Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Цената на златото во вторникот порасна на околу 5.020 долари по унца, но остана блиску до најниското ниво во последниот месец, додека инвеститорите внимателно го следат влијанието на конфликтот на Блискиот Исток врз инфлацијата и монетарната политика. Судирот меѓу САД и Израел од една страна и Иран од друга влезе во третата недела, при што Техеран ги засили нападите врз енергетската инфраструктура во регионот. Во меѓувреме, американскиот ...
Италијанската банка УниКредит објави доброволна понуда за преземање на германската Комерцбанк во вредност од 35 милијарди евра, со што започнува една од најголемите банкарски аквизиции во Европа во последните години. Понудата предвидува размена од 0,485 акции на UniCredit за секоја акција на Комерцбанк, а стартот на трансакцијата е планиран за почетокот на мај. Овој потег се смета за дел од поширока стратегија на УниКредит за проширување на ...
Надзорниот одбор на Алта Банка АД Битола на својата 10-та седница одржана на 2 март 2026 година донесе одлука за именување на Ангелина Барџиева, Раководител на Дирекција за стратешко планирање, контролинг и екстерно известување, и Горан Грујиќ, самостоен стручен соработник за контролинг на трошоци, за нови лица за контакт со инвеститори на банката. Со оваа одлука престануваат да важат претходните именувања на Гордана Балтовска и Христина ...
Цената на златото продолжи да паѓа и во понеделникот на европските пазари, забележувајќи четврти последователен ден на загуби и спуштајќи се под историското ниво од 5.000 долари за унца. Благородниот метал достигна најниска вредност во последните четири недели, главно поради слабата инвестициска побарувачка и намалените очекувања дека централните банки наскоро ќе ги намалат каматните стапки, објави Economies.com Инвеститорите стануваат ...
„Младите денес сѐ порано стануваат корисници на финансиски услуги, поради што финансиската едукација треба да биде системски интегрирана во образовниот процес“, истакна гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, на настан посветен на финансиската едукација во образованието, организиран по повод 15 март – Меѓународниот ден за правата на потрошувачите, од страна на Бирото за развој на образованието. Според податоците на ОЕЦД, повеќе од ...
Во индустријата на осигурување често во фокусот се полисите, покритијата и процедурите, но зад секој договор стојат луѓе кои секојдневно работат клиентите да се чувствуваат сигурно и поддржано. Токму на таа човечка страна на осигурувањето се фокусира новата кампања на Халк Осигурување – „Таа зад полисата“. Кампањата се реализира по повод Месецот на жената и е посветена на жените вработени во компанијата кои со својата професионалност, ...
Неделата на парите е глобална иницијатива која има за цел да ја подигне свеста за важноста на финансиската писменост кај младите и да ги поттикне навреме да стекнат знаења за управување со личните финансии. Токму оваа иницијатива потсетува дека разбирањето на основните финансиски концепти како планирање на буџет, штедење, инвестиции и користење на современи банкарски услуги е една од најважните животни вештини што може да се развие уште во ...
Годинава банкарските акции на Волстрит се соочуваат со сериозен пад, притиснати од комбинација на геополитички тензии, технолошки промени и нови извори на финансирање кои постепено го менуваат традиционалниот финансиски систем. Аналитичарите предупредуваат дека токму спојот на овие фактори создава еден од најпредизвикувачките периоди за банкарскиот сектор во последните години, објави CNBC. Еден од главните фактори е геополитичката ...
Шпаркасе Банка им нуди на клиентите потрошувачки кредит до 2.400.000 денари со каматна стапка од 4,9% и флексибилни рати преку моделот „Рати по твој избор“. Со ова решение, клиентите можат однапред да го прилагодат износот на месечната рата според своите финансиски обврски, сезонски трошоци или лични приоритети. Дополнителна предност е што поволната каматна стапка од 4,9% е достапна при користење пакет-понуда која вклучува Visa кредитна ...
Финансиското друштво Tigo.mk нуди потрошувачки кредити со брза и едноставна процедура за аплицирање, достапни за сите полнолетни граѓани на Македонија. Кредитите можат да се аплицираат целосно онлајн, а одговор за апликацијата се добива за околу 30 секунди. Во рамки на пролетната понуда, од компанијата информираат дека клиентите можат да аплицираат за кредит до 350.000 денари со камата од 0,8 проценти на сите рати, со можност за отплата до ...
Халкбанк го нуди пакетот за млади Halk EZ (Halk Easy) – современ и иновативен банкарски пакет наменет за млади на возраст од 16 до 24 години, кој комбинира практични банкарски услуги со бројни дополнителни поволности прилагодени на нивниот динамичен животен стил. Покрај основните банкарски услуги, пакетот Halk EZ нуди и активности насочени кон финансиска едукација на студентите и младите претприемачи, како и културно-забавни и ...
Корисниците на платежни картички на Силк Роуд Банка сега можат да плаќаат брзо и безбедно преку Google Pay на Android уреди. Вашиот мобилен телефон отсега е ваш паричник Со Google Pay, корисниците на Android уреди можат да извршуваат бесконтактни трансакции без потреба од физички паричник. Со оваа услуга, мобилниот телефон станува паричник – трансакции во продавници, ресторани и други објекти се извршуваат без контакт и без потреба од физичка ...
Европските централни банкари оваа недела се соочуваат со позната, но непријатна ситуација да донесуваат одлуки во услови на голема неизвесност, додека се чека појасна слика за економските последици од конфликтот поврзан со Иран, пренесува Волстрит џурнал. Според очекувањата на економистите и пазарите, креаторите на монетарната политика во ЕЦБ и Банката на Англија како и нивните колеги во Шведска и Швајцарија, најверојатно ќе одлучат да ги ...
Со континуирана посветеност кон поддршка на македонската литература, Комерцијална банка и оваа година како Генерален покровител го одбележува прогласувањето на добитникот на престижната книжевна награда „Роман на годината“. Наградата за 2025 година ѝ припадна на авторката Оливера Ќорвезироска за романот „Три Марии“, објавен од издавачката куќа „Арт Либрис“. Признанието традиционално го доделува Фондацијата Славко Јаневски, со цел да се ...
Управата за јавни приходи (УЈП) објави резултати од контролите за фискализација спроведени во текот на 2025 година, со порака „Стоп на нерегистриран промет“. Информациите беа објавени на официјалниот профил на институцијата на LinkedIn. Според објавата на УЈП, во текот на 2025 година институцијата го насочила фокусот на контролите кон угостителството, трговијата на мало и услужните дејности. Вкупно биле извршени 6.342 контроли за ...
Валутниот пар евро/долар забележа благ раст во текот на последното внатредневно тргување, со што започна делумно да ги надоместува претходните загуби. Според анализата на Economies.com, движењето нагоре претставува обид на пазарот да ги ублажи претерано ниските вредности на индикаторите за релативна сила, кои сигнализираа состојба на препродаденост. Техничките индикатори истовремено покажуваат и појава на позитивни преклопувачки сигнали, што ...
Словенската банкарска група Нова Љубљанска банка (НЛБ) има сериозни амбиции да влезе на албанскиот финансиски пазар. Во интервју за „Monitor“, извршниот директор на групацијата Блаж Бродњак вели дека влезот на албанскиот пазар би ја заокружил регионалната присутност на НЛБ и би ја зајакнал интегрираната финансиска мрежа на банката во целиот Западен Балкан. Според него, оваа поврзаност може дополнително да ги поддржи прекуграничните текови на ...
Светските берзи забележаа пад, додека поради кризата на Блискиот Исток нагло пораснаа цените на нафтата, што би можело да предизвика раст на инфлацијата и да им наштети на економиите. На Волстрит индексот Dow Jones минатата недела падна за 2 отсто, на 46.558 поени, додека S&P 500 се намали за 1,6 отсто, на 6.632 поени, а Nasdaq за 1,3 отсто, на 22.105 поени. Инвеститорите се воздржуваат од поризични инвестиции, бидејќи цените на нафтата ...
Во новата епизода на FinSight разговараме со универзитетскиот професор Синиша Наумоски, кој се осврна на продуктивноста на трудот во Македонија и позицијата на македонските работници во споредба со другите земји. На прашањето од Наташа Мерсовска дали продуктивноста на македонскиот работник е на ниско ниво, Наумоски одговара дека тоа не е само личен став, туку заклучок заснован на меѓународни податоци. „Да. Не само што јас така мислам, туку ги ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека се очекува намалување на цените на нафтените деривати, по договор постигнат со компанијата „ОКТА“ и со дел од сопствениците на бензински пумпи. Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски посочи дека Владата во изминатите денови работела заедно со Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини со најголемиот снабдувач на пазарот, компанијата „ОКТА“, со цел да се намалат цените на ...
Американскиот долар се движи кон втора последователна неделна добивка, додека инвеститорите се свртуваат кон сигурни средства поради ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток. Во исто време, валутите чувствителни на енергетските цени, како еврото и јапонскиот јен, паднаа на најниските нивоа во последните неколку месеци. Силниот и продолжен раст на цените на нафтата се очекува значително да влијае врз економиите на Јапонија и еврозоната, ...
Малите и средни претпријатија во Македонија добиваат можност за инвестирање во зелени технологии и енергетска ефикасност преку наменска кредитна поддршка што ја нуди Комерцијална банка. Оваа финансиска поддршка има цел да им помогне на компаниите да ги намалат трошоците, да ја зголемат оперативната ефикасност и да придонесат за заштита на животната средина. Кредитната линија е финансирана преку програмата GFF Македонија на Европската банка ...
Во Сава Пензиско зад секоја донесена одлука стои човек, а не алгоритам, порака со која компанијата ја нагласува важноста на личниот пристап и довербата во советувањето за пензиско планирање. Како дел од тимот, претставен е и нивниот колега Ѓорги, кој покрај професионалните обврски во слободното време активно се занимава со спорт и освојува медали и пехари. Неговата лична приказна, велат од Сава Пензиско, е доказ дека вистинските резултати ...
Стопанска банка АД – Скопје предупредува на сè почестите обиди за финансиски измами на интернет и апелира граѓаните да бидат внимателни при користење на електронските услуги. Од банката посочуваат дека сајбер измамниците постојано осмислуваат нови начини за злоупотреба на лични и финансиски податоци. Најчесто се работи за лажни електронски пораки за наводни пратки, пораки за наградни игри или понуди со нереално високи попусти, кои ги ...
Растењето на децата е исполнето со мали, но значајни моменти во кои постепено учат да носат сопствени одлуки. Дел од тие искуства е и начинот на кој се запознаваат со вредноста на парите, како да ги користат, како да штедат и како одговорно да располагаат со нив. Во време кога дигиталните плаќања се сè почести, родителите бараат начин како децата да ги научат овие навики постепено и безбедно, со доволно слобода за учење, но и со родителски ...
Во соработка со BISTLAB | Balkan Economy and Finance Laboratory и International Balkan University, Шпаркасе Банка реализираше работилница за финансиска едукација насочена кон студентите, со цел подигнување на финансиската писменост во рамки на првата и единствена платформа за финансиска едукација на млади – VibeOn. Презентацијата ја одржаа Петар Хаџиев, самостоен специјалист за лојалност и партнерства и Маја Илиоска Златков, самостоен ...
Во Сава Пензиско зад секоја донесена одлука стои човек, а не алгоритам, порака со која компанијата ја нагласува важноста на личниот пристап и довербата во советувањето за пензиско планирање. Како дел од тимот, претставен е и нивниот колега Ѓорги, кој покрај професионалните обврски во слободното време активно се занимава со спорт и освојува медали и пехари. Неговата лична приказна, велат од Сава Пензиско, е доказ дека вистинските резултати ...
Македонската ИКТ индустрија се наметнува како една од најдинамичните и најбрзорастечки извозни гранки во земјата. Според податоците на Народната банка, извозот на информациски, компјутерски и телекомуникациски услуги во 2025 година достигнал 676 милиони евра, што претставува раст од 7 проценти во споредба со 2024 година. Овој сектор е меѓу ретките во македонската економија што континуирано бележи раст и остварува позитивен трговски биланс. Во ...
АЛТА Банка АД Белград се стекна со дополнителни акции во АЛТА банка АД Битола, со што дополнително го зголеми своето учество во акционерскиот капитал на банката. Согласно објавата доставена до Македонска берза, српската банка се стекнала со уште 84 обични акции, со што вкупниот број на акции во нејзина сопственост достигнува 372.028. Со ова, АЛТА Банка АД Белград сега поседува 95,15% од вкупниот број издадени обични акции на АЛТА банка АД ...
Агенцијата Thrivity, во име на свој клиент, стабилна компанија која работи како провајдер на финансиски услуги, објави оглас за вработување на позицијата референт за поддршка на правни лица во Струмица. Станува збор за работна позиција наменета за професионалци кои имаат интерес да работат со бизнис клиенти, финансиски анализи и развој на деловни односи. Работните задачи опфаќаат развивање и одржување односи со постојни и нови корпоративни ...