Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Претседателот на Украина Володимир Зеленски ја објави честитката која ја добил од претседателот на САД, Доналд Трамп по повод Денот на независноста на Украина, истакнувајќи дека „овие зборови, исто како и звукот од лансирањето на ракетата „Патриот ПАК-3“ (Patriot PAC-3), влеваат надеж дека е можно да се заштитат животи од суровите напади на Русија“. Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека добил „топла и срдечна честитка“ од ...
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп се подготвува да ги откаже деловните и туристичките визи за дури 200.000 странци кои поднеле барање за азил или моментално бараат азил во САД, според документите на Стејт департментот. Се очекува Стејт департментот да започне со откажување на таканаречените визи Б1 и Б2 издадени помеѓу 2016 и 2026 година на нивните носители кои поднеле барање за азил или моментално бараат азил во САД ...
Менаџерот на Фулам, Алваро Арбелоа, изрази мешани чувства по поразот на неговиот тим од Челзи со 3-2 во нивниот прв натпревар од Премиер-лигата. Шпанецот рече дека е исклучително горд на храброста и карактерот на своите играчи, но призна дека детските одбранбени грешки им ги уништиле напорите. „Примивме голови во првата минута од натпреварот, на крајот од првото полувреме и на самиот почеток од второто полувреме. Сепак, нашиот тим покажа ...
Транспортен авион на американското воено воздухопловство C-17A Globemaster III слета утринава на московскиот аеродром Внуково. Авионот полетал од Рига во Латвија, а американските воени и владини претставници не ја објавија причината за летот, пишува Defence Blog. Според податоците на сервисот Flightradar24, авионот со повикувачки знак REACH4555 и регистрација 07-7181 полетал од Рига околу 8:50 по московско време. Слетал во Русија нешто по 10 ...
Застрашувачка епидемија на ебола ја коси Демократска Република Конго, каде за само три месеци починаа над 2.500 луѓе, а потврдени се повеќе од 5.300 заразени. Стапката на смртност драстично скокна од 20% на дури 48%, што ги крена на нозе Светската здравствена организација (СЗО) и Ватикан, од каде Папата апелираше за итна глобална помош за спасување човечки животи. Здравствените власти отворено признаваат дека ја губат битката, бидејќи ...
Во пожар кој денеска изби во гасно-хемискиот комплекс Амур (AGCC) на рускиот Далечен Исток загина еден кинески работник, а повеќе од стотина се повредени. Информацијата ја потврди компанијата. Комплексот Амур, сместен во близина на градот Свободни во Амурската област, е заеднички проект на рускиот петрохемиски гигант Сибур и кинеската државна компанија Синопек, вреден 10 милијарди долари. Постројката е проектирана да стане еден од ...
Намалувањето на бројот на ученици во основното образование продолжува да се одразува и врз организацијата на наставата во училиштата. Министерка за образование Весна Јаневска денеска информираше дека бројот на запишани првачиња е значително помал во споредба со минатата година, а поради намалениот број ученици ќе се затворат 26 рурални училишта. Дополнително, во основното образование ќе има околу 200 паралелки помалку, додека во средното ...
Голем пожар избувна денеска во Општина Градско, поради што ер-тракторите кои дејствувале на пожарот на Китка се пренасочени кон новото жариште. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, информираше дека пожарот се шири, а во гасењето се вклучува и полициски хеликоптер. „Пред околу 11 часот изби тежок пожар на територијата на општина Градско, во атарот помеѓу селата Горно Чичево и Долно Чичево. Пожарот најверојатно е ...
Тотенхем продолжува да биде еден од најактивните клубови на трансфер – пазарот, демонстрирајќи огромна финансиска моќ. Откако Спарс беа на работ на испаѓање во Чемпионшип минатата сезона, раководството е решено да не ја повтори таквата грешка и да го засили составот со класа играчи. Дури и пред потпишувањето на Савињо, лондонскиот клуб веќе потроши речиси 270 милиони евра за да го задоволи својот нов менаџер Роберто Де Зерби. Тимот ги ...
Јушваев, кој беше семеен човек и татко на три деца, убиен е во момент кога земјата се соочува со растечки проблем со организираниот криминал. Неговото убиство е снимено од безбедносните камери, пренесува „Телеграф“. На снимката се гледа како убиецот се качува по скалите кон влезот додека двајца мажи излегуваат. Откако тие поминуваат, Јушваев излегува и почнува да се симнува по скалите. Тогаш убиецот му приоѓа одзади и пука во задниот дел од ...
За првпат во земјава ќе се воведе национален испит и сертификација за внатрешни ревизори во јавниот сектор. Министерството за финансии ќе го спроведува испитот за стекнување уверение за овластен внатрешен ревизор, со што се воспоставува национален систем на сертификација и се создаваат услови за поголема професионалност и зајакнување на внатрешната финансиска контрола во институциите. Од Министерството велат дека мерката е дел од активностите ...
Уште 300 приватни специјализанти ќе добијат можност за вработување во јавниот здравствен сектор до крајот на 2026 година, со што вкупниот број на специјализанти опфатени со мерката ќе достигне 600. Одлуката, според пратеничката Александра Николовска, има за цел дополнително да го зајакне здравствениот кадар, а посебен фокус ќе биде ставен на здравствените установи надвор од Скопје. „Приоритет ќе имаат општите и хируршките болници надвор од ...
Зголемен е сообраќајот на патиштата надвор од градските средини, особено во попладневните часови, информираат од Автомото сојузот на Македонија. И покрај поголемиот интензитет на сообраќајот, засега нема подолги задржувања на граничните премини од македонска страна, ниту при влез ниту при излез од државата. Од АМСМ апелираат до возачите да ја приспособат брзината и да бидат внимателни во сообраќајот. „На патните правци надвор од градските ...
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека прв пат се согласува со претседателот на СДСМ Венко Филипче дека не се исти и оти тој никогаш не би сакал да биде ист со куклата на луѓето кои, како што рече, ја уништиле и ограбиле Македонија. - Јас можам прв пат да се согласам со претседателот на СДСМ дека не сме исти. Јас никогаш не би сакал да бидам ист со куклата на луѓето кои ја уништија и ограбија Македонија. Ниту во најлошиот сон не би сакал ...
Премиерот Христијан Мицкоски потврди дека од следниот месец ќе има редовно зголемување на пензиите според процентуалното усогласувања предвидено со Законот за пензиското и инвалидското осигурување посочувајќи дека сè уште траат пресметките за износот. – Да, тоа ќе биде редовно усогласување, нивелирање во согласност со законот. Знаете дека постоеја иницијативи од страна на поединци, во заднина охрабрени од политички партии, пред Уставниот суд ...
Науката добива нова дигитална алатка – Министерството за образование и наука го промовираше јавниот портал „е-наука“, кој станува единствена национална база на податоци за истражувачите и научно-истражувачките организации во земјава. Преку платформата ќе може да се следат нивната работа, статистиките и научните резултати, а преку поврзувањето со Web of Science, Scopus и Google Scholar ќе бидат достапни и податоци за цитираноста и h-индексот ...
Вараждинската полиција заврши со криминалистичката истрага за крвавиот инцидент што се случи минатата сабота околу 3 часот наутро во улицата „Иван Падовац“ во Вараждин. Истрагата утврди дека двајца младичи на возраст од 20 и 18 години вербално и физички нападнале четири малолетници (двајца на 16 и двајца на 17 години). За време на турканицата, 20-годишникот паднал на земја, по што еден од 17-годишните малолетници со намера тешко да го ...
Вештачката интелигенција и дата центрите се новата нафта во светот и Македонија не смее да го испушти тој историски момент за долгорочен економски раст, порача премиерот Христијан Мицкоски, истовремено упатувајќи остри критики кон одредени структури во општеството кои според него свесно го кочат развојот на земјата. Мицкоски посочи дека сите проекти мора да се реализираат со целосно почитување на законските прописи и заштита на животната ...
Центарот за управување со кризи информира дека продолжуваат интензивни активности за ставање под контрола на пожарите во селата во областа Каршијак. Оттаму информираат дека директорот на ЦУК, Мухамед Али е на терен, заедно со надлежните служби и екипи, каде што ја следи и координира состојбата. -Наш приоритет е заштитата на планината Китка и спречувањето на ширењето на пожарот кон населените места. На терен се ангажирани сите расположливи ...
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против В.Р., управител и сопственик на правно лице, како и против правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „Даночно затајување“ од член 279 и „Оштетување или повластување на доверители“ од член 257 од Кривичниот законик. Пријавениот В.Р., во периодот од 2019 до 2020 година, иако бил свесен дека правното лице е ...
Ова е веќе нејзина 16-та насловна страница за ова списание, на кое таа се враќа по две години од нејзиното последно појавување. Фотографиите се дело на дуото „Шон + Сенг“ (Sean + Seng). На црно-белата насловна страница, шпанската актерка и добитничка на „Оскар“, која е и амбасадорка на „Шанел“ (Chanel), носи фустан украсен со мониста, светки и кристали, од колекцијата на „Шанел“ за есен 2026 година, креирана од Матје Блази. Бујната фризура ...
Премиерот Христијан Мицкоски би бил најсреќен доколку Соединетите Американски Држави ги затегнат или целосно ги укинат иселеничките визи за македонските граѓани. Според Мицкоски, главниот фокус и политика на оваа влада не е поттикнување на иселувањето, туку враќање на нашите граѓани назад во татковината. Тој направи јасна разлика меѓу туристичките патувања и трајното заминување од земјата. „Ако може Американците да ги затегнат условите за ...
Сообраќајот низ Ормускиот Теснец, една од клучните светски рути за транспорт на енергенси, драстично опадна, откако вчера низ стратешкиот премин поминале само два танкери. Според податоците на платформата „Кплер“, станува збор за најмал број товарни пловила што го минале Теснецот во еден ден од почетокот на мај. Бројката е значително под десетдневниот просек од 14 пловила дневно. Во неделата низ Ормускиот Теснец поминале седум пловила од ...
Дваесетгодишник од Студеничани бил приведен во скопското село Морани, откако полицијата постапила по судска наредба за негово спроведување на издржување двегодишна затворска казна. Б. А. бил лишен од слобода вчера околу 17:25 часот од страна на припадници на Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје. Претходно, тој управувал автомобил „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки и не застанал на знак за запирање даден од полициски ...
Дизел горивото во Македонија е значително поевтино во споредба со сите земји во регионот, а граѓаните од соседните држави масовно доаѓаат да ги полнат своите резервоари на македонските пумпи, истакна премиерот Христијан Мицкоски. Според неговите зборови, разликата во цената на дизелот кај нас е дури за половина евро по литар поевтина отколку во Албанија, додека во однос на Србија цената е пониска за 35 центи. „Од 30 до 50 центи по литар е ...
Европската унија подготвува значителни промени во процесот на проширување, со построги проверки и постепено интегрирање на земјите-кандидатки. Комесарот за проширување Марта Кос го претстави предлогот на Европската комисија, оценувајќи дека новата методологија треба да претставува „нов Хелсиншки момент“ за Унијата. Планот, меѓу другото, предвидува посилни механизми за проверка на кандидатите и нов пристап кон нивното приближување кон ЕУ. ...
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Македонија силно ги поддржува американскиот претседател Доналд Трамп и неговата администрација. Тој во интервју за „Брајтбарт њуз“ (Breitbart News) посочува дека сака стратешкиот дијалог со Вашингтон да се претвори во конкретни резултати во безбедноста, енергетиката, инфраструктурата, трговијата и инвестициите, изјави во ексклузивно интервју. Мицкоски нагласува дека поддршката за Трамп од страна на ...
Страшна сообраќајна несреќа го потресе Краљево, откако автомобил синоќа излетал од коловозот и удрил неколку пешаци на тротоар. Во несреќата тешко било повредено петгодишно девојче, кое и покрај напорите на лекарите им подлегнало на повредите во Универзитетската детска клиника „Тиршова“ во Белград. Меѓу повредените биле мајка со бебе во количка и нејзиното петгодишно дете. Девојчето утрово било пренесено од Краљево во Белград, но, и покрај ...
Министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски со конкретен фокус на потенцијалот на младите, дијаспората и повратниците, како важен ресурс за идниот развој на државата. На средбата со Регионалниот директор на Фондацијата за демократија на Вестминстер за Европа и Централна Азија, Кристофер Левик, биле разгледани можностите за продлабочување на соработката, со акцент на циркуларната миграција и ставањето на знаењето, ...
Најмалку 40 луѓе загинаа откако припадници на банди нападнаа раселени лица кои побарале засолниште во црква во близина на главниот град на Хаити, Порт-о-Пренс, соопштија во понеделникот локалниот градоначалник и Обединетите нации. – Избројавме околу 40 тела. Потрагата продолжува, а некои лица сè уште се водат како исчезнати – изјави градоначалникот на Кенскоф, Масилон Жан, за агенцијата АФП. Неколкумина од убиените во неделата навечер веќе ...