Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Управата за јавни приходи ја започна третата фаза од имплементацијата на проектот е-Фактура, овозможувајќи им на компаниите пристап до веб-апликација преку која ќе можат практично да го тестираат системот за електронска размена на фактури. Новата тест-околина им овозможува на малите, средните и големите компании едноставно да креираат, испраќаат, прифаќаат, одбиваат и сторнираат електронски фактури, како и да тестираат различни даночни ...
Разговараме со Нина Ангеловска Станков по повод издавањето на нејзината прва книга „Ништо случајно“, во која се навраќа на професионалните и животните лекции што ги стекнала низ годините. На прашањето дали денес би променила нешто во одлуките што ги носела, Ангеловска вели дека не се кае за ниту еден чекор. „Од денешен аспект, за ништо не се каам. Секако дека некои работи сум можела да ги направам подобро, бидејќи верувам дека во животот ...
Деведесет ученици од трето одделение во ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ во Скопје беа дел од едукативната програма „Финансиска училница“ на Комерцијална банка, преку која на интерактивен и забавен начин се запознаа со основите на финансиската писменост. Преку интерактивни активности и практични примери прилагодени на нивната возраст, децата учеа како функционираат парите, зошто е важно штедењето и како одговорното управување со финансии може да ...
Меѓународниот аеродром Скопје и Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид се вбројуваат меѓу најбрзо растечките аеродроми во Европа, покажува најновата анализа на Меѓународниот совет на аеродромите – Европа (ACI Europe) за воздушниот сообраќај во април 2026 година. Според извештајот, Северна Македонија бележи раст на патничкиот сообраќај од 30,6 проценти, што ја позиционира пред повеќето европски пазари и ја става во групата на најуспешни земји ...
Прехранбената компанија Витаминка АД откупи 250 сопствени акции на 2 јуни, што претставува 0,33 проценти од вкупниот акционерски капитал на друштвото. По спроведената трансакција, компанијата поседува вкупно 3.180 трезорски акции, односно 4,14 проценти од вкупниот број издадени акции, соопшти Витаминка преку известување доставено до Македонската берза. Според податоците од Македонска берза, на 2 јуни акциите на Витаминка се тргувале по ...
Халкбанк ја промовира својата услуга „Онлајн депозит“, која им овозможува на клиентите дигитално, брзо и едноставно да ги орочат своите средства без посета на филијала. Во понудата се достапни повеќе рокови на орочување со фиксни каматни стапки во денари и евра. За депозит со рок од 13 месеци банката нуди каматна стапка од 3,2 проценти во денари и 2,4 проценти во евра. За орочување на 25 месеци каматата изнесува 3,4 проценти во денари и 2,6 ...
Стопанска банка информира дека утре ќе се одржи традиционалната велосипедска манифестација „Вози право, вози здраво“, поради што во централното градско подрачје ќе биде воведен посебен сообраќаен режим во координација со надлежните институции. Од Банката ги повикуваат сите учесници и граѓани да се однесуваат одговорно и да обрнат посебно внимание на најмладите велосипедисти кои ќе бидат дел од настанот. Воедно, организаторите препорачуваат ...
Гувернерот на Народната банка д-р Трајко Славески, во рамките на Годишното собрание на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), коешто се одржува во Рига, оствари работна средба со директорот на ЕБОР за Југоисточна Европа, Гжегож Желињски. На средбата присуствуваше и Фатих Туркменоглу, постојан претставник на ЕБОР во нашата земја. Во текот на разговорите беше истакната досегашната соработка меѓу Народната банка и ЕБОР преку поддршката на ...
Филијалата на Халкбанк во Тафталиџе се претвори во сцена за уникатно музичко доживување. Во духот на светските Tiny Desk и Secret Experience концепти, клиентите и посетителите имаа можност да уживаат во ексклузивен pop-up концерт на популарниот музички артист, Young Dadi и неговиот бенд. Наместо со вообичаено банкарско секојдневие, филијалата вчера беше исполнета со музика, енергија и опуштена атмосфера, а клиентите и вработените за момент ги ...
Македонскиот сектор за информатичко-комуникациски технологии продолжува да бележи силен раст и во 2025 година остварил вкупни приходи од 1,77 милијарди евра, додека извозот достигнал 676 милиони евра, покажуваат податоците презентирани на македонско-грчкиот форум „Digital Bridge & Business ICT Forum“. Според анализата на МАСИТ, приходите на ИКТ индустријата се зголемени за 7,02 проценти во однос на претходната година, а извозот пораснал ...
Цената на златото забележа пад во петокот и се движи кон неделна загуба, додека инвеститорите внимателно ги следат геополитичките тензии на Блискиот Исток и очекувањата за идната монетарна политика на американските Федерални резерви. Спот-цената на златото се намали за 0,6% и изнесуваше 4.445,51 долари за унца, при што благородниот метал е во насока да ја заврши неделата со загуба од околу 2%. Во исто време, фјучерсите на златото во САД за ...
Европските берзи денеска се очекува да отворат со мешани резултати, додека инвеститорите ги следат последиците од глобалната распродажба на технолошките акции, предизвикана од разочарувачките резултати на американскиот производител на чипови „Бродком“. Според податоците од фјучерсите, лондонскиот индекс FTSE 100 би можел да отвори со раст од 0,1 процент, францускиот CAC 40 со добивка од 0,3 проценти, додека германскиот DAX се очекува да ...
Во организација на Стопанската комора на Македонија денеска ќе се одржи конференцијата „Од диплома до компетенции: новата улога на универзитетите преку поврзување на академијата и економијата“, посветена на унапредување на соработката меѓу високообразовните институции и бизнис заедницата. Според организаторите, настанот има за цел да поттикне национална и регионална дебата за трансформација на високото образование во насока на поголема ...
Промените во глобалниот економски поредок создаваат услови за долгорочен раст на цените на суровините и ја зацврстуваат улогата на златото како клучно средство за зачувување на вредноста, оценија водечки финансиски експерти на конференцијата „Sohn Montreal“. Карен Карниол-Тамбур, ко-главен инвестициски директор во „Bridgewater Associates“, и Луј-Венсан Гав, извршен директор на „Gavekal“, сметаат дека светот постепено се оддалечува од ерата на ...
НЛБ Банка Скопје објави промотивна понуда за орочени депозити со рок од 25 месеци, која ќе биде достапна до 30 јуни 2026 година. Како што информира банката, клиентите преку мобилната апликација мКлик можат за само неколку минути да ги орочат своите средства без посета на филијала. Во рамки на промоцијата, за депозити во денари е понудена фиксна каматна стапка од 3,5 проценти, додека за депозити во евра фиксната каматна стапка изнесува 2,6 ...
Европската индустрија би можела да се соочи со загуба на дури 1,3 милиони работни места оваа година доколку конфликтот меѓу САД и Иран дополнително ги зголеми цените на енергенсите, предупреди европската комесарка за социјални права и работни места, Роксана Минзату. Според проценките на Европската комисија, најголем удар би можела да претрпи автомобилската индустрија, каде што се загрозени до 600.000 работни места. Особено ранливи се ...
Месечниот статистички билтен на Македонска берза за мај покажува намалена трговска активност и благо повлекување на инвеститорите во однос на април. Пазарната капитализација на котираните друштва изнесуваше 347,6 милијарди денари и забележа месечен пад од 1,47%, додека берзанскиот индекс МБИ10 се намали за 1,76% и месецот го заврши на ниво од 9.766,03 поени. Вкупниот промет достигна 308,1 милиони денари, што претставува намалување од високи ...
Во согласност со својата општествено одговорна платформа „Повеќе од финансии – поддршка за заедницата“, Flex Credit продолжува да инвестира во проекти кои создаваат трајна вредност за локалната заедница. По повод големиот јубилеј „100 години Скопје ЗОО“, Зоолошката градина во Скопје доби ново катче – комплетно изградена и опремена куќичка за желки (Centrochelys sulcata). Проектот е реализиран на директно барање на Зоолошката градина, а ...
Вештачката интелигенција веќе ја менува брзината со која функционира е-трговијата. Токму затоа, 9. Регионална конференција за е-трговија оваа година ќе се оддржи под темата “From Wait to Go: E-comm @ AI Speed!”, на 3 ноември 2026 година во Националната опера и балет во Скопје, во организација на Асоцијацијата за е-трговија. Темата ја отсликува една од најголемите трансформации што индустријата ја има доживеано досега, односно преминот од ...
Азиските берзи забележаа значителен пад во четвртокот откако обновените судири меѓу САД и Иран предизвикаа загриженост кај инвеститорите и ги поттикнаа да се насочат кон побезбедни инвестиции. Широкиот индекс на азиско-пацифички акции MSCI, без Јапонија, се намали за 1,6 отсто. Јапонскиот индекс Никеи 225 загуби 1,4 проценти, додека јужнокорејските акции, по враќањето на тргувањето по празник, паднаа за дури 2,6 проценти. Во минус беа и ...
Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, учествуваше на Регионалниот семинар „Криптосредства и дигитални пари“ во Приштина, каде што претставници на централните банки, регулатори и финансиски експерти од регионот разговараа за предизвиците и можностите што ги носи дигитализацијата на финансискиот систем. На панел-дискусијата посветена на регулативата и политиките за криптосредствата и дигиталните пари, Славески се осврна на ризиците ...
Управата за јавни приходи ја започна третата фаза од проектот е-Фактура, со која на компаниите им се овозможува тестирање на системот преку нова веб-апликација наменета за електронска размена на фактури. Од УЈП информираат дека во оваа фаза деловните субјекти ќе можат да креираат, испраќаат, прифаќаат, одбиваат и сторнираат електронски фактури во тест-околина, без оглед на нивната големина или степенот на техничка подготвеност. Проектот ...
Еден од најпознатите критичари на биткоинот, инвеститорот и поддржувач на златото, Питер Шиф, повторно предизвика бурни реакции во крипто-заедницата со тврдењето дека биткоинот би можел да падне под 20.000 долари доколку ја пробие границата од 50.000 долари. Шиф со години тврди дека биткоинот нема внатрешна вредност и дека не може да се споредува со златото како долгорочен чувар на вредност. Но, овојпат неговите аргументи доаѓаат во време ...
Цените на златото пораснаа во текот на утринското тргување на азиските пазари, поттикнати од слабеењето на американскиот долар и намалувањето на цените на нафтата, што ги охрабри инвеститорите да ги пренасочат средствата кон сигурни засолништа. Спот цената на златото порасна за 0,4 отсто и достигна 4.450,16 долари за унца, додека фјучерсите на златото за испорака во август забележаа раст од 0,2 отсто и се искачија на 4.477 долари за унца. Во ...
Војната во Иран предизвика неочекуван бум во германската соларна индустрија, бидејќи растечките цени на нафтата и гасот ги поттикнуваат сопствениците на домови да инвестираат во соларни системи на покривите. По неколку години силен раст, интересот за фотонапонски системи во Германија неодамна беше забавен, но актуелната енергетска неизвесност и најавите за промени во државните субвенции повторно ја раздвижија побарувачката. Германското ...
Економијата на Северна Македонија забележа реален раст од 3,1 отсто на годишно ниво во првиот квартал од 2026 година, што претставува забавување во однос на растот од 3,8 отсто регистриран во последниот квартал од 2025 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Бруто домашниот производ (БДП) во периодот јануари–март достигнал 240,6 милијарди денари по тековни цени. Извозот на стоки и услуги е зголемен за 6,2 отсто во ...
Во новата епизода на FinSight на Банкарство.мк разговараме со Нина Ангеловска Станков – претприемач, поранешен министер за финансии и автор на книгата „Ништо случајно“. Од основање сопствен бизнис на само 22 години, преку влезот на Forbes листата на најуспешни млади лидери под 30 години, па сè до позицијата министер за финансии на 31 година, Ангеловска зад себе има динамична и инспиративна кариера која привлекува внимание во јавноста и бизнис ...
Цените на нафтата денеска пораснаа за околу два отсто, откако податоците на американската Управа за енергетски информации (EIA) покажаа шести последователен неделен пад на резервите на сурова нафта во Соединетите Американски Држави. Овој тренд поттикна раст на светскиот енергетски пазар. Референтната нафта Брент се тргуваше по цена од околу 97,6 долари за барел, додека американската сурова нафта WTI достигна ниво од 95,7 долари за барел, ...
Iute Македонија објави дека е отворено гласањето за финалистите во рамки на натпреварот Future Finance, со што започнува завршната и највозбудлива фаза од изборот на најдобрите идеи. По разгледувањето на сите пристигнати апликации, избрани се осум финалистички тимови кои, според организаторите, се издвоиле со својата храброст, визија и креативност. Публиката сега има можност да ги запознае финалистите, да гласа за својот фаворит и да даде ...
Клиентите на Комерцијална банка кои користат Visa картички добиваат нова можност за полесно и поевтино планирање на своите патувања преку апликацијата BookingBash. Со активирање на бесплатна годишна претплата на пакетот „Adventurer“, корисниците можат да резервираат посети на бројни туристички знаменитости ширум светот и да остварат попусти до 50 проценти на влезници. Од Банката посочуваат дека оваа привилегија е наменета за сите кои сакаат ...