Во екот на бранот случаи на семејно насилство што секојдневно ја потресуваат јавноста, Скопје стана сцена на нов, вознемирувачки инцидент, во кој сопругот не само што физички и психички ја загрозил својата сопруга, туку тоа го сторил пред очите на нивните две малолетни деца. Сè уште нецелосно закрепната од претходната агресија, жртвата повторно била изложена на закани и насилство — само два дена подоцна, на отворен пат. Според ...

Системот затаи: Малолетници ја рекетирале соученичката со месеци, никој не забележал ништо. Девојче од скопско основно училиште, во страв и очај, ѝ дало вкупно 25.000 евра на свои соученици, само за да го заштити својот болен помал брат од физички напад. Според шокантната пријава поднесена во СВР Скопје, двајца малолетници подолг период ја уценувале својата соученичка, ѝ се заканувале и ја принудувале да им дава пари – заканувајќи се дека „ќе ...

Васил Јованов, 21-годишниот возач кој ја усмрти младата Фросина Кулакова на булеварот „Партизански Одреди“ во близина на Универзалната сала, денеска призна вина пред Судот. „Почитуван суде. Сакам да изразам најдлабоко сочувство до семејството и да им се извинам. Тоа што го сторив, не можев ни да замислам дека ќе се случи“, рече тој. Обвинителот Марковски и родителите на Фросина, побараа највисока затворска казна. Јованов е обвинет за тешки ...

На официјална покана од Министерството за надворешни работи на Руската Федерација и Комунистичката партија на Руската Федерација (КПРФ), денес, по повод јубилејните 80 години од победата над фашизмот – пратеникот и претседател на Левица, проф. д-р Димитар Апасиев, присуствуваше на големата воена парада на Црвениот плоштад во Москва. Македонија, како дел од антифашистичката коалиција во Втората светска војна, даде голем придонес преку ...

Кина ја лансираше „Agent Hospital“ – првата болница во светот управувана целосно од вештачка интелигенција, развиена од Универзитетот Цингхуа. Оваа револуционерна болница функционира во целосно виртуелна средина и е „опремена“ со 42 AI доктори и 4 AI медицински сестри кои третираат симулирани пациенти со користење на реални медицински податоци. „Agent Hospital“ има капацитет да обработи до 10.000 случаи за само неколку дена – бројка за која ...

Денеска напладне, главниот плоштад во Скопје беше сцена на несекојдневен настан што предизвика внимание кај случајните минувачи и туристите. Непознат маж, користејќи самолеплива лента, се залепи за бандера во близина на фонтаната, оставајќи ги присутните во чудење. Настанот предизвика голем интерес, при што граѓаните застануваа, фотографираа и се обидуваа да дознаат повеќе за причините зад овој необичен потег. На директни прашања од случајни ...

Пратеникот и потпретседател на партијата Левица, Реџеп Исмаил, денеска обвини за континуирана блокада на предложената декларација за Палестина, која според него со месеци е спречувана да се најде на дневен ред на Комисијата за надворешна политика. Во својата објава на Фејсбук, Исмаил посочи дека декларацијата била поднесена уште пред шест месеци, но до денес не е разгледана. Тој директно ги обвини претседателот на Комисијата, Муса Џафери од ...

По повод Денот на победата над фашизмот, партијата Левица денеска одржа свечена комеморација на Партизанските гробишта во Бутел, каде официјална делегација положи свежо цвеќе и оддаде почит на загинатите борци од Народноослободителната борба. Во делегацијата учествуваа пратениците Амар Мециновиќ и Јована Мојсоска, како и раководителката на младинската организација на партијата „Црвена младина“, Милица Давчева. Тие ја нагласија потребата од ...

Денеска се одбележува 80-годишнината од победата над фашизмот – датумот кога, со потпишувањето на безусловната капитулација на нацистичка Германија, беше ставен крај на Втората светска војна на европско тло. На 9 мај 1945 година, во разурнатиот Берлин, германскиот фелдмаршал Вилхелм Кајтел, генералот Ханс Јирген Штумпф и адмиралот Ханс Георг фон Фридебург го потпишаа документот за капитулација во име на Третиот рајх. Од страна на сојузниците, ...

По повод Денот на победата над фашизмот, пратеникот на Левица, Сашко Јанчев, преку својата официјална Фејсбук-страница испрати порака во која остро се осврна на современите форми на фашизам, како во светски, така и во македонски контекст. Во својата објава, Јанчев потсети на учеството на македонскиот народ во Втората светска војна, нагласувајќи дека токму со таа борба е „со крв платено формирањето на македонската држава на АСНОМ“. „Но ...

За време на посетата на кинескиот претседател Си Џинпинг на Москва, по повод 80-годишнината од победата над фашизмот во Втората светска војна, Кина и Русија упатија заедничка изјава во која жестоко ги критикуваат Соединетите Американски Држави и нивните геополитички „игри“. Двајцата лидери, кои разговараа речиси четири часа потпишаа документ со кој обвинија дека „одредени земји“ се обидуваат да ги искриват историските факти за исходот на ...

По повод 80-годишнината од победата над фашизмот, делегација на Левица од општина Ѓорче Петров, предводена од советничката Дарја Мустафаоглу, денес положи свежо цвеќе пред спомен-плочата на борците од Народноослободителната борба во реонскиот парк во Ѓорче Петров. Во своето соопштение, од локалниот огранок на партијата порачаа дека овие спомен-обележја не се само историја, туку силен потсетник на времето кога македонскиот народ, без двоумење, ...

Во духот на традицијата и со голема воена парада на Црвениот плоштад, Русија денес ја одбележа 80-тата годишнина од Победата над фашизмот во Големата Татковинска војна. Претседателот Владимир Путин, во своето обраќање пред илјадници присутни и милиони граѓани пред малите екрани, упати порака на единство, историска свест и отпор кон искривувањето на вистината за Втората светска војна. „Денес нè обединуваат чувства на радост и тага, гордост и ...

По повод 9 Мај – Денот на победата над фашизмот, пратеничката на Левица, Јована Мојсоска, преку објава на Фејсбук упати критички став кон Европската Унија и НАТО, обвинувајќи ги дека се обидуваат да ја ревидираат историјата и да го потиснат значењето на антифашистичката борба. Мојсоска во својот став истакна дека денешната Европа, која го чествува 9 Мај како Ден на Европа, всушност должи сè на борбата на организираната работничка класа која ...

Денес се навршуваат точно десет години од крвавиот инцидент во кумановската населба позната како „Диво Насеље“, кога на 9 и 10 мај 2015 година во жестока и долготрајна престрелка животот го загубија осум припадници на безбедносните сили, а беа повредени уште 37. Во вооружениот конфликт кој траеше 28 часа, животите ги загубија Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад ...

Партијата Левица остро реагира на вчерашното пукање во кафе-бар во центарот на Штип, поврзувајќи го инцидентот со, како што велат, неодговорното однесување на владејачките партии ДПМНЕ и ЗНАМ, кои паралелно со инцидентите туркаат измени на Законот за оружје во Собранието. „Додека граѓаните живеат во страв од престрелки на јавни места, премиерот Мицкоски и министерот Тошковски на партиски настани тврдат дека ‘народот никогаш не бил ...

Врз основа на изјавата дадена од министерката за енергетика, Сања Божиновска, во емисијата „Аргумент плус“ на Телевизија 24 Вести, јавно го поставуваме прашањето: Дали обвинителство ќе преземе мерки за утврдување на евентуална кривична одговорност за несовесно работење во службата по член 353-в и за непријавување кривично дело или сторител по член 364 од Кривичниот законик поради континуирано плаќање на значителни буџетски средства без ...

Додека државата тоне, народот гладува, Владата има поважна грижа – имаат премал авион. Да, само со шест седишта. Не е дека не можат да стигнат до Брисел, туку не можат да понесат доволно „делегација“. Затоа, новиот авион би чинел само од 20 до 50 милиони евра – ситница за една држава што живее на кредит и е зависна од донации за основни јавни сервиси. Според изјавите на владиниот функционер Томовски, постојниот „Лирџет“ веќе не се одржувал ...

Во рамки на официјалната посета на Москва, делегацијата на партијата Левица, предводена од претседателот проф. д-р Димитар Апасиев, учествуваше на низа свечености организирани од Комунистичката партија на Руската Федерација (КПРФ), по повод 80-годишнината од победата над фашизмот. Посетата започна со оддавање почит во Паркот на победата, каде што Апасиев имаше пригоден говор пред интернационалните делегации. Потоа, присутните се упатија кон ...

По повод 80 години од победата над фашизмот, партиска делегација на Левица, предводена од потпретседателот м-р Реџеп Исмаил Хактан, денес положи свежо цвеќе пред спомен-обележјето на борците од анти-хитлеровата коалиција. Настанот, кој се одржа на 8 мај 2025 година, беше организиран по покана на Амбасадата на Руската Федерација во Македонија, како дел од официјалното одбележување на значајната годишнина од крајот на Втората светска војна и ...

Пратеникот од Левица, Саше Јанчев, бурно реагираше на условите што му ги понудиле за пратеничка канцеларија во Прилеп, објавувајќи фотографии и детали од запуштениот простор кој, како што вели, му бил доделен по скоро една година чекање. „Ова е руина. Таванот прокиснува, подот е подуен од влага, вратата тешко се отвора, а мирисот внатре е за повраќање“, вели Јанчев во својата објава. Според него, просторот бил поранешна коњушница од времето ...

Саемот на книгата, најголемата книжевна манифестација во земјата, денеска го отвори своето 37. издание во арената „Борис Трајковски“ во Скопје. И годинава, настанот привлекува издавачки куќи, автори, читатели и љубители на пишаниот збор од целата држава и пошироко. Под мотото дека „книгата не нè преплавува – таа нè обликува“, Саемот се поставува како тивок, но моќен отпор во ерата на трепкачки наслови, брзи вести и информации што ...

Југо се надева дека својот мал хечбек ќе го пушти во производство до 2027 година. Yugo најави официјално враќање во февруари, со планови за производство на мал хечбек сличен на она што компанијата го правеше во текот на 1980-тите и 1990-тите.Конечно, сепак, го добиваме нашиот прв официјален поглед на новиот автомобил на Yugo – иако во форма на макета. На настанот за дизајн на автомобили 2025 година во Минхен минатиот месец, Yugo го подигна ...

Односите меѓу Русија и Кина го достигнаа највисокото ниво во историјата, изјави рускиот претседател Владимир Путин на заедничката прес-конференција по руско-кинеските разговори. Путин додаде дека овие односи не зависат од моменталната глобална ситуација. „Нашето заедничко херојско минато, нашето братство по оружје, е сигурна основа за развој и зајакнување на руско-кинеските односи. А овие односи го достигнаа највисокото ниво во историјата. ...

Кинескиот претседател Си Џинпинг во средата објави потпишан напис со наслов „Учиме од историјата за заедно да изградиме посјајна иднина“ во весникот Руска Газета пред своето пристигнување во Русија на државна посета и учество на прославите по повод 80-годишнината од Победата во Големата татковинска војна на Советскиот Сојуз. Учиме од историјата за заедно да изградиме посјајна иднина Оваа година одбележуваме 80 години од победата во кинеската ...

Македонија планира ново задолжување од 500 милиони до 1 милијарда евра за инфраструктурни проекти, со потенцијален кредитор Велика Британија. Ова следи по претходното задолжување од една милијарда евра, од кои половина беа искористени за враќање на еврообврзницата што доспеваше во јануари 2025 година, а остатокот за општински проекти и кредитирање на стопанството. Новото задолжување е наменето за развој на инфраструктурата, но за разлика од ...

Агенцијата за обезбедување „Рубикон“, и покрај тоа што ѝ е одземена лиценцата за работа, продолжува да дејствува како ништо да не се случило. И тоа не било каде – туку во чувствителни простори како училишта, јавни установи и дискотеки со трагична репутација. Сѐ почесто се слуша истото прашање: дали во оваа држава владее законот или партиската недопирливост? Формално, „Рубикон“ е регистрирана на ул. Христо Татарчев бр. 79 во скопската населба ...

Случајот „Изгрев“, кој траеше 17 години, е еден од најдолготрајните и најконтроверзните судски процеси во Македонија. Овој случај го привлече вниманието на јавноста поради сериозните обвинувања за финансиски криминал и перење пари, како и поради сомнежите за политичко влијание и манипулации во правосудниот систем. Една од главните причини за продолженото траење на случајот „Изгрев“ е сложеноста на предметот, кој вклучуваше голем број ...

Советникот на Левица во Советот на Општина Битола, Горан Велевски, денеска преку својата официјална Фејсбук страница објави дека лидерот на партијата, Димитар Апасиев, добил официјална покана од Руската Федерација за учество на прославата по повод „80-годишнината од победата над фашизмот во Втората светска војна“, која ќе се одржи со парада на Црвениот плоштад во Москва. Во својата објава, Велевски го истакна овој настан како „пример за ...

Агенцијата за обезбедување „Рубикон“, и покрај тоа што ѝ е одземена лиценцата за работа, продолжува да дејствува како ништо да не се случило. И тоа не било каде – туку во чувствителни простори како училишта, јавни установи и дискотеки со трагична репутација. Сѐ почесто се слуша истото прашање: дали во оваа држава владее законот или партиската недопирливост? Формално, „Рубикон“ е регистрирана на ул. Христо Татарчев бр. 79 во скопската ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
7.2
54%
1020
weather icon

Белград

-3ᴼ / -3ᴼ
5.14
74%
1022
weather icon

Загреб

-5ᴼ / -5ᴼ
0.51
68%
1024
weather icon

Софија

-6ᴼ / -6ᴼ
5.66
79%
1021
weather icon

Сараево

-3ᴼ / -3ᴼ
9.22
74%
1018
weather icon

Љубљана

-5ᴼ / -8ᴼ
1.03
91%
1026
weather icon

Атина

11ᴼ / 9ᴼ
4.12
63%
1008
weather icon

Тирана

2ᴼ / 2ᴼ
6.69
56%
1013
weather icon

Подгорица

0ᴼ / 0ᴼ
11.32
32%
1019
weather icon

Букурешт

-4ᴼ / -5ᴼ
0.0
85%
1015
weather icon

Будимпешта

-2ᴼ / -3ᴼ
10.8
69%
1019
weather icon

Истанбул

4ᴼ / 3ᴼ
8.75
93%
1010
Currency

61.5417

Currency

52.8946

Currency

70.9088

Currency

35.4077

Currency

38.0004

Currency

65.9687

Currency

7.5809

Currency

0.66715

Currency

0.33501

Currency

0.5244

Currency

1.2315

Currency

0.58613

Алуминиум

3.14

Сребро

2569.43

Иридиум

169549.30

Бакар

11.84

Паладиум

57935.65

Родиум

310254.70

Злато

144981.23

Цинк

3.10

Кобалт

59.52

Калај

44.73

Платина

72292.89

Рутениум

44946.74