Скопје
17ᴼ /
17ᴼ
Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, изјави дека рускиот претседател Владимир Путин може да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски само за финализирање на договорите за решавање на конфликтот. Путин е подготвен за средба со Зеленски, но разговорите треба да бидат продуктивни и да се одржат во фаза на „финализирање на договореното“, појасни Песков. „Клучно е која е целта на средбата. За што е средбата? Путин кажа дека е ...
Соопштение на Партија на пензионери: Партијата на пензионери, во потполност го поддржува влегувањето во собраниска процедура на Предлог Законот со кој би се забранило да пратениците во македонското Собрание поседуваат двојно државјанство, што е едно од нашите залагања како партија одсекогаш. Исто така бараме и ја подржуваме идејата да ова правило се имплементира за сите избрани функционери на сите рамништа на управа во целата земја. Со ...
Поради зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе бидат: – од 4.30 до 15.30 часот корисниците од фирмите „Стил железо“, „Електроводомонд“, „Европа 92“, како и корисниците од улиците „1506“, „1550“ и „Дани Калош“ во Индустриската зона Момин Поток во општина Карпош, – од 8.30 до 14 часот корисниците од ул. „Роман Каскалиевиќ“ во населбата Сингелиќ во општина Гази Баба, – од 9 до 12 часот и корисниците од ...
Иранскиот национален тим подготвен за Мундијалот Иран потврди дека неговата фудбалска репрезентација е целосно подготвена за настап на Светското првенство во 2026 година, кое и заеднички ќе го организираат САД, Канада и Мексико. Портпаролката на иранската влада, Фатемех Мохајерани, изјави за државниот емитер IRIB дека Министерството за спорт и млади ги презело сите неопходни чекори за учество на тимот. Според наводите што ги пренесува ...
Иранската револуционерна гарда заплени два трговски брода Иранската национална гарда го пресретна и заплени контејнерскиот брод “MSC Francesca”, како и бродот “Epaminondas”, додека пловеле низ стратешки важниот Ормуски Теснец. Иранските власти тврдат дека бродовите биле запленети поради „непочитување на поморските прописи“ и наводна поврзаност со Израел. Црногорски поморци меѓу екипажот Министерството за поморство на Црна Гора потврди ...
Голема афера во италијанскиот фудбал Италијанскиот фудбал е погоден од нова голема афера која предизвика огромно внимание во јавноста и низа шпекулации поради споменувањето на славни имиња од светот на спортот. Според пишувањата на водечките италијански медиуми, во центарот на случајот се наоѓа организирана мрежа која, под маската на луксузни настани, нудела ексклузивни услуги на имотни клиенти. Детали за истрагата Станува збор за настани ...
Регистриран е земјотрес со магнитуда од 4,3 степени според Рихтеровата скала во источниот дел на Турција. Потресот се случил во околината на гратчето Патнос, лоцирано во округот Агри, денеска, во 17:17 часот по локално време. Според информациите од турската Дирекција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД), објавени преку агенцијата Анадолија, засега нема извештаи за повредени лица или за предизвикана материјална штета. ...
Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека е можно во следните три дена да се одржи втор круг преговори помеѓу Соединетите Американски Држави и Иран. Оваа информација доаѓа во период на засилени дипломатски активности со цел деескалација на тензиите меѓу двете земји. Дипломатско посредништво на Пакистан Според извештаите на „Њујорк Пост“, кои се повикуваат на неименувани извори од Пакистан, новата средба се очекува да се одржи во ...
Пресвртница во Брисел: Формирана работна група за пристапниот договор Амбасадорите на земјите-членки на Европската унија донесоа одлука за формирање на посебна ад-хок работна група која ќе работи на изработка на Договорот за пристапување помеѓу ЕУ и Црна Гора. Ова е првпат по 12 години Унијата да покрене ваква процедура за нова земја-членка. Информацијата ја потврди Јохан Сатлер, амбасадор на ЕУ, истакнувајќи дека ова се одлични вести од ...
Иран соопшти дека денеска запленил два контејнерски брода кои се обидувале да излезат од Персискиот Залив преку Ормуската Теснина. Иранската новинска агенција Тасним, блиска до Корпусот на исламската револуционерна гарда (ИРГЦ), извести за заплените и пренесе предупредување од морнарицата дека секое нарушување на безбедноста во Ормуската Теснина ќе се смета за преминување на „црвена линија“. Заплените бродови се „МСЦ Франческа“ (MSC ...
Тексас може да бара Десетте Божји заповеди да бидат истакнати во сите државни училишта. Ова е одлуката на федералниот апелационен суд во САД, која претставува значајна победа за конзервативците кои долго време се залагаат за поголемо присуство на религијата во образованието. Судската одлука и нејзиното значење Одлуката беше донесена со 9 наспроти 8 гласа од страна на Петтиот апелационен суд на САД. Според мнозинството судии во судот во Њу ...
Насилен упад во семеен дом во Максимир Рано утринава, околу 04:10 часот, во семејна куќа во загрепската населба Максимир се случил насилен упад. Според информациите од полицијата, тројца непознати мажи влегле во домот каде ги затекнале 65-годишниот сопственик, 62-годишна жена и еден малолетник. Текот на нападот Веднаш по влегувањето, напаѓачите физички го нападнале 65-годишниот маж, нанесувајќи му повреди со остар предмет. И покрај ...
Европската комесарка за проширување Марта Кос објави дека земјите членки на Европската Унија донеле одлука да започне изготвувањето на Договорот за пристапување на Црна Гора во ЕУ, оценувајќи го чекорот како значаен напредок на Подгорица кон полноправно членство. Според Кос, ова претставува јасно признание за реформскиот напредок што го постигнала Црна Гора, но и дополнителен поттик земјата да го забрза спроведувањето на неопходните ...
Надворешната канцеларија за криминалистички работи во Делчево поднесе кривична пријава против две лица од Делчево, на возраст од 49 и 38 години, поради основано сомнение дека сториле кривично дело „вонбрачен живот со дете“, казниво според член 197 став 2 од Кривичниот законик. Како што информираат надлежните, пријавените, како родители, во периодот од септември 2023 година ѝ дозволиле на нивната малолетна ќерка да живее во вонбрачна ...
Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа денеска во Виена одржа билатерална средба со сојузниот министер за земјоделство и шумарство, заштита на климата и животната средина, региони и управување со води, Норберт Тошниг. Разговорите се фокусираа на три клучни области: управување со води, заштита на природата и зелена транзиција. Министерот Хоџа ги претстави приоритетните инвестиции во секторот води, а беше ...
Соопштение од Демократска партија на Турците Демократска Партија на Турците на Македонија – ДПТМ внимателно, одговорно и со висок степен на посветеност го следи процесот на измените на Законот за високото образование. Во таа насока, преку континуирани консултации со релевантни институции, како и со експерти од областа на правото и образованието, нашите ставови, оценки и резерви – особено во однос на заштитата на правата и стекнатите ...
Синдикатот на администрација, државната управа и правосудство на Македонија (САДУПМ) го проширува своето дејствување и мрежа во рамките на државниот апарат. Според најновото решение од Централниот регистар донесено денеска (22 април 2026 година), официјално се запишани три нови синдикални подружници во клучни државни институции. Промените се евидентирани врз основа на одобренија и известувања од Министерството за економија и труд. Со ова, ...
Прилепскиот капацитет за наменско производство „11 Октомври – Еурокомпозит“ излегува од стечајните води и преминува во рацете на приватни инвеститори, покажуваат најновите документи од Централниот регистар. Според официјалните решенија донесени овој месец, стечајната постапка е и официјално заклучена. Сепак, паралелно со сопственичките промени, евидентирано е и одземање на дозволата за приватно обезбедување која ја поседуваше фабриката. ...
Во рамки на официјалната посета на Австрија, денеска во Виена се одржа пленарна средба на двете владини делегации, на која министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, се осврна на приоритетите во процесот на зелена трансформација. Хоџа нагласи дека земјата се соочува со наследени еколошки предизвици и дека фокусот е на нивно решавање преку трајни системи и капитални инвестиции. Меѓу приоритетите издвоени пред двете ...
Во рамки на официјалната посета на Австрија, владината делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски, во чиј состав е и министерката Сања Божиновска, оствари средба со канцеларот на Австрија, Кристијан Штокер. Фокусот на разговорите беше ставен на економијата, енергетската сигурност и регионалната стабилност, при што беше потенцирана поддршката за европската интеграција на Македонија и важноста од зајакнување на енергетската ...
Заменик претседателот на Владата, Александар Николоски е во работа посета на Австрија, како дел од делгацијата предводена од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. По средбите со канцеларот Кристијан Штокер, тој на својот фејсбук профил објави: ” Денеска присуствував на средби со канцеларот Штокер и високи претставници на Владата на Австрија, како дел од делгацијата предводена од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. Во ...
Ученикот од штипската гимназија „Славчо Стојменски“, Даниел Христов, се закити со бронзен медал на престижната Менделеева олимпијада по хемија, која се одржа во Москва, Русија. Овој успех доаѓа во конкуренција на најталентираните млади научници од целиот свет, потврдувајќи го високиот капацитет на македонските ученици на меѓународната сцена. Од неговото матично училиште не ја кријат гордоста за постигнатиот резултат на овој исклучително ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во источните делови од државата ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8, а максималната ќе достигне од 12 до 18 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од северен правец. ...
Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, по наместа влажни коловози, информира Автомотосојузот на Македонија. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со ...
Предлог-законот за изменување на Законот за Владата на Република Македонија, со чии законски измени почнува постапката за укинување на техничката влада, денеска е пред членовите на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците и на Законодавно-правната комисија. Заменик-министерот за јавна администрација, Лазе Јаќимоски, во образложението вчера пред пратениците истакна дека преодната, односно техничката влада за ...
Поранешниот прв човек на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Мухамед Мети Сејдини, утринава е уапсен во голема полициска акција. Тој се сомничи за финансиска злоупотреба и проневера на огромни средства наменети за развој на македонскиот фудбал. Според првичните информации, истрагата е фокусирана на проневера на 700000 евра. Станува збор за наменски средства кои биле директно доделени од Европската фудбалска куќа (УЕФА) на сметката ...
Земјите-членки на ЕУ постигнаа договор за заем од 90 милијарди евра за Украина и за 20-тиот пакет санкции против Русија, кои Унгарија досега ги блокираше. Амбасадорите на земјите-членки (Корепер) започнаа писмена постапка за формално усвојување на овие одлуки. Владите на земјите-членки сега треба да ги потврдат обете одлуки до утре попладне. И двете одлуки, за заемот и за 20-тиот пакет санкции, досега беа блокирани од унгарскиот премиер ...
Киев би се согласил на средба меѓу претседателот Володимир Зеленски и рускиот лидер Владимир Путин на која било друга локација освен во Русија или Белорусија, изјави украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха. Според него, Украина е за организирање на таков состанок со цел да им се даде на преговорите „нов импулс“, пишува Европска правда. -Се обративме до Турција и некои други престолнини… Сепак, ако кој било друг главен ...
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари годинава изнесувала 46.159 денари и во однос на февруари минатата година е повисока за 7,2 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности за 12,3 проценти, Рударство и вадење камен за 10,6 проценти и ...
Пишува: Кирил Миноски, економист и порнаешен министер Злото може да се дефинира како дејствување преку кое се нанесува штета на другиот, најчесто со одредено оправдување дека тоа е нужно, оправдано или исправно. Сепак, злото не секогаш произлегува од јасна намера, туку понекогаш тоа е резултат на незнаење, рамнодушност или прифаќање на погрешни норми. Постојат неколку објаснувања за потеклото на злото. Првиот пристап го гледа злото како ...