Војната со Иран и речиси целосната блокада на Ормутскиот Теснец предизвикаа сериозни потреси во глобалниот авионски сообраќај, а авиокомпаниите предупредуваат на можен бран откажувања на летови и нов раст на цените на билетите пред почетокот на летната сезона. Кризата доведе до недостиг на авионско гориво на светските пазари, бидејќи нарушувањата во извозот на нафта од Персискиот Залив директно влијаат врз производството на керозин. ...

Халкбанк АД Скопје нуди промотивна понуда за орочено штедење „Пролетен депозит“, со фиксна каматна стапка до 3,30 проценти и можност за избор на исплата на каматата – месечно или на крајот од периодот на орочување. Според понудата, клиентите кои ќе штедат во денари ќе добијат каматна стапка од 3,30 проценти, додека за штедење во евра, американски долари и британски фунти е предвидена камата од 2,50 проценти. Рокот на орочување изнесува 25 ...

Народната банка информираше дека со приклучувањето на Србија во системот СЕПА (Single Euro Payments Area), отсега е овозможено извршување плаќања во евра од и кон Србија во рамки на оваа европска платежна област. Од Народната банка оценуваат дека станува збор за значаен чекор за унапредување на регионалната финансиска поврзаност, што ќе донесе директни придобивки за граѓаните, компаниите и дијаспората. Со новината, прекуграничните плаќања во ...

Следејќи ги современите трендови во финансискиот сектор и растечките потреби на клиентите за поголема диверзификација и пристап до глобални инвестициски можности, Халкбанк АД Скопје ја проширува својата понуда со нова услуга, инвестирање во хартии од вредност на странски пазари. Новата услуга претставува уникатна можност на домашниот пазар, клиентите преку една доверлива институција да добијат интегриран пристап до локални, регионални и ...

Во период на интензивна дигитализација на финансискиот сектор, Flex Group ја потврди својата стратешка доминација со уште еден клучен деловен успех. Нивната членка, Flex Pay, официјално доби дозвола од Народната банка на Република Северна Македонија за работење како институција за електронски пари. Со оваа одлука, Flex Pay овозможува модерна алтернатива на традиционалните платежни сервиси преку брзи, сигурни и целосно дигитализирани платежни ...

Затворањето на Ормутскиот теснец почнува сериозно да се одразува врз глобалниот градежен сектор, предизвикувајќи доцнења на градилиштата и значителен раст на цените на градежните материјали, предупредуваат компании и индустриски здруженија ширум светот. Проблемите се поврзани со нарушеното снабдување со нафта и нафтени деривати од Блискиот Исток, бидејќи низ Ормутскиот теснец во нормални услови поминува околу една петтина од светската нафта. ...

Халкбанк АД Скопје, во партнерство со Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ), нуди кредитна линија за поддршка на одржливо земјоделство и поттикнување на сигурен раст наменета за микро, мали и средни претпријатија, трговци поединци и индивидуални земјоделци. Кредитната линија има за цел да обезбеди финансиска поддршка за работен капитал и инвестиции во одржливи земјоделски активности, со што се поттикнува модернизација на производството ...

Цената на златото забележа пад во средата, под притисок на посилните од очекуваните инфлациски податоци од САД, кои дополнително ги намалија очекувањата за намалување на каматните стапки од страна на ФЕД. Спот цената на златото се намали за 0,3% и изнесуваше 4.702 долари за унца, повлекувајќи се од највисокото ниво во последните три недели. Аналитичарите оценуваат дека растот на инфлацијата ги менува очекувањата на инвеститорите, при што сè ...

Цените на нафтата забележаа пад во средата, прекинувајќи го тридневниот раст, додека инвеститорите внимателно ги следат случувањата околу нестабилното примирје на Блискиот Исток и најавената средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и кинескиот претседател Си Џипинг во Пекинг. Фјучерсите на суровата нафта од типот „Брент“ се намалија за 1,1% на 106,55 долари за барел, додека американската „WTI“ нафта падна на 101,02 долари за барел. ...

Затворањето на Ормутскиот теснец почнува сериозно да се одразува врз глобалниот градежен сектор, предизвикувајќи доцнења на градилиштата и значителен раст на цените на градежните материјали, предупредуваат компании и индустриски здруженија ширум светот. Проблемите се поврзани со нарушеното снабдување со нафта и нафтени деривати од Блискиот Исток, бидејќи низ Ормутскиот теснец во нормални услови поминува околу една петтина од светската нафта. ...

Бројот на странски туристи кои ја посетиле Македонија во март годинава се зголемил за 7,4 проценти во споредба со истиот месец лани и достигнал 59.367 посетители, објави Државниот завод за статистика. Според податоците, бројот на ноќевања реализирани од странските туристи изнесувал 98.646, што претставува раст од 3,8 проценти на годишно ниво. Најголем број странски туристи во март дошле од Германија – 9.645, по што следуваат туристите од ...

Американските берзански индекси забележаа раст во петокот, откако извештајот за вработеноста во САД ги надмина очекувањата на аналитичарите, додека инвеститорите внимателно ја следеа и ситуацијата меѓу САД и Иран. Индексот S&P 500 порасна за 0,84 проценти и тргувањето го заврши на 7.398,93 поени, додека Nasdaq Composite скокна за 1,71 процент на 26.247,08 поени. Двата индекса во текот на денот достигнаа нови историски максимуми и ...

Во Скопје денеска официјално започна Самитот Macedonia2025, кој и оваа година собра претставници од бизнис-секторот, институциите, финансиската индустрија и технолошките компании од земјава и странство. Настанот беше отворен со обраќања на претседателот на Управниот одбор Виктор Мизо и ко-основачот Мајк Зафировски, кои порачаа дека Северна Македонија има потенцијал да се позиционира како регионален центар за инвестиции, иновации и современо ...

Данокот на доход во Европа значително се разликува од држава до држава, а висината на даночното оптоварување зависи од повеќе фактори, како што се приходите, брачниот статус и бројот на деца. Тоа значи дека работници со иста бруто-плата во различни европски земји можат да добијат значително различни нето-примања, покажува анализата „Оданочување на плати 2026“, пренесува Euronews. Според извештајот, највисок данок на доход за самци без деца ...

По повод Денот на Европа и Денот на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, УНИБанка беше поддржувач на дипломатскиот тениски турнир „Business meets Diplomacy“, кој обедини дипломати, претставници на бизнис-заедницата и институции. На турнирот учествуваа амбасадори и дипломатски претставници од Шпанија, САД, Швајцарија, Словенија, Словачка, Казахстан и Босна и Херцеговина, како и претставници на меѓународни организации, ...

Во организација на Стопанска комора на Северна Македонија и во соработка со Амбасадата на Албанија, денеска во Скопје ќе се одржи македонско-албанскиот бизнис-форум „Преку границите“, посветен на унапредување на економската соработка меѓу двете земји. На форумот најавени се воведни обраќања на албанскиот амбасадор во земјава Денион Мејдани, претседателот на Стопанската комора Бранко Азески и претседателката на Унијата на стопански комори на ...

Француската банкарска група БНП Парибас го престигна ХСБЦ Холдингс и се искачи на првото место на најновата листа на најголеми европски банки според актива, објавена од S&P Global Market Intelligence. Активата на БНП Парибас на крајот на 2025 година достигнала 3,279 билиони долари, додека ХСБЦ располагал со 3,212 милијарди долари. На третото место се најде уште една француска банка – Креди Агрикол Груп, со актива од 3,149 билиони долари. ...

Денес „mobile first“ не е само тренд, туку начин поевтино, полесно и побрзо да управуваш со своите финансии. Никогаш не е доцна да научиш нешто ново, особено кога дигиталното банкарство значајно ти го олеснува секојдневието и ти овозможува банката да ја имаш секогаш со себе, директно преку мобилен телефон. НЛБ е првата банка на пазарот чија дигитална платформа за физички лица овозможува банкарство „од почеток до крај“ и во која сите банкарски ...

Цената на златото забележа раст во текот на последното внатредневно тргување, при што дополнителна техничка поддршка добива од стабилноста над експоненцијалниот подвижен просек EMA50, што ја зајакнува доминацијата на краткорочниот нагорен тренд. Според анализата на „Economies.com“, движењето на цената се одвива паралелно со поддржувачка тренд-линија, што укажува на актуелниот позитивен импулс на пазарот. Дополнителен поттик за златото даваат ...

Цените на нафтата повторно се во пораст на светските пазари, откако обновените тензии меѓу САД и Иран предизвикаа загриженост кај инвеститорите за можни нарушувања во глобалното снабдување со енергенси. Пазарната реакција следуваше по изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп, кој остро го оцени иранскиот одговор на американскиот предлог за прекин на конфликтот, нарекувајќи го „целосно неприфатлив“. Новите политички тензии ...

Од ноќеска дизелот поевтинува за четири денари, соопшти Регулаторна комисија за енергетика по објавувањето на новата одлука за цените на горивата. Според новиот ценовник, цената на Еуродизелот се намалува за 4 денари по литар, додека Еуросупер БС-98 поскапува за половина денар. Цената на Еуросупер БС-95 останува иста. Пониска ќе биде и цената на Екстра лесното масло за домаќинство, кое поевтинува за 4,5 денари по литар, додека мазутот ...

Трошоците за домување и режиски услуги се најголемата категорија расходи за европските домаќинства. Според најновите податоци на Евростат, 23,6 проценти од потрошувачката на домаќинствата во Европската Унија одат за домување, вода, струја, гас и други горива. Кириите, пак, како што пишува Euronews, претставуваат особено голем товар во поголемите градови, особено за луѓето кои примаат минимална плата. Анализата на Европската конфедерација на ...

Централна Кооперативна Банка ги промовира условите за станбен кредит, со фиксна каматна стапка од 2,90 проценти за првите пет години и променлива стапка од 3,80 проценти по истекот на тој период. Од банката посочуваат дека понудата вклучува и ослободување од трошоци за нотар, документација и проценка во првата година. Во објавата се наведува дека заинтересираните граѓани можат да изразат интерес преку e-апликација или да посетат најблиска ...

Регулаторна комисија за енергетика денеска треба да ја донесе новата одлука за малопродажните цени на бензините и дизелот, која ќе стапи во сила од полноќ. Граѓаните очекуваат дали ќе има ново поскапување на горивата или конечно стабилизирање на цените, по неколкуте последователни корекции во изминатиот период. Минатата недела бензините и дизелот повторно поскапеа, што дополнително влијаеше врз трошоците за транспорт и секојдневните расходи. ...

Македонска берза ја започна мајската трговска недела со значително зголемен промет и засилен интерес кај инвеститорите, особено за банкарските акции. Според неделниот извештај за периодот од 4 до 8 мај, вкупниот промет на официјалниот и редовниот пазар достигнал 96 милиони денари, што претставува раст од 74,92 проценти во однос на претходната недела. Најтргувана повторно беше Комерцијална банка, со реализиран промет од 33,3 милиони денари. ...

Гувернерот на Народна банка на Република Северна Македонија остварил средба со амбасадорот на Австралија, Питер Трасвел, на која се разговарало за тековната билатерална соработка и можностите за нејзино понатамошно унапредување. Во фокусот на разговорите биле макроекономските движења и предизвиците со кои се соочуваат двете економии, особено по последните случувања на Блискиот Исток. На средбата било разговарано и за можностите за ...

УНИБанка понуди потрошувачки кредит до 2.000.000 денари со фиксна каматна стапка и поволни услови за клиентите. Од банката посочуваат дека средствата може да се искористат за реновирање на домот, патувања, рефинансирање на постојни обврски или други лични потреби. „Сè е полесно кога имаш сигурен партнер до себе“, велат од УНИБанка. Повеќе информации за условите и начинот на аплицирање се достапни на официјалната страница на УНИБанка. ...

Цените на нафтата утрово забележаа раст на азиските пазари, откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека одговорот на Иран на американските предлози за прекин на војната е „целосно неприфатлив“. Техеран својот одговор го испратил преку Пакистан, кој посредувал меѓу двете страни, барајќи итен прекин на конфликтот и гаранции дека нема да има нови американско-израелски напади врз Иран, објави иранската полуофицијална агенција ...

Цената на златото денеска благо се намали, откако претходно достигна високи нивоа и влезе во зона во која инвеститорите почнаа да продаваат за да остварат добивка. Според анализата на Economies.com, станува збор за привремено повлекување на цената, а не за промена на трендот. Аналитичарите сметаат дека златото и понатаму има простор за раст, бидејќи позитивниот тренд на краток рок останува стабилен. Цената сè уште се движи над важните ...

Управата за јавни приходи подготви видео упатство за пристап до е-даночните услуги и потврда на ДЛД-ГДП пријавата, со цел граѓаните полесно и побрзо да ги користат електронските услуги. Во видеото, чекор по чекор е објаснето како корисниците да пристапат до системот за е-даночни услуги, како да ја проверат својата годишна даночна пријава, како да направат корекција доколку е потребно, како и како навремено да ја потврдат ДЛД-ГДП пријавата. Од ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
2.79
41%
1017
weather icon

Белград

25ᴼ / 24ᴼ
4.02
56%
1019
weather icon

Загреб

28ᴼ / 28ᴼ
1.88
41%
1016
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
3.85
53%
1018
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
6.43
52%
1016
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 25ᴼ
1.79
46%
1017
weather icon

Атина

26ᴼ / 24ᴼ
4.02
50%
1015
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
4.46
55%
1017
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
1.34
47%
1017
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 23ᴼ
4.02
43%
1015
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 23ᴼ
3.13
52%
1015
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
6.63
99%
1014
Currency

61.6317

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.5429

Currency

38.0838

Currency

66.8246

Currency

7.86334

Currency

0.73441

Currency

0.33232

Currency

0.52507

Currency

1.15091

Currency

0.56002

Платина

55170.68

Иридиум

253540.09

Бакар

13.01

Калај

53.60

Сребро

2186.28

Паладиум

40767.15

Цинк

0.00

Рутениум

48965.59

Родиум

257205.97

Злато

135639.33

Кобалт

45.39

Алуминиум

3.54