Двајца мажи се повредени во сообраќајна несреќа што се случила утринава на Скопската обиколница, кога товарно возило излетало од коловозот и завршило во канал покрај патот. Како што информираат од Министерство за внатрешни работи на Северна Македонија, несреќата била пријавена околу 06:20 часот во СВР Скопје. Станува збор за камион „мерцедес“ со приколка и косовски регистарски ознаки, кој излетал од патот на делницата околу еден километар ...

Од коалицијата ВЛЕН реагираат со критики упатени кон ДУИ, оценувајќи дека партијата со години наназад имала долги мандати во влади, но без, како што наведуваат, суштински и долгорочни решенија за прашањата поврзани со правата на Албанците. Во соопштението се наведува дека, според ВЛЕН, периодот на владеење на ДУИ во изминатите две децении бил обележан повеќе со политички популизам отколку со конкретни реформи и системски решенија, при што дел ...

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи на патот Бургас–Малко Трново, во близина на границата со Турција, загинаа две лица, а најмалку 16 се повредени, јавуваат локалните медиуми. Според првичните информации, инцидентот се случил со украински автобус во кој се наоѓале 37 патници и двајца возачи. Возилото претходно застанало поради недостиг на гориво, по што патниците биле изведени надвор и се собрале во негова близина. Во еден момент, ...

Европските берзански индекси денеска бележат претежно благ раст, откако американскиот претседател Доналд Трамп го продолжи двонеделното примирје меѓу САД и Иран. Во меѓувреме, цената на нафтата Брент се движи околу 98 долари за барел. Трамп во објава на својата социјална мрежа Truth Social наведе дека примирјето, кое претходно требало да заврши во среда, ќе трае сè додека иранските лидери не достават заеднички предлог за завршување на ...

Сведокот на обвинителството, Теа Ѓорѓиева, денеска пред судот евоцираше трауматични спомени од почетокот на кобниот пожар. Нејзиното сведоштво открива како забавата за секунда се претворила во борба за живот и како првичната несериозност кон пламенот довела до хаос и заглавување во толпата. Одговарајќи на директните прашања на Обвинителството, Ѓорѓиева откри клучни детали за моментот кога избувнал огнот. Таа посочи дека пиротехниката не била ...

Европскиот авио-сектор се соочува со сериозен притисок поради поскапувањето на горивото, што веќе носи конкретни последици врз бројот на летови и цените на билетите. Во такви услови, германскиот авиопревозник Луфтханза презема драстични мерки за намалување на трошоците. Како што објави Фајненшл Тајмс, компанијата ќе откаже околу 20.000 летови во периодот од мај до октомври, со цел да заштеди гориво. Веќе од понеделник се укинати приближно 120 ...

Австралискиот регулатор за е-безбедност побара од платформите за онлајн игри, вклучително и Roblox, Minecraft, Fortnite и Steam, да дадат детални објаснувања за тоа како ги штитат децата од сексуална злоупотреба и радикализација. Регулаторот издал правно обврзувачки барања кои се однесуваат на безбедносните системи, модерацијата, персоналот и примената на сајбер-протоколи, со предупредување дека непочитувањето може да доведе до казни и ...

Јавното претпријатие ЈП Комунална хигиена-Скопје информира дека започна акција наменета за корисниците кои имаат заостанати долгови евидентирани преку ЈП Водовод и канализација-Скопје, по основ на неплатени сметки за собирање и транспортирање на комунален отпад. Со оваа мерка, на граѓаните им се овозможува да ги подмират своите обврски без пресметување камата за задоцнето плаќање. Акцијата се однесува и на редовни и на тужени долгови, со цел ...

Утрово корисниците ширум светот се соочија со проблеми при користењето на Facebook, откако популарната социјална мрежа привремено престана да функционира. Според првичните информации, дел од корисниците не можеле да се најават на своите профили. Проблемите биле пријавени и на мобилната апликација и на веб-верзијата. Засега нема официјално објаснување од компанијата Meta Platforms за причините за прекинот, ниту колку долго траел падот. Слични ...

Во Македонија утрово се измерени ниски температури, при што најстудено било на Попова Шапка со -2 степени, додека 0 степени се регистрирани во Маврови Анови. Во Крушево температурата изнесувала 1 степен, 4 степени се измерени во Охрид, а 5 степени во Крива Паланка, Тетово, Битола, Прилеп и Берово. Во Претор се измерени 6 степени, 7 во Виница, додека 8 степени се регистрирани во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Велес, Куманово, Штип, ...

Овен Денешниот ден носи топлина во домот и во односите со блиските луѓе. Може да почувствувате поддршка или да ја најдете во семејството. Позитивниот пристап ви помага да се смирите. Бик Комуникацијата е полесна и попријатна. Разговор со блиска личност може да донесе олеснување или нова перспектива. Денот носи убави моменти преку зборови. Близнаци Фокусот е на стабилноста и на практичните работи. Денес може да се појави можност што ќе ви ...

Од благороден род и добро воспитан во благочестивата вера. Во времето на царот Јулијан Отстапник, кога во Кесарија со Црквата Божја управуваше светиот Василиј Велики, Евпсихиј стапи во брак со една угледна девојка. Но, не му беше дадено да поживее во брак ниту еден ден. Зашто во времето на неговата свадба се погоди незнабожечкиот празник на принесување жртви на идолот Фортуна. Евпсихиј отиде со другарите и ги искрши сите идоли во храмот, па и ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави вечерва, на 21 април, дека примирјето со Иран е продолжено, но дека блокадата ќе остане во сила. Во продолжение објавата на Трамп на социјалната мрежа Truth Social: „Врз основа на фактот дека иранската влада е сериозно поделена, што не е неочекувано, и на барање на фелдмаршалот Асим Мунир и пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф, побарано е да го одложиме нападот врз Иран додека нивните лидери и ...

Повеќе од шест недели откако беше прогласен за нов врховен лидер по атентатот врз неговиот татко, Иранците сѐ уште ниту го виделе ниту го слушнале Моџтаба Хамнеи. Во услови на конфликт што се смета за егзистенцијална закана за режимот кој владее со земјата речиси половина век, неговото отсуство е забележливо. Наместо тоа, изјавите што му се припишуваат на 56-годишниот клерик се читаат на националната телевизија или се објавуваат на ...

Лидерот на Движењето за Нова Република, Ивон Величковски, повика на радикални промени во правосудниот систем, вклучително и еднократен реизбор на судии и обвинители во Собранието, со цел враќање на довербата во институциите. Во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ.мк, Величковски изјави дека државата располага со доволен кадар, но дека проблемот е во довербата и отчетноста. „Нема да останеме без судии, затоа што нашата Академија за судии и ...

Потребата од „нов почеток“ и дистанцирање од старите политички практики е главната причина за формирањето на Движењето за Нова Република, вели неговиот лидер Ивон Величковски, кој најавува сериозни системски реформи. Говорејќи во „Ноќно студио“, тој потенцира дека политиката во земјава со децении останува заробена поради нерешени прашања и нетранспарентни практики. „Сето тоа ја врзува политиката и ја држи зачмаена… веќе триесетина години“, ...

Лидерот на Движењето за Нова Република, Ивон Величковски, вели новиот политички пристап е базиран на пресек со минатото и конкретни мерки против корупцијата, оценувајќи дека државата со години се врти во „затворен круг“. Во гостување во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ.мк, Величковски посочи дека формирањето на новото движење произлегло од потребата за одговорност и нов почеток. „Мораше да помине период во кој што сопствената грешка… морав да ...

„Нели ви е преку глава од дволичноста и двојните стандарди на „големите“ партии? Законот треба да важи еднакво за сите! Како што важи за претседателот на државата, за јавниот обвинител, за амбасадорите – така да важи и за сите избрани и именувани лица. БЕЗ ИСКЛУЧОК. ОД ДЕНЕС! Еве, нека немаат двојно државјанство и пратениците, и министрите, и директорите – сите. И тоа да важи за СЕГАШНИТЕ, без одлагање“, пишува во објава на социјалните мрежи ...

Оваа држава има најголема војска во светот според вкупниот број на персонал, со повеќе од 7 милиони војници, главно составени од резервни и паравоени сили. Според податоците на Global Firepower за 2026 година, Бангладеш е на прво место во светот по вкупен број воен персонал со над 7 милиони луѓе. Овој огромен број речиси целосно го сочинуваат паравоени сили и резервен состав, а не активни трупи, кои бројат приближно 204.000. Клучни детали од ...

Нафтоводот „Дружба“, преку кој руската нафта се транспортира во Европа, е подготвен за повторно ставање во функција, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски, сигнализирајќи дека Киев сега очекува деблокада на пакетот помош вреден 90 милијарди евра. „Украина ги заврши поправките на дел од нафтоводот „Дружба“ кој беше оштетен во руски напад. Нафтоводот може да продолжи со работа“, напиша Зеленски на платформата X. Прекинот на ...

Цената на нафтата од 100 долари за барел во подолг временски период би можела да ослободи до 2,1 милион барели дневно дополнителна понуда во Јужна Америка до средината на 2030-тите, објави во средата компанијата за енергетски истражувања Rystad Energy. Rystad сега предвидува дека барел нафта оваа година во просек ќе чини 89 долари. Уште во јануари проценуваа дека просечната цена ќе изнесува 60 долари. Тоа би требало да значи за земјите од ...

Како што се приближува крајот на примирјето меѓу САД и Иран, а неизвесноста околу понатамошните преговори расте, Техеран порача дека е подготвен да ги продолжи борбите. Полуслужбената агенција Тасним јавува дека Иран е „целосно подготвен за можноста од повторно избувнување на војна“. Оваа подготвеност, наводно, вклучува преместување на воени сили, изработка на список на цели и подготовка на „нови изненадувања“. Ваквите пораки доаѓаат по ...

Интензивна потрага по сторителот на тешкото кривично дело Црногорската полиција соопшти дека спроведува интензивна акција за пронаоѓање на 25-годишниот Вехид Муриќ од Рожае, кој е главен осомничен за тројното убиство извршено во подгоричката населба Стари Аеродром. Трите безживотни тела беа пронајдени рано наутро на 21 април во куќа во споменатата населба. Како што соопштија од Управата на полицијата, сите расположливи капацитети се ставени ...

Поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата, Татјана Димитровска, се соочува со обвинение за кривично дело „компјутерски фалсификат“, откако, според обвинителството, две години по ред испитот за безбедносен сертификат го полагало друго лице во нејзино име. Станува збор за ревизорот во Државниот завод за ревизија, Миле Столевски, кој, според презентираните докази, користел нејзини пристапни податоци за да се ...

Царинската управа (ЦУ), согласно своите законски надлежности, започнува со етапно царинење на употребувани автомобили со цел олеснување на увозот и непречено одвивање на процесите на царинење. Притоа, посочуваат од ЦУ, ќе користи други расположиви податоци, наместо податоци од електронскиот Шваке систем до којшто, во светски рамки, е оневозможен пристап поради скорешен сајбер напад. -Царинската управа е во комуникација со Групацијата ...

Фондацијата САСА потпиша договори за доделување грантови со четири бизнис проекти кои се дел од Акцелераторската програма „Започни ја својата бизнис авантура во Македонска Каменица“, наменета да им помогне на локалните претприемачи да започнат или развијат свои бизниси, со што директно се поттикнува локалниот економски развој. Четирите бизнис идеи избрани од страна на стручна комисија, кои од фондацијата САСА ќе добијат грантови за ...

Во Основниот суд во Штип денеска беа изнесени завршните зборови за свирепото убиство на 79-годишната Борјанка Николова. Додека обвинителството бара најстрога казна за 74-годишниот Денис Асанов, неговата одбрана инсистира на ослободителна пресуда, тврдејќи дека тој е невин. Обвинителката Александра Здравкова-Стојанова во своето обраќање го опиша делото како грозоморно и монструозно. Според обвинението, Асанов немилосрдно ја убил жената, по што ...

Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за пратениците, со кој се предлага воведување услов пратеник да може да биде само лице кое има исклучиво македонско државјанство. Иницијативата, објавена од пратеникот Антонијо Милошоски, е поднесена по скратена постапка, а ја потпишуваат и пратениците Никола Мицевски, Бојан Стојаноски, Марија Петрушевска и Игор Здравковски. Со предложените измени, ...

Владата на Република Северна Македонија, на предлог на Министерството за економија и труд, во координација со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, донесе пакет одлуки со цел стабилизирање на пазарот на ѓубрива, заштита на земјоделците и обезбедување континуирано снабдување во пресрет на земјоделската сезона. Овие одлуки се донесени согласно Законот за трговија, а врз основа на претходно направена анализа од страна на ...

Затворски казни за одговорните во Турција Турскиот суд донесе правосилна пресуда со која осум лица се осудени на затворски казни поради нивната одговорност во трагичниот инцидент со жичарница во летувалиштето Анталија. Несреќата се случи на 12 април 2024 година, за време на празникот Рамазан Бајрам. Детали за несреќата Трагедијата се случила на линијата што ги превезува туристите од плажата Коњаалти до врвот Тунектепе. Една од кабините на ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
1.18
43%
1016
weather icon

Белград

27ᴼ / 25ᴼ
3.13
54%
1013
weather icon

Загреб

25ᴼ / 25ᴼ
1.87
66%
1012
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
2.93
44%
1016
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
3.66
43%
1014
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 25ᴼ
0.89
56%
1012
weather icon

Атина

28ᴼ / 25ᴼ
3.13
43%
1015
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
2.05
40%
1016
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
1.78
45%
1016
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 25ᴼ
1.34
51%
1012
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 22ᴼ
2.68
55%
1012
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 21ᴼ
1.45
63%
1016
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Цинк

0.00

Кобалт

45.39

Родиум

257205.97

Бакар

13.01

Паладиум

40767.15

Калај

53.60

Платина

55170.68

Сребро

2186.28

Рутениум

48965.59

Алуминиум

3.54

Злато

135639.33

Иридиум

253540.09