Автопатот Кичево–Охрид се очекува целосно да биде ставен во функција во првиот квартал од 2027 година, најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Во меѓувреме, во септември се очекува да биде најавен и почетокот на изградбата на 12-километарската делница Кичево–Букојчани, која треба да ја поврзе Стража со автопатот Охрид–Струга–Кичево. – Во однос на најтешкиот дел од автопатот Охрид–Кичево, од Извор до Врбјани, две ...

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски најави нови решенија за патната инфраструктура и крајбрежјето, посочувајќи дека со Албанија се работи на алтернативна рута за автопатот Ќафасан–Требеништа. Во исто време, тој информираше дека добро напредува изградбата на патот Извор–Гарски Мост, додека автопатот од Тетово се очекува да биде завршен за три години. Николоски најави и дека до крајот на годинава треба да биде изготвен ...

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, отворено го повика претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, да се повлече од функцијата, предупредувајќи дека ќе се соочи со сериозен предизвик на изборите за претседател на светската фудбалска организација доколку не го стори тоа. „Не сум заинтересиран да бидам претседател на ФИФА“, рече Чеферин, но во исто време оцени дека Инфантино повеќе ја нема поддршката што ја имаше некогаш. Според него, ...

Патувањето во Италија за многумина е животно искуство, а покрај прекрасните предели и богатата историја, светски познатата кујна е една од главните причини зошто земјата секоја година привлекува милиони туристи. Италијанската храна е дел од гастрономското секојдневие и надвор од Италија, па тој терен на многумина не им изгледа непознат. Сепак, туристите често ги изненадуваат бројните непишани правила кои важат во рестораните. За секој што ...

Приближно 70 проценти од вкупните социјални трошоци во Германија минатата година се однесувале на трошоци поврзани со старост и болест, според анализата на институтот Ифо. Во исто време, социјалните трошоци достигнале ново рекордно ниво од 32 проценти од БДП. Повеќе од 80 проценти од реалниот раст на социјалните трошоци од 1992 година се однесува на трошоци за стари и болни лица, покажа анализата. Демографските промени го зголемуваат товарот ...

Пет пожари на отворен простор и натаму се активни во земјава, додека еден е ставен под контрола, а осум се целосно изгаснати. Ова го соопшти Центарот за управување со кризи во пресекот на состојбата до 13 часот денеска, 24 август. Најголем пожар е регистриран на подрачјето меѓу општините Студеничани и Зелениково. Огнот се движи на релација Моране – Вртекица – Рамни Габер, со крак кон Палиград и Вражале, а зафатена е мешана шума. Активен ...

Холандија нема да учествува на Евровизија следната година, потврди во понеделникот нивната национална телевизија. Како причина ги наведуваат поделбите околу војната во Газа, поради кои натпреварувањето, според нивната проценка, повеќе не може да се смета за неутрално. „Евровизија повеќе не е независна и неутрална“ Генералниот директор на холандската телевизија AVROTROS, Тако Цимерман, ја објасни одлуката во официјалното соопштение. ...

Патничка на возраст од 52 години била касната од скорпија скриена во нејзината јакна на аеродромот во Диселдорф, соопштија локалните противпожарни служби. Инцидентот се случил во петокот, веднаш откако жената пристигнала во Диселдорф со лет од грчкиот остров Кос. По каснувањето, жената веднаш била пренесена во болница, а на терен бил повикан експерт за влекачи од противпожарната служба кој успеал да ја фати скорпијата. Со прегледот било ...

Поранешниот командант на ОВК, Насим Харадинај, упати директни и застрашувачки закани за можна ескалација на ситуацијата во регионот, истакнувајќи дека Косово, Албанија и Македонија „ќе горат во пламен“ доколку Специјалниот суд донесе осудителна пресуда за поранешните водачи на ОВК на 16 септември. Во своето гостување на телевизијата Т7, тој потенцираше дека не само Косово, туку и целото албанско население ќе реагира жестоко на каква било ...

Со најновите цени кои ги објави Регулаторната Комисија за Енергетика горивата стануваат уште поскапи а дизелот достигна 101.50 денари за литар. Во согласност со методологијата за пресметка на цените, малопродажните цени се зголемуваат во просек за 2.62%. Бензините поскапуваат за 1.50 денари за литар. Еден литар ЕУРОСУПЕР-95 ќе чини 93.00 денари, додека еден литар ЕУРОСУПЕР-98 ќе чини 95.00 денари. ЕУРОДИЗЕЛ горивото поскапува за 3.50 ...

Трагедијата која го снајде шпанското семејство на отворено море добива сè потешки, емотивни тонови. Во грчкиот град Пилoс, Кармен Диез (67) со децата со нетрпение очекува какви било вести за својот сопруг. Таа преживеа тридневна изолација на едрилицата на која остана целосно сама и без комуникација откако нејзиниот сопруг падна во морето, но одбива да се врати во родниот Бургос додека трагачите не го лоцираат исчезнатиот Хуан. Додека тато не ...

Тешка сообраќајна несреќа се случила рано утрово околу 4:15 часот на автопатот А28 во источниот дел на Холандија, кога туристички автобус кој превезувал германски средношколци за Париз удрил во доставачко возило. По силниот удор, автобусот ја пробил заштитната ограда, преминал на спротивната страна од патот и се превртел на бок. Според најновите информации од училиштето, вкупно 15 ученици се пренесени во болница, а иако никој не е во животна ...

Судири меѓу мигрантите и полицијата избувнаа во привремениот сместувачки центар за баратели на азил во Синтики, на северот на Грција, во близина на границата со Бугарија. По ескалацијата на ситуацијата, во кампот интервенирала и елитната полициска единица за справување со немири од Солун. Тензијата започна откако мигрантите фрлаа камења кон обезбедувањето. Дополнителни полициски и специјални единици беа испратени на местото на настанот, ...

Противпожарните екипи се борат со два пожари што речиси истовремено избувнаа на две локации во Далмација – на островот Чиово и во близина на Хвар. На Чиово ситуацијата е проследена со густ чад кој се издига високо над островот и е видлив дури и од спротивната страна на Каштелаанскиот Залив, додека пожарникарите се на терен и интервенираат за ставање на огнените жаришта под контрола. Едната интервенција се одвива на страната на Чиово, во ...

Агенцијата за храна и ветеринарство спречи увоз на повеќе од 27,5 тони УХТ млеко од Косово, откако лабораториските анализи покажале присуство на афлатоксин над дозволената концентрација. Млекото е запрено на граница и нема да биде пуштено во промет на домашниот пазар поради утврдената неисправност. Станува збор за две пратки со вкупна тежина од 27.520 килограми, кои биле задржани на граничниот премин Блаце. Млекото било наменето за продажба ...

Жена од Охрид пријавила дека била физички нападната во својот двор, откако сограѓанин со дрвен предмет удирал по металниот бокс во кој ги чувала своите кучиња. Според информациите од МВР, случајот бил пријавен на 23 август во 11:34 часот во СВР Охрид. Инцидентот се случил во дворно место на улицата „Крсте Мисирков“, сопственост на 57-годишната М.Ц. Оттаму информираат дека М.Ц. од Охрид најпрво удирал со дрвен предмет по металниот бокс, по ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски упати жестока порака до рускиот претседател Владимир Путин по повод 35-годишнината од независноста на Украина, порачајќи дека Москва сакала да ја освои целата земја, но наместо тоа „целa генерација ја испратила во кланица“. Зеленски истакна дека Украина е подготвена да ја заврши војната, но не и да прифати услови што остануваат непроменети од Москва. „Нема да им дозволиме да преземат иницијатива и ...

Тешка сообраќајна несреќа утрово ги вознемири минувачите кај Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, спроти судовите во Скопје. Според фотографиите објавени во дел од медиумите, повреден е маж кој лежи на самиот коловоз. Од Министерството за внатрешни работи ја потврдија информацијата дека станува збор за сообраќајка, но засега нема официјални детали за здравствената состојба на повредениот. На фотографиите се гледа како околу соборениот човек ...

Министерството за образование и наука го објави повикот за субвенциониран студентски оброк за академската 2026/2027 година, со кој студентите што ги исполнуваат условите ќе можат да добиваат финансиска поддршка за оброк. Правото е наменето за државјани на Македонија кои се редовни студенти на прв или втор циклус, како и на интегрирани студии на државните и приватните универзитети, а услов е нивните месечни приходи да не го надминуваат износот ...

Пешачката зона долж кејот на реката Вардар, на потегот од Лисиче до Влае, се уредува во рамки на голема акција за подобрување на условите за движење на граѓаните. Се заменуваат оштетените и уништени подни плочки, се нивелираат нерамните површини и се санираат оштетувањата, со цел кејот да биде побезбеден и пофункционален за сите посетители. Кејот е едно од најпосетените места во Скопје, каде граѓаните спортуваат, се рекреираат и го ...

Владата продолжува да бара решенија за проблемот со ограничувањето на престојот на македонските професионални возачи во Шенген-зоната преку склучување билатерални договори со земјите членки, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Тој посочи дека државата веќе има постигнато договори со дел од земјите, а во следниот период ќе продолжат разговорите со други држави со цел да се обезбеди поголема покриеност на рутите ...

Георгина Родригез, сопругата на светската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо, стана законска мајка на неговите три најстари деца само една недела откако парот стапи во брак, објавија португалските медиуми. Со тоа, новопечените сопружници направија уште еден важен чекор во својот семеен живот, при што Роналдо официјално ја именуваше Георгина за законска мајка на своите деца. Двојката го доби своето прво заедничко дете, ќерката Алана, во ...

Дали знаете дека за помалку од пет минути свесно можете да се вратите во смирена состојба? Клучот е вагусниот нерв, најдолгиот нерв во телото, кој се протега од мозочното стебло сè до цревата и е главниот прекинувач на нашиот парасимпатички нервен систем. Кога го стимулираме, бројот на отчукувања на срцето се намалува, дишењето се забавува, варењето на храната се враќа во нормала, а телото добива сигнал „безбедни сме“. Постојат барем десет ...

Главната расправа во судскиот процес за случајот „Државна лотарија“, во кој се обвинети осум лица, меѓу кои и поранешниот вицепремиер Артан Груби, е одложена на барање на одбраната. Дел од адвокатите на обвинетите пред судот посочиле дека не го добиле обвинителниот акт, како и дека доказите на Обвинителството не им биле дадени на увид. Судијката Биљана Шуплиновска Јолевски образложила дека доказниот материјал е обемен и содржи 231 ...

Биткоинот забележа еден од најсилните неделни растови во последните неколку години, искачувајќи се од околу 64.000 на 79.500 долари за само неколку дена. Растот започнал во средата, поттикнат од затворањето на кратки позиции, дополнителната ликвидност обезбедена од американското Министерство за финансии и новата поддршка за криптоиндустријата од Белата куќа, а по наглиот скок, биткоинот благо се повлекол и се тргувал околу 77.000 долари. ...

Вчера во 00:40 часот во Полициското одделение Петровец, 41-годишна жена од Скопје пријавила дека два дена претходно, на 21 август околу 14:30 часот, била физички нападната од друга жена. Според пријавата, нападот се случил во домот на нејзиниот партнер во скопско. Како што навела, била физички нападната од Н.К., исто така од Скопје. Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот. ...

Дваесет и петгодишната Јетлира Фониќи, која била во деветтиот месец од бременоста, била убиена во неделата, на 23 август, околу 23:20 часот во семејната куќа во селото Кервасари во општина Малишево на Косово од страна на нејзиниот 26-годишен сопруг, кој потоа се обидел да изврши самоубиство, објавија српските и косовските медиуми. Полициските патрупли ги затекнале во спалната соба сопружниците со рани нанесени од огнено оружје. Бремената ...

По повеќемесечната истрага, случајот „Државна лотарија“ денеска влегува во судска фаза. Во Основниот кривичен суд Скопје денеска Груби и уште седум обвинети седнаа на обвинителна клупа. Предметот ќе го води судијката Билјана Шуплиновска-Јовевски. Груби е обвинет во предметот поврзан со Државна лотарија. Обвинителството тврди дека како претседавач со владината седница овозможил на дневен ред да биде ставена и изгласана точка поврзана со ...

Кога се зборува за крвните групи, повеќето луѓе знаат за А, Б, АБ и О, како и за позитивниот и негативниот Rh фактор. Сепак, постои една исклучително ретка карактеристика на крвта за која слушнале малку луѓе – Rh нула, популарно наречена „златна крв“. Иако називот звучи како да станува збор за нешто што е буквално со златна боја, тоа нема никаква врска со изгледот на крвта. Оваа крвна група го добила прекарот поради својата неверојатна ...

Многумина уште од детството го слушаат предупредувањето дека не треба да го лижат капакот од пудингот бидејќи може да биде штетно. Но, дали оваа навика е навистина опасна за здравјето или станува збор за едно од предупредувањата што се пренесуваат од генерација на генерација? На алуминиум во секојдневниот живот сме изложени од различни извори, вклучувајќи храна, садови, лекови и козметички производи. Проблемот може да се појави со ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Белград

1ᴼ / -1ᴼ
1.54
100%
1028
weather icon

Загреб

5ᴼ / 0ᴼ
0.0
78%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.54
93%
1031
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
2.85
92%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
2.06
89%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.24
67%
1028
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.03
64%
1025
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
0.0
81%
1026
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
1.34
70%
1032
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 1ᴼ
1.79
79%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 6ᴼ
2.57
93%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Платина

49319.25

Бакар

12.58

Алуминиум

3.07

Злато

130856.75

Иридиум

315077.32

Цинк

3.76

Кобалт

33.53

Рутениум

61086.42

Сребро

1670.34

Родиум

295786.87

Паладиум

32279.35

Калај

46.54