Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Американскиот претседател Доналд Трамп денес го нарече израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху одличен партнер, објави Си-Ен-Ен. – Биби Нетанјаху е одличен партнер за мене. Не толку одличен за другите луѓе, но многу одличен за мене, им рече Трамп на новинарите во Овалната соба на Белата куќа. Зборувајќи за војната меѓу САД и Израел против Иран, Трамп рече дека на Израел му „им биле потребни“ Соединетите Држави. „Тие не можеа да го сторат тоа ...
Илјадници Иранци, претежно религиозни конзервативци, се собрааво Мавзолејот на Имам Хомеини во јужен Техеран за да ја одбележат 37-годишнината од смртта на основачот на Исламската Република, ајатолахот Рухолах Хомеини. Демонстрантите, исто така, повикаа на одмазда против САД за тековната војна. Некои од демонстрантите мавтаа со црвени знамиња на кои пишуваше „одмазда“, додека други носеа слики од покојниот врховен лидер, ајатолахот Али ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ им се обратина граѓаните на Србија од Тиват. Во своето обраќање, Вучиќ се осврна на разговорот со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис. „Тукушто имав разговор со Мицотакис, разговаравме за понатамошно подобрување на соработката меѓу Србија и Грција, верувам дека отворивме нови области на соработка – изградба на гасовод низ територијата на Македонија, за европскиот пат на Србија“, рече Вучиќ и го најави ...
Иранскиот корпус на револуционерна гарда (ИРГК) соопшти дека „нема да има мир во регионот“ без повлекување на Израел од либанската територија. – Нашиот почетен услов за прифаќање на прекин на огнот во регионалната војна беше прекин на огнот на сите фронтови, вклучително и на Либан, се вели во соопштението на ИРГК, објавено од иранската новинска агенција Тасним. „Непријателот мора итно да ги запре нападите врз либанскиот народ, веднаш да се ...
Словенечкиот парламент на вонредна седница го потврди министерскиот тим на премиерот Јанез Јанша, со што беше избрана новата словенечка влада. Дебатата, која започна во 9 часот наутро, требаше да трае осум часа. Сепак, се случи пресврт токму на почетокот на седницата: движењето Свобода побара претседателот на Парламентот Зоран Стевановиќ да се извини, што тој го одби. После тоа, седницата беше накратко прекината. По гласањето ќе следи ...
НАТО постојано работи на одвојување на Србија, како земја пријателска кон Русија, од Москва, без да сфати дека со одвојувањето од Русија, ја уништуваат, изјави Марија Захарова, портпаролка на руското Министерство за надворешни работи, коментирајќи ги заедничките воени вежби на Србија и Алијансата. – НАТО отсекогаш го гледал Балканот како своја зона на интерес, и не само тоа, тие го сакаат Балканот, им е потребен и не можат да го сокријат. ...
Државната комисија за спречување на корупцијата соопшти дека денеска на колегиум, постапувајќи согласно своите надлежности утврдени со Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, по сопствена иницијатива отвори предмет во врска со наодите содржани во ревизорскиот извештај на Државниот завод за ревизија, а кои се однесуваат на Институтот за јавно здравје. Како што се посочува во соопштението на ДКСК, предметот е отворен поради ...
Претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, изјави дека денес, за време на средбите со српскиот претседател Александар Вучиќ, претседателката на Народното собрание, Ана Брнабиќ и организациите на граѓанското општество, нагласил дека ЕУ останува најважниот партнер на Србија – во трговијата, инвестициите и зајакнувањето на демократските институции. Тој напиша на социјалната мрежа X дека ЕУ е подготвена да направи повеќе, но дека темпото ...
Врховниот лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, ги предупреди непријателите на Иран дека по поразот на бојното поле, сега се обидуваат да „ја оштетат отпорноста на народот и да создадат внатрешни поделби“. Неговата порака беше прочитана на церемонијата по повод годишнината од смртта на основачот на Исламската Република, Рухолах Хомеини. Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Хамнеи бил вклучен во преговорите и дал ...
На настанот Lazarov Awards 2026, компанијата Mozzart уште еднаш ја потврди својата голема општествена одговорност и хуманост со донација од 200.000 денари во СОС Детско Село. На самиот влез гостите ги пречекуваше хуманитарно тркало со различни парични суми, поставено од Mozzart – симбол на надеж и солидарност. Секој присутен имаше можност да го заврти и да придонесе со своја сума, а сите собрани средства се претворија во значајна донација ...
Во последните неколку месеци се зборуваше многу за тоа, но сега се чини дека е готово. Лука Модриќ ќе ги обеси копачките по Светското првенство. Хрватскиот интернационалец и еден од најдобрите играчи за врска на 21 век одлучи да ја заврши својата играчка кариера по Светското првенство, објавува добро информираниот италијански новинар Нико Скира. Договорот на Модриќ со Милан, кој го имаше до крајот на тековната сезона, истече, и многу е јасно ...
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) идната недела ќе ги објави фирмите што правеле манипулации со декларирањето на млечните производи, а од понеделник треба да бидат готови и резултатите од анализите на месните преработки. Како што изјави денеска директорот на АХВ, Оливер Миланов, кај млечните производи со лажни декларации – кашкавали, сирења, павлака, јогурт, млеко…, безбедноста не е нарушена, туку е нарушен квалитетот и потрошувачите ...
Македонската јавност имаше можност од највисоко европско ниво да добие три важни и целосни потврди за она што го зборувавме како партија со месеци наназад, а кое беше демантирано од страна на владејачката ВМРО. Три силни потврди од ЕУ, Кошта и Вајц, разобличена е секоја лага на Мицкоски-реформи нема, изјави на прес-конференција Андреј Жерновски, секретар за меѓународна соработка на СДСМ, се вели во соопштението од партијата. – Прво, ...
Комисијата за хартии од вредност денеска ги додели Годишните награди за млади истражувачи за 2026 година, кои се доделуваат по седми пат во рамки на Kонкурсот за најдобри научноистражувачки трудови од областа на пазарот на капитал. Добитник на првата награда е авторот Горан Христовски за трудот со наслов „Динамична поврзаност на источноевропските пазари на капитал: пристап на проширена заедничка поврзаност“. Трудот се фокусира на меѓусебните ...
Во согласност со својата општествено одговорна платформа „Повеќе од финансии – поддршка за заедницата“, Flex Credit продолжува да инвестира во проекти кои создаваат трајна вредност за локалната заедница. По повод големиот јубилеј „100 години Скопје ЗОО“, Зоолошката градина во Скопје доби ново катче – комплетно изградена и опремена куќичка за желки (Centrochelys sulcata). Проектот е реализиран на директно барање на Зоолошката градина, а ...
Асоцијацијата Македонска Бесконечна Трансверзала – Самиана ја објави секцијата Z2, наречена Балканска Небесна Трансверзала, или Балкан Скајлајн Трајл. Со 202 километри и просечна надморска висина од 2.030 метри, ова е највисоката долга планинарска трансверзала на Балканот и една од највисоките во Европа. Трасата поминува по гребените на Шар Планина и масивот Кораб – два македонски планински колоси кои сеуште се речиси непознати во ...
Повеќе лица загинаа при пад на мал авион во близина на Медулин во Истра, потврди хрватската полиција. Истарската полиција соопшти дека денеска во 11:18 часот добила пријава за пад на мал авион на подрачјето Кампанож, недалеку од аеродромот во Медулин. „Пријавата е потврдена. Сите итни служби – полицијата, Итната медицинска помош и пожарникарите – се на терен и преземаат мерки и активности во рамки на своите надлежности“, соопшти полицијата. ...
Комитетот за односи меѓу заедниците, денеска, со 11 гласа „за“ и двајца „против“, изгласа предлог-законот за соодветна и правична застапеност да се носи со мал Бадентер, односно со мнозинство гласови од присутните пратеници и мнозинство гласови од припадниците што припаѓаат на немнозинските заедници. Пратениците од Европскиот фронт и Албанската лига сметаа дека законот треба да се носи со т.н. голем Бадентер (потребно мнозинство од вкупниот ...
Вештачки колкови чекаат над 650 пациенти, во три главни јавни здравствени установи има значителен пораст на бројот на интервенциите, а пристапот до операции за замена на колк и колено значително се подобрува – изјави денеска на брифингот со новинарите генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски. Тој истакна дека има значителен пораст на операциите на колк и колено. Вкупно 4.044 интервенции имало во 2025 година. ...
Утре на 5 јуни во Прилеп со претставата „Мачкина глава“ на Драмски театар Скопје свечено се отвора 60. МТФ „Војдан Чернодрински“. Претставата ќе биде изведена во Центар за култура „Марко Цепенков“ – Прилеп во 20 часот. Јубилејниот 60. МТФ „Војдан Чернодрински“ годинава под мотото „Храбриот нов театар“, ќе отвори дијалог за кризата на човекот во општеството и кризата на општеството во човекот, повикувајќи на театар што има став, што ...
Финансискиот криминал брзо се менува, а вештачката интелигенција сега се наоѓа и во срцето на заканата и во срцето на одговорот. Длабоките лажни видеа и аудио-содржини, измамите со лажно претставување, автоматизираните лажни пораки за кражба на податоци и синтетичките идентитети го прават криминалот пообемен, поубедлив и потежок за откривање. Поради тоа, тимовите задолжени за усогласеност низ финансискиот сектор сè повеќе се оддалечуваат од ...
Вчера се одбележа официјалното отворање на новите простории на ЈЗУ Клиника за детски болести- Скопје- Оддел за Психофизиологија, кои изминатиов период беа во фаза на реновирање во објектот Мајчин дом. На овој начин одделот ги прошири своите просторни капацитети, со што значително се унапредуваат условите за работа услугите за децата со развојни тешкотии и нивните семејства. Со проширувањето се овозможува подобра организација на ...
Украинската 412. бригада „Немезис“, која е дел од Силите за беспилотни системи, објави нови детали за мистериозниот дрон од среден дострел „Мориган“, што го користи за напади врз клучни руски логистички правци длабоко зад фронтот во јужна Украина. Бригадата објави снимки од подготовката и лансирањето на леталото, кое го опишува како свое „тајно оружје“ наменето за дејствување зад непријателските линии. Според објавените информации, „Мориган“ ...
Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – април 2026 година, изнесува 2 782.3 милиони евра и бележи пораст од 6.9 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, пак, изнесува 3 950.2 милиони евра, што е зголемување од 5.9 % во споредба со 2025 година, објави Државниот завод за статистика. Трговската размена по производи според Стандардната меѓународна ...
Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, обвини дека Владата и премиерот Христијан Мицкоски ја претставуваат економската состојба преку „селективно толкување на статистичките податоци“, посочувајќи дека растот на БДП не се одразува врз животниот стандард на граѓаните. На прес-конференција, Битиќи рече дека владините тврдења за висок економски раст не ја отсликуваат реалната состојба со која се соочуваат граѓаните. „Премиерот прво ја прогласи ...
Хезболах го отфрли предлогот за прекин на огнот со Израел, кој е поддржан од САД. Таа милитантна група, како што наведуваат во соопштението за медиумите, официјално го информирала либанскиот претседател Џозеф Аун за нивната одлука. Тие инсистираат дека „секој прифатлив договор мора да започне со целосно повлекување на Израел од целата либанска територија“. Како клучни услови за иден договор, тие наведуваат „враќање на раселеното население, ...
Остануваме со јасна стратешка ориентација во надворешната политика, но исто така цврсто остануваме на позицијата дека во овој момент услови за уставни измени нема. Услови за уставни измени може да се создадат врз основа на градење меѓусебна доверба, како што често повторуваме, а меѓусебната доверба може да се изгради прво ако има институционални гаранции за што верувам дека нема проблем кај скоро сите земји членки, освен кај една, изјави ...
Како компанија која континуирано вложува во заедницата и поддржува иницијативи од јавен интерес, Адмирал беше поддржувач на 6-тата меѓународна акција за чистење на дното на Охридското Езеро, организирана од Нуркачкиот центар Амфора од Охрид. Акцијата обедини нуркачи, волонтери и љубители на природата од земјата и регионот со заедничка мисија – отстранување на цврстиот отпад од дното на езерото и придонес кон зачувување на еден од највредните ...
Државниот завод за ревизија изрази мислење без резерва за финансиските извештаи на Академијата за судии и јавни обвинители за 2024 година оценувајќи дека тие реално и објективно ја прикажуваат финансиската состојба на институцијата. Истовремено, за усогласеноста на работењето со законската регулатива, упатствата и воспоставените политики е дадено мислење со резерва поради утврдени одредени слабости и неправилности. Според конечниот ...
МВР поднесе кривична пријава против шест лица од Скопје, Куманово и Тетово, осомничени за трговија со дете преку организирање и реализирање незаконско посвојување на новороденче. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе поднела пријава против Ф.А. (63), Ѓ.К. (57), И.Ш. (35), Џ.Ш. (35), С.Ј. (35) и И.А. (38) поради основано сомнение за сторено ...