Во среда од 20 часот на Националната Арена “Тодор Проески“ во Скопје, ќе се одигра 33. финале на Купот на Македонија од самостојноста на нашата држава. Познато е дека од 1993 година па наваму само едно финале не се одигра и тоа во 2020 поради Ковидот. Во финалето по шести пат, и за едните и за другите, ќе играат Силекс кој ќе атакува на својот четврти трофеј и Шкендија, која го посакува својот трет пехар во ова натпреварување. Ова ќебиде ...
Шкендија дури осум години чекаше да се пласира во финале на Купот на Македонија, а сега желба на тетовци е да стигнат до трофејот кој би бил трети во нивната клупска историја. Тренерот на Шкендија, Јетон Беќири, вели дека финалето може да биде решено од еден момент и дека на вакви пресметки нема фаворити, ниту аутсајдери. „Мислам дека Шкендија по осум години е во куп-финале и нормално дека ние максимално ќе бидеме подготвени. Сакаме да се ...
Силекс утре ќе се бори за трофејот во Купот на Македонија против Шкендија, а капитенот на кратовчани Дарко Анѓелески порача дека неговиот тим е подготвен за најважниот натпревар сезонава. Анѓелески верува во квалитетот на Силекс и очекува добро финале на арената „Тодор Проески“, со надеж дека пехарот на крајот ќе заврши во рацете на кратовскиот состав. „Ова е најважниот натпревар за нас сезонава и подготвени сме да го дадеме максимумот за да ...
Фудбалерите на Силекс се подготвени за утрешното 34. финале од Фудбалскиот куп на Македонија, каде на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ќе се соочат со екипата на Шкендија. Финалниот натпревар е закажан со почеток од 20 часот. Кратовци во големата пресметка влегуваат со јасна цел – освојување на четвртата Куп титула во клупската историја. Силекс првиот трофеј во ова натпреварување го освои во 1995 година, втората Куп титула тимот ...
Утре од 20 часот на Арената “Тодор Проески“ во Скопје се игра големото финале во Купот на Македонија. Тоа ќе биде 33.финале во самостојна Македонија за големиот пехар ќе се борат Силекс и Шкендија. Како што е вообичаено, и двете екипи вечерва тренираа на теренот на нашиот најголем спортски објект со цел да ја почувствуваат тревата во пресрет на утрешното финале. Сосема е јасно дека и Силекс и Шкендија имаат свои амбиции, а тие се победнички. ...
Преку фотографиите ја доловуваме атмосферата од последниот тренинг на фудбалерите на Силекс пред утрешното финале од Купот на Македонија против Шкендија. Фудбалерите на Силекс вечерва го одработија последниот официјален тренинг на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, каде утре ќе се игра 34. финале од Купот на Македонија со почеток од 20 часот. Кратовци се максимално мотивирани и подготвени за големиот предизвик, а во таборот на ...
Вечерва на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ќе се одигра големото финале од Купот на Македонија меѓу Силекс и Шкендија, а кое финале стартува во 20 часот. Силекс ќе го игра своето шесто финале во Купот на Македонија, тимот од Кратово има три Куп титула од 1994 година кога беше освоена првата, 1997 година беше освоена втората, а по долг пост во 2021 година беше освоена третата Куп титула. Силекс има уште две финалиња од 1995 и ...
Вечерва од 20 часот на Националната Арена “Тодор Проески“ во Скопје, ќе се одигра 33.финале во Купот на Македонија. Се среќаваат Силекс и Шкендија, два клуба, два тима кои и тоа како имаат квалитет во себе ова финале да го направат спектакуларно во играчка смисла. Сите сме во очекување на мечот на годината, а тоа е финалето на Купот на Македонија, натпревар во кој за големиот пехар битка ќе водат, како што споменавме, Силекс и Шкендија. Ова ...
Вечерва од 20 часот на арената „Тодор Проески“ во Скопје се игра големото финале во фудбалскиот Куп на Македонија меѓу Силекс и Шкендија. Фаворитската улога ја имаат тетовци, но тимот од Кратово во овој натпревар гледа голема шанса за излез на европската сцена. Шкендија зад себе има фантастична европска сезона, во која настапи во Конференциската лига и стигна до плеј-офот, но на домашна сцена ја загуби шампионската титула од Вардар. ...
34-то издание на македонскиот фудбалски Куп своја завршница ќе има вечерва на националната арена „Тодор Проески“, стадион на кој силите ќе ги одмерат финалистите Силекс и Шкендија. Откако стана јасно дека Вардар е новиот шампион на Македонија, остана да се одлучи кој ќе биде нов владетел во најмасовното натпреварување, а одговор на тоа прашање ќе добиеме вечерва со почеток од 20:00 часот. Тимот од Кратово брка четврта титула во Купот во ...
Вечерва од 20 часот на Арената “Тодор Проески“ во Скопје, ќе се одигра 33.финале во Купот на Македонија. Се среќаваат Силекс и Шкендија, интересно, и на двете екипи ова ќе им биде шесто финале во нивната историја. Кратовци се нешто поуспешни со три триофеи, додека Шкендија има само два. Тетовци се можеби во мала предност ако се знае дека овој меч не им зависи настапот во Европа, додека кратовци ако сакаат да играат во квалификациите во ...
Силекс – Шкендија 1:0 е исходот од 33. финале во Купот на Македонија, кое се одигра вечерва на Арената во Скопје. Победничкиот гол беше дело на Алиќ во 71.минута. Кратовци не само што по четврти пат го освоија пехарот, туку обезбедија и пласман во Европа. Шкендија ја заврши сезоната без трофеј, што секако дека е неуспех. Ова е четвртиот пораз во шестото финале. Силекс и тоа како подобро го отвори ова финале, со висок пресинг, со агресивна ...

