Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
ЊУЈОРК/ФРАНКФУРТ/МОСКВА – Европските берзански индекси денеска се нерамномерни, а истовремено е забележан раст на цената на нафтата и пад на цените на златото и пченицата. Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 9:15 часот порасна на 18.021,85 поени, францускиот CAC 40 на 8.185,62 поени, додека лондонски FTSE 100 падна на 7.767,56 поени, а московскиот MOEX на 3.302,0 поени. Вредноста на американскиот берзански индекс Дау Џонс се ...
НА ЕВРОПСКИТЕ берзи утринава цените на акциите благо пораснаа, приближувајќи се до рекордни нивоа, но тргувањето е претпазливо пред новите податоци за инфлацијата во САД, кои би можеле да влијаат на насоката на пазарот. Индексот STOXX 600 на водечките европски акции во 9:30 часот порасна за 0,2 отсто, што е блиску до највисокото ниво во историјата, достигнато вчера. Истовремено, лондонскиот FTSE индекс зајакна за 0,01 отсто, на 7.772 поени, ...
Данскиот производител на играчки Лего денеска објави дека неговиот приход во 2023 година се зголемил за два отсто, на 65,9 милијарди дански круни или приближно 8,83 милијарди евра. Лего забележа раст на приходите и покрај тоа што глобалната продажба на играчки падна за седум отсто минатата година. Како што е наведено, оперативниот профит на компанијата во 2023 година падна за пет отсто на годишно ниво на 17,1 милијарди дански круни поради ...
Собранието на Република Северна Македонија, вчера го изгласа новиот Закон за рибарство и аквакултура. Законско решение, кое во целосно е усогласено со регулативите на Европската Унија. Новиот Закон за рибарство и аквакултура ги уредува риболовните води и риболовот, потоа управувањето и користењето на рибите и другите водни организми. Регулиран е делот на аквакултурата, заедничкото уредување на пазарот на производите од рибарство и ...
IBM укинува работни места во маркетинг и комуникации. IBM им објави на своите вработени во одделот за маркетинг и комуникации дека го намалува бројот на вработени, пренесува CNBC. Џонатан Адашек, главен службеник за комуникации на IBM, го објави ова на приближно седумминутна средба со вработените во единицата, рече лицето кое побара да остане анонимен. Во декември, извршниот директор на IBM, Арвинд Кришна, изјави за CNBC дека компанијата ...
На 13 март 2024 година, Народната банка спроведе редовна аукција за продажба на благајнички записи со примена на тендер со ограничен износ и фиксно утврдена каматна стапка од 6,30%. На аукцијата беа понудени благајнички записи на ниво од 10.000 милиони денари. Побарувачката и реализацијата на благајничките записи изнесуваа 10.000 милиони денари и беа на ниво на понудениот износ. Следната аукција на благајничките записи ќе се одржи на 17 април ...
Индустриското производство во еврозоната падна за 3,2 отсто во јануари, што претставува најголем месечен пад од март 2023 година, објави денеска Евростат. Пазарите очекуваа многу поблаг месечен пад на индустриското производство за 1,5 отсто. И во Европската унија, индустриското производство во јануари е намалено и тоа за 2,1 отсто. Индустриското производство во еврозоната падна за 6,7 отсто во однос на јануари 2023 година, а во Европската ...
Според податоците на Државниот завод за статистика, во јануари 2024 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки за 0.2 % на месечно ниво, а се пониски за 2.3 % на годишно ниво. Во јануари 2024, во споредба со декември 2023 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Трајни производи за широка потрошувачка за 2.9 %, Енергија ...
Со мали флуктуации, пазарот на крипто се зголеми за уште 0,5 отсто во последните 24 часа до вредност од 2,75 трилиони долари. Биткоинот најпрво накратко се проби над 73.000 долари, предизвикувајќи лавина од нарачки за стоп-трговија што ја намалија неговата цена за 6,5 отсто во следните три часа на 68.600 долари. После тоа, сепак, имаше уште едно враќање назад, сè до 73.359 долари во моментот на пишување на овој извештај. Гореспоменатото ...
Германскиот производител на спортски чевли и облека Адидас денеска ги објави резултатите за минатата година, од кои произлегува дека компанијата ја забележа првата годишна загуба од 1992 година. Нето загубата на Адидас за 2023 година е 14 милиони евра, а загубата од континуираното работење е 58 милиони евра, се вели во финансискиот извештај на компанијата. Германската компанија беше принудена да ја прекине соработката со раперот Ye (Kanye ...
Цените на нафтата денеска се искачија над 83 долари на меѓународните пазари поради навестувањата за силна побарувачка и шпекулации за можно нарушување на снабдувањето од Русија по нападот на Украина врз рафинериите. На лондонскиот пазар по пладне цената на барелот за испорака во мај беше повисока за 1,54 долари од вчерашното затворање на трговијата и изнесуваше 83,46 долари. На американскиот пазар барелот за испорака во април поскапе за 1,59 ...
Компанијата „Фруктал“ денеска соопшти дека ќе повлече еден од своите производи од пазарот во Хрватска бидејќи потрошувачите забележале промени во изгледот, пренесува Index.hr. Компанијата „Фруктал“ денеска соопшти дека поради поплаки за нивниот производ „Фруктал сируп Дабл Ц“ со 50 отсто помалку шеќер и амбалажа од еден литар, ќе биде повлечен од пазарот и заменет со производ со различен датум на производство. Оттаму рекоа дека наведениот ...
Објавена е денешната курсна листа на вредноста на денарот во споредба со девизите. Курсната листа на Народната банка на Република Северна Македонија се формира и објавува согласно Одлуката за начинот на формирање и објавување на курсевите на Народната банка на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 58/14, 102/14, 14/15 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 83/22) . Курсна листа на Народната ...
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на овци, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ја реализираше исплатата на дополнителните директни плаќања за одгледувачите на овци. Како корисници на оваа финансиска поддршка се јавуват земјоделските стопанства, кои поседуваат минимум 30 овци постари од 12 месеци, на денот на поднесување на барањата за ...
Цените на големо во Германија во февруари паднаа за три отсто на годишно ниво, покажуваат денеска објавените податоци од германската федерална статистичка служба Destatis. Цените на германскиот пазар на големо паѓаат единаесет месеци по ред на годишно ниво, а претходно во јануари паднаа за 2,7 отсто, се наведува на веб-страницата на споменатата организација. Цените на житариците, непреработениот тутун, семките и сточната храна се намалени за ...
Европската унија ги укина санкциите против поранешниот шеф на руската технолошка компанија „Јандекс“, Аркадиј Волож, се наведува во документот објавен на веб-страницата на ЕУ. Волож беше додаден на списокот на санкционирани лица во летото 2022 година како дел од санкциите против Руската Федерација, пренесува Комерсант. Тој побара од европските судови да ја поништат оваа одлука, а во декември 2022 година поднесе оставка од функцијата генерален ...
Економијата на Велика Британија во јануари порасна за 0,2 отсто, објави денеска на својата веб-страница британската канцеларија за национална статистика (ONS). Резултатот покажува дека британската економија се вратила на раст откако во декември паднала за 0,1 отсто месечно и паднала во техничка рецесија на крајот на 2023 година, пренесува Sky News. Главен двигател на економскиот раст во Британија беше услужната индустрија, која во јануари ...
Кинеските банки, наводно, се обидуваат да спасат еден од најголемите инвеститори во земјата, откако Мудис во понеделникот го намали својот кредитен рејтинг на статусот „ѓубре“. Пекинг се бори да ја врати довербата во заболената индустрија за недвижности во земјата и се чини дека работи напорно за да ја спречи Чајна Ванке да оди по патот на Евергранде и Кантри Гарден, кои не ги исполнија долговите и се изложени на ризик од ликвидација. ...
Европските и американските берзански индекси денеска се во пораст, како и цените на нафтата, златото и пченицата. Франкфуртската берза ДАКС денеска во 9 часот и 15 минути порасна на 17.992,15 поени, лондонски FTSE 100 на 7.750,03 поени, францускиот CAC 40 на 8.100,81 поени, а московскиот MOEKS на 3.335,40 поени. Вредноста на американскиот берзански индекс Дау Џонс порасна на 39.005,49 поени, вредноста на индексот S&P 500 на 5.175,27 ...
На 12 март 2024 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, на која беа разгледани најновите податоци и информации за глобалната и за домашната економија и најновите случувања на меѓународните и на домашните финансиски пазари во контекст на поставеноста на монетарната политика. На седницата на Комитетот беше оценето дека тековнaта поставеност на монетарната политика е соодветна на условите ...
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во јануари 2024 година, во однос на јануари 2023 година, изнесува 102.6. Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во јануари 2024 година, во однос на јануари 2023 година, бележи пораст од 6.0 %, во секторот Преработувачка индустрија пораст од 2.4 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и ...
Паднаа сите маски, тој не ги крие плановите Милијардерот и сопственик на платформата X откри дека оваа платформа наскоро ќе овозможи видеосодржини со долга форма на паметните телевизори. Одговарајќи на барањето на корисникот, Маск го потврди пристигнувањето на видео со долга форма на паметните телевизори. Изворите сугерираат дека апликацијата X TV ќе наликува на апликацијата YouTube за ТВ, што укажува на амбициите на Маск услугата да стане ...
Во 2023 година, германските стоковни куќи имале 34,8 отсто помала продажба отколку пред 20 години, покажуваат податоците на Германскиот завод за статистика (Дестатис). За разлика од стоковните куќи, во малопродажбата има поинаков тренд. Имено, во истиот период продажбата во стационарна малопродажба е зголемена за 11,3 отсто. Во онлајн малопродажбата е постигнат раст од дури 170 проценти. Погрешно проценување Се чинеше како бизнисот на ...
Кина ќе продолжи да постигнува резултати во развојот на нови квалитетни производствени сили, а нејзината економија ориентирана кон иновации ќе обезбеди нова виталност и ќе донесе нови можности за глобалниот економски развој. Ова го изјави кинескиот амбасадор во Подгорица, Фан Кун. Тој во авторскиот текст насловен Кинеска производна сила со нов квалитет, наведе дека кинеската економија на тој начин ќе даде поголем придонес во градењето на ...
aPPLE денеска објави дека, почнувајќи од оваа пролет, развивачите на софтвер кои работат во Европската унија ќе можат да дистрибуираат апликации до корисниците на ЕУ директно од нивните веб-страници, наместо преку APP Store. Apple ги објави овие промени во согласност со Законот за дигитални пазари на ЕУ (DMA), чија имплементација започна минатата недела. Агенцијата вели дека промените, кои ја засегаат само Европската унија, би можеле да ги ...
Годишната стапка на инфлација во САД се зголеми на 3,2 отсто во февруари од 3,1 отсто во јануари, објави денеска американското биро за статистика на трудот БЛС. Пазарите очекуваа инфлацијата да биде 3,1 отсто и во февруари. Во февруари храната во САД поскапела за 2,2 отсто на годишно ниво, становите за 5,7 отсто, новите возила за 0,4 отсто, а во сите споменати случаи растот на цените бил побавен од јануари. Спротивно на тоа, цените на ...
Од 2030 година сите нови згради во земјите на Европската унија треба да имаат нула емисија на гасови, а до 2040 година треба постепено да ги отстрануваат фосилните горива од системот за греење и ладење, според плановите што денеска ги усвоија пратениците во Европскиот парламент. Предложената ревизија на Директивата за енергетските перформанси на зградите има за цел значително да ги намали емисиите на стакленички гасови и потрошувачката на ...
S&P 500 се лизна во понеделникот како митинг што ги спушти главните просеци до рекордно високи. Инвеститорите очекуваа и нови податоци за инфлацијата во САД. Широкиот S&P 500 загуби 0,11%, додека богатиот со технологија Nasdaq Composite се лизна за 0,41%. Дау Џонс освои 46,97 поени или 0,12%. Акциите на Super Micro Computer паднаа за повеќе од 5 отсто, додека производителот на чипови Nvidia паднаа за 2 отсто. Инвеститорите се ...
Компанијата Боди Шоп, по Велика Британија, ја прекинува работата и во САД и во Канада. Компанијата е во финансиски проблеми и е принудена да ги преструктуира своите капацитети. Британскиот синџир на производи за убавина објави дека неговата филијала во САД престанала со работа на 1 март, додека нејзиниот канадски огранок почнал да ликвидира десетици продавници само неколку недели по лансирањето на слична операција во Велика Британија. ...
Американската платформа за изнајмување дигитално сместување Airbnb соопшти дека ќе ја забрани употребата на внатрешни безбедносни камери во заедничките области на сместувачките капацитети ширум светот до крајот на следниот месец. Платформата со седиште во Сан Франциско соопшти дека се стреми да ја поедностави својата политика за безбедносни камери, истовремено обезбедувајќи приоритет за приватност . Еден од шефовите на Airbnb, Џунипер Даунс, ...