и објавување на курсевите на Народната банка на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 58/14, 102/14, 14/15 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 83/22). Курсна листа на Народната банка на Република Северна Македонија формирана на 20.11.2025 која се применува од ...