Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје доби нова, современо опремена лабораторија за скулптура во дрво, реализирана со поддршка од Rotary Club Skopje Centar и компанијата Маквелд ДОО. Новата лабораторија, која е дел од Катедрата за скулптура и трансмедиумски практики, претставува значаен чекор напред во унапредувањето на условите за настава, истражување и креативна работа на студентите. Просторот е ...

Бизнис Грција со највисока стапка на луѓе кои субјективно се перцепираат себеси како сиромашни 12.11.2025 Најновиот извештај на Евростат покажува дека во 2024 година, 17,4 проценти од жителите на Европската Унија се сметале за „субјективно сиромашни“, додека во Србија тој удел изнесувал 34 проценти. Иако ова значи дека една третина од граѓаните сè уште се чувствуваат финансиски загрозени, во последните десет години Србија речиси ја ...

Дијамант во живописна син боја со тежина од 9,51 карат, кој претходно ѝ припаѓал на Рејчел „Бани“ Мелон, аристократка, филантроп, колекционерка на уметнички дела и блиска пријателка на Жаклин Кенеди, е продаден во Женева за 25,6 милиони долари, објави аукциската куќа „Кристи“. Женевската филијала на „Кристи“ вчера го продаде скапоцениот камен како дел од продажбата организирана под името „Величествени скапоцености“. Беспрекорно изработениот ...

Министерството за труд, социјална политика, здравство и заштита на потрошувачите на Австрија, заедно со австриската амбасада во Северна Македонија, денес и утре во Скопје организираат специјализирана работилница на тема: “Креирање зелени работни места во Северна Македонија – Можности за вработување во контекст на управување со отпад, национални паркови, одржлив туризам и зелена грижа во рурални средини”. Како што беше објавено, работилницата ...

Во FinSight, Зоран Кочоски отворено зборува за реалноста зад платите во Македонија и ја поставува клучната дилема – дали домашниот пазар може да исплати европски плати? „Ако кај нас добра плата велиме дека е од 2.500 до 3.500 евра, на запад тоа се смета за средна класа – од 5.000 до 8.000 евра, а топ менаџерите таму добиваат и до 15.000 евра месечно,“ вели Кочоски. Разликата, според него, не е само во бројките, туку и во обемот и нивото на ...

Бизнис ВО СРБИЈА СЕ ГРАДИ САМО ВО БЕЛГРАД, во внатрешноста намалени градежни активности до 36 отсто 11.11.2025 Вредноста на извршените градежни работи во третиот квартал во Србија се намали за 8,2 проценти по тековни цени во споредба со истиот период минатата година, што покажува реален пад кога ќе се исклучи влијанието на инфлацијата. Вредноста на работите на други згради исто така бележи намалување од 19,1 процент, додека кај зградите има ...

Сè почесто на социјалните мрежи, особено на Фејсбук, можат да се забележат фотографии од свежо испечени кифлички, наредени на хартиени чинии, со опис: „Домашни, вкусни, полнети по желба – нарачки во инбокс“. Зад тие фотографии најчесто стојат жени кои, во тишината на своите кујни, го претвораат брашното, јајцата и маслото во извор на заработка. Не секоја има пекарница, но речиси секоја има рерна. И идеја. „Почнав сосема случајно, кога ...

Бројот на одобренијата за градење во септември 2025 година е зголемен за 6.1 % во однос на истиот период од претходната година Во септември 2025 година се издадени 314 одобренија за градење, што е за 6.1 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 7 124 419 илјади денари, што е за 5.2 % помалку во однос на истиот месец од претходната година. Од ...

Во септември 2025 година, од вкупниот број туристи, 24.6 % се домашни, а 75.4 % се странски туристи, информира Државниот завод за статистика. Бројот на ноќевањата во септември 2025 година изнесува 262 686, од кои 31.8 % се од домашните туристи, а 68.2 % од странските туристи. Во периодот јануари – септември 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 5.8 %, односно кај домашните ...

Фејсбук по повеќе од 15 години ќе стави крај на една од своите најпрепознатливи функции – копчето „лајк“, но само во неговата надворешна форма. Компанијата Мета соопшти дека од 10 февруари 2026 година ќе ги укине сите т.н. социјални плагони — копчињата „лајк“ и „коментар“ што веб-страниците низ светот ги имаа вградено за директна интеракција со Фејсбук. Со тоа, ерата во која милиони портали им дозволуваа на читателите со еден клик да ...

Унапредувањето на образованието во казнено-поправните установи доведува до позитивни промени и надвор од нивните ѕидови. Затоа инвестирањето во овој вид образование е одржливо и има големи придобивки за поединецот, но и за целото општество, истакнаа денеска организаторите на меѓународната тренинг-конференција посветена на едукацијата на лицата во затворите „Трансформирање на животите преку образование во затворите – Ајде да зборуваме“ која од ...

ЛВМХ (LVMH) ќе отвори неколку големи продавници во Кина во декември и разгледува понатамошна експанзија, велат извори запознаени со плановите, додека брендовите од високата мода гледаат први знаци на закрепнување на продажбата во втората по големина економија во светот. Според изворите, четири бренда на ЛВМХ – „Луј Витон“ (Louis Vuitton), „Диор“ (Dior), „Тифани“ (Tiffany) и „Лоро Пјана“ (Loro Piana) – треба да отворат повеќекатни продавници ...

Десетте најбогати луѓе во светот колективно го зголемиле своето богатство за дури 523 милијарди долари оваа година, според Индексот на милијардери на Блумберг. Најголем добитник во 2025 година досега е Лари Елисон, коосновач на Oracle, чие лично богатство пораснало за 150 милијарди долари, на вкупно 343 милијарди долари, пишува Business Insider. Медиумот ги користи вчерашните податоци од Индексот на милијардери. Лари Пејџ и Сергеј Брин, ...

Геолошкиот институт на САД официјално ги додаде бакарот и среброто на листата на критични минерали, со што практично ја прошири листата на метали кои се витални за американската економија и за националната безбедност. Листата на критични минерали на САД не беше ревидирана од 2022 година, а сега на неа се најдоа уште десет минерални суровини. Од Институтот (USGS) информираа дека листата е ревидирана врз основа на економски модел кој ги ...

Целта на платформата е да поттикне практично учење, развој на технички вештини и критичко размислување преку комбинација на експерименти, видео туторијали и менторска поддршка. „Електронче” е нова иновативна платформа и бренд што ја буди љубопитноста и креативноста кај децата и младите преку учење со практика. Создадени со љубов и стручност, едукативните сетови за електроника се внимателно прилагодени за различни возрасни групи – од ...

Финансии / Банкарство Преполовени банкарски провизии и поевтини плаќања за граѓаните и економијата од 1 декември, одлука на Централната банка на Црна Гора 11.11.2025 Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за намалување на провизиите што им се наплаќаат на банките за RTGS и DNS платните системи за дури 50%, што создава услови за крајните корисници граѓаните и компаниите, да плаќаат пониски трошоци во платните ...

Две големи странски компании со значителен број на вработени најавија дека ќе ја напуштат Македонија, што отвора сериозни прашања за стабилноста на индустрискиот сектор и привлечноста на земјата за странски инвестиции. Според најновите информации, американската компанија „Aptiv“ ќе ја затвори својата фабрика во Скопје најдоцна до крајот на 2026 година. Компанијата, која произведува електронски компоненти за автомобилската индустрија, веќе ...

Советот за регионална соработка (RCC), со поддршка на италијанското Министерство за надворешни работи и меѓународна соработка на Италија (MAECI) и Министерството за внатрешни работи, а во партнерство со Владата на Северна Македонија, денеска и утре во Скопје ја организираат 10. Годишна регионална конференција за координација на безбедноста („Jumbo“). Одбележувајќи ја својата 10-годишнина, овогодишната безбедносна конференција ќе ги собере ...

Подемот на вештачката интелигенција ја катапултира американската „Енвидија“, како и многу други компании, во вселената. Меѓу нив дефинитивно можеме да го вброиме производителот на чипови „Адвансд микро дивајсис“ - АМД (Advanced Micro Devices - AMD). Компанијата, која во минатото беше на работ на банкрот и секогаш беше на второ место, сега зема голем дел од колачот со вештачка интелигенција. Како успеа да направи толку голем пресврт? Кога ...

Најмалку по 300 евра ќе им легнат на сметките на работниците до крајот на годината. Согласно законот, газдите до 31 декември треба да исплатат регрес за годишен одмор, кој изнесува најмалку 40% од просечната плата, а најмногу 100 отсто.. К15 им следува и на административците, кој е помал за 100 евра од оној кој се исплаќа во приватниот сектор. - Минималната сума за исплата на регрес за годишен одмор, согалсно законот е утврден на 40% од ...

„Harley-Davidson“ објави послаба продажба во третиот квартал, истакнувајќи ги предизвиците со кои се соочува новото раководство на производителот на мотоцикли додека се бори со слабата побарувачка на потрошувачите. Глобалната малопродажба на „Harley-Davidson“ се намали за 6% во третиот квартал, вклучувајќи пад од 5% на нејзиниот клучен северноамерикански пазар. Приходите на компанијата изнесуваа 1,34 милијарди долари, под очекувањата на ...

Ограничувања на трансакциите со готовина, задолжителен надзор на криптовалути и дигитален прототип на евро до 2027 година фундаментално ќе го променат начинот на кој 340 милиони граѓани од ЕУ ги користат парите. Трансформацијата преку технички регулаторни пакети ќе создаде систем на финансиска следливост, за кој европските институции инсистираат дека ќе ги заштити граѓаните, но критичарите предупредуваат дека би можел да воспостави ...

Никола Јошевски, генерален менаџер и сопственик на Mint Fintech Group и претседател на Групацијата на финансиски друштва при Стопанската комора на Македонија, учествуваше на престижната регионална конференција Microbalkans 2025, што се одржа во Дубровник, Хрватска, од 5 до 7 ноември 2025 година. Како панелист на високопрофилната дискусија „Усогласување на правните рамки со директивите на ЕУ“, Јошевски се приклучи на водечки европски партнери ...

На Листата на должници бр.11/2025 објавени се 2024 должници – правни лица (помалку за 17 од претходната листа) и 4017 физички лица (повеќе за 24 од претходната листа). Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.11/2025 изнесува 12.061.408.674 денари, (помалку за 155.920.964 денари од претходната листа). Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 11.892.002.551 денари, (помалку за 166.708.561 од претходната листа), додека долгот за царински ...

„Поврзување на Швајцарија и Северна Македонија: Деловен раст и партнерства“ е темата на деловниот форум што ќе се одржи утре (вторник), на 11 ноември 2025 година, од 9:00 до 13:30 часот во Стопанската комора на Северна Македонија. Настанот има за цел да поттикне деловна размена, инвестиции и развој на нови партнерства меѓу швајцарските и македонските компании, преку размена на искуства, идеи и визии за иднината на двете економии. Воведни ...

Американскиот синџир за брза храна „Мекдоналдс“ регистрираше 7 трговски марки во Русија кои ги опфаќаат неговите добро познати производи и услуги, според податоците од организацијата „Роспатент“. Регистрирани се брендовите „Биг Мек“, „Биг Тасти“, „Ројал Чизбургер“, „Квартер Паундер“, „МекФреш“, „МекФлури“ и „МекДеливери“ . Барањата за регистрирање на овие трговски марки, како што објави руската агенција ТАСС се поднесени од САД во декември ...

Министерот за здравство, Азир Алиу, денес одржа работна средба со претседателката на Фармацевтската комора, Весна Ставрова и претседателката на Здружението на приватни аптеки, Џоана Андоноска. На средбата, министерот ја потенцираше дигитализацијата како еден од главните приоритети во сите сегменти на здравствениот систем, вклучувајќи ја и фармацијата. – Нашата заложба е континуирано унапредување на условите и воведување нови методи во ...

Финансии / Банкарство Акции со најголем раст и пад на Македонската берза минатата недела 10.11.2025г Неделен извештај за периодот 03.11.2025 до 07.11.2025г. Минатата недела, во периодот од 03.11.2025 – 07.11.2025 година на Македонската берза на хартии од вредност вкупно на сите пазари (официјален и редовен пазар) беше остварен вкупен промет од 98,4 милиони денари или околу 1,6 милиони евра. Во однос на неделата пред оваа, ова е зголемување ...

Утринските часови се најпродуктивни. А кога се споени со совршено подготвен појадок – добивате рецептот за успешен ден. Во AURUM Kitchen & Bar, појадокот е повеќе од оброк – тој е искуство што се памети, и простор што инспирира.Ако барате место за утрински состанок, вип просторија, тишина за работа или едноставно начин да си го започнете денот убаво – AURUM го има сето тоа.На менито ќе најдете внимателно избрани комбинации за енергија и ...

Бугарската народна банка (БНБ) презентираше информативни материјали што го прикажуваат дизајнот на бугарските евро-монети, кои ќе влезат во оптек на 1 јануари 2026 година. Објавени се два видео клипа – едниот го прикажува изгледот на монетите, додека другиот дава детални аудио-визуелни информации за нивниот дизајн, спецификации и симболика. Евро-монетите ќе носат препознатливи бугарски мотиви, објави „Новините“. Монетата од едно евро ќе го ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
93%
1027
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
2.06
74%
1025
weather icon

Загреб

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
86%
1026
weather icon

Софија

6ᴼ / 6ᴼ
1.5
59%
1028
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
2.62
70%
1028
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
0.53
78%
1027
weather icon

Атина

11ᴼ / 8ᴼ
5.66
72%
1025
weather icon

Тирана

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
76%
1026
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
81%
1026
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 0ᴼ
2.06
77%
1029
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / -2ᴼ
0.51
59%
1027
weather icon

Истанбул

4ᴼ / 3ᴼ
5.14
75%
1028
Currency

61.6317

Currency

53.0259

Currency

70.9869

Currency

37.3197

Currency

39.0543

Currency

68.3788

Currency

7.68854

Currency

0.66899

Currency

0.33609

Currency

0.52519

Currency

1.20315

Currency

0.57679

Сребро

2711.59

Рутениум

47358.05

Цинк

3.24

Родиум

372948.66

Калај

50.64

Алуминиум

3.42

Бакар

11.73

Платина

68963.35

Паладиум

51794.85

Кобалт

66.14

Злато

166253.76

Иридиум

231355.22