Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
НЛБ Банка во трите квартали од годината оствари позитивни деловни перформанси во клучните сегменти од работењето и во услови на неизвесен деловен амбиент како последица на глобалната криза, нарушувањата на каналите на снабдување, пазарите на енергија и инфлаторните притисоци, Банката продолжи да обезбедува силна кредитна поддршка за населението и домашниот бизнис сектор пришто забележа раст на кредитирањето од 3,8% во однос на крајот на ...
Компаниите кои што произведуваат основни прехранбени производи и се се регистрирани со шифри на дејност 10.41, 10.51, 10.61, 10.71 во кои спаѓаат производителите на масло за јадење, леб и пекарски производи, брашно, млеко и млечни производи како и производители на јајца ќе имаат фиксна цена на електрична енергија. Оваа цена на струја која што ќе ја обезбеди Владата ќе биде помала од 100 евра за мегават час, што е двојно пониска од цената на ...
Скопје, 26 октомври 2022 – МТЕЛ, членка на Телеком Србија групацијата, од денеска почнува да нуди нови услуги во Северна Македонија – мобилна телефонија и интернет, како и пакет услуги кои што вклучуваат и сателитска телевизија. Мтел со ова ја проширува својата понуда на врвни сервиси и ексклузивни дигитални содржини, кои што на корисниците им нудат едно поинакво искуство во доменот на телекомуникациите. Понудата, која што Мтел им ја нуди на ...
„Мерцедес“ е последната голема компанија која реши да ја напушти Русија. Големиот производител на автомобили денеска објави дека ќе се повлече од рускиот пазар и ќе продаде акции од своите индустриски и финансиски подружници на локален инвеститор. Тоа е трет голем производител на автомобили кој реши да ја напушти Русија откако таа земја влезе во војна со Украина. Пред „Мерцедес“ истото го направија и јапонскиот „Нисан“ и францускиот „Рено“. ...
Цената на струјата за домаќинствата во Црна Гора во првата половина од годинава изнесува во просек 9,7 евроценти за киловат час за опсегот на годишна потрошувачка од 5.000 до 15.000 kWh, објави Заводот за статистика на Црна Гора (МОНСТАТ). Како што соопшти МОНСТАТ, споредбените податоци на ЕУРОСТАТ покажуваат дека најскапиот киловат струја во регионот плаќаат граѓаните на Црна Гора. Граѓаните на Албанија плаќаат 9,4 евроценти/KWh, Северна ...
Минатата година 85,3% од населението во земјава постаро од 15 години поседувало сметка, додека во регионот сме на второто место според финансиската вклученост. Сè повеќе наши граѓани поседуваат дебитна и кредитна картичка и сè повеќе се купува онлајн, сепак сè уште заостануваме зад европскиот просек. Ова го покажуваат најновите податоци на Светската банка од глобалната база на податоци Финдекс, коишто се однесуваат на 123 земји во светот ...
Американскиот милијардер и основач на Tesla и SpaceX Илон Маск (Илон Маск) го посети седиштето на Twitter во Сан Франциско. Како што изјави Лесли Берланд (Лесли), маркетинг директорот на оваа компанија, посетата на Маск беше по повод склучувањето на договорот за купување на Твитер. Берланд додаде дека сите вработени во Твитер ќе се слушнат директно со Маск во петок. Недолго потоа, Маск се огласи на Твитер, каде што објави видео на кое влегува ...
пишува Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Северна Македонија Трите закони за кои минатата недела остварив работна средба со Талат Џафери, претседател на Собранието на РСМ, се од исклучително големо значење за одржување на економската активност на стопанството во целост, кое во услови на глобална неизвесност и криза е дополнително усложнето поради нефункционалноста на системот, т.е. не донесувањето на законски решенија од ...
Како мала и отворена, нашата економија е под влијание на притисоците од тековната глобална криза. Сепак, макроекономската стабилност и стабилноста на финансискиот сектор се задржани, а здравиот банкарски сектор ја обезбедува потребната поддршка за фирмите и граѓаните. Народната банка постепено ја нормализира монетарната политика, заради стабилизирање на инфлациските очекувања и одржување на среднорочната ценовна стабилност. За ова, меѓу ...
Околу 71 отсто од европските потрошувачи ги сменија своите навики за купување за да „ја задржат храната“ на своите маси поради кризата со трошоците за живот, објави во понеделникот Блумберг, повикувајќи се на истражување на американската компанија за истражување на пазарот ИРИ. Според извештајот, „инфлацискиот замор“ во европскиот регион доведе до т.н стратегии за справување, кои подразбираат примена на различни начини на справување со реални ...
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 19.10.2022 година и со тоа малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, изнесува 88,00 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, изнесува 90,50 ден/лит. Малопродажната цена на ...
Владата ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за труд и социјална политика за исплата на пензии за месец октомври 2022 година. Се задолжува Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 28.10.2022 година и се препорачува на деловните банки пензионерите да може да располагаат со октомвриските пензии преку мрежата на банкомати и во ...
АД ЕСМ на 24.10.2022 година произведе 11.335 MWh електрична енергија. Во Термоелектраните произведени се 8.824 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 2.511 MWh. Изминатото деноноќие нема никакви забележителни промени во однос на перформансите на производствените постројки. Во функција се два блока во РЕК Битола, работи РЕК Осломеј, а продолжуваат и сервисните активности во ТЕЦ Неготино. АД ЕСМ на 24.10.2022 ...
Утре Регулаторната Комисија за Енергетика, стандардно, како и секоја седмицс ќе ги утврдува новите цени на горивата. Цените на нафтата на светските берзи се речиси идентични и без големи промени изминативе денови, па така барел од типот брент се продава за 92 долари, што може да укаже дека нема да има големи промени во цените. Во моментов малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, изнесува 89,00 денари/литар, на бензинот ЕУРОСУПЕР ...
Жито Пром – Гевгелија ги претстави кроасаните и колачите 4U на саемот СИАЛ во Париз, еден од најпознатите светски настани од прехранбената индустрија, што се одржа од 15 до 19 октомври. Со повеќе од 7000 излагачи од 126 земји во 10 павилјони, СИАЛ е една од најголемите изложби, но и места на кои се следат и диктираат светските трендови во производството на храна и пијалаци, па учеството таму е голем предизвик: – Ова е уште еден клучен настан ...
Грејната сезона започна согласно правилата за снабдување и мрежните правила за 60 илјади потрошувачи, додека снабдувањето со електрична енергија за 611 илјади домаќинства во изминатиот период е стабилно, но и покрај тоа неопходно е рационално трошење на енергенсите посочи Марко Бислимоски, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) на редовен месечен координативен состанок со енергетските компании. „ ...
Мерките на Владата даваат позитивни резултати за зголемување на просечната месечна-нето плата. Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во август 2022 година, изнесува 31.871 денари, што е за 3.229 денари повеќе од истиот месец минатата година. Податоците од Државниот завод за статистика покажуваат дека зголемувањето на просечната месечна нето-плата за 11,3 % во август ...
Американската веб-страница „Celebrity networth“ на својата листа на богати ги вклучи некои од најпопуларните луѓе од земјите од поранешна Југославија. Американската веб-страница „Celebrity networth“ која се занимава со проценки на вкупниот имот и финансиските активности на познатите личности од светот на спортот, музиката и другите гранки на шоу-бизнисот, вклучи некои од популарните луѓе од земјите на поранешна Југославија на неговата листа. ...
Централните банки и политиките коишто ги водат тие мора да бидат посветени на среднорочната стабилност на цените. Во услови на висока инфлација и инфлациски очекувања, монетарните власти немаат многу простор да им се посветат на другите цели надвор од нивниот основен мандат, посочува гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска во авторски текст за угледниот српски неделник „Нин“. Таа посочува дека поради големата трговска ...
Шпанија, Португалија и Франција најавија дека ќе изградат подводен гасовод за транспорт на водород и гас меѓу Барселона и Марсеј. Португалскиот премиер Антонио Коста рече дека рутата, наречена Бармар, главно ќе се користи за пумпање зелен водород и други обновливи гасови, но и привремено ќе овозможи транспорт на „ограничена количина“ на природен гас за да се олесни енергетската криза во Европа. – Гасоводот е одговор на повиците за солидарност ...
Производните цени во Германија продолжуваат да растат со вртоглаво темпо, па во септември тие беа за 45,8 отсто повисоки од 12 месеци порано. Во август и септември е забележан најбрзиот годишен раст на цените на производителите од почетокот на мерењето во 1949 година. Главен двигател на поскапувањето и натаму е цената на енергенсите, која за 12 месеци е повеќе од двојно зголемена од 132,2 отсто. Дополнително, нагло поскапеа и полупроизводите, ...
Вработените на Твитер се огласија на социјалните мрежи стравувајќи дека ќе бидат отпуштени откако се појавија документи кои покажуваат дека Илон Маск планира да ја намали својата работна сила за 75 отсто. Корпоративните документи до кои дојде „Вашингтон пост“ откриваат дека милијардерот им рекол на потенцијалните инвеститори во договорот вреден 44 милијарди долари дека планира да намали три четвртини од своите 7.500 работници. Тоа ќе ја ...
Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.10/2022 за долгови доспеани до 30.06.2022 и неплатени до 30.10.2022 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е: Повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и повисок од 300.000 денари за правните лица. Листата на должници се ...
Делегација на Стопанската комора на Северна Македонија предводена од претседателот Бранко Азески оствари работна средба со претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, согласно алармот на компаниите кои имаат сериозни забелешки за блокадите на законските решенија во Собранието, а кои во услови на тешка енергатска криза дополнително го усложнуваат нивното работење. На средбата беше посочено дека покрај Законот за ...
Драстично поскапената електрична енергија, непрецизното дефинирање на мерките поврзани со ограничувањето на маржите, отсуството на сеопфатен приод на државата при справување со кризни моменти и нелојалната конкуренција се само дел од проблемите со кои се соочуваат големите ланци на маркети што деновиве ги посети делегација на Стопанската комора, предводена од потпретседателот Зоран Јовановски. При посетите на „Рамстор“, „КАМ“, „Тинекс“ и ...
Јапонија во септември не увезувала руска нафта, а во првата половина од фискалната 2022 година го намалила вкупниот увоз на нафта и нафтени деривати од Русија за 59,9 отсто, покажуваат денеска објавените податоци од Министерството за финансии. Увозот на руски јаглен во Јапонија е намален за 82 отсто во септември, а за 45,6 отсто во првата половина од фискалната година. Токио минатиот месец го намали увозот на руски течен природен гас за 10,7 ...
Мобилните оператори од Европската унија (ЕУ) и од Западен Балкан, како и претставници на Регионалниот совет за соработка (RCC) и Европската комисија (ЕК), се состанаа денеска за да разговараат за патоказот за намалување на цените за роаминг меѓу ЕУ и земјите од регионот, на состанокот што го организираше Европската комисија. Пред учесниците на состанокот се обратија еврокомесарот за соседска политика и проширување, Оливер Вархеји, европскиот ...
Голем број на граѓани годинава ги менуваат своите печки на пелети со инвертер клими или шпориња на дрва, поради рапидниот раст на цената на пелетите кои се движат од 450 до 550 денари за вреќа од 15 килограми. Граѓаните на социјалните мрежи се жалат и дека овие пелети го немаат истиот квалитет како минатите години. Силниот скок на пелети започна уште лани, кога цената од 160-180 денари се зголеми на околу 280-300 денари, а годинава зајакната ...
Значителен пад на цената на струјата се очекува од ноември, според пазарните проценки, по намалувањето на цената на струјата на берзата и на меѓународните цени на природниот гас, објави грчката новинска агенција АНА-МПА. Просечната цена на струјата на грчката берза за октомври до вчера изнесуваше 263,86 евра за мегават час. За споредба, во септември изнесуваше 416,87 евра, а во август 436,53 евра. Деескалацијата се припишува од една страна на ...
Ако некое време не сте ги ажурирале безбедносните поставки на Фејсбук, можеби е време да го прегледате вашиот профил. Корисниците на Фејсбук се предупредуваат да активираат три специфични поставки за да ги направат нивните сметки што е можно побезбедни. Заклучно со јули оваа година, имаше околу 2,9 милијарди корисници на Фејсбук ширум светот, поради што платформата воведе дополнителни безбедносни поставки за да се увери дека милијарди ...