Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
НЛБ Банка воведува новини во понудата на станбени кредити со кои дополнително ја унапредува достапноста и атрактивноста на финансирањето за купување дом. Истовремено, Банката започна промотивна кампања, нудејќи дополнително олеснување и значајна заштеда за клиентите во процесот на кредитирање. НЛБ Банка го зголемува максималниот износ на станбените кредити на 36.000.000 денари со максимален рок на отплата до 30 години и нуди фиксни каматни ...
Азиските берзи забележаа раст во петокот, поттикнати од подобреното расположение кај инвеститорите по позитивните сигнали од мировните разговори меѓу САД и Иран, како и силните резултати на технолошките компании предводени од „Nvidia“. Најширокиот индекс на „MSCI“ за Азиско-пацифичкиот регион, без Јапонија, порасна за 0,8%, додека јапонскиот индекс „Nikkei“ се зголеми за високи 2,8%, приближувајќи се до ново рекордно ниво. Значителен раст ...
Цените на нафтата повторно пораснаа во петокот, откако претходно забележаа остар пад, додека неизвесноста околу разговорите меѓу САД и Иран продолжува да создава силни осцилации на енергетските пазари. Фјучерсите за суровата нафта „Брент“ се зголемија за 1,9% и достигнаа 104,56 долари за барел, додека американската нафта „WTI“ порасна за 1,35% на 97,64 долари за барел. И покрај дневниот раст, двата референтни индекси и натаму се на пат да ја ...
Иуте Македонија, во соработка со СИГАЛ Иншуренс Груп, Allianz Partners, MediGuide, IUTE AFFINITY и АМСМ, го претставува iuteCare – нов, уникатен и целосно дигитален осигурителен производ на македонскиот пазар, креиран за корисници кои сакаат поголема сигурност при патување, практична поддршка во непредвидени ситуации и пристап до помош кога е најпотребно. iuteCare е доброволно осигурување кое во еден пакет комбинира патничко осигурување во ...
Европската унија ја намали прогнозата за економски раст за 2026 година, додека инфлацијата се очекува да порасне поради конфликтот на Блискиот Исток и енергетската нестабилност. Европскиот комесар за економија Валдис Домбровскис соопшти дека Европската комисија ја намалила прогнозата за економски раст на ЕУ за 2026 година на 1,1 отсто, додека инфлацијата се очекува да достигне 3,1 отсто во текот на годината поради војната во Иран. „Конфликтот ...
„Доколку има натамошни притисоци врз ценовното ниво, ќе реагираме со корекција на каматните стапки нагоре, но конечната одлука ќе зависи од расположливите податоци за инфлацијата и за нејзините движења во наредниот период“, порача гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, во гостување во поткастот „Каде се парите“ со Горан Теменугов. Тој нагласи дека Народната банка внимателно ги следи инфлациските движења коишто, по период на ...
Светот има уште шест месеци за да избегне нова прехранбена криза, предупредува Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации – ФАО, поради растечките тензии на Блискиот Исток и можните последици од затворањето на Ормускиот Теснец. Според ФАО, евентуален прекин или сериозно нарушување на сообраќајот низ Ормускиот Теснец во следните шест до 12 месеци може да предизвика глобален раст на цените на храната, преку нарушување на ...
Управата за јавни приходи (УЈП) објави нов модел за е-фактурирање, со кој компаниите ќе преминат од хартиени кон електронски фактури и дигитална размена на документација. Според прикажаниот концепт, системот ќе функционира преку централизирана државна платформа на УЈП, која ќе овозможи директна комуникација меѓу компаниите и институцијата во реално време. Е-фактурирањето ќе опфати размена на фактури, испратници, повратници, авансни фактури и ...
УНИ Банка во првиот квартал од годинава остварила нето-добивка од 56,6 милиони денари, што претставува пад од 61 отсто во споредба со истиот период лани, објави SeeNews повикувајќи се на финансиските резултати на Банката. Според објавените податоци, добивката на Банката во периодот јануари – март изнесувала околу 915 илјади евра. Во кратката објава не се наведуваат дополнителни детали за причините за намалувањето на профитот, но резултатите ...
Во април 2026 година паричната маса забележа месечен пад од 1,3%, главно како резултат на намалувањето на краткорочните депозити, покажуваат најновите податоци на Народната банка. Вкупните депозити на месечно ниво се намалени за 1,4%, при што падот е концентриран кај корпоративниот сектор, додека депозитите на домаќинствата продолжиле да растат. На годишно ниво, депозитите бележат зголемување од 9,3%. Во истиот период, вкупните кредити се ...
Халкбанк АД Скопје доби нова докапитализација во вредност од 40 милиони евра од матичната банка Halkbankası AŞ, со што дополнително ја зајакнува својата позиција на македонскиот банкарски пазар. Со најновото зголемување на капиталот, вкупната актива на Халкбанк АД Скопје достигна 2,15 милијарди евра, додека вкупниот капитал на Банката сега изнесува 412 милиони евра. Од Банката посочуваат дека ова е уште една потврда за континуираната ...
Економската активност во еврозоната во мај се намали со најбрзо темпо во последните две и пол години, покажуваат прелиминарните податоци на S&P Global, додека војната на Блискиот Исток и растот на цените на енергенсите дополнително ја намалуваат побарувачката и ги зголемуваат инфлаторните притисоци. Композитниот PMI индекс, кој ја мери активноста на приватниот сектор, во мај паднал на 47,5 поени, од 48,8 поени во април. Ова е најниско ...
Халкбанк АД Скопје нуди кредитна линија за поддршка на одржливи земјоделски активности, наменета за микро, мали и средни претпријатија, како и за индивидуални земјоделци и трговци поединци. Кредитната линија е наменета за финансирање на работен капитал и инвестициони потреби поврзани со одржливо земјоделство, согласно квалификуваните активности утврдени во листата за одржлива земјоделска активност. Износот на кредитите се движи од 5.000 до ...
Халкбанк АД Скопје ја зацврстува својата позиција на еден од клучните столбови на македонскиот финансиски систем со нова докапитализација во износ од 40 милиони евра, обезбедени директно од матичната банка, гигантот Халкбанкаси АШ Туркије. Со оваа стратешка инвестиција, вкупната актива на Халкбанк АД Скопје достигнува 2,15 милијарди евра. Она што дополнително влева сигурност кај депонентите и инвеститорите е нивото на вкупен капитал на ...
Масовната примена на вештачката интелигенција може длабоко да го промени капитализмот, но не нужно и да го уништи, оценува економистот Бранко Милановиќ во анализа за иднината на трудот и профитот во ерата на AI. Тој посочува дека од марксистичка перспектива, вештачката интелигенција носи високо автоматизирано производство со минимално учество на човечки труд. Според теоријата на Карл Маркс, токму трудот создава вишок вредност и профит, па ...
И покрај неуспешните разговори со ирската нискобуџетна компанија „Рајанер“, Владата најавува проширување на авиомрежата со пет нови линии од скопскиот и охридскиот аеродром во текот на летната сезона. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски изјави дека државата останува отворена за соработка со сите авиокомпании, но нема да дозволи привилегирање на една компанија на штета на останатите превозници. – Даваме субвенција од 9 ...
Азиските берзи забележаа силен раст во четвртокот, следејќи го позитивниот тренд на Волстрит, откако порасна оптимизмот дека тензиите на Блискиот Исток би можеле да се намалат. Американскиот претседател Доналд Трампизјави дека преговорите меѓу Вашингтон и Техеран се во „завршна фаза“, што дополнително ја подобри довербата кај инвеститорите. Во исто време, цените на нафтата остануваат под притисок поради блокадите на иранските пристаништа од ...
Дваесет и пет европски банки, меѓу кои „ABN AMRO“, „Sabadell“, „Rabobank“, „Bankinter“, „Bank of Ireland“, „Handelsbanken“ и „Nordea“, се приклучија на европски конзорциум кој работи на лансирање на криптовалута поврзана со еврото. Конзорциумот, основан минатата година од компанијата „Qivalis“, сега брои 37 финансиски институции од 15 земји, вклучувајќи и големи европски банки како „ING“, „BNP Paribas“ и „BBVA“. Проектот има за цел да понуди ...
Нова финансиска поддршка од Европската комисија пристигна за земјите од Западен Балкан, при што Македонија доби 65,7 милиони евра, Албанија 49 милиони евра, а Црна Гора 44,2 милиони евра во рамки на Инструментот за реформи и раст, познат како План за раст за Западен Балкан. Средствата се исплатени откако Европската комисија оцени дека трите земји спровеле клучни реформи во области како конкурентност, иновации, образование и дигитализација. ...
Цените на нафтата во четврток повторно забележаа раст од над 1%, откако пазарите продолжија внимателно да ги следат неизвесните мировни преговори меѓу САД и Иран, како и сигналите за намалување на глобалната понуда. Фјучерсите за суровата нафта „Брент“ пораснаа на 106,29 долари за барел, додека американската „WTI“ нафта достигна 99,55 долари за барел, делумно надоместувајќи ги загубите од претходниот ден. Пазарите остануваат чувствителни на ...
Американскиот долар во четврток се задржа блиску до шестнеделниот максимум, додека инвеститорите внимателно ги следат мировните преговори меѓу САД и Иран и очекувањата за идните потези на централните банки. Индексот на доларот остана стабилен на 99,161 по вчерашниот раст, поттикнат од засилената побарувачка за „безбедни засолништа“ во услови на геополитичка неизвесност на Блискиот Исток. Еврото се тргуваше околу 1,1623 долари, по претходниот ...
Сава Осигурување нуди услуга „Личен пензиски советник“ за своите членови, со цел да обезбеди директна и стручна поддршка за пензиското осигурување и управувањето со пензиската заштеда. Преку оваа услуга, секој член со претходна согласност ќе добие личен пензиски советник кој ќе помогне во појаснување на функционирањето на македонскиот пензиски систем, проверка на редовноста на уплатите, како и информирање за приносите и надоместоците. ...
Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) соопшти дека вредноста на минималната синдикална кошничка за мај 2026 година изнесува 68.743 денари, што е за 54 денари помалку во однос на април, кога била пресметана на 68.797 денари. Според податоците на ССМ, најголем дел од месечните трошоци на едно четиричлено семејство се однесуваат на храна и пијалоци, за кои се потребни 25.475 денари или 37,1 проценти од вкупната кошничка. Значителен дел од ...
Во организација на КИБС АД Скопје, во Скопје се одржа престижната Годишна конференција на EACHA (European Automated Clearing Houses Association) – единствената европска асоцијација на клириншки куќи и оператори на платни системи. Настанот собра близу 200 учесници од 30 европски земји, меѓу кои претставници на европски клириншки куќи и оператори на платни системи, меѓународни институции од платежниот сектор, глобални ИТ и консултантски ...
НЛБ Банка воведува нова услуга, Visa Direct, дизајнирана да обезбеди брзи, безбедни и поедноставени парични трансфери,со што дополнително се унапредува финансиската флексибилност и секојдневното корисничко искуство на клиентите. Ова современо дигитално решение, достапно преку мобилната апликација NLB Pay, им овозможува на корисниците на платежни картички на НЛБ Банка едноставен трансфер на средства од која било НЛБ платежна картичка, кон сите ...
По завршувањето на „Прв до врв“, љубителите на спортот и рекреацијата ќе имаат можност да бидат дел од уште еден голем спортски настан – Croatia Osiguruvanje Business Run 5K, кој ќе се одржи на 4 јуни во Скопје. Организаторите најавуваат дека станува збор за најголемиот бизнис рекреативен настан во Македонија, наменет за компании и тимови кои сакаат да комбинираат спорт, дружење и тим билдинг надвор од канцелариската атмосфера. Настанот ќе ...
Halkbank AD Skopje најави привилегии за корисниците на Mastercard World Debit картичката, наменети за полесно и поудобно патување. Како што информираат од банката, корисниците на картичката добиваат шест бесплатни посети во повеќе од 1.500 Lounge Key аеродромски салони ширум светот, за себе и за својот сопатник. Покрај тоа, пакетот вклучува и асистенција на пат низ Европа преку Halk Осигурување, како и пристап до мобилната апликација Drive ...
Цената на златото продолжува да бележи загуби и да се движи под клучното ниво на поддршка од 4.500 долари, што дополнително го потврдува засилениот продажен притисок и доминацијата на негативниот тренд на краток рок. Аналитичарите наведуваат дека златото се тргува и под 50-дневниот експоненцијален подвижен просек (EMA50), што дополнително ја зајакнува негативната динамика на пазарот. Мечешките сигнали се засилија и по пробивањето на важната ...
Еврозоната забележа значителен пад на трговскиот суфицит во размената со остатокот од светот во првиот квартал од годинава, покажуваат првичните податоци на Евростат. Во март еврозоната остварила трговски суфицит од 7,8 милијарди евра, што е драстично помалку во споредба со истиот месец минатата година, кога суфицитот изнесувал 34,1 милијарда евра. На годишно ниво, извозот од еврозоната во март е намален за 5,5 проценти и изнесувал 265,2 ...
Европската банка за обнова и развој соопшти дека го назначила својот долгогодишен извршен директор Гжегож Зјелински за извршен директор за Југоисточна Европа, а функцијата ќе ја преземе од 1 јуни. Зјелински е долгогодишен кадар на банката и има богато искуство во управувањето со проекти и активности на Европската банка за обнова и развој во регионот. Назначувањето доаѓа во период кога банката продолжува со инвестициите и финансиската ...