Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји во телефонски разговор со својот ирански колега Абас Арагчи на 17 јуни порача дека се појавуваат знаци за смирување на тензиите во регионот и дека сите страни треба да останат посветени на своите обврски. Според соопштението од разговорот, Ванг Ји оценил дека „се појавила искра на мир“, но нагласил дека клучно за натамошниот напредок е сите засегнати страни да ги почитуваат преземените обврски ...
Постои една кинеска поговорка: „Планините не можат да се сретнат, но луѓето можат. Големите географски растојанија не можат да ги разделат луѓето кога постои меѓусебна блискост.“ Оваа поговорка важи и за односите меѓу Народна Република Кина и Република Србија. Како што покажа времето, пријателството меѓу нив се протега надвор од планините и океаните и станува сè посилно и подлабоко. Кина ја гледа Србија како клучен балкански, па дури и ...
Став на Сектор политичка економија при Левица ALEA IACTA EST Старите Римјани, тие први големи циници на човечкиот род, имаа поговорка која подоцна ја позајми и царот Веспазијан, кога ставил данок дури и на јавните нужници: pecunia non olet – парите не мирисаат. Денес, додека минуваме покрај светкавите излози на нашите коцкарници, налепени едни врз други како лишаи врз болно тело, се прашуваме дали Веспазијан би се посрамил. Зашто парите ...
Круме Богевски, преку објава на социјалните мрежи, информираше дека учествувал на средба на млади лидери од Централна и Источна Европа и Кина, која се одржала во Вухан по покана на Комунистичката партија на Кина. Во своето обраќање на пленарната сесија, Богевски истакнал дека младите треба да бидат двигатели на општествените промени, а не само набљудувачи на процесите. Тој посочил дека е неопходна борба против корупцијата на локално ниво, ...
Рускиот претседател Владимир Путин се сретна со турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан во Казан, при што двете страни разговарале за билатералните односи и понатамошната соработка меѓу Русија и Турција. За време на средбата, Путин оцени дека односите меѓу двете земји продолжуваат да се развиваат во позитивна насока и дека соработката добива сè поголема содржина. „Односите меѓу нашите земји се развиваат во нагорна линија. Многу ...
Политичката партија Левица реагираше на одлуката на Народната банка да ја зголеми основната каматна стапка на 4,25 проценти, оценувајќи дека ваквиот потег дополнително ќе го оптовари животниот стандард на граѓаните и ќе ја зголеми профитабилноста на банкарскиот сектор. Од партијата сметаат дека товарот од економските ризици повторно се префрла врз населението, наместо врз финансискиот сектор и големите компании. Според нив, инфлацијата во ...
Став на Игор Ѓуровски Најновите податоци на Министерството за финансии покажуваат дека за пет месеци реализацијата на капиталните расходи изнесува 38,35%. Токму кај Министерството за финансии, од каде се „инјектираат“ пари за јавни инвестиции на централно и на локално ниво, остварувањето изнесува бедни 6,36%. Во секоја држава, за разлика од потрошените пари за прекубројната администрација, хонорари, кафеански трошења и неоправдани патувања ...
„Македонски идентитетски прашања“ е книгата од професорката Јованка Кепеска, што неодамна ја објави издавачката куќа „Македоника литера“, а во која авторката на македонскиот идентитет му пристапува од историски, филозофски, социолошки, културолошки и филолошки аспект. Авторката ги предочува темелните аспекти на идентитетот на македонскиот народ, ги посочува теоретските основи, реалните историски процеси, актуелните национални и геополитички ...
Водечката француска издавачка куќа „Галимар“ пред 475 француски книжари го претстави „Тони“, првиот роман на македонската писателка Румена Бужаровска. „Галимар“ ќе објави „Тони“ на 3 септември годинава, во превод на Клое Бијон. По збирките раскази „Мојот маж“ (2022) и „Не одам никаде“ (2025), ова е трето дело на Бужаровска што е објавено од „Галимар“, издавач што постои 114 години. „Тони“ го објави македонската издавачка куќа „Три“ во ...
Од 19 до 20 јуни, Старата скопска чаршија ќе заживее во ритамот на музиката. Оваа година, под трет пат ќе се одржи манифестацијата „Ритамот на чаршијата“, во рамките на која ќе се одржат концерти од различни жанрови. Оваа година преку ритамот на музиката ќе се популаризираат плоштадот „Филип втори“ – Карпошово востание и Музеј на македонската борба. Публиката на 19.06 од 19.00 часот на плоштадот „Филип втори“ – Карпошово востание ќе може да ...
Последниот ревизорски извештај за работењето на центрите за социјална работа покажа дека најранливите категории граѓани се жртви на нефункционалноста и некоордираноста на институциите, велат од Левица. Наместо институциите да им бидат сервис на граѓаните, тие ги претвараат граѓаните во курири што трчаат од институција до институција за да си ги остварат своите законски права. Таков е примерот со родителите на деца со попреченост, каде ...
На сцената на Македонскиот народен театар вечер со почеток од 20 часот ќе биде изведена претставата „Страв и надеж“, во режија на Татјана Мандиќ Ригонат, инспирирана од драмскиот опус на Франц Ксавер Крец. Делото, иако тематски се надоврзува на Орвеловата „1984“, е сместено во современ контекст, отсликувајќи го светот на денешницата обележан со конфликти, егзистенцијална несигурност и ерозија на хуманистичките вредности. Претставата е ...
Под диригентската палка на Најден Тодоров, речиси 240 музичари и уметници од Грција, Македонија и Бугарија ќе изведат на сцената едно од најпрепознатливите дела на 20 век. Заеднички ќе ја изведат „Кармина Бурана“ од Карл Орф, во сабота, 20 јуни 2026 година, во 21:00 часот, во Градскиот парк во Скопјe (спроти Националната арена „Тодор Проески“). Овој концерт на отворено ќе ги собере Солунскиот државен симфониски оркестар, Филхармонијата на ...
Од 17-ти до 19 -ти јуни 2026 година во ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп , по втор пат ќе се реализира „Работилница за мозаик“ за млади. На работилницата ќе учествуваат 15 талентирани ученици од општинските училишта. -Како искуство и позитивен исход од првата релизирана работилница во 2025 година решивме да го продолжиме проектот по втор пат, и со тоа да ја поттикнеме мотивацијата, креацијата и желбата кај младите за изучување на оваа дисциплина ...
Вашингтон и Техеран постигнале прелиминарен договор за прекин на непријателствата на Блискиот Исток, по неколкунеделни директни и индиректни преговори со посредство на Пакистан. Според најавите, официјалното потпишување на Меморандумот за разбирање меѓу САД и Иран треба да се одржи во петок во Женева, додека американската страна тврди дека документот веќе бил дигитално потпишан за време на викендот. Според медиумските извештаи, договорот ...
Фирмата Хидротек ДООЕЛ Скопје го доби тендерот за одржување на фонтаните во Скопје. Станува збор за фонтани на 7 локации во градот Скопје, меѓу кои и фонтаната џампинг џет на Плоштадот, фонтаните кај црквата Пресвета Богородица и фонтаната на Паднатите херои спроти Собрание. Овие фонтани се обраснати со трева, полни се со ѓубре, смрдат на измет, велат од Левица. „Ниту се одржуваат, ниту работат! Битно се потрошени 500 илјади евра! Исто така ...
Пратениците на Левица, Димитар Апасиев и Реџеп Исмаил, денеска во Собранието оствариле средба со амбасадорот на Руската Федерација во Македонија, Дмитриј Зиков, на која разговарале за билатералните односи, економската соработка и актуелната геополитичка состојба. Од Левица соопштија дека во услови на „сложени геополитички околности“ Македонија треба да гради односи со сите меѓународни актери врз принципите на достоинство, еднаквост и ...
Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ обвини дека цементарницата „Усје“ бара продолжување на работењето според застарени стандарди за загадување, наместо усогласување со современите европски норми и најдобрите достапни техники за заштита на животната средина. Според иницијативата, во барањето на компанијата не се предвидени конкретни мерки за намалување на емисиите на загадувачки материи, а предлозите доставени од граѓанските организации ...
Единаесет пратеници од грчката опозициска партија СИРИЗА поднесоа официјално пратеничко прашање до грчката влада, барајќи да се спречи поставувањето спомен-столб во градот Драма со цитат од античкиот географ Страбон на кој е наведено дека „Македонија е исто така дел од Грција“. Според пратениците, поставувањето на ваков натпис на јавно место би можело да биде во спротивност со одредбите од Преспанскиот договор меѓу Грција и Македонија од ...
Фудбалската репрезентација на Иран одигра нерешено 2-2 против Нов Зеланд во натпревар кој привлече големо внимание не само поради случувањата на теренот, туку и поради актуелните политички и безбедносни тензии меѓу Иран и САД, домаќинот на Светското првенство. Во центарот на вниманието по натпреварот се најде иранскиот репрезентативец Мохамед Мохеби, кој во 64. минута го постигна израмнувачкиот погодок за својата селекција. При прославата ...
Случајот со хирурзите од Струга, кои протестно ги прекинаа планираните операции поради неисплатени надоместоци што им следуваат по закон и колективен договор, отвора сериозни прашања за тоа кој ја мери „продуктивноста“ во здравството или ако нема пациенти дали лекарите треба да останат без плата. Наместо институциите да утврдат каде е проблемот, јавноста добива политички квалификации за тоа кој е продуктивен, а кој не. Хирурзите во Струга ...
На 16 јуни 1943 година, кај селото Ваташа, 12 младинци биле стрелани од страна на бугарската војска, под изговорот дека им помагале на партизаните. 12 млади луѓе го загубија својот живот и тие се само уште една страница во тажната македонска историја. Во нивна чест, Славко Јаневски ја пишува песната „Цветови“, која е една од најтажните македонски песни. Цветови – Славко Јаневски В Тиквешко негде, в некое село, кај в слана тивко венеше цвете, ...
На денешен ден, 16 јуни 1943 година беше извршен Ваташкиот масакр, најголемото злосторство во времето на Втората светска војна во Македонија. Со намера да го спречи подемот на народно-ослободителното движење во Македонија, а се во рамките на Јунската непријателска офанзива, бугарскиот фашистички окупатор во месноста “Моклиште“ стрела 12 младинци од селото Ваташа на возраст од 15 до 27 години. Во пролетта 1943 година, по повеќе акции на ...
На 16 јуни 1943 година, кај селото Ваташа, 12 младинци биле стрелани од страна на бугарската војска, под изговорот дека им помагале на партизаните. 12 млади луѓе го загубија својот живот и тие се само уште една страница во тажната македонска историја. Во нивна чест, Славко Јаневски ја пишува песната „Цветови“, која е една од најтажните македонски песни. Цветови – Славко Јаневски В Тиквешко негде, в некое село, кај в слана тивко венеше цвете, ...
Со повеќе активности, библиотеката „Григор Прличев“ од Охрид го одбележа раѓањето на поетот Ванчо Николески, роден на 10 јуни 1912 година во селото Црвена Вода. По тој повод, библиотекарите Бети Лазоска-Симоноска, Коста Трифуноски и Милчо Јованоски одржаа средба со учениците од ООУ „Ванчо Николески“ во охридското село Лескоец, на кои им презентираа интересни факти поврзани со животот и делото на патронот на нивното училиште. – Во годината ...
Познатиот кинески уролошки хирург д-р Гу Ди, од Првата придружна болница при Медицинскиот универзитет во Гуангџоу, неодамна престојуваше во Македонија, каде што ги пренесе своите искуства и напредните техники од областа на роботската хирургија. Со оваа посета, на пациентите во земјава им се доближуваат најсовремените медицински достигнувања и методи на лекување, кои се применуваат во реномирани здравствени установи ширум светот. Воедно, ...
Изложбата на слики посветени на големиот македонски уметник Петар Мазев (1927. Кавадарци – 1993. Скопје), од приватната колекција на Игор Станковиќ, насловена „Сага за творечките немири“ отворена е на 12. јуни во Белград во Галеријата на МТС Дворана. Изложбата е отворена во рамките на одбележувањето на 30 години македонско-српски дипломатски односи, а изложбата, која вклучува 10 уметнички дела може да се види до 12 јули. Изложбата е ...
Фестивалот на француски филм започнува утревечер во Скопје, носејќи четири бесплатни проекции и можност публиката одблиску да се сретне со француски режисери и актери. Годинашното издание е посветено на Корзика, а програмата ќе се одржува во киното „Синеплекс“ и во Кинотеката. Отворањето е закажано за 17 јуни во 19 часот со проекцијата на филмот „Кралство“ во режија на Жилиен Колона. По прикажувањето, посетителите ќе имаат можност да ...
Присуството на премиерот Христијан Мицкоски на свеченото отворање на приватен старечки дом е симболично признание за еден длабок неуспех на државата: грижата за старите лица, како една од основните социјални функции, целосно е препуштено на приватниот капитал и неговиот интерес за профит. Додека цела Влада сече ленти на отворање на приватни бизниси, државните капацитети на оваа јавна услуга се целосно девастирани. Во цела држава постојат само ...
Присуството на премиерот Христијан Мицкоски на свеченото отворање на ПРИВАТЕН старечки дом е симболично признание за еден длабок неуспех на државата: грижата за старите лица, како една од основните социјални функции, целосно е препуштено на приватниот капитал и неговиот интерес за профит, реагираат од Левица. Додека цела Влада сече ленти на отворање на приватни бизниси, државните капацитети на оваа јавна услуга се целосно девастирани. Во ...