Ќе бидат ли јавно објавени општините, казината, супер маркетите кои направиле штета од десетици, а можеби и стотици милиони евра на државната каса, за што ќе се соочат со финансиската полиција и УЈП, но и обвинителството и судот? Универзалниот снабдувач ЕВН Хоме ќе ги исфрли од регулираниот пазар сите фирми и општини кои во последните седум месеци го злоупотребија енергетскиот систем и плаќаа цена како домаќинства. Министерот за економија, ...

Народната банка ги повикува сите заинтересирани млади истражувачи да поднесат свој труд на Конкурсот за Годишната награда за најдобар труд од областа на макроекономијата и банкарството за 2023 година, којшто беше објавен во јули на интернет-страницата. Крајниот рок за доставување на трудовите е 1 февруари 2023 година, додека право на учество имаат сите државјани на земјава на возраст до 35 години, кои не се вработени во Народната банка и не ...

Денеска во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство пред присутните земјоделски здруженија и професорите од агрономската фела, беше презинтарана новата платформа „Национална рурална мрежа“. Пред точно 10 години, или поточно во октомври 2012 година, донесени се законските одредби а конечно денес, со донесувањето на соодветните подзаконски акти го ставаме во функција и овој механизам, кој државата го нуди за ...

Законот за работни односи предвидува право на регрес за годишен одмор за сите вработени лица кои имаат остварено најмалку шест месеци непрекинат работен стаж кај работодавачот во тековната година, без разлика дали вработениот е пријавен во компанијата на неопределено или определено време. Регресот за годишен одмор е поврзан со правото на користење на годишен одмор на работникот. Доколку работникот е пријавен на пола работно време (20 часа ...

Тоа е најскапиот зачин на светот, нашата почва многу му одговара, но хрватските лозари се избројуваат на прсти од една рака. Станува збор за шафран, а бербата во моментов е во тек. Иако многу луѓе лесно би полуделе кога ќе слушнат дека грамот се продава за 20 евра, брзо се ладат со сознанието дека за грам од овој зачин треба да се соберат од 140 до дури 180 цветови. И со рака! Цвет по цвет, во зори. А единствените далматински одгледувачи на ...

Шефот на интернет концернот Мета, на кој припаѓа и Фејсбук, најави укинување на 11.000 работни места. Марк Закерберг во соопштение до вработените денеска зборува за „најтешките промени“ во историјата на претпријатието. Марк Закерберг во соопштение упатено до вработените во концернот најави преземање одговорност, свесен дека оваа одлука ќе биде тешка за секој поединец, и изрази посебно жалење за оние кои се конкретно погодени од кратењата. ...

Француската козметичка компанија „Лореал“ (L’Oréal) е подготвена да продолжи да продава некои од своите најпопуларни брендови, соопшти Министерството за трговија на Русија, пренесува „Раша тудеј“. Козметичките и парфемските брендови Ланком, Редкен, Ив Сен Лоран, Џорџо Армани и Керастасе ќе се вратат на рускиот пазар и затоа ќе бидат исклучени од листата на таканаречениот паралелен увоз, објави во понеделник руското Министерство за трговија. ...

Моменталното производство на жичани производи во „Брако“ изнесува 2000 тона месечно, а во следниот период се планира овој капацитет да го зголеми производството за 50% и да достигне до 3000 тона готови производи месечно, што го прави БРАКО континуирано еден од најголемите производители на жичани продукти. Станува збор за сериско производство со врвна технологија чиј асортиман е 90 % наменет за извоз. „Веќе ги реализираме и најново ...

„Буџетот за идната година е направен во координација со сите министерства и инститиции и тој е реален и остварлив. Таму е обрнато внимание на се што треба да содржи буџетот – инвестиции, инфраструктура, но и помош на компани, ранливи категории на граѓани итн.“ изјави директорката на УЈП, Сања Лукаревска во „Студио 10“ на ТВ24. Таа додаде дека УЈП има обврска со 74 отсто да го наполни буџетот за следната година, што е најмногу откако таа е на ...

По маркетите веќе може да се забележат ефектите од мерките на Владата, лебот е со намалени цени, а денес можеше да се купи леб за 32 денари. Мерката со која Владата им помага на компаниите кои произведуваат основни прехранбени продукти да плаќаат стабилна и пониска цена на електрична енергија на крајот носи придобивки за сите граѓани. Со плаќањето на поевитна, но и стабилна цена на електрична енергија фирмите кои производуваат основни ...

Во изминатите две и пол години зеленото кредитирање е зголемено за 55%. Станува збор за заеми наменети за проекти коишто поддржуваат одржливи, еколошки цели, или цели коишто придонесуваат за зелената транзиција во општеството, како што е развој на нова еколошка технологија. Расте и уделот на зелените во вкупните кредити, но и натаму е на ниско ниво. Oд крајот на 2019 година, заклучно со првото полугодие од 2022 година, учеството на зелените ...

Според неофицијални информации, Марк Цукерберг (Цукерберг) ќе го следи примерот на Илон Маск (Илон Маск) и ќе почне да отпушта голем број вработени во Мета. Тој, наводно, им рекол на извршните директори на состанокот во вторникот дека кратењата првенствено треба да се случат меѓу вработените во секторите за вработување и операции на Мета. Се очекува вработените да бидат известени за кратењата преку е-пошта што се очекува да биде испратена до ...

Норвежанецот Бјорн Гулден (Бјорна), шеф на ривалската Пума, германскиот производител на спортска опрема Адидас објави дека е назначен на чело на групата. – Бјорн Гулден е назначен за член на управниот одбор и претседател на Адидас од 1 јануари 2023 година – стои во соопштението на баварската компанија, која очекува новиот шеф да донесе нова ера. Поранешниот шеф на познатиот бренд со три ленти, Каспер Рорстед, чие заминување беше најавено ...

Владата ја разгледа и усвои Информацијата во врска со потребата за донесување Програма за определување средства потребни за доделување финансиска поддршка за поттикнување и развој на воздушниот сообраќај во Република Северна Македонија на домашни и странски превозници, за периодот од 2023-2025 година и ја донесе Програмата. Донесена е и Уредба за начинот и критериумите за доделување финансиска поддршка на домашни и странски авиопревозници и ...

Httpool на Aleph и Meta изјавија дека двете компании ќе соработуваат во Северна Македонија под протокол на Авторизираната Програма за Партнерска Продажба ( ASP ) на Meta. Авторизираната Партнерска Програма на Meta е глобално дополнување на продажните тимови на Meta. Тие, воедно, ги поддржуваат промоторите и агенциите во домен на постигнување на нивните деловни цели, а преку обезбедување на локална асистенција и насоки за стратегија прават и ...

Овогодинешното издание на Неделата на италијанската кујна започнува на 10 ноември (четврток),со гала вечера во ресторанот BELLA VISTA во EAST GATE MALL, каде гостува тимот готвачи од Салерно, Џовани Писапиа и Кармела Санторо. Гостите ќе уживаат во една несекојдневна вечер, во пријатна атмосфера, со врвните специјалитети подготвени од вештите раце на готвачите – вистинско гастрономско патување во Салерно, мало гратче на југот на Италија. ...

Премиерот Димитар Ковачевски кажа дека Владата деноноќно работи за справување со инфлација која е резултат на скапите енергенси. Во гостувањето на Сител телевизија, тој истакна дека веќе е донесена одлуката за цена на електрична енергија што ќе биде дадена на прехранбената индустрија, со цел цената на прехранбените производи, како брашното и лебот, да биде 10 проценти помала. -Тие ќе се снабдуваат преку ЕСМ за 80 евра по киловат час. Таа цена ...

Корисниците на МТЕЛ мобилната телефонија добиваат повеќе од само врвни телекомуникациски услуги. Новиот мобилен оператор за своите корисници овозможува и пристап до ексклузивни дигитални содржини. МТЕЛ е единствениот оператор во Македонија кој што им овозможува одредени привилегии и на своите при пејд корисници. Оттаму, корисниците на МТЕЛ мобилната телефонија и интернет ќе имаат можност да користат две мобилни апликации преку своите мобилни ...

Претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија, Трајан Ангелоски зеде учество на годишниот самит на Генералниот Совет на Светската коморска федерација кој се одржува во Париз со фокус на утврдување на стратегијата за дејствување на коморите во наредните години втемелена на реалните потреби на бизнисите и глобалните економски предизвици. На настанот свои презентации имаа највисоките претставници на истакнати комори организации како ...

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со задоволство го најавува големиот настан „Вкуси ја традицијата – Прв национален саем за храна и пијалоци“ кој ќе се случи на 12.11.2022 година (сабота), со почеток во 11:00 часот, на просторот пред езерцето, во Градски парк Скопје. Настанот е во организација на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство и Слоу Фуд Македонија, а ќе се одржи под мотото „Taste life, taste ...

Врз основа на добиен позитивен резултат за присуство на афлатоксин М1 над максимално дозволени концентрации во млеко од брендот МИЛКАНО увезено од Босна и Херцеговина, Агенцијата за храна и ветеринарство почна постапка за повлекување небезбеден производ од пазарот. Станува збор за резултат добиен во рамки на мониторинг програмата за безбедност на храната, која покрај редовните и вонредните контроли, Агенцијата ја спроведува секоја година. Од ...

Последните податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека во текот на месец октомври годинава во однос на истиот месец 2021 година трошоците на живот достигнале високи 19,8 проценти. Ова е најголемата стапка на инфлација која ја регистрираше ДЗС од почетокот на годината, но и во подолг временски период. Минатиот месец индексот на трошоците на живот во споредба со месец септември 2021 година изнесуваше 18,7 отсто. Како што објавува ...

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,62% во однос на одлуката од 4.11.2022 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,994 %, кај дизелот намалување за 0,558%, кај екстра лесното масло ...

Почнувајќи од денеска па се до 25.11.2022 отворено е онлајн номинирањето во изборот “Жена на годината 2022” во десет посебни категории. Во номинирањето на кандидатки за победнички по категории може да се вклучат сите посетители на веб сајтот www.zenanagodinata.mk со пополнување на формата која е достапна на следниов ЛИНК. При самото номинирање, веб посетителите треба да ги земат во предвид следниве критериуми што треба да ги исполнуваат ...

Планирани се повеќе средства за повисоки пензии, за поттикнување на приносите и производството во земјоделството, за усогласување на платите со минималната, но и за развој на економијата преку инвестиции во инфраструктурата и поддршка на приватниот сектот. Предлог-буџетот за 2023 година има за цел да одговори на тековната криза, со 250 милиони евра наменети директно за справување со истата. Но, тој и има за цел да ја стимулира економијата, за ...

Кинеската рударска компанија Tibet Summit Resources Co. Ltd. ја објави својата намера да инвестира 2,2 милијарди долари во два проекти за истражување на литиум во Аргентина. Ова се наведува во соопштението објавено од аргентинското Министерство за надворешни работи. Претседателот на компанијата Џианронг Хуанг ги сподели овие планови додека зборуваше со аргентинската амбасадорка Сабина Вака Нарвај на Меѓународната изложба за увоз на Кина во ...

Светските цени на храната останаа главно стабилни во октомври, со зголемувањето на цените на житариците повеќе од компензирани со падот на другите основни производи, покажа новиот извештај на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО). Референтниот индекс на цените на храната на ФАО, кој ги следи месечните промени на цените за пет прехранбени производи со кои се тргува на глобално ниво, во октомври изнесуваше во просек ...

Купувачите на нови автомобили во Германија повторно очекуваат поголеми попусти, производителите нудат просечен попуст од 16,3 отсто за 30-те најпродавани нови автомобили. Прво имаше недостиг на автомобили поради кризата со чиповите, а сега има се помалку купувачи, па производителите на автомобили ја стимулираат побарувачката со попусти, дури и оние кои одамна не нудат попусти. Сепак, ова се однесува на големиот и конкурентен германски пазар. ...

Соработникот за енергетика во Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Виктор Андонов на денешната прес-конференција ги соопшти последните информации кои се однесуваат на енергетската состојба во земјата. Како што истакна, во рамки на заложбите на Владата за подигнување на јавната свест за тоа колку е важно штедењето на електричната енергија, институциите и компаниите се многу важни во овој процес и секој ...

Додека војната ја задушува Европа, мала нација „заглавена“ под Русија ужива во неочекуван економски бум. Имено, според странските медиуми, Грузија е на пат да стане една од најбрзо растечките економии во светот оваа година по драматичниот прилив на повеќе од 100.000 Руси кои побегнаа таму по конфликтот меѓу Русија и Украина и стравот од мобилизација. Како што голем дел од светот оди во рецесија, земјата со 3,7 милиони жители што се граничи со ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
3.09
53%
1027
weather icon

Белград

11ᴼ / 10ᴼ
6.17
51%
1026
weather icon

Загреб

12ᴼ / 12ᴼ
2.06
50%
1024
weather icon

Софија

6ᴼ / 6ᴼ
6.69
57%
1031
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
4.17
62%
1030
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 9ᴼ
0.51
58%
1024
weather icon

Атина

11ᴼ / 10ᴼ
8.23
63%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
54%
1025
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
3.6
71%
1025
weather icon

Букурешт

9ᴼ / 7ᴼ
2.57
65%
1033
weather icon

Будимпешта

11ᴼ / 9ᴼ
3.09
55%
1027
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 6ᴼ
4.12
69%
1030
Currency

61.6317

Currency

53.0259

Currency

71.0056

Currency

36.9694

Currency

38.9897

Currency

67.8896

Currency

7.68854

Currency

0.66331

Currency

0.33476

Currency

0.52519

Currency

1.20282

Currency

0.57679

Родиум

374556.20

Паладиум

52052.06

Сребро

2696.16

Калај

50.61

Кобалт

66.14

Бакар

11.57

Рутениум

47358.05

Платина

68931.20

Иридиум

231355.22

Цинк

3.24

Злато

164352.04

Алуминиум

3.42