Скопје
17ᴼ /
17ᴼ
Управата за јавни приходи ги известува компаниите кои во моментов тестираат и оние кои се вклучуваат во тестирање на системот „е-Фактура“, да се информираат и раководат исклучиво од она што е објавено на веб страната на проектот е-фактура https://efakturawiki.ujp.gov.mk/mk-mk/home , своите прашања и сугестии да ги поставуваат на адресата Kontakt.eFaktura@ujp.gov.mk или до даночните агенти со кои воспоставиле контакт. Дополнително, Управата за ...
Во првото тримесечје од 2026 година, во патниот патнички превоз бројот на превезените патници изнесува 1 043 илјади, во градско-приградскиот превоз 8 306 илјади, во железничкиот превоз 24 илјади, додека бројот на превезените патници во воздухопловниот превоз изнесува 840 532, соопшти ДЗС. Во првото тримесечје од 2026 година, во споредба со првото тримесечје од 2025 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз e намалено ...
„Банкарскиот систем во регионот е со значително подобрени показатели и поголема отпорност во споредба со периодот пред пандемијата, но силниот кредитен раст и растот на цените на недвижностите наметнуваат засилена претпазливост и потребно е постојано следење на ризиците“, порача вицегувернерката на Народната банка Ана Митреска. Овие пораки беа упатени на 24. состанок на Работната група за монетарна политика во Централна и Источна Европа, ...
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во март 2026 година, изнесуваше 48 433 денари, соопшти Државниот завод за статистика. Во март 2026 година, во однос на март 2025 година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е повисока за 8.2 %. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Транспорт и складирање за 15.6 %, Дејности во врска со ...
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во март 2026 година изнесуваше 72 818 денари, соопшти Државниот завод за статистика. Во март 2026 година, во однос на март 2025 година, просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен е повисока за 8.3 %. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Транспорт и складирање за 15.9 %, Дејности во врска со ...
Дарија Боризовска и Сара Милковска од СЕПУГС „Васил Антевски-Дрен“ од Скопје меѓу финалистите на Европскиот квиз за пари 2026 Нашите претставници на Европскиот квиз за пари, ученичките Дарија Боризовска и Сара Милковска од СЕПУГС „Васил Антевски-Дрен“ од Скопје, под менторство на наставничката Билјана Ниновска, учествуваа на финалето на овој престижен меѓународен натпревар за млади во областа на финансиската писменост. Финалниот натпревар се ...
Во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини се одржа ресорски состанок на којшто беа разгледани тековните активности во енергетскиот сектор. На состанокот, на којшто присуствуваа претставници од релевантните институции на полето на енергетиката, се разговараше на повеќе теми, во насока на навремена реализација на енергетските проекти, како и преземање мерки за справување со предизвиците во секторот. Претставниците на ЕСМ, ...
Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити бележат раст од 9,3%, поради повисоките депозити на двата сектора, со поголем придонес на депозитите на секторот „домаќинства“. На годишна основа, вкупните кредити забележаа раст од 13,3%, како резултат на зголеменото кредитирање на двата сектора, со поголем придонес на кредитите на корпоративниот сектор. Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити бележат раст од 9,3%, поради повисоките ...
Халкбанк АД Скопје ја зацврстува својата позиција на еден од клучните столбови на македонскиот финансиски систем со нова докапитализација во износ од 40 милиони евра, обезбедени директно од матичната банка, гигантот Халкбанкаси АШ Туркије. Со оваа стратешка инвестиција, вкупната актива на Халкбанк АД Скопје достигнува 2,15 милијарди евра. Она што дополнително влева сигурност кај депонентите и инвеститорите е нивото на вкупен капитал на ...
НЛБ Банка воведува нова услуга, Visa Direct, дизајнирана да обезбеди брзи, безбедни и поедноставени парични трансфери,со што дополнително се унапредува финансиската флексибилност и секојдневното корисничко искуство на клиентите. Ова современо дигитално решение, достапно преку мобилната апликација NLB Pay, им овозможува на корисниците на платежни картички на НЛБ Банка едноставен трансфер на средства од која било НЛБ платежна картичка, кон ...
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) го официјализираа своето партнерство во насока на поддршка на праведна, сигурна и достапна енергетска транзиција во земјата. Двете институции денеска потпишаа Заедничка декларација со која УНДП и официјално беше поздравена како партнер на Инвестициската платформа за праведна енергетска транзиција (Just Energy Transition Investment ...
„Тиквеш“ продолжува да ја испишува македонската винска приказна на светската сцена. Компанијата освои златен медал за своето врвно вино „Babuna Red 2023“, но и низа други високи признанија, на годинешното издание на International Wine Challenge (IWC) 2026 во Лондон, еден од највлијателните и најценети вински натпревари во светот. Со импресивни 95 IWC поени, „Babuna Red 2023“ се издвои меѓу највисоко оценетите вина во својата категорија, ...
Секоја пролет, кога Хрватска почнува да се подготвува за туристичката сезона, повторно се отвора истата приказна: илјадници работници од регионот заминуваат кон Јадранот во потрага по подобра заработка. Меѓу нив има и голем број Македонци, најчесто млади луѓе, угостители, готвачи, келнери, собарки, рецепционери и помошни работници кои летото го гледаат како можност за неколку месеци да заработат повеќе отколку дома, пишува Centar.mk. ...
Следниот неработен ден доаѓа на 24 мај (недела) „Св. Кирил и Методиј“- Ден на сесловенските просветители, односно 25 мај (понеделник) е неработен ден, со што во мај имаме еден продолжен викенди за сите граѓани. Но за православните граѓани неработен ден е и 29 мај кој се паѓа во петок, со што се добива уште еден продолжен викенд. Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2026 година ...
Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец мај 2026 година изнесува 68 743,00 денари, споредена со вредноста на синдикалната минимална кошница за месец април 2026 год. која изнесува 68 797,00 денари е намалена за 54,00 денари, соопшти ССМ. Со изнајмен стан од 60 квадрати за месец мај изнесува 84 117,00 денари. Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец мај 2026 година изнесува 68 743,00 денари, споредена со вредноста на ...
На 19 мај 2026 година, М6 Едукативен центар свечено го отвори својот нов регионален центар во Кавадарци кој претставува современ простор за учење, професионален развој, вмрежување и соработка помеѓу бизнис-заедницата, образовните институции и младите од Вардарскиот и Пелагонискиот регион. На свеченото отворање присуствуваа претставници од институциите, дипломатскиот кор, меѓународни организации, компании, образовни институции и партнери на ...
Управа за јавни приходи одржа работна средба со членки на Американска стопанска комора во Северна Македонија (AmCham North Macedonia), претставници на бизнис заедницата, посветена на проектот „е-Фактура“ – системско решение за електронско фактурирање кое има за цел поголема ефикасност, транспарентност и усогласеност со даночните процеси. Во отворена и конструктивна дискусија, компаниите имаа можност да се запознаат со функционалностите и ...
Делегација од Управата за јавни приходи вчера оствари работна средба со претседателот на Управниот суд, Бурим Сејдини и заменик претседателката Марта Телегравчиска, при што се потпиша Меморандум за дигитално поврзување преку ЕПУС платформата. Со оваа соработка значително ќе се олесни и унапреди меѓусебната комуникација во управните спорови против даночните управни акти на Управата за јавни приходи. Состанокот помина во конструктивна ...
На Генералното собрание на Асоцијацијата на издавачки тела (AIB), Националниот оператор на пазар на електрична енергија МЕМО ДООЕЛ Скопје стана полноправна членка на Асоцијацијата. Со тоа, заедно со активностите кои ги преземаат Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Секретаријатот на Енергетската заедница за взаемно признавање на Гаранциите на потекло на електрична енергија (Guarantees of Origin – GOs), помеѓу ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,84% во однос на одлуката од 11.5.2026 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување и тоа во просек: кај бензините за 4,961%, кај ...
Музејот на Народната банка оваа година го одбележува Меѓународниот ден на музеите ‒ 18 мај, организирајќи големa виртуелна едукативна дружба со деца на училишна возраст од различни делови на светот, обединети во желбата да ги откријат тајните на исклучителната македонска ризница на антички и средновековни пари коишто се чуваат во нашиот музеј, што e отворен за јавноста секој работен ден од 9 до 15 часот. Музејското патување низ монетарното ...
ТИТАН Усје денес го одбележа двегодишниот јубилеј на едукативниот центар „Иноваториум – Клуб на напредни знаења и вештини“, преку кој учениците од основните училишта стекнуваат практични знаења и вештини од областа на 3Д моделирањето, 3Д печатењето, роботиката и инженерството. На завршниот настан од втората година од програмата за 3Д печатење присуствуваа повеќе од 500 ученици од осум основни училишта од Општина Аеродром, директорите на ...
Wizz Air, вчера го одбележа својот 22-ри роденден, означувајќи повеќе од две децении раст, иновации и трансформација во европската авијација. Од својот прв лет во 2004 година, авиокомпанијата прерасна во една од водечките нискобуџетни авиокомпании во Европа и продолжува со силен развој, поврзувајќи милиони патници низ широка мрежа на дестинации, додека континуирано инвестира во модерна технологија, оперативна извонредност и одржливост. Како ...
13.05.2026, Скопје: Претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија, г. Волфганг Маиер, учествуваше на панел-дискусијата „Лидерство во предизвикувачки времиња: Одлуки со економско влијание“, во рамки на овогодишниот Самит Macedonia2025, кој се одржа во Скопје под мотото „По 2025: Забрзување на растот. Поттикнување лидерство“. Дискусијата искреира инспиративен разговор за современо лидерство, култура и моќта на различностите во една ...
СООПШТЕНИЕ Скопје, 13 мај 2026 – Вториот ден од Самитот на Македонија2025, што се одржува под мотото „По 2025: Забрзување на растот. Поттикнување на лидерство“, е посветен на значењето на лидерството во услови на кризи и притисоци, улогата на компаниите и институциите во задржување на талентите, како и влијанието на вештачката интелигенција во образованието, пазарот на труд и иднината на работните места. Посебен акцент е ставен на довербата ...
Скопје, 14.05.2026 – Global Engineer Girls North Macedonia беше дел од средбата на Global Engineer Girls (GEG) во Истанбул, каде идните жени-инженери од Турција, Косово, Саудиска Арабија, Шпанија, Брегот на Слоновата Коска, Мозамбик и Обединетото Кралство се собраа на настан посветен на важноста на глобалната солидарност, женското лидерство, меѓукултурната размена и заедничката визија за создавање инклузивна иднина во инженерството и ...
Како компаниите создаваат конкурентска предност во време на брзи технолошки и пазарни промени, каква улога имаат иновациите, организациската култура и корпоративното претприемништво во процесот на трансформација, како и колку е важна соработката помеѓу бизнисот и академската заедница – беа главните теми на конференцијата „Што ги движи иновативните компании?“, на која од бизнис, истражувачка и академска перспектива се разговараше за ...
Повеќе од 70 експерти, претставници на лаборатории, институции, регулаторни тела и компании од повеќе земји од регионот се дел од 10-тиот Регионален симпозиум на лаборатории за нафта и нафтени деривати што се одржува во Охрид, со поддршка на ОКТА АД – Скопје. Јубилејното издание на Симпозиумот ја потврдува неговата растечка улога како значајна регионална платформа за професионална размена на искуства, знаења, современи практики и нови ...
Во период кога довербата, стандардите и транспарентноста се клучни во развојот на современата фармацевтска индустрија, „Реплек“ одбележува уште еден значаен јубилеј. Компанијата заокружува 10 години од почетокот на сопственото производство и развој на производи на база на медицински канабис, со што уште во 2016 година стана пионер на домашниот пазар, но и еден од првите регионални играчи. По цела деценија, „Реплек“ останува единствена ...
Лидл Северна Македонија продолжува со својата кампања за вработување за позиции во логистичкиот центар во Куманово, како и во маркетите ширум земјата, испраќајќи јасна порака за својата долгорочна посветеност на македонскиот пазар, инвестициите, развојот на локалната економија и отворањето нови можности за вработување. Кампањата „Добра игра. Фер плеј“ има за цел да ги доближи можностите што Lidl ги нуди како работодавач и да охрабри што ...