Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска порача дека никогаш нема да биде заборавена жртвата на осуммината припадници на македонската полиција кои загинаа во кумановско Диво Насеље на 9 и 10 мај 2025 година. - Нивната жртва никогаш нема да биде заборавена. Вечна слава на македонските херои! Во мај 2015 година, во кумановско Диво Насеље, осуммина припадници на македонската полиција застанаа во одбрана на државата и безбедноста на ...
Седум лица биле лишени од слобода за семејно насилство, а со еден бил извршен службен разговор, вкупно девет пријави во последното деноноќие, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи. Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи - Куманово лишиле од слобода двајца кумановци на возраст од 49 и 34 години поради физички напади врз нивните мајка и сопруга. Полициски службеници од СВР - Скопје го лишиле од слобода И.Б., на ...
Медицинските сестри и акушерки се јадрото на здравствениот систем. Без нив е невозможно да се замисли ниту еден процес од превенција, преку дијагноза, па сè до рехабилитација и поддршка на пациентите и нивните семејства, изјави министерот за здравство Азир Алиу на денешното одбележување во Скопје на Неделата на сестринството, што е од 5 до 12 мај. Петти мај се одбележува како Ден на акушерките, а 12 -ти како Меѓународниот ден на медицинските ...
Рускиот претседател Владимир Путин синоќа изјави дека според него - украинскиот конфликт се ближи кон крајот и додаде дека ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски само кога ќе се постигне траен мировен договор. „Мислам дека прашањето се ближи кон крај“, изјави Путин за војната во Украина. На прашањето дали е подготвен да се вклучи во разговори со лидерите на Европската Унија, Путин им рече на новинарите во Кремљ дека го ...
Велика Британија соопшти дека го испраќа својот воен брод „Драгон“ на Блискиот Исток како подготовка за евентуална меѓународна акција за заштита на движењето на бродови низ Ормуската Теснина. Разурнувачот „Драгон“, опремен со системи за воздушна одбрана, беше испратен во источниот Медитеран во март, кратко по почетокот на војната со Иран, за да помогне во одбраната на Кипар. Неговото преместување на Блискиот Исток следи по потегот на Франција ...
Крузерот што е во центарот на епидемијата на хантавирус стигна во близина на шпанскиот остров Тенерифе, од каде се очекува да се истоварат 147 патници како дел од внимателно организирана меѓународна операција за нивно враќање во нивните матични земји. Бродот „Хондиус“ ќе се закотви во пристаништето Гранадиља на Канарските Острови, а потоа ќе продолжи кон Холандија. Откако бродот ја напушти Аргентина минатиот месец, три смртни случаи се ...
Коалицијата ВРЕДИ вчера на Конгрес во Скопје во присуство на 850 делегати се обедини во еден политички субјект. Ко-претседателот на ВРЕДИ и градоначалник на Чаир Изет Меџити во изјава за медиуми истакна дека во албанскиот кампус имало монопол подолг период, гласачите барале промени и така се родила коалицијата ВРЕДИ. -Гласачите бараа промени уште пред десетина години, но проблемот беше кај опозицијата. Ние тоа го прочитавме добро и се ...
Синоптичарите за денеска најавија променливо облачно време со сончеви периоди. Попладне се очекува повремен локален дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12, а максималната ќе достигне од 21 до 27 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до ...
Со премиерата на две оперски претстави од Џакомо Пучини – „Сестра Анџелика“ и „Џани Скики“, вечерва во 20 часот ќе биде отворен 54. фестивал „Мајски оперски вечери“ во Националната опера и балет во Скопје. Фестивалскиот оган ќе го запали нашата сопранистка со меѓународна кариера, Ана Дурловски. Седум оперски претстави од Пучини и Верди ќе бидат на програмата на врвниот фестивал, кој ќе трае до 31 мај. Со премиерата на две оперски претстави ...
Во мигови кога сцената треба да блесне во духот на Мајските оперски вечери, оние што ја создаваат културата велат дека се оставени на маргините. Синдикатот за култура, во пресрет на отворањето на фестивалот, преку протест ќе го крене својот глас пред Националната опера и балет, барајќи достоинствени услови, почит и вреднување на трудот со кој со години ја градат македонската културна сцена. Во мигови кога сцената треба да блесне во духот на ...
Мицкоски е за евроинтеграции, но не по цена на идентитетот, додека Филипче има став дека се потребни уставни измени за влез на Македонија во евроатлантското семејство. Денот на победата над фашизмот повторно ги подели власта и опозицијата. Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека Македонија се соочува со голема фрустрација поради препреките и неразумните спорови на евроинтегративниот пат, кој, според него, останува единствен, но не по цена ...
Зборуваат за европски вредности – а замижуваат пред одговорност... Европа не е политички слоган, туку институции кои спречуваат трагедии — нов марш и порака на родителите на жртвите од Кочани. Денес велат: Европа слави мир, демократија, солидарност и човечко достоинство, а тие се исправени пред сурова и понижувачка контрадикторност. Зборуваат за европски вредности – а замижуваат пред одговорност... Европа не е политички слоган, туку ...
Километарската оддалеченост и животот во Скандинавија не ги прекинаа нивните духовни врски со Балканот. Двајцата млади родители од Србија Милица и Александар Селениќ, кои својот дом го изградиле во далечната Норвешка, решија нивното дете да го крштеваат токму во Охрид во манастирот Св.Наум. Специјално за крштевката тие поминаа илјадници километри, носејќи ја вербата и традицијата со себе. За нив, Охрид не е само туристичка дестинација, туку ...
Личното доживување на три дена што се спојуваат во еден – точно напладне, пренесено на платно со неговата специфична и карактеристична техника е пред грчката јавност преку самостојна изложба „Три дена на пладне“ на успешниот македонскиот ликовен уметник Александар Зафировски, кој во разговор со дописничката на МИА не го крие задоволството од првата изложба во Атина и тоа што неговото меѓународно присуство сега се проширува и во Грција. Во ...
Научниот институт за тутун – Прилеп ќе добие поддршка од 25.500.000 денари за набавка и инсталирање на современа опрема за одгледување на расад на тутун во оранжерии во контролирани услови на површина до 0,6 хектари, најави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски. Министерот Трипуновски во објава на Фејсбук сподели дека ги посетил лабораториите на Институтот во кои се врши анализа на почва и производи ...
Балансот помеѓу фискалната консолидација, обезбедување економски раст и спроведување мерки за заштита на стандардот на граѓаните и поддршка на економијата се клучни во услови на континуирана и продлабочена геополитичка неизвесност. Ова го порачала министерката за финансии на 9-тата Меѓународна конференција Влијанието на геополитичките промени и вооружените конфликти врз процесот на проценување што во организација на Комората на проценувачи на ...
По претходна пријава во СВР Велес од страна на граѓанин чие малолетно дете било во автобус со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Скопје, кој се враќал од екскурзија, дека автобусот неколку пати останувал дефект по пат, на 08.05.2026 во 22:50 часот, на наплатна станица „Отовица“, на автопатот Велес-Скопје, од страна на полициски службеници од СВР Велес, бил сопрен автобус „сетра“ со скопски регистарски ознаки управуван ...
Делегација на ЕУ во земјава денеска во Градскиот парк во Скопје е домаќин на централниот настан по повод Денот на Европа, кој е отворен за сите граѓани. Манифестацијата започна со настап на детски танцови групи пред летната сцена „Школка“, а потоа напладне евроамбасадорот Михалис Рокас и официјално со пригоден кус говор и порака го прогласи настанот за отворен. Во Градскиот парк со евроамасадорот денеска беа и министерот за европски прашања ...
Во рамки на широка кампања за промоција на органодарителството, што се реализира под мотото „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста“, д-р Марина Трајковска, анестезиолог во ГОБ „8 Септември“, апелира секој граѓанин да разговара со своето семејство за одлуката да биде донор на органи. Со изборот да биде донор, граѓанинот избира да подари некому живот, се истакнува во денешното соопштение на Министерството за здравство. - ...
Вештачката интелигенција е реалност. Таа не е повеќе иднина и ние мора да сме свесни за тоа и мора да вложуваме сѐ повеќе и повеќе и да ја користиме за да ги ефектуираме процесите, за да побрзо стигнуваме до иновациите, за да можеме технолошкиот развој да го забрзаме. Бидејќи ако не го правиме тоа, ние ќе заостанеме - ќе останеме изолирани и заборавени од светот. Мора да држиме чекор со она што се случува во светот, нагласи министерката за ...
Со длабока почит се сеќаваме на осуммина припадници на безбедносните сили, чии животи згаснаа, на 9 и 10 мај во 2015 година. Нивната жртва е вечен симбол на храброст, посветеност и несебично служење за татковината, објави денеска кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски. -11 години непребол нè потсетуваат и обврзуваат достоинствено да оддадеме почит, да градиме иднина без вакви трагични последици! Имаме должност да создаваме иднина на ...
Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска во изјава по повод 9 Мај - Денот на Европа упати критки до власта дека ја држи државата изолирана од Европа и посочи дека треба да се направат уставни измени за да почнат преговорите за членство во Европската унија. -Денес го славиме Денот на Европа и Денот на победата над фашизмот. И на Денот на Европа можевме да имаме многу повеќе причини да славиме, еве, например, како Црна Гора, која што води ...
Претседателот на Советот на ЕУ Антонио Кошта денеска преку видео порака го честита Денот на Европа на македонските граѓани, наведувајќи дека иднината на земјава е во Европската Унија. -Почитувани граѓани на Северна Македонија, денеска ви се обраќам како на идни членови на Европската Унија. На Денот на Европа го славиме нашиот заеднички европски потфат - моментот кога земјите основачки избраа единство наместо поделба и соработка наместо ...
Проблем со снабдување со керозин нема, имаме резерви за 90 дена иако законски мора да имаме за 60 дена. И покрај кризата отвораме пет нови дестинации од охридскиот и скопскиот аеродром, изјави вицепремиерот Александар Николоски. - Со керозин покрај тоа што се снабдуваат скопскиот и охридскиот аеродром, се снабдува целосно аеродромот во Приштина и делумно аеродромот во Ниш. Успеавме Скопје да го направиме центар на четири аеродроми кој што ...
Потребно ни е обединување во заедничката борба за подобар живот, посилна економија, праведно општество и држава во која младите ќе сакаат да останат, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски, на свеченоста пред Владата по повод 9 Мај - Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, под слоганот „Победа, принципи и вредност“. - Како народ отсекогаш сме знаеле дека силата е во заедништвото. Во нашата историја имало моменти кога сме биле ...
Денеска се навршуваат единаесет години од вооружената престрелка во кумановско „Диво насеље“. На 9 и 10 мај 2015 загинаа осум припадници на безбедносните сили. Во 28-часовните престрелки, животот го загубија припадниците на безбедносните сили – Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ, кои посмртно се одликувани со медали за храброст. Во ...
Со премиери на две оперски претстави од Џакомо Пучини - „Сестра Анџелика“ и „Џани Скики“, вечер во Националната опера и балет ќе бидат отворени 54. „Мајски оперски вечери“. Првпат две претстави ќе бидат изведени на почетокот на фестивалот. Официјално ќе биде отворен со палење на фестивалскиот оган од сопранистката со меѓународна кариера Ана Дурловски, која вечер ќе настапи во втората опера на Пучини. Годинава МОВ е во знакот на дела од Џакомо ...
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека би сакал прекинот на огнот во војната на Русија во Украина да трае повеќе од три дена. „Би сакал тој (конфликт) да заврши“, додаде тој. Трамп, исто така, рече дека рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски веднаш се согласиле со неговиот предлог за привремено прекин на огнот. „Јас го побарав тоа и претседателот Путин се согласи... Зеленски се ...
Германскиот министер за финансии Ларс Клингбajл повика на поблиска економска соработка со Канада, наведувајќи ги зголемените геополитички тензии и економските последици од конфликтот со Иран, јави ДПА. Зборувајќи за време на состанокот во Торонто со канадскиот министер за финансии Франсоа-Филип Шампан, Клингбеил рече дека Европа мора да ги намали своите стратешки зависности и да ја зајакне својата економска отпорност и суверенитет. „Станува ...
Нов меѓупартиски сојуз на европратеници повикува на брзо создавање „европски одбранбена сојуз“, јави ДПА. „Да сметаме единствено на САД за одбрана на Европа е опасен ризик“, се вели во соопштението потпишано од пратеници од целиот политички спектар, вклучувајќи ги Германците Мари-Агнес Штрак-Цимерман, Михаел Галер и Тобијас Кремер. Тие наведуваат дека се потребни структури што ќе им овозможат на земјите да дејствуваат дури и без НАТО ...