Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Денарот е стабилен, а гаранција за тоа е високото ниво на девизните резерви, коешто и покрај бројните шокови и натаму расте и на крајот на септември изнесува 4,4 милијарди евра. Сегашното ниво на девизните резерви е повисоко од пред пандемијата за 40%, или за околу една милијарда евра, што е значителен пораст, особено во години исполнети со шокови невидени досега, посочува гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, која ...
Пратениците во Европскиот парламент во средата го изгласаа ставот за преговори за буџетот за 2025 година, во кој бараат две милијарди евра повеќе од предлогот на Советот на ЕУ. Европратениците бараат 201 милијарда евра во обврски и 153,5 милијарди во исплати. Европската комисија предложи буџет од 199,7 милијарди во обврски и 152,7 милијарди во плаќања. Советот на ЕУ, кој ги претставува земјите-членки, предлага буџет од 191,53 милијарди евра ...
Додека власта ја подготвуваше мерката за ограничени маржи на основните прехранбени производи, цените во маркетите и на пазарите „здивеа“. Мерката, која завршува на крајот од октомври, ги намали маржите на 73 основни прехранбени производи, но не обезбеди значителни заштеди и не ги оправда очекувањата. Од власта информираа дека со оваа мерка граѓаните ќе заштедат од 690 до 1.360 денари на месечно ниво, благодарение на пониските цени на ...
Европските и американските берзански индекси денеска главно се во благ пораст, цените на златото повторно уриваат рекорди и се искачија на нов историски максимум, додека на пазарите истовремено е забележан пад на цените на нафтата и на пченицата. Според податоците на берзата, цената на суровата нафта паднала на 71.275 долари, а на нафтата „брент“ на 75.588 долари. На отворањето на берзата ТТФ европските фјучерси на гас се продаваа по цена од ...
Норвешкиот државен фонд денеска објави добивка во третиот квартал од 835 милијарди норвешки круни (околу 70 милијарди евра), а како причина за таквиот успех го наведе растот на берзата поради падот на каматните стапки. Таканаречениот државен пензиски фонд „Глобал“, еден од најголемите светски инвеститори, објави дека на крајот на септември имал пазарна вредност од 18,870 милијарди круни (околу 1,6 трилиони евра), објави Си-Ен-Ен. Вкупниот ...
Да зборуваме за плата за живот, а не за покачување на минимална плата, порача Кристина Ампева од „Гласен Текстилец“, откако опозицијата предложи Закон за покачување на минималецот на 450 евра. Според неа, потребни се суштински решенија, а не политички одлуки. Вели дека минималната плата е заштита од сиромаштија, а не треба да биде суштинско барање од страна на синдикатите. – Исто како што цело време слушаме за просечна плата (која е пресек ...
Истражување на „Фондацијата Фридрих Еберт“покажа дека од сите земји во Југоисточна Европа, најмногу млади луѓе од Македонија, 42,67 отсто од нив, изразиле желба да ја напуштат земјата поради лошиот социјален, животен и економски стандард и услови. Според резултатите од „Студијата за млади луѓе од Југоисточна Европа 2024“, следното место на таа листа го зазема Босна и Херцеговина, каде би емигрирале 31,18 отсто од младите, а во Албанија тој ...
Следните неколку недели најверојатно ќе останат нестабилни на пазарите на акции, бидејќи инвеститорите внимателно ги следат корпоративните приходи, новите економски податоци и ги чекаат резултатите од изборите во САД, а потоа и состанокот на ФЕД. Учесниците на пазарот во цената на средствата ја земаат предвид можноста од речиси 90 отсто дека ФЕД ќе ги намали каматните стапки за дополнителни 25 базични поени во ноември. На Волстрит, ...
Растот на македонската економија според проекциите на Министерството за финансии за оваа година е 2,1 отсто, а за наредната и повеќе од 3,5 проценти, додека буџетскиот дефицит 4 отсто. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во интервју за Гласот на Америка во Вашингтон, каде учествува на Годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд и Светска банка. -Го менуваме комплетно економскиот концепт во насока на тоа ...
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) предвидува дека најбрзиот економски раст во Европа, доколку се исклучи Малта, оваа година ќе има Србија оваа година, објавено е во World Economic Outlook (WEO). „Според ММФ, економијата на Србија годинава ќе порасне со стапка од 3,9 отсто, а следната година 4,1 отсто. За Малта, Фондот предвидува раст од пет проценти оваа година и четири проценти следната година“, се наведува во WEO, на која се повикува ...
Во последните неколку години платите за прв пат имаа посериозна тенденција на раст, но тоа е резултат пред се на административни мерки – зголемениот минималец и покачувањата во јавниот сектор, како и одливот на работна сила во странство. За реално да пораснат платите мора да порасне економијата. Изминативе години примањата на работниците растеа со побрзо темпо од економијата. Ова резултира со пад на продуктивноста, тоа е проста економска ...
Кинеската централна банка ги намали клучните стапки на заеми како што се очекуваше, откако минатиот месец ги намали другите трошоци за задолжување како дел од пакетот мерки за стимулирање на економијата. Едногодишната основна кредитна стапка (BPR) е намалена за 25 базични поени на 3,10% од 3,35%, а петгодишниот BPR за истата маргина на 3,6% од 3,85% претходно. Последен пат во јули беа намалени каматните стапки на кредитите. Гувернерот на ...
Наскоро Владата ќе излезе со решение за зголемување на платите во здравството, рече денеска заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески по Извршниот одбор на Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС). Тој најави и интензивирање на социјалните дијалози, како и на состаноците со сите синдикати и невладини организации од областа на трудот, на кои, нагласи, присутен ќе биде и бизнис секторот. Синдикатите ги поздравија владините ...
Одржана редовна седница на Извршниот одбор за монетарната политика Каматната стапка на благајничките записи се намалува за 0,25 п.п. – и натаму задржан внимателениот карактер на монетарната политика На 22 октомври 2024 година се одржа редовна седница на Извршниот одбор за поставеноста на монетарната политика на Народната банка, на која беа разгледани најновите податоци и информации за глобалната и за домашната економија и најновите случувања ...
Вашингтон идната недела ќе воведе нов сет на санкции против Русија насочени кон посредници во трети земји кои ја снабдуваат Русија со делови неопходни за нејзината војска, објави денеска американската министерка за финансии Џенет Јелен. „Веќе следната недела ќе воведеме нови остри санкции насочени кон оние кои ја олеснуваат воената машина на Кремљ, особено против посредниците во трети земји кои ја снабдуваат Русија со делови неопходни за ...
Уште една недела трае мерката за замрзнување на профитната маржа на прехранбените производи коишто се дел од есенската потрошувачка кошничка. Со владината одлука намалени се цените на 73 основни прехранбени производи. Податоците од Сојузот на синдикати на Македонија објавени вчера покажуваат дека минималните трошоци на едно семејство во октомври се намалени за 57 денари. И додека власта смета дека мерката дава резултати, од СДСМ во ...
На крајот на вториот квартал од 2024 година, јавниот долг на земјите од еврозоната се зголеми од 87,8 отсто во првиот квартал на 88,1 отсто од БДП, објави Евростат. Во Европската унија, јавниот долг на крајот на вториот квартал од 2024 година изнесува 81,5 отсто од БДП, што претставува зголемување од 0,2 процентни поени во однос на претходниот квартал. Најзадолжена земја на Европската унија во наведениот период е Грција со долг од 163,6 ...
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во август 2024 година, изнесувала 41 097 денари, што е за 12.9 отсто повеќе во споредба со истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Образование (18.9 %), Уметност, забава и рекреација (18.8 %) и Јавна управа и одбрана; задолжително социјално ...
Грција забележа зголемување на бројот на туристички посети за 6,6 отсто во август, но приходите од секторот се намалени за 1,8 отсто во споредба со август 2023 година, објави грчката централна банка, цитирана од Франс прес. За периодот јануари – август, бројот на туристи е зголемен за 9,9 отсто, а приходите се намалени за 3,2 отсто, се вели во соопштението на банката. Грција, каде туризмот е водечки економски сектор, забележа 32,7 милиони ...
По вчерашното фијаско на СДСМ со поднесувањето на Законот за минималната плата, денеска посведочивме на уште еден демант на потребата на СДСМ да фабрикува економски теми кои што немаат никаква врска со реалноста. Додека пратеничката Тренчевска држеше прес-конференција, квалификувајќи ги мерките на Владата дека не дале резултат, излезе соопштение во кое што синдикалната кошничка на ССМ покажа дека мерките на Владата дале резултати и дека ...
Две ипол минимални плати се потребни за задоволување на основните потреби на едно четиричлено семејство. Тоа го покажува статистиката за Сојузот на синдикатите на Македонија според која во месец октомври за оваа намена биле потребни 61.249 денари. Но доколку станува збор за семејство со изнајмен стан тогаш и три минимални плати не се доволни, бидејќи според пресметките на синдикалците во тој случај потребни ќе бидат 76.624 денари. Она што ...
Повеќе од 20 отсто од светските резерви на злато се наоѓаат во земјите на БРИКС, а меѓу нив најмногу има Русија – со 2,34 илјади тони од овој метал, односно 8,1 отсто од сите светски резерви, а Кина со 2,26 илјади тони или 7,8 отсто во светот. Податоците од Светскиот совет за злато, објавени од Спутник, покажуваат дека 21,4 отсто од вкупната количина на резерви на злато во светот за периодот по вториот квартал од оваа година доаѓа од земјите ...
По неколкугодишниот скок на бројката на предвидени станови за градење, македонскиот пазар на недвижности се соочува со спротивни резултати. Според податоците на Државниот завод за статистика, во август 2024 година се издадени 275 одобренија за градење, што е за 20,1 % помалку во однос на истиот месец од претходната година. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 4,8 милјарди денари, што е за 31,1 ...
Минималната синдикална кошница за октомври изнесува 61.249 денари и е за 57 денари пониска отколку во септември годинава кога беше 61.306 денари. Со изнајмен стан од 60 м2 за октомври кошницата изнесува 76.624,00 денари. -Значајно е да се нагласи дека мерката на Владата за ограничување на висината на маржите даде дел од посакуваниот резултат, но, поради алчноста за профит кај трговците што Државата мора да го заузда, тие, кога разбраа за ...
Американскиот синџир на ресторани за брза храна Taco Bell ги отвори вратите на својот прв ресторан во Сараево, што претставува голема пресвртница во меѓународната експанзија на брендот, означувајќи го неговото прво појавување на Балканот (ако не ја сметаме Романија за дел од Балканот). Новата локација во населбата Илиџа ќе го подобри стратешкиот план на Taco Bell за проширување на своето присуство во балканскиот регион и пошироко. Босна и ...
Со програмата за рибарство и годинава ќе се субвенционира опремата и изградбата на нови капацитети за преработка на рибите. Предвидената финансиската поддршка е 3 милиони денари. Заинтересираните можат да се јават на повик кој трае до 23 октомври… Со овие пари може да се градат нови капацитети и набавка на опрема за доработка, преработка, складирање и пакување на рибите. Корисници се микро, мали и средни претпријатија регистрирани за ...
Американскиот буџетски дефицит го надмина износот од 1,8 трилиони долари во фискалната 2024 година, бидејќи каматите на јавниот долг за прв пат надмина од билион долари, дополнително со зголемени расходи за социјалните програми и за војската, објави министерството за финансии на САД. Во фискалната година која заврши на 30 септември, минусот во американскиот буџет е зголемен за осум отсто во однос на преходната фискална година и изнесува 1,83 ...
Европската комисијата денеска донесе одлука да додели повеќе од 380 милиони евра за реализација на 133 нови проекти ширум Европа во рамките на Програмата за активности поврзани со животната средина и климата „Лајф“, меѓу кои и за обезбедување на енергетска ефикасност на постојните станбени објекти во земјава. Инаку, овие 380 милиони евра претставуваат над половина од вкупните инвестициски потреби за реализација на проектите, кои изнесуваат ...
Во време на неизвесност и брзи промени, многумина се прашуваат како најдобро да ги заштитат своите семејства и најблиски. Животното осигурување станува сѐ позначајно бидејќи обезбедува не само финансиска поддршка во непредвидени ситуации, туку и чувство на сигурност за утрешниот ден. Додека се справуваме со секојдневните предизвици, важно е да размислуваме за долгорочната безбедност и благосостојба на оние што ги сакаме. Сепак многумина се ...
Халк Банка АД Скопје изврши зголемување на капиталот за нови 20 милиони евра, што претставува значајна докапитализација и силна поддршка од главниот акционер на банката – Халкбанкаси АШ Туркије. Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија на 46-тата седница донесе Решение со кое се одобри 21-та емисија на хартии од вредност по пат на приватна понуда. Со оваа емисија, Халк Банка АД Скопје издаде 123.000 обични акции со ...