Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Во Спарта Ивент Центар во Велес вчерева ќе се одржи хуманитарниот концерт „Together for a Better Tomorrow – Заедно за подобро утре“, посветен на поддршка на лицата со церебрална парализа. Публиката ќе има можност да ужива во настапот на Starboy & Friends, а истовремено да стане дел од настан што ги обединува музиката, хуманоста и заедништвото. Целта на концертот е да се подигне јавната свест за секојдневните предизвици со кои се ...
Четворицата музичари, композитори и долгогодишни пријатели, Џијан Емин, Георги Шарески, Оливер Јосифовски и Александар Петров вечер во Јавна соба ќе го промовираат авторскиот проект Jazz Extravaganza. -Jazz Extravaganza е простор во кој авторската музика добива нов живот преку импровизацијата. Композициите се почетна точка, но не и конечна дестинација, велат организаторите на концертот. Според Емин, нотниот запис е „мапа“, но вистинската ...
Полицијата синоќа во Скопје казнила 262 возачи. Од нив за 102 буправувале мопеди и мотоцикли. Исто така, како што информираат од МВР, привремено е одземен еден мотоцикл поради измината важност на регистрација повеќе од шест месеци, а шест лица се лишени од слобода по член 297 а од Кривичниот законик. -Во текот на изминатата вечер во периодот од 18:00 до 01:00 часот Одделението за безбедност на патниот сообраќај и полициските станици од општа ...
На граничните премини Табановце за влез и излез од државата и на Богородица за излез од државата времето на чекање е околу 40 минути до 1 час, додека на останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од Автомото сојузот на Македонија. Оттаму додаваат дека e зголемен и интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, ...
Неверојатниот Кристијано Роналдо (41) се врати на теренот и веднаш ја затресе мрежата, докажувајќи дека и во 41-вата година нема намера да забави. Португалскиот напаѓач се запиша во стрелците во убедливата победа на Ал-Наср над Ал-Ријад со резултат 4:0, што беше негов 977-ми погодок во професионалната кариера. Роналдо ги пропушти воведните натпревари од сезоната бидејќи му се приклучи на тимот нешто подоцна поради репрезентативните обврски ...
Две лица загинаа во пад на ултралесен авион кој исчезна од радарите над Велебит во Хрватска. Остатоците од леталато и телата на настраданите беа пронајдени доцна синоќа во тешко пристапно подрачје на Националниот парк Пакленица. Ултралесниот авион со ознака D-KWZE, кој летал од Чешката Република кон Задар, исчезнал од радарите на 21 август околу 16:15 часот. Според податоците на хрватската цивилна заштита, сигналот бил изгубен околу 17 милји ...
Золани Тете (38), поранешен светски шампион во две тежински категории, бил убиен во петокот вечерта пред својот дом во Мдантсане, Јужна Африка. Според првичните информации од полицијата, Тете околу 18:30 часот пристигнал пред својот дом и со автомобилот чекал да му се отвори портата. Во тој момент од друго возило излегле двајца маскирани и вооружени мажи и отвориле оган. Тете се обидел да влезе со автомобилот во дворот, но бил смртно ранет. ...
Повеќе од 10 европски земји од почетокот на годината пријавија локално пренесени случаи на вирусот Западен Нил, што е повеќе во споредба со истиот период минатата година, соопшти денеска здравствената агенција на ЕУ, ECDC. Покрај Германија, Франција и Австрија, случаи се пријавени и во Шпанија, Грција, Италија, Холандија, Северна Македонија, Романија, Србија и други земји. Според податоците на ECDC, најмногу случаи се регистрирани во ...
Силно невреме ја погоди Словенија, со урагански удари на ветер, обилни врнежи и грмежи, а во општината Комен беше регистрирано и торнадо. Според Meteoinfo Slovenija, торнадото се формирало околу 15:15 часот и предизвикало материјална штета во повеќе населени места. Најтешко беше погодено подрачјето на Приморска, каде што невремето оштети неколку објекти во општината Комен. Во долината Брањица, населените места Кодрети, Коболи, Вечкоти и ...
Кание Вест ќе одржи два концерта во Санкт Петербург во октомври, а билетите за настапите се распродадоа за само неколку часа. Американскиот рапер ќе настапи на 10 и 11 октомври во Газпром Арена, која има капацитет од околу 70.000 гледачи. Цените на билетите се движеа од 9.000 до 160.000 рубљи, односно од околу 92 до 1.642 евра. Големиот интерес за концертите во Русија доаѓа во период кога Вест се соочува со сериозни проблеми во Европа. ...
Принцот Хари и уште шестмина тужители треба да платат почетни 9,54 милиони фунти за судските трошоци по поразот во тужбата против издавачот на британскиот весник „Дејли мејл“. Случајот се водеше против компанијата Associated Newspapers Limited (ANL), која ги издава „Дејли мејл“ и други британски медиуми. Покрај принцот Хари, меѓу тужителите беа музичарот Елтон Џон, актерката Лиз Харли и баронесата Дорин Лоренс. Тужителите тврдеа дека во ...
Концертот на Дино Мерлин во Краљево отвори нова полемика околу настапите на музичари во регионот, откако во Хрватска и Босна и Херцеговина претходно беа откажани или оспорувани настапи на српски изведувачи. Босанско-херцеговскиот пејач Дино Мерлин треба да настапи на 5 септември на Спортскиот аеродром во Краљево, но неговиот концерт веќе наиде на организиран отпор. Во Краљево за 26 август е најавен собир под мотото „Нема да пееш“, кој го ...
Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис ѝ упати јавна роденденска честитка на американската поп-ѕвезда Мадона, по нејзиниот неодамнешен престој во Грција. Мадона својот 68. роденден го прослави во Грција, а дел од прославата го помина на островот Крф. Пејачката на социјалните мрежи објави видео со моменти од престојот, меѓу кои и прослава на јахта, како и вечер во традиционален локал во Крф. На снимките Мадона ужива во грчка музика, ...
Жупаниското државно обвинителство во Сплит поднесе обвинение против хрватски државјанин и државјанка на Србија поради сомнение за шпионажа. Станува збор за воен пилот на Хрватското воено воздухопловство и негова долгогодишна партнерка, која е државјанка на Србија. Според обвинението, пилотот во периодот од февруари до декември 2022 година, додека бил на служба во Хрватските вооружени сили, во повеќе наврати ѝ овозможил на партнерката пристап ...
Германските енергетски компании стравуваат дека складиштата за природен гас нема да успеат навреме да се наполнат до посакуваното ниво пред почетокот на зимата. Керстин Андреа, претседателка на Германското здружение на енергетски и водоснабдителни компании, изјавила дека достигнувањето на 80 проценти исполнетост на складиштата би било многу тешко, имајќи предвид дека резервите во моментот се на околу 50 проценти. Германската влада веќе ја ...
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека ќе продолжи да ги урива сопствените рекорди по бројот на телевизиски појавувања и тврди дека негова работа е да го прави тоа бидејќи е претседател на Републиката. „Тоа го правев за време на сите мои мандати – како премиер, како прв потпретседател и како претседател на Републиката. И ќе продолжам да го правам тоа. Оној момент кога ќе поднесам оставка, нема да бидам на телевизија…и ...
Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Мухамед Али моментално е на терен заедно со командантот на ТППЕ Тетово, Авни Ахмети и ја следат состојбата со пожарот што го зафати селото Церово, Општина Желино. На терен се ангажирани екипите на ТППЕ Тетово, кои со максимален ангажман работат на локализирање на пожарот и спречување на неговото понатамошно ширење, информира ЦУК. Оттаму посочуваат дека екипите работат на терен за ...
Претседателот на Комитетот за национална безбедност и надворешна политика на иранскиот парламент, Ебрахим Азизи, денеска на платформата „Икс“ напиша дека Соединетите Американски Држави покажаa оти не го разбираат јазикот на дипломатијата. Тој додаде дека САД нема ниту да ги укинат санкциите, ниту да ги одмрзнат иранските средства, ниту пак да стават крај на „поморското пиратство“. Азизи заклучи дека „историјата ќе покаже оти јазикот на ...
Во пресрет на моментот кога ќе стане премиер со најдолг континуиран мандат во историјата на Италија, Џорџа Мелони даде интервју за „Њујорк тајмс“ во кое се осврна на својот политички пат. За време на разговорот, воден на италијански јазик во просторија до нејзината канцеларија во Рим, Мелони на моменти делуваше смирено, а на моменти борбено, истовремено духовито и одлучно. Во еден момент таа се пошегува дека требало да заврши во театар. ...
Во Европа се регистрирани над 32.000 смртни случаи повеќе од очекуваното во периодот меѓу средината на јуни и средината на август – лето обележано со исклучителни топлотни бранови – според привремените податоци од Европската платформа за следење на вишокот смртност (EuroMomo). Платформата, чиј статистички модел вклучува официјални податоци од 23 европски земји, проценува дека најголем број смртни случаи се забележани во последната недела од ...
Најмалку 14 лица загинаа, а 121 беа повредени во руски напад врз трговски центар во украинскиот град Криви Рих, родниот град на претседателот Володимир Зеленски. Меѓу повредените има најмалку 22 деца. Абсолютно цинічний і підлий удар завдали росіяни по звичайному торговельному центру в Кривому Розі. Ударні дрони спрацювали у дві хвилі: через пів години після першого влучання і пожежі був повторний удар по рятувальних службах. Станом на зараз ...
МВР информира дека денеска во 13:15 часот, на Граничен премин „Табановце“, при излез од Македонија, полициски службеници извршиле проверка на патничко моторно возило „порше“, со холандски национални ознаки управувано од М.А.(35), државјанин на Холандија. При извршената проверка, преку системот „Safe City“ било констатирано дека лицето е евидентирано како сторител на кривично дело по член 297-А од Кривичниот законик – „безобѕирно управување ...
Хрватската контрола на летање го извести Оперативниот центар за цивилна заштита при Управата за цивилна заштита на Министерството за внатрешни работи на Хрватска дека денеска, околу 16:14 часот, е изгубен сигналот од ултралесниот авион со регистрациска ознака D-KWZE, кој леташе од Чешка кон Задар. Сигналот од авионот е изгубен на околу 17 наутички милји североисточно од Задар. Оперативниот центар за цивилна заштита веднаш започна операција ...
Два проекти во продукција на „Сестри и брат Митевски“ се во фокусот на годинашното издание на Сараевскиот филмски фестивал. „Скејтбордингот не е за девојчиња“, вториот долгометражен филм на Дина Дума, ја имаше својата европска премиера во официјалната натпреварувачка програма на 32. Сараевски филмски фестивал. Филмот, во продукција на Лабина Митевска и реализиран со поддршка на Агенцијата за филм на Република Северна Македонија, е еден од ...
ФИФА изрече казни за големиот инцидент што се случи по финалето на Светското првенство меѓу Шпанија и Аргентина, а најлошо помина Леандро Паредес. Аргентинскиот играч за врска доби суспензија од дури 10 натпревари и парична казна од 90.000 долари поради неговата улога во хаосот што настана по последниот свиреж во Њу Џерси. Паредес беше еден од главните актери во конфликтот. Аргентинецот го нападна шпанскиот репрезентативец Гави и го собори ...
Етел Кетеркам, најстарата личност во светот, денес го слави својот 117-ти роденден. Таа ќе го прослави со пријателите и семејството во домот за стари лица „Холмарк Лејквју“ во Сари, а зад неа е година што ја опишува како исполнета со нови искуства, пишува „Скај њуз“. Како најважен настан, таа ја издвои средбата со кралот, кого го фати за рака. „Со нетрпение очекувам што ќе донесе следната година“, додаде таа. Кралот Чарлс ја посети Кетеркам ...
Украина воведе санкции против руското студио „Анимакорд“, кое ја продуцираше популарната серија цртани филмови „Маша и медо“, како и против неговиот основач и сценаристот и режисер на цртаниот филм. Санкциите беа воведени со указ на украинскиот претседател Володимир Зеленски. Во Русија, цртаниот филм за темпераментното девојче и пензионираниот циркуски мечок има култен статус. Тој е прегледан десетици милијарди пати само на YouTube, се ...
Двајца мажи се уапсени во Подгорица под сомнение дека подолго време продаваат хероин на улиците на главниот град на Црна Гора, а за време на полициската акција еден од осомничените се обиде да се ослободи од дрогата фрлајќи го пакетот низ прозорецот на покривот од соседната куќа. Припадници на криминалистичката полиција на Подгорица за борба против дрога, со поддршка на Специјалната полициска единица, утрово спроведоа акција. По налог на ...
Поранешниот претседател на Косово и лидер на некогашната ОВК – Хашим Тачи, изјави дека очекува да биде ослободен од обвиненијата по сите точки од обвинителниот акт во тековното судење против него пред Специјализираните совети на Косово во Хаг. На прашањето какви се неговите очекувања, Тачи рече дека очекува да биде ослободен по секоја точка од обвинението. – Немам што да додадам на аргументите на одбраната, ниту на мојот завршен говор во ...
Фудбалерите на Шахтјор од Доњецк успеаја да ја освојат титулата шампион на Украина, прeстигнувајќи го тимот од Черкаси во самата завршница. Титулата им обезбеди директен пласман во Лигата на шампионите за следната сезона. Поради нестабилната политичка ситуација и конфликтите во земјата, популарните „рудари“ натпреварите од елитното натпреварување ќе ги играат на неутрален терен. Одлучено е ривалите да бидат пречекани на стадионот на Челси, ...