Криптопазарот денеска забележа претежно негативно движење, при што најголем дел од водечките дигитални средства ја завршија трговската сесија во негатива. Инвеститорите остануваат претпазливи поради неизвесноста на глобалните финансиски пазари и очекувањата за нови макроекономски сигнали. Биткоинот, како најголема криптовалута според пазарната капитализација, се тргуваше по цена од 64.321 долар, што претставува дневен пад од 0,62%. И Етереум ...

Цените на нафтата пораснаа во петокот поради зголемената загриженост за можни нарушувања во снабдувањето, откако Иран објави нацрт-план со кој се предвидуваат ограничувања за пловидбата низ Ормутскиот Теснец. Фјучерсите на европската референтна нафта „брент“ за испорака во октомври поскапеа за 1,25 отсто, на 83,52 долари за барел, додека американската нафта WTI за септември порасна за 1,10 отсто, на 78,14 долари за барел. Според објавениот ...

Европските берзи во четвртокот претпладне продолжија со раст, а цените на акциите достигнаа нови рекордни нивоа. Паневропскиот индекс Stoxx 600 околу 10 часот беше во плус од 0,4 проценти, со што повторно достигна рекордно ниво. Истовремено, германскиот DAX порасна за 0,11 проценти, на 26.151 поен, лондонскиот FTSE за 0,19 проценти, на 10.910 поени, а парискиот CAC за 0,65 проценти, на 8.725 поени. Раст беше забележан и на Загрепската берза, ...

Цените на златото пораснаа во петокот и се на пат да ја забележат најдобрата недела од почетокот на годината, поттикнати од падот на цените на нафтата и намалените инфлациски очекувања, додека инвеститорите со внимание го очекуваат извештајот за вработеноста во САД, кој би можел да даде нови сигнали за идната политика на Федералните резерви. Спот-цената на златото се зголеми за 0,6% и достигна цена од 4.262,39 долари за унца, по седумнеделен ...

Цената на златото забележа пад во последното тргување, под влијание на прибирањето профит по претходниот раст. И покрај корекцијата, цената и натаму се движи над 50-дневниот експоненцијален подвижен просек EMA50, што ја задржува позитивната техничка слика. Истовремено, краткорочниот корективен нагорен тренд и понатаму доминира. Индикаторите за релативна сила, сепак, испраќаат негативни сигнали откако претходно достигнаа силно прекупено ...

Цените на нафтата пораснаа во петокот поради зголемената загриженост за можни нарушувања во снабдувањето, откако Иран објави нацрт-план со кој се предвидуваат ограничувања за пловидбата низ Ормутскиот Теснец. Фјучерсите на европската референтна нафта „брент“ за испорака во октомври поскапеа за 1,25 отсто, на 83,52 долари за барел, додека американската нафта WTI за септември порасна за 1,10 отсто, на 78,14 долари за барел. Според објавениот ...

НЛБ Групацијата во вториот квартал од 2026 година остварила нето-добивка од 133,1 милион евра, со продолжување на растот на работењето на сите клучни пазари во Југоисточна Европа. Редовните приходи се зголемиле за шест проценти во однос на истиот период минатата година, додека обемот на кредити во регионот каде што работи Групацијата пораснал за 12 проценти. Раст е забележан во сите поважни категории на приходи, поттикнат од поголемата ...

ТТК Банка АД Скопје ги извести своите клиенти дека исплатата на паричните права од социјална, детска и цивилна заштита за месец јули е извршена денес, 6 август 2026 година. Корисниците кои располагаат со дебитни картички издадени од ТТК Банка можат веднаш да ги користат средствата преку мрежата на банкомати, како и за безготовински плаќања во трговската мрежа. За корисниците кои не користат платежни картички, исплатата ќе се врши преку ...

Централна кооперативна банка АД Скопје вработува кандидат за работнo местo: Стручен соработник – проценител. Локација: Скопје Работниот однос е на определено време, со можност за продолжување на неопределено време. Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот Неделно работно време: понеделник – петок Работното место ги опфаќа следните работни активности: изготвување на нови процени на недвижен имот; вршење на повторни процени на имот; ...

На 8 септември, прекрасното Маврово повторно ќе стане центар на велосипедизмот и активниот животен стил. Халкбанк по седми пат ја организира хронометарската велосипедска трка Халк Вело Грин, која и оваа година ќе ги обедини рекреативците, професионалните велосипедисти, децата, младите и сите љубители на природата во еден ден исполнет со спорт, дружење и позитивна енергија. Халк Вело Грин одамна прерасна во повеќе од спортски настан. Таа е дел ...

Две нови комори станаа членки на Сојузот на стопански комори на Македонија, со што е заокружен процесот на пререгистрација и организациска консолидација на Сојузот. Кон ССКМ се приклучија ЕнергоКом – Стопанска комора на компании од енергетиката и Комората за превенција, заштита од пожари и кризен менаџмент. Со нивното членство, Сојузот сега обединува вкупно десет комори и три групации. Од ССКМ оценуваат дека проширувањето претставува значаен ...

НЛБ Банка Скопје информира дека е извршена исплатата на паричната помош од социјална, детска и цивилна заштита за јули 2026 година. Корисниците можат да ги подигнат средствата од социјалната и детската заштита на банкоматите на банката во секое време. Од НЛБ Банка ги потсетуваат клиентите дека средствата можат да ги користат и безготовински, за плаќање во продажната мрежа, како и преку електронското и мобилното банкарство. НЛБ Банка Скопје ...

Трговскиот дефицит на Северна Македонија во првите шест месеци од 2026 година се зголемил на 108,1 милијарда денари, односно околу 1,75 милијарди евра, покажуваат прелиминарните податоци на Државниот завод за статистика. Во истиот период минатата година дефицитот изнесувал 100,5 милијарди денари, што претставува годишен раст од 7,5 отсто. Од јануари до јуни годинава извозот се зголемил за осум отсто и достигнал вредност од 269 милијарди ...

Универзална Инвестициона Банка АД Скопје на 12 август 2026 година ќе изврши исплата на полугодишна камата на имателите на перпетуални обврзници од четвртата емисија, со ИСИН MKBLBA200045 и шифра UNIPO4. Каматата ќе биде исплатена по стапка од шест проценти на годишно ниво. Право на исплата ќе имаат лицата кои заклучно со 11 август 2026 година ќе бидат регистрирани во книгата на иматели на перпетуални обврзници во Централниот депозитар за ...

Стопанска банка АД – Скопје објави промотивна понуда за орочениот депозит „Мој план“, наменета за штедење во денари и во евра. Според понудата, за депозитите во денари е предвидена каматна стапка до 3,5 отсто годишно, додека за депозитите во евра каматната стапка изнесува до 2,6 отсто годишно. Промотивните каматни стапки се гарантирани за депозитите орочени на период од 25 месеци. Повеќе информации за условите на понудата се достапни на ...

Индустриските производствени цени во еврозоната во јуни се намалиле за 0,3 отсто во однос на мај, додека на ниво на Европската Унија падот изнесувал 0,2 отсто, покажуваат првичните процени на Евростат. Сепак, во споредба со јуни минатата година, цените останале значително повисоки. Во еврозоната тие пораснале за 4,6 отсто, а во целата ЕУ за 4,7 отсто. На месечно ниво, најголемо влијание врз падот имал енергетскиот сектор. Производствените ...

Иуте Македонија започнува нова фаза од својот развој со влез на домашниот пазар на капитал и првата јавна емисија на корпоративна обврзница, како дел од стратегијата за долгорочен и одржлив раст. По добиеното одобрение од Комисијата за хартии од вредност, компанијата ќе издаде петгодишна корпоративна обврзница во вкупна вредност од 3 милиони евра, со фиксна годишна каматна стапка од 8,5%. По пат на јавна понуда ќе бидат издадени 30.000 ...

Азиските технолошки акции забележаа силен пад во четвртокот, следејќи го негативното движење на технолошките компании на Волстрит и зголемената нестабилност во секторот. Во Јапонија, акциите на SoftBank Group паднаа за 4,36 отсто, Tokyo Electron загуби повеќе од 5 отсто, Advantest се намали за 2,14 отсто, додека производителот на мемориски чипови Kioxia падна за 8,84 отсто. Најголеми загуби беа регистрирани во Јужна Кореја, каде што акциите ...

Соединетите Американски Држави покажале подготвеност да се вратат на претходно преземените обврски, изјави заменик-министерот за надворешни работи на Иран, Казем Гарибабади, откако американскиот претседател Доналд Трамп сигнализираше дека е можно постигнување договор. Гарибабади, сепак, не прецизираше за кои обврски станува збор и нагласи дека во изминатиот период немало директни преговори меѓу Техеран и Вашингтон. „Патот кон разбирање се ...

Иуте Македонија започнува нова фаза од својот развој со влез на домашниот пазар на капитал и првата јавна емисија на корпоративна обврзница, како дел од стратегијата за долгорочен и одржлив раст. По добиеното одобрение од Комисијата за хартии од вредност, компанијата ќе издаде петгодишна корпоративна обврзница во вкупна вредност од 3 милиони евра, со фиксна годишна каматна стапка од 8,5%. По пат на јавна понуда ќе бидат издадени 30.000 ...

Цената на златото го продолжи силниот раст и во текот на последното тргување го достигна нивото на отпор од 4.300 долари, кое беше посочено како цел во претходните пазарни анализи. Позитивното движење е поддржано од тргувањето над 50-дневниот експоненцијален подвижен просек, кој и натаму обезбедува динамична поддршка и ја зајакнува стабилноста на краткорочниот корективен нагорен тренд. Сепак, и покрај продолжената позитивна динамика, ...

Министерството за финансии издаде три нови државни обврзници во вкупна вредност од 2,523 милијарди денари, односно околу 41 милион евра, кои од денес официјално котираат на пазарот на Македонската берза. Новите хартии од вредност се дел од редовните активности за обезбедување финансиски средства преку домашниот пазар на капитал, а на инвеститорите им нудат фиксни каматни стапки од над четири до над пет проценти. Најголем дел од емисијата се ...

Акционерот АЛТА банка АД Белград го зголеми својот сопственички удел во АЛТА банка АД Битола, откако се стекна со дополнителни 11 обични акции на банката. Според известувањето објавено преку Македонската берза, по оваа трансакција АЛТА банка АД Белград поседува вкупно 372.134 обични акции, што претставува 95,1805% од вкупниот број издадени обични акции на АЛТА банка АД Битола. Објавата е направена согласно Правилата за котација на ...

Вториот пензиски столб треба да биде капитално финансиран дел од пензијата, бидејќи дел од придонесите на осигурениците се издвојуваат на лични сметки и со нив управуваат приватни пензиски друштва. Дилемата денес е дали приватните фондови навистина создаваат долгорочна вредност за идните пензионери или системот станал скапо посредување? Според податоците на МАПАС, седумгодишниот принос на задолжителното капитално финансирано пензиско ...

Управата за јавни приходи во периодот од 1 до 28 јули извршила 454 контроли за фискализација низ државата. Кај 307 субјекти не биле утврдени неправилности, додека на 147 им биле изречени санкции. Кај 18 субјекти била изречена мерка за привремена забрана за вршење дејност, односно запечатување на објектите. Најголем дел од контролите биле спроведени во угостителски објекти – 284, а УЈП во овој период примила и 87 пријави од граѓани. Управата ...

Американскиот долар во средата се тргуваше претежно стабилно, со благо негативно движење, додека инвеститорите ги следат геополитичките случувања и ги очекуваат клучните податоци за американскиот пазар на труд. Индексот на доларот остана речиси непроменет на ниво од 99,8 поени, откако во понеделникот се спушти на најниската вредност во последните шест недели. Врз американската валута влијаеја пониските цени на нафтата и зголемениот оптимизам ...

Буџетските приходи во првите седум месеци од 2026 година се реализираат согласно планираната динамика и бележат раст во однос на истиот период лани, соопшти Министерството за финансии. Заклучно со 31 јули, вкупните приходи достигнале 204,553 милијарди денари, што претставува 53,9 отсто од годишниот план и зголемување од 9,3 отсто во споредба со првите седум месеци од 2025 година. Од даноци се собрани 117,963 милијарди денари, односно 55,33 ...

Екстремната суша и рекордно ниските водостои на Рајна и Дунав предизвикуваат сериозни проблеми во производството на електрична енергија, товарниот транспорт и индустријата низ Европа, принудувајќи ги властите да преземат и невообичаени мерки, меѓу кои контролирани експлозии на речните корита. Во Романија, морнаричките сили извршија подводни детонации во коритото на Дунав кај селото Извоареле, со цел да се продлабочи каналот и да се насочи ...

Корисниците на премиум дебитната картичка на Стопанска банка АД – Скопје можат бесплатно да користат повеќе од 1.800 деловни зони на аеродроми низ светот. Картичката нуди и поврат на средства при купување кај избрани луксузни брендови преку програмата Mastercard Travel Rewards, како и плаќање без провизија во трговската мрежа. Повеќе информации за условите и поволностите се достапни на интернет-страницата на Стопанска банка. Корисниците на ...

Македонската берза подготви детален водич наменет за компаниите кои сакаат да ги искористат можностите на пазарот на капитал за обезбедување средства, раст и понатамошен развој. Во водичот на едноставен начин се објаснуваат предностите од трансформацијата на компаниите во акционерски друштва, различните модели за продажба и емисија на акции, придобивките од котацијата на берза, како и постапката за издавање обврзници. Од Македонската берза ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
70%
1026
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
73%
1028
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
2.06
61%
1028
weather icon

Софија

3ᴼ / 1ᴼ
1.03
82%
1027
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
83%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
84%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

16ᴼ / 13ᴼ
1.03
60%
1022
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
66%
1023
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
3.6
69%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
58%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.14
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Бакар

12.58

Родиум

295786.87

Кобалт

33.53

Паладиум

32279.35

Платина

49319.25

Алуминиум

3.07

Сребро

1670.34

Цинк

3.76

Иридиум

315077.32

Рутениум

61086.42

Злато

130856.75

Калај

46.54