Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
Панамериканската здравствена организација (PAHO) предупреди на загрижувачки пораст на бројот на случаи на мали сипаници низ Северна и Јужна Америка, особено пред Светското првенство во фудбал во 2026 година, кое заеднички ќе го организираат САД, Мексико и Канада. Според најновите податоци, од почетокот на годината се потврдени повеќе од 20.000 случаи на оваа многу заразна болест, додека регистрирани се 25 смртни случаи. Здравствените експерти ...
Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун повика на дополнително зајакнување на нуклеарниот арсенал на земјата, вклучително и на, како што навел, „експоненцијално“ зголемување на производството на нуклеарен материјал за оружје, објавија државните медиуми во Пјонгјанг. Според државната новинска агенција КЦНА, Ким за време на посетата на нов производствен капацитет изјавил дека во последните пет години капацитетот на земјата за производство на ...
Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека преговорите со Иран одат „многу добро“ и им рече на новинарите дека може да се постигне договор „во текот на викендот“. Трамп ја минимизираше идејата дека нападите на САД и Иран го тестираат кревкото примирје. –Но, некои луѓе би рекле дека биле малку испровоцирани затоа што презедовме силна акција од друга причина. Значи, тие возвраќаа. и навистина, самите преговори поминаа многу добро, всушност, ...
Централната разузнавачка агенција (ЦИА) на Соединетите Американски Држави (САД) престана да придонесува кон некои разузнавачки проценки, вклучително и оние поврзани со војната со Иран, изработени од Канцеларијата на директорот на националното разузнавање (ОДНИ), поради спорови околу споделувањето на податоци и надлежноста, објавено денес во ексклузивен извештај на Ројтерс. Според тие извори, конфликтите меѓу ЦИА и ОДНИ траат повеќе од една ...
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте на вчерашната заедничка прес-конференција со претседателот Володимир Зеленски во Киев изјави дека испораката на американските ракети пресретнувачи PAC-3 за Украина продолжува „секојдневно и неделно“. Руте напомена дека ракетите пресретнувачи PAC-3 се исклучително важни за противвоздушната одбрана и оти е пожелно нивниот вкупен број да биде поголем од она што во моментов е достапно. – Добрата вест е што ...
Иран вчера изјави дека не е постигнат „никаков конкретен напредок“ во разговорите со Соединетите Држави за завршување на конфликтот во Блискиот Исток, додека нападите во регионот на Персискиот Залив продолжуваат да се засилуваат. Според иранските власти, разменетите пораки укажуваат на потребата од прекин на агресијата врз Бејрут, но конкретни резултати во преговарачкиот процес сè уште нема – рече еден од муабетниците. Иран вчера изјави ...
Најмалку осум лица загинаа во раните утрински часови во нови израелски воздушни напади врз градот Газа, соопшти палестинската цивилна заштита. Според портпаролот Махмуд Басал, пет лица биле убиени во напад врз станбени објекти во северозападниот дел на градот, додека уште две лица загинале во напад на станбена зона во југозападниот дел на Газа. Едно лице го загубило животот и во воздушен напад врз куќа во бегалскиот камп Ал-Шати, кој се наоѓа ...
Претставничкиот дом на САД во среда усвои резолуција предложена од демократите, со која се наредува повлекување на американските сили од војната против Иран сè додека Конгресот не одобри понатамошни воени дејствија, што е политички удар за Доналд Трамп, кој на 28 февруари ги вклучи САД во тој конфликт. Претставничкиот дом гласаше со 215 гласови наспроти 208 гласови, а резолуцијата беше усвоена и со гласовите на четири републикански ...
Европската Унија најави нова инвестиција од 92 милиони евра насочена кон развој на современ систем за набљудување на океаните, со кој треба да се подобри безбедноста на морските патишта, заштитата на критичната инфраструктура и следењето на промените во морската средина. Проектот е дел од пошироката стратегија на Брисел за зајакнување на европските капацитети во областа на поморската безбедност и научните истражувања. Според европските ...
Во среда, американската војска соопшти дека извршила напад врз брод во источниот Тихи Океан, при што се пријавени двајца загинати , објавија Ројтерс и Фокс њуз. Јужната команда на САД во X изјави дека разузнавачките служби потврдиле дека бродот „бил вмешан во трговија со дрога“. Нема извештаи за преживеани од ударот. Ниту еден американски војник не е повреден , додаде командата. Јужната команда, исто така, објави кратко видео на кое се гледа ...
Американскиот државен секретар Марко Рубио пред комисијата на Претставничкиот дом изјави дека Венецуела мора да помине низ строга трифазна транзиција, стабилизација, закрепнување и избори, по американската воена операција и заробувањето на претседателот Николас Мадуро, објави Анадолија. „Венецуела што сите ја сакаат во иднина не е можна без слободни и фер избори“, рече Рубио, иако предупреди дека „конкретен датум“ за гласањето не може да се ...
Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент денес ги усвои извештаите за напредокот за четирите земји од Западен Балкан и за Украина и Молдавија. Целиот Европски парламент ќе гласа за усвоените извештаи на една од следните пленарни седници. Во извештајот за напредокот на Босна и Херцеговина се изразува жалење за оставката на високиот претставник Кристијан Шмит и се нагласува дека таквата оставка не смее да се поврзува со укинување ...
„Мажите како вас кои се приклучуваат на борбата нема да бидат обучени. Опремата што ќе ви ја дадат е под стандард. Постои многу голема веројатност дека ќе умрете или ќе бидете повредени“, изјави Руте за време на прес-конференцијата во Киев, обраќајќи се директно до „младите Руси и нивните семејства“. „И големи се шансите дека ако бидете повредени, да останете да страдате во калта и да умрете“, додаде тој. Руте рече дека Русија трпи „апсолутно ...
ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СЛАВЕ КАТИН – ЖИВОТ И ДЕЛА“ Делото „Во чест на светите Кирил и Методиј“ (1994), е издание на „Матица македонска“, отпечатена на 212 страници на македонски јазик. Публикацијата е израз на долготрајната истражувачка дејност на авторите д-р Вера Стојчевска-Антиќ и Славе Николовски – Катин на животот и делото на сесловенските (македонските) просветители светите Кирил и Методиј. Рецензенти на ова дело се проф. д-р Радмила ...
Иранската морнарица во среда соопшти дека нападнала американски разорувач во Оманскиот Залив, кој го опиша како „команден и контролен центар“ зад американските напади врз иранските комерцијални бродови, објави Анадолија. Во соопштението, канцеларијата за односи со јавноста на морнарицата изјави дека потегот следел по она што го нарече „агресивна акција“ од страна на САД, кршејќи ги правилата во Ормускиот теснец и напаѓајќи го иранскиот ...
Стивен МекКулах (36) е осуден на Кралскиот суд во Белфаст за убиство на Натали Мекнали (32), која беше бремена 15 недели со нивното дете, објави Скај Њуз. Девојката беше избодена, задавена и удирана за време на нападот во нејзиниот дом во Лурган на 18 декември 2022 година. Јутјуберот измислил алиби дека емитувал во живо компјутерски игри на својот канал кога Мекнали била убиена. Но, полициските експерти открија дека шестчасовниот „пренос во ...
Добивај вести на Viber Чиле е една од најнеобичните држави во светот. Сместена долж брегот на Тихиот Океан, таа се протега на околу 4.300 километри од север кон југ, додека на некои места е широка помалку од 100 километри. Поради својата издолжена форма, доколку би се поставила преку Атлантикот, би изгледала како мост меѓу Канада и Шпанија. По стекнувањето независност од Шпанија во 1818 година, територијата на Чиле била значително помала. Со ...
Група од 87 луѓе, од кои некои се регистрирани дека се од безбедносен интерес, кои утрово пристигнале во Црна Гора со чартер лет од Белград, се вратени од Тиват во српската престолнина со првиот лет. Инфомакс дојде до детали за профилите на лицата кои се одбележани ка “лица од безбедносен интерес”. Меѓу нив има од хулигани припадници на навивачки групи, пропадници на обезбедување на ноќни клубови, лица поврзани со политичко безбедносни групи ...
Добивај вести на Viber Унгарија го укина своето двегодишно вето врз кандидатурата на Украина за членство во Европската унија. Посакуваниот пробив се случи ненадејно во среда вечерта за време на состанокот на амбасадорите во Брисел, потврдија неколку дипломати за „Еуроњуз“. Унгарскиот претставник сигнализираше укинување на резервите, дозволувајќи им на 27-те земји-членки да ја постигнат потребната едногласност за преземање на процедуралните ...
Добивај вести на Viber Силно торнадо денеска го погоди Рим, корнеше дрвја во главниот град на Италија и предизвика проблеми во сообраќајот, пишува mezha.net. Во Рим, ветерот однел тезга на пазарот која потоа удрила во паркиран автомобил. По обилните дождови во римските области Номентано, Саларио и Париоли, дошло до големи поплави. Сообраќајот бил речиси целосно парализиран бидејќи водата речиси целосно потопувала автомобили. Обилните дождови ...
Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави дека ниту Русија ниту Украина не се подготвени да направат отстапки во преговорите за прекин на војната, пред сè руската страна, и нагласи дека тоа е потребно за да се постигне мир. – Подготвени сме да продолжиме со каква било улога што е потребна во контекст на постигнување мир, бидејќи сметаме дека војната во Украина нема воено решение – рече Рубио во текот на вториот ден од ...
Воената операција на американската војска во Иран, наречена „Операција Епски бес“, заврши, изјави денес американскиот државен секретар Марко Рубио. Зборувајќи пред Комитетот за надворешни односи на американскиот Сенат, Рубио реагираше на размената на оган меѓу американските сили и Иран во изминатите неколку часа, велејќи дека станува збор за „одбранбени даноци“ од американска страна, објави NBC News. „Она што го гледате во извештаите, ...
Астролог кого медиумите го поврзуваат со поранешниот шеф на кабинетот на украинскиот претседател Андриј Јермак предвиде дека 2026 година ќе биде исклучително тешка за Володимир Зеленски. Станува збор за Вероника Аникевич, жителка на Киев која се претставува како консултант за астрологија, а чие име се појави во украинските медиуми по тврдењата на обвинителството за преписката на Јермак со лице наведено во неговиот именик како „Вероника ...
Убеден сум дека во Скопје многу добро разбираат што треба да направат – да почнат да ја спроведуваат преговарачката рамка што самите ја прифатија и која е основата на нивниот европски пат. Ова на социјалната мрежа Facebook го напиша бугарскиот европратеник Андреј Ковачев, како вовед во видео коментар во врска со усвоениот од Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент извештај за „напредокот“ на Република Северна Македонија. ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги отфрли шпекулациите за сериозно нарушување на односите со американскиот претседател Доналд Трамп, нагласувајќи дека и покрај повремените разлики во пристапот, двајцата остануваат усогласени околу клучните безбедносни прашања, пред сѐ во однос на Иран. Во интервју за CNBC, снимено во неговата канцеларија во Ерусалим, Нетанјаху изјави дека меѓу него и Трамп нема расправија, туку повремени „тактички ...
Германија не успеа да освои непостојано место во Советот за безбедност на Обединетите нации за мандатот 2027-2028, што претставува значаен дипломатски удар за владата на канцеларот Фридрих Мерц. На гласањето во Генералното собрание на ОН, Австрија и Португалија беа јасни победници, освојувајќи две позиции наменети за група западноевропски и други земји. Овој исход привлече големо внимание во германските политички и дипломатски кругови, ...
Раул Кастро наполни 95 години во среда, а Куба ја одбележа таа годишнина потсетувајќи се на неговата улога во револуцијата, владата и односите со Соединетите Американски Држави. Раул Кастро останува едно од најпрепознатливите лица на Кубанската револуција од 1959 година, која ја предводеше неговиот брат Фидел Кастро. Откако Фидел ја напушти власта, Раул беше претседател на Куба 12 години, а формално се пензионираше од политиката во април 2021 ...
Кувајтското Министерство за внатрешни работи објави снимки кои покажуваат голема штета на Меѓународниот аеродром во Кувајт по ракетен и дронски напад извршен од Иран рано утрово. Според официјалните информации, во нападот загинал еден индиски државјанин, а најмалку 63 лица се повредени. Дел од проектилите и дроновите биле пресретнати од противвоздушната одбрана, но некои сепак погодиле делови од аеродромската инфраструктура. معالي النائب ...
Американскиот шеф на дипломатијата Марко Рубио денес изјави пред Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом дека Доналд Трамп лично ќе учествува на претстојниот самит на шефовите на држави на НАТО, кој ќе се одржи во Турција следниот месец. Оваа најава доаѓа во време на исклучително затегнати односи меѓу Трамп и Организацијата на Северноатлантскиот сојуз, кои беа дополнително продлабочени со американското започнување војна во ...
Деветнаесетгодишниот Норвежанец, Јоханес Натланд пристигнал во Обединетото Кралство со цел да изврши атентат во име на шведска криминална организација поврзана со иранскиот режим, беше соопштено на судот Олд Бејли во Лондон. Натланд бил уапсен на 19 март минатата година во хотел во Хадерсфилд, каде што полицијата пронашла два пиштоли и 12 парчиња муниција. Пред судот, тинејџерот признал вина за поседување на огнено оружје (полуавтоматски ...