Припадниците на МВР вчера попладне спроведоа серија координирани претреси во Струга, Кичево и Охрид. Во акцијата се лишени од слобода вкупно четири лица, меѓу кои и еден малолетник, откако во нивните домови биле пронајдени нелегално оружје, куршуми и наркотици. Струга: Браќа криеле пиштол од родителите Најмладите приведени во вчерашната акција се од Струга. Полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при ОВР ...

Се апелира до сите возачи, велосипедисти и пешаци кои се движат низ населбата Драчево на максимална претпазливост. Заштитната рампа на железничкиот премин во моментов не работи и не се спушта при поминување на возовите, реагираат возачи до нашата редакција. Поради овој сериозен дефект кој претставува директна опасност по животот и безбедноста во сообраќајот, упатуваме апел за следново: Задолжително запирање: Визуелна проверка: Намалена ...

Ненад Марковиќ од хрватскиот град Вировитица дури и не знаел дека системот го прогласил за мртов сè додека не се обидел да купи ваучер за мобилен телефон. Кога неговите картички престанале да работат, тој го контактирал својот мобилен оператор и бил шокиран. „Ве блокиравме затоа што сте мртов“, бил одговорот на операторот. Му било советувано да оди во матичната служба за да го „оживеат“, изјавила жртвата за ХТВ, објави хрватскиот медиум ...

Директорот на ДЗС и лидер на партијата Достоинство, Стојанче Ангелов, отворено ги поддржа воените дејствија на Соединетите Американски Држави и Израел против Иран. Тој смета дека сојузниците имаат силни и оправдани причини за нападите врз оваа блискоисточна држава. Закана од нуклеарно оружје и суров режим Во своето гостување во емисијата „Аргумент плус“, Ангелов истакна дека неговите ставови за ситуацијата на Блискиот Исток се проамерикански, ...

Државниот завод за ревизија (ДЗР) изрази неповолно мислење за реалноста на финансиските извештаи и за усогласеноста со законите во работењето на Државната изборна комисија (ДИК) за 2024 година. Конечниот извештај открива низа сериозни неправилности, од сомнителни јавни набавки до хаотичен попис на државниот имот. Клучни наоди: Пари за реклами наместо за изборни дејствија Еден од највпечатливите наоди е дека ДИК не го почитувала законски ...

Милијардерот Илон Маск откри концепт за сателити со моќност од околу 100 kW и тежина до еден тон. „Ѕвезден брод“ би можел да лансира десетици од нив во орбитата во еден лет. Секој сателит би генерирал приближно толку енергија колку што генерира Меѓународната вселенска станица – и неколку пати повеќе од сегашните сателити „Старлинк“. Musk is launching data centers into space — is this a revolution? Elon Musk unveiled a concept of satellites ...

Експлозија и пожар избувнаа во голема рафинерија на нафтениот концерн „Валеро“ во градот Порт Артур во Тексас. Веднаш беше издадена наредба луѓето да се кријат и да не излегуваат. Компанијата го потврди инцидентот, пријавувајќи „пожар во една од единиците“. Целиот персонал е евакуиран. Во моментов нема пријавено повредени. Видеата на социјалните мрежи покажаа огромни пламени јазици и столб од црн чад што се издига од рафинеријата. Луѓето што ...

Цените на нафтата повторно пораснаа на азиските утрински тргувања, при што суровата нафта од типот Брент повторно надмина 100 долари за барел, бидејќи загриженоста за понудата повторно се појави откако Иран негираше дека водел разговори со САД за прекин на конфликтот во Заливот, што е спротивно на сугестијата на американскиот претседател Доналд Трамп дека наскоро може да се постигне прекин на огнот, објави Ројтерс. Фјучерсите за суровата ...

Новинарите на „Гласот на Америка“ поднесоа тужба во која тврдат дека администрацијата на Трамп го претворила она што останало од медиумите во алатка за пропаганда, објави „Асошиејтед прес“. Во тужбата се тврди дека емисиите на „Гласот на Америка“ за населението на Иран, Кина, Северна Кореја и курдското население не се емитуваат како објективни извори на вести како што е пропишано со закон. Наместо тоа, тие ги повторуваат темите на Белата куќа ...

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, до Собранието ги испрати предлозите за пополнување на вицегувернерските позиции, објави Телма. За овие функции се номинирани Ана Митреска, која и досега ја извршуваше оваа должност, како и Игор Величковски, актуелен директор на сектор во институцијата. Кои се предложените кандидати? Двајцата предложени кандидати доаѓаат од внатрешните редови и структури на Народната банка: Ана Митреска: Игор ...

Агенцијата за катастар на недвижности денеска го објави Годишниот извештај од Регистарот на цени и закупнини за 2025 година, кој покажува дека пазарот на недвижности во земјава бележи значителен раст и стабилност. Со вкупно реализирани 33.381 трансакции, пазарот пораснал за 7,6% во споредба со претходната година. Финансиски рекорди и доминација на становите Вкупната вредност на пазарот во 2025 година достигнала 1,14 милијарди евра. Најголем ...

Граѓанската иницијатива „Охрид СОС“ упати остри критики до градежното претпријатие „Гранит“ и надлежните државни институции поради катастрофалната состојба во која се наоѓа објектот на поранешното училиште „Св. Сава“ во старото градско јадро на Охрид. Според активистите, овој објект од 19-от век кој е заштитен како културно добро, е оставен на забот на времето и е пред целосно обрушување. Парадокс: Градежен гигант не си го санира сопствениот ...

Oвeн – Дeнoт вe oxpaбpyвa aĸтивнo дa paзмeнyвaтe идeи, вo ĸoи вaшaтa диpeĸтнocт ќe бидe тecтиpaнa oд пoтpeбaтa зa пoвeќe диплoмaтиja. Oчeĸyвajтe нeoчeĸyвaни пoвици или пopaĸи ĸoи ќe бapaaт oд вac бpзo дa peaгиpaтe и дa paзмиcлитe нeĸoлĸy чeĸopи oднaпpeд. Moжeби ќe нajдeтe вpeдeн cojyзниĸ вo личнocтa нa ĸoja пpeтxoднo cтe ja дoживyвaлe caмo ĸaĸo cлyчaeн пoзнaниĸ. Биĸ – Baшeтo внимaниe e нacoчeнo ĸoн пpaĸтичнaтa пpимeнa нa вaшитe тaлeнти и ĸaĸo ...

Роден е во Дамаск од угледни родители. Откако насобра светска мудрост, не се задоволи и тргна да ја собира единствено духовната. Во Лаврата на свети Теодосиј се најде со монахот Јован Мосх кого го зеде за свој учител и тргнаа заедно да ги обиколуваат манастирите и подвижниците во Египет. Нивното мото беше: „секој ден стекни што повеќе духовна мудрост“. Сè што знаеја запишаа, а потоа го издадоа во две книги под името „Лемонариум“ (на словенски ...

Променливо облачно со сончеви периоди. Претежно во планинските региони ќе има услови за повремен дожд. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 16 степени. Во Скопје, променливо облачно. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 13 степени. Во среда и во ...

Електричните автомобили и падот на продажбата ја менуваат мапата на европската индустрија. Додека маржите се намалуваат, а конкуренцијата од Азија расте, производителите на делови се принудени да бараат спас во нови сектори – од соларна енергија до медицинска опрема. Германската индустрија за авто-делови, која со децении беше столбот на европската економија, се соочува со сурова реалност. По „златната деценија“ (2010–2020) во која ...

YouTube официјално ја препиша историјата на глобалната индустрија за забава, престигнувајќи го долгогодишниот лидер The Walt Disney Company по финансиски приходи. Во 2025 година, платформата генерираше рекордни 62,3 милијарди долари, оставајќи го зад себе традиционалниот медиумски гигант, чии телевизиски и филмски оддели пријавија 60,9 милијарди долари. Рекламите го победија Холивуд Главниот двигател на историскиот успех останува рекламниот ...

Изет Јилдизан, турски пејач, е приведен под сомнение за вмешаност во трагичното убиство на Кубилај Кан Кундакчи, 21-годишен фудбалер. Кундакчи беше убиен на 19 март во турскиот град Умраније, во област што му припаѓа на Истанбул. Алатин Кадаифчиоглу, син на Билал Кадаифчиоглу, турски милионер, набрзо беше уапсен како директен извршител на убиството. Јилдизан, еден од најпознатите турски фолк пејачи, исто така беше приведен во овој случај. Тој ...

Новиот државен јавен обвинител Ненад Савески најави дека ќе бара од обвинителите поретко да предлагаат затворски притвор и почесто да се применуваат поблаги мерки за обезбедување присуство на осомничените и обвинетите. Во интервју за 360 степени на МРТ, Савески истакна дека притворот е најригорозна, но и најскапа мерка, а дополнителен проблем се и нехуманите услови во притворските одделенија во државата. Според него, пред да се побара ...

Министерството за одбрана на Колумбија денеска соопшти дека воен авион од типот „Херкулес Ц-130“, од американско производство, учествувал во несреќа на југот на земјата, додека локалните медиуми наведуваат дека во леталато се наоѓале околу 110 војници. Министерот за одбрана на Колумбија, Педро Санчез, изјави дека несреќата се случила при полетување од база во колумбискиот дел на прашумата Амазонија, на границата со Перу, додека авионот ...

Цените на нафтата накратко паднаа под 99 долари на меѓународните пазари откако американскиот претседател Доналд Трамп го откажа нападот врз енергетската инфраструктура на Иран, смирувајќи ги стравувањата од иранска одмазда во Заливот. Барелот во Лондон се тргуваше за 13,47 долари пониско попладне отколку што беше затворен на 98,72 долари на крајот од минатата недела. На американскиот пазар беше за 11,31 долари понизок, на 86,92 долари. ...

Денеска (23.03.2026) полициски службеници од Отсекот за превенција и ПС БПС при СВР Велес, на неколку локации во Велес реализираа превентивна активност под мотото „Стави појас“. Преку непосредна комуникација, на граѓаните им беше потенцирана обврската за задолжително користење на сигурносен појас во возилата, но и за доследно почитување на сите сообраќајни правила и прописи. При тоа, уште еднаш им беше укажано дека користењето на сигурносни ...

Лидерката на француската крајнодесница Марин Ле Пен го пофали унгарскиот премиер Виктор Орбан за блокирањето на заемот од 90 милијарди евра од Европската Унија за Украина, објави Политико. „Би сакала да не мора да чекаме другите земји да донесат добри одлуки“, изјави Ле Пен за новинарите за време на посетата на Будимпешта за состанокот на групата „Патриоти за Европа“, во која се вклучени нејзиниот Национален собир и Фидес на Орбан. Ле Пен ...

Одделението за внатрешни работи Кратово поднесе кривична пријава против 38-годишниот Р.П. од Василево, кој се товари за напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста. Инцидентот се случил на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово, кога полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки се обиделе да сопрат возило „ауди а6“. Наместо да застане на јасно дадениот сигнал, возачот ги игнорирал наредбите и продолжил со ...

Бугарија влегува во нова предизборна кампања, а најновите анкети на јавното мислење покажуваат јасна предност за политичкиот проект на актуелниот претседател Румен Радев. Според истражувањето на агенцијата „Маркет Линкс“, Румен Радев (П БГ) во моментов ужива најголема доверба кај гласачите со 24,4% поддршка. Далеку зад него, на втората позиција се наоѓа коалицијата ГЕРБ-СДС на Бојко Борисов со 18,6%. Останатите политички субјекти кои според ...

Бугарската полиција вечерва спроведе масовна акција во која е запленето огромно количество фалсификувани пари. Според првичните информации на бугарските медиуми, пронајдени се околу еден милион лажни евра. Единицата за спречување перење пари и фалсификување (GDBOP) ги открила парите спакувани во кутии и кеси, скриени во автомобили на неколку различни локации низ Софија. Пет лица, меѓу кои и странски државјани, беа уапсени. Операцијата е сè ...

Тензична атмосфера, извици „срамота“ и серија прекини го одбележаа денешниот почеток на историскиот судски процес за железничката несреќа кај Темпи, во која пред три години животот го загубија 57 лица. Иако јавноста со години го чекаше правниот расплет, првото рочиште во Лариса траеше едвај пет часа и заврши со одложување за 1 април. Причината за дебаклот не беа правните аргументи, туку несоодветните услови во импровизираната судница во ...

Народната банка на Република Северна Македонија категорично ги отфрла тврдењата за наводна блокада на изборот на вицегувернери и уверува дека институцијата функционира без никакви пречки. Од централната банка појаснуваат дека сите предлози за нови вицегувернери се веќе доставени до Собранието по завршување на јавниот повик. Со тоа, законската процедура во оваа фаза е целосно во надлежност на законодавниот дом. Законски гаранции за стабилност ...

Македонската новинарска сцена изгуби едно од своите најпрепознатливи имиња. На 77-годишна возраст почина Гоце Контевски, долгогодишен новинар, уредник и вистински бард на пишаниот збор. Целиот свој професионален век Контевски го посвети на весникот „Вечер“, каде помина низ сите скалила на новинарската професија – од млад приправник до заменик и вршител на должност главен уредник. Неговата кариера останува забележана како пример за посветеност ...

Согласно Одлуката на Владата на РСМ за определување на видот на добрата и временскиот период на примена на повластена даночна стапка, донесена на вонредна Владина седница одржана на ден 22 март 2026 година, во периодот од 24 март (00:01 часот) до 6 април (24:00 часот) 2026 година ќе се применува повластена даночна стапка на прометот на енергенсите (горивата) од 10%. Управата за јавни приходи ги известува сите даночни обврзници кои вршат ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
1.54
75%
1017
weather icon

Белград

10ᴼ / 7ᴼ
4.12
57%
1016
weather icon

Загреб

12ᴼ / 7ᴼ
1.03
46%
1019
weather icon

Софија

8ᴼ / 7ᴼ
2.06
52%
1016
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
3.61
60%
1014
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 6ᴼ
1.03
80%
1020
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
4.12
74%
1015
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
71%
1016
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
3.6
41%
1018
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 8ᴼ
2.06
62%
1011
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 12ᴼ
4.12
45%
1015
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 9ᴼ
1.54
78%
1014
Currency

61.6317

Currency

52.6828

Currency

71.0562

Currency

37.583

Currency

38.4534

Currency

66.9932

Currency

7.7178

Currency

0.69429

Currency

0.32976

Currency

0.52422

Currency

1.17288

Currency

0.55935

Сребро

2399.81

Иридиум

253540.09

Калај

50.34

Злато

151336.48

Алуминиум

3.59

Бакар

12.11

Цинк

0.00

Рутениум

53788.20

Паладиум

46843.64

Платина

64365.79

Кобалт

45.39

Родиум

326330.08