Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Довербата на крипто-пазарот повторно се засилува откако најпознатата криптовалута – биткоинот, минатата недела порасна за повеќе од 23%, достигнувајќи околу 77.500 долари, а во еден момент ја надмина и границата од 80.000 долари. Растот е особено значаен бидејќи биткоин за првпат по подолг период се искачи над својот 200-дневен максимум, индикатор што често се користи за процена на долгорочниот тренд. Движењето над ова ниво се смета за ...
Комерцијална банка АД Скопје го промовира онлајн потрошувачкиот кредит преку OneID, достапен во износ до 2.600.000 денари. Клиентите можат да аплицираат целосно онлајн, од кое било место, со неколку клика, а одговорот за апликацијата се добива веднаш. По одобрувањето, средствата се префрлаат директно на сметката. За аплицирање, одобрување и меница нема дополнителни трошоци. Кредитот е со фиксна каматна стапка во првите три години и е наменет ...
Vienna Insurance Group (VIG) го прошири своето присуство во Црна Гора со основање на компанијата Wiener Städtische Osiguranje Podgorica a.d. – Vienna Insurance Group, која доби дозвола за работа од Агенцијата за надзор на осигурувањето и официјално започна со работа. По долгогодишното работење во сегментот на животно осигурување, групацијата сега влегува и на пазарот на неживотно осигурување, со што го продолжува инвестицискиот циклус во ...
Цената на златото порасна во понеделникот откако се појавија информации дека американскиот министер за финансии Скот Бесент би можел да искористи дел од огромната готовинска резерва на Министерството за финансии за откуп на американски државни обврзници. Според CNBC, американското Министерство за финансии располага со околу 935 милијарди долари на својот главен сметководствен депозит кај Федералните резерви, познат како Treasury General ...
Банките во Косово оствариле нето-добивка од 113,8 милиони евра во првите седум месеци од 2026 година, покажуваат податоците на Централната банка на Косово. Во истиот период минатата година, нето-добивката на банкарскиот сектор изнесувала 103,9 милиони евра, што значи дека годинава е зголемена за 9,9 милиони евра. Податоците за јули се дел од најновите статистики на Централната банка на Косово. Според објавените информации, банкарскиот сектор ...
Иранскиот ријал во понеделник падна на ново рекордно ниско ниво, достигнувајќи околу 2,02 милиони ријали за еден американски долар на неформалниот девизен пазар. Новото слабеење на валутата доаѓа во услови на очекување на дополнителни и пообемни американски санкции против Иран. Вашингтон новиот пакет мерки го опиша како „економски ден Д“, со што се најавува дополнително засилување на притисокот врз иранската економија. Иранската валута е под ...
Ширењето на вештачката интелигенција на Волстрит може да ја намали способноста за самостојно размислување кај идните генерации финансиски професионалци, предупредува Крис Черчман, партнер во „Голдман Сакс“ и раководител на дигиталната платформа Marquee за институционални клиенти. Черчман, кој е вклучен во еден од водечките проекти на банката во областа на вештачката интелигенција, оценува дека постои опасност финансиските работници сè повеќе ...
Работниците кои примаат минимална плата во Србија за август 2026 година ќе добијат 62.328 српски динари нето, додека минималната плата во Македонија изнесува 26.046 денари. Пресметано според актуелниот курс, српскиот минималец за август изнесува околу 32.650 македонски денари. Тоа значи дека минималната плата во Србија за август е за околу 6.600 денари повисока од македонската, односно приближно 25 проценти. Во Србија минималната цена на ...
Банкарските депозити влегуваат во нова фаза на дигитализација, откако беше објавено успешното завршување на интероперабилноста на депозитите токенизирани од банка до банка. Банкарските гиганти „Standard Chartered“ и „HSBC“ ја реализираа првата прекугранична трансакција во живо со токенизирани депозити преку блокчејн-регистарот на Swift, што претставува значаен чекор кон побрзи и поефикасни меѓународни плаќања. Ова значајно достигнување во ...
Министерството за финансии издаде нова 15-годишна државна обврзница, која од денес (25 август 2026 година) е примена на котација на Официјалниот пазар на Македонската берза. Вредноста на емисијата изнесува 2,293 милијарди денари, односно околу 37,3 милиони евра, поделени во 229.390 обврзници со номинална вредност од 10.000 денари. Обврзницата е издадена на 20 август 2026 година, со рок на достасување до 20 август 2041 година и фиксна годишна ...
Македонскиот платежен пазар влегува во нова фаза. Наместо едно единствено решение, во земјава паралелно се развиваат две инфраструктури преку кои банките ќе можат да овозможат инстант плаќања. Едниот модел се развива од КИБС преку платформата „КИБС Инстант“ и мобилната апликација STRELA. Другиот ќе функционира преку Народната банка и регионалната платформа TIPS Clone, базирана на технологијата на европскиот систем TIPS. Двата система имаат ...
Во пресрет на новата учебна година, iute Македонија и Sport-M подготвија Back to School понуда за набавка на нова училишна и спортска опрема. Купувачите во Sport-M можат да изберат ранци, облека, патики и друга опрема, а плаќањето преку iute е овозможено на рати со 0% трошоци. Дополнително, за секое купување во вредност над 5.000 денари следува попуст од 1.000 денари. Понудата важи и за купување во продавниците и за онлајн на веб-страницата ...
Халкбанк АД Скопје го промовира HalkEZ, пакет наменет за млади корисници, кој нуди повеќе дигитални можности и банкарски услуги со намалени трошоци. Со пакетот, младите добиваат бесплатно одржување на сметка и бесплатно мобилно банкарство, како и можност за повлекување готовина без надоместок во земјата и во странство. Во рамки на HalkEZ се достапни и услугите SmartCash и Е-касичка, со кои корисниците можат полесно да управуваат со своите ...
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе нова одлука со која малопродажните цени на нафтените деривати во просек се зголемуваат за 2,62 проценти во однос на претходната одлука од 17 август. Новите цени ќе важат од полноќ, односно од 00:01 часот на 25 август. Цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,50 денари и ќе изнесува 93 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по максимална цена од 95 денари за литар. Најголемо ...
Станбеното кредитирање во Македонија продолжува со силен раст, а најновите податоци на Народната банка покажуваат дека динамиката дополнително забрзува. Заклучно со јуни 2026 година, вкупниот износ на станбени кредити одобрени на физички лица достигна 117,875 милијарди денари, што е за 16,6% повеќе во споредба со истиот месец минатата година. Во јуни 2025 година, состојбата на станбените кредити изнесувала 101,111 милијарди денари. Тоа значи ...
Стопанска банка АД – Скопје ја промовира својата премиум кредитна картичка наменета за корисници кои често патуваат, со повеќе поволности поврзани со патувањата и плаќањат Корисниците на картичката имаат бесплатен пристап до повеќе од 1.800 деловни зони на аеродроми ширум светот. Картичката овозможува и купување на до 36 рати без камата, како и вклучено патничко осигурување за секое патување. Понудата е наменета за корисници кои сакаат ...
Италијанската банка „Монте деи Паски ди Сиена“ поднесе понуди за преземање на конкурентските банки „Банко БПМ“ и „Банка Џенерали“, чија заедничка вредност се проценува на речиси 40 милијарди долари, објави „Волстрит журнал“. Понудите се целосно во акции и претставуваат ново поглавје во процесот на консолидација на италијанскиот банкарски сектор, во кој во последните години се интензивираа спојувањата и преземањата. „Монте деи Паски“, која се ...
Земјоделските производители низ Европската унија предупредуваат на нагло намалување на приносите по серијата силни топлотни бранови што ја погодија Европа ова лето. Економистите проценуваат дека загубите во земјоделството во наредните месеци би можеле да доведат и до повисоки цени на храната. Според податоците на европската климатска служба „Коперникус“, јуни и јули биле меѓу најтоплите месеци во западна Европа, а ризикот од нови топлотни ...
Биткоинот забележа еден од најсилните неделни растови во последните неколку години, искачувајќи се од околу 64.000 на 79.500 долари за само неколку дена, објави Bankar.me во својот неделен преглед на финансиските пазари. Според текстот, растот започнал во средата и бил поттикнат од бранот затворања на кратки позиции, обезбедувањето дополнителна ликвидност од американското Министерство за финансии и новата поддршка за криптоиндустријата од ...
Јужнокорејски контејнерски брод тргна кон Европа преку Арктикот, во рамки на тестирање кое треба да покаже дали оваа рута може да биде комерцијално исплатлива алтернатива на традиционалните поморски патишта. Бродот „PanStar Acro“ испловил во саботата вечерта од пристанишниот град Бусан, а се очекува околу 30 август да влезе во Северниот морски пат и околу 7 септември да минува низ арктичките води, соопшти јужнокорејското Министерство за ...
Американската Канцеларија за контрола на странски средства (OFAC) го продолжи до 19 септември рокот во кој компаниите можат да преговараат со рускиот нафтен гигант „Лукоил“ за купување на неговите меѓународни бизниси. Претходниот рок истекуваше на 22 август, но американските власти ја продолжија важноста на општата лиценца која им овозможува на заинтересираните компании да водат преговори и да склучуваат условни договори со „Лукоил“ за ...
Еврото во понеделникот зајакна во однос на американскиот долар и повторно се доближи до највисокото ниво во последните три месеци, додека инвеститорите ги очекуваат деталите за новиот пакет американски економски санкции против Иран. Европската валута порасна за 0,1 отсто, на 1,1687 долари, во однос на почетното ниво од 1,1675 долари. Во петокот еврото достигна 1,1712 долари, што беше негово највисоко ниво во последните три месеци, пред да ...
Цените на акциите на азиските берзи паднаа во понеделникот, додека инвеститорите остануваат претпазливи пред најавените нови американски санкции против Иран, објавувањето на кварталните резултати на „Нвидиа“ и состанокот на централните банкари во Џексон Хоул. Индексот MSCI, кој ги следи азиско-пацифичките акции, утрово беше во минус од 0,9 отсто. Акциите на берзите во Јапонија, Шангај, Хонгконг и Јужна Кореја паднаа меѓу 0,6 и 3,1 отсто, ...
Цената на златото забележа благо намалување во последното интрадневно тргување, откако инвеститорите реализираа дел од добивките остварени во претходниот период. Според техничката анализа, златото се обидува да ги ублажи условите на прекумерна купеност, кои се забележуваат кај индикаторите за релативна сила, каде што почнаа да се појавуваат и негативни сигнали. Ваквото краткорочно повлекување би можело да ѝ овозможи на цената повторно да ...
УНИБанка АД Скопје планира да исплати дивиденда на своите акционери од акумулираната добивка за 2025 година, во вкупен бруто-износ од 211,3 милиони денари, покажуваат предлог-одлуките за претстојното Собрание на акционери. Според предлог-одлуката, акумулираната добивка на Банката за периодот од 1 јануари до 31 декември 2025 година, во износ од 211.296.969 денари, ќе биде употребена за исплата на дивиденда. Предложената дивиденда изнесува 387 ...
Европските банки ја завршија 2025 година со историски раст на берзите, по повеќе од една деценија послаби резултати, а аналитичарите очекуваат секторот да остане во добра позиција и во 2026 година. Индексот EURO STOXX Banks до 12 декември 2025 година пораснал за 76 проценти од почетокот на годината, со што бил на пат да го забележи најдобриот годишен резултат досега. Со тоа бил надминат и растот од 74 проценти регистриран во 1997 година. ...
НЛБ Групацијата бара ИТ професионалец кој ќе се приклучи на Групациската функција Group Independent Validation Function — независна функција од втората линија на одбрана, која ја поддржува усогласеноста со Базелските принципи BCBS 239. Позицијата нуди можност за работа на ниво на Групацијата и директен увид во податочната архитектура, системите, протокот на податоци, контролите и процесите за известување во различни членки и функции на НЛБ ...
Платежната инфраструктура на Балканот влегува во една од најголемите трансформации во последните години. Ако досега дигитализацијата главно ја гледавме преку подобри мобилни апликации, електронско банкарство, картички и дигитални паричници, следниот чекор е многу подлабок бидејќи се менува начинот на кој парите се префрлаат од една банка во друга. Инстант плаќањата, кај кои парите стигнуваат на сметката на примачот во рок од неколку секунди, ...
Кредитната активност во Македонија продолжи да расте во јули 2026 година, при истовремено зголемување на депозитите на домаќинствата. Според најновите податоци на Народната банка, вкупните кредити на месечно ниво се зголемиле за 0,8%, а на годишно ниво за 13,3%. Паричната маса во јули забележала минимален месечен раст од 0,1%, додека на годишно ниво е зголемена за 8,3%. Депозитите на домаќинствата растат, корпоративните се намалуваат Вкупните ...
Претседателот на Управниот одбор и генерален директор на АЛКАЛОИД АД Скопје, Живко Мукаетов, дополнително го зголеми својот сопственички удел во компанијата со купување на 277 обични акции. Според пресметката на Банкарство, врз основа на просечната вредност на акцијата на „Алкалоид“ на Македонската берза на 20 август 2026 година, која изнесувала околу 22.834,00 денари, вредноста на трансакцијата се проценува на околу 6,33 милиони денари, ...