Глобалната економија го апсорбира енергетскиот шок предизвикан од војната во Иран подобро од очекуваното, но растечкиот јавен долг, постојаната инфлација и повисоките приноси од обврзниците остануваат сериозни ризици, изјави директорката на Меѓународниот монетарен фонд, Кристалина Георгиева. Според неа, изгледите за глобалниот раст сега се значително поурамнотежени отколку во април, иако негативните ризици и натаму преовладуваат. Меѓу ...

Новите инфраструктурни проекти и регионалното поврзување се клучот за долгорочен економски развој што ќе ја зацврсти Македонија како централна раскрсница на Балканот, порача вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николовски. Според него, започнувањето на овие инвестиции овозможува силно поврзување на земјата со Косово и Црна Гора, што стратешки значи и директно отворање кон две важни морски пристаништа во регионот. „Убаво е кога ...

Црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ се сретна во Братислава со словачкиот премиер Роберт Фицо, кој ја потврди целосната поддршка на Словачка за амбицијата на Црна Гора да стане следната членка на Европската Унија до 2028 година. Соговорниците разговараа и за зајакнување на економските односи, инвестициите и конкретните проекти меѓу двете земји. Милатовиќ и Фицо ги продолжија разговорите што започнаа во јуни во Тиват, за време на Самитот ...

Стартуваа градежните активности за втората фаза од автопатот Скопје-Блаце во должина од 10,5 километри, која треба да биде готова за четири години и да се спои со веќе изградените 1,5 километри автопат во близина на ГП „Блаце“. На автопатот ќе има 5 тунели, 8 мостови, 11 потпатници, 4 галерии и 9 потпорни ѕидови. Ќе го гради домашната градежна компанија „Гранит“ АД Скопје. Коце Трајановски, директор на Јавното претпријатие за државни патишта ...

Поради одржувањето на Светското првенство во риболов на Мавровското Езеро, риболовот е забранет, како и употребата на пловни средства. Јавното претпријатие Национален парк „Маврово“ информира дека забраната за спортски, рекреативен и секаков друг вид риболов стапува на сила на 26 август и ќе трае до 7 септември 2026 година, односно до целосното завршување на првенството. Одлуката е донесена со цел заштита на рибите пуштени специјално за ...

Франсиско де Орељана бил еден од шпанските морепловци, конквистадори и истражувачи во првата половина на 16 век. Иако не е толку познат како Писаро или Кортес, Орељана е првиот човек кој го истражил сливното подрачје на реката Амазон, му го дал името, а исто така основал и еден од најважните градови во денешен Еквадор. На денешен ден во 1542 година стигнал до устието на реката Амазон и така преживеал исклучително тешко патување. Во Еквадор ...

Во јуни 2026 година, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 446 814 МWh електрична енергија, 4.077 мил. нм3 природен гас, 264 691 тони јаглен и 102 557 тони нафтени продукти. Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 91.3 % во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 99.9 % од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија, покажува извештајот на ...

Арсенал и Ал Хилал постигнаа принципиелен договор за потпишување на договор со Габриел Мартинели. Бразилецот сè уште не се согласил лично со трансферот, но доколку го стори тоа, „топчиите“ ќе добијат 49 милиони фунти, плус до 7 милиони фунти како бонуси. Саудискиот клуб првично достави понуда од 47 милиони фунти, плус 4 милиони фунти како бонуси, но потоа ја подобри понудата, која сега е прифатена. Мартинели стана отворен за трансфер во ...

Жалбата од купувач за кусок од десет грама леб го чинеше еден баварски пекар 15.000 евра, колку што мораше да инвестира во нова опрема за мерење за сите свои подружници. Случајот од Пфафенхофен на Илм, гратче северно од Минхен, го привлече вниманието на германската јавност, пренесува „Еуроњуз“. Спорот го започнал е-пошта Пекарот Матијас Брајтнер со децении продава половини леб, но проблемот настанал кога еден купувач му се обратил преку ...

Украина се наоѓа пред судбоносна пресвртница и ризикува постепено да ја изгуби војната против Русија доколку Киев под итно не спроведе длабоки стратешки и институционални промени, драматично предупреди сменетиот украински министер за одбрана, Михајло Федоров. Во интервју за Reuters, Федоров порача дека Украина има прозорец од само неколку месеци за да донесе одлуки кои можат да го пресвртат текот на војната. Тој упати невообичаено остри ...

Некои медиуми објавија дека пукањето се случило за време на семејна вечера. Полицијата добила повик за помош по 18 часот за активен стрелец, а по пристигнувањето на местото на настанот, слушнале истрели и ја пронашле куќата целосно зафатена од пламен, објави „ABC“. Останките од жртвите сè уште безбедно се извлекуваат од куќата, која била тешко оштетена во пожарот. US horror: 8 dead after gunman opens fire during family dinner in Montana ...

На 80-годишна возраст почина Доли Партон, најомилената и најголема кантри пејачка во историјата на популарната музика, кума на американскиот фолк и кантри-музиката, но и жена која одамна ги надмина границите на жанрот на кој му даде лице, перика, нокти, хумор, капитал и песни. Беше толку многу Американка што речиси изгледаше измислено: платинасто руса коса, гради со големина 40DDD (да, три Д), глас кој можеше и да писка и да шепоти, како и ...

Пожарот избувна во болницата на Пакистанскиот институт за медицински науки (PIMS), а според телевизијата, тој бил предизвикан од дефект во системите за климатизација, објави Ројтерс. صبح سویرے بڑا سانحہ! پمز ہستال سے افسوسناک خبر#PIMSHospital #Islamabad #BreakingNews #PakistanNews #Hospital #BreakingNewsPakistan #LatestNews #NewsAlert #IslamabadNews #Pakistan Disclaimer:This video is for news and informational purposes only. ...

Несекојдневна и застрашувачка сообраќајна несреќа се случи во вторникот попладне на автопатот А1 во Хрватска, на одмориштето Надин-Југ, кога патничко возило под полна брзина ја проби стаклената фасада на ресторан и заврши во неговата внатрешност. На социјалните мрежи брзо се прошири снимката од камерите за надзор, објавена од страницата „Црна хроника Хрватска“. На видеото јасно се гледа како автомобил марка „Ауди“ со австриски регистарски ...

Акцијата за ослободување на грчките плажи од нелегално поставени предмети продолжува на Халкидики. Екипи на општина Полигирос со булдожер отстранија приватни чадори, лежалки и маси од плажата Каливија, со цел повторно да се обезбеди слободен пристап до јавниот простор. Акцијата започна во 7 часот наутро, а на терен биле отстранети предмети кои со текот на времето останале поставени на плажата и практично го ограничувале просторот достапен за ...

Бруно Дуарте ја напушта Црвена Звезда. Васко де Гама ќе биде новиот клуб на досегашниот фудбалер на белградските „црвено-бели“. Тој ќе потпише договор со Дуарте, а наскоро се очекува и официјално соопштение. Трансферот сега е обезбеден, а се чека дефинитивна потврда во врска со износот на отштета. Таа нема да биде помала од 1,5 милион евра. Црвена Звезда бараше откупната цена да биде по цената по која беше купен од португалскиот клуб Фарензе ...

Возењето со вртелешка на хамбуршкиот Зомердом беше прекинато доцна во вторник навечер поради техничка грешка. Дваесет и три лица висеа на заглавена вртелешка со синџири три часа во вторник навечер пред да бидат спасени, објави германската новинска агенција dpa. Возењето со вртелешка на хамбуршкиот Зомердом беше прекинато доцна во вторник навечер поради техничка грешка, што предизвика голема операција на полицијата и пожарникарите додека се ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ му го честиташе Денот на независноста на Украина на украинскиот претседател Володимир Зеленски и рече дека Србија ќе продолжи да ѝ обезбедува хуманитарна помош на таа земја. Зеленски јавно му одговори, заблагодарувајќи ѝ се на Србија за помошта на Украина и поддршката на нејзиниот територијален интегритет. „Република Србија ќе продолжи да им обезбедува хуманитарна помош на граѓаните на Украина, во ...

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска продолжува судењето за случајот „Онкологија“, во кој поранешниот директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија, Нино Васев, и онколозите Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски се обвинети за несовесно лекување пациенти. Судењето го води судијката Снежана Марковска, додека обвинението го застапува јавната обвинителка Марија Ѓоргева од Основното јавно обвинителство – Скопје. На претходното ...

Несекојдневна и застрашувачка сообраќајна несреќа се случи во вторникот попладне на автопатот А1 во Хрватска, на одмориштето Надин-Југ, кога патничко возило под полна брзина ја проби стаклената фасада на ресторан и заврши во неговата внатрешност. На социјалните мрежи брзо се прошири снимката од камерите за надзор, објавена од страницата „Црна хроника Хрватска“. На видеото јасно се гледа како автомобил марка „Ауди“ со австриски регистарски ...

Искривувањето на палецот на ногата, познато како чукли или hallux valgus, често се појавува кај повеќе членови на едно семејство, поради што родителите со ваков деформитет се прашуваат дали и нивните деца имаат поголем ризик да го развијат. Иако наследниот фактор има значајна улога, појавата на чуклите не значи дека детето неизбежно ќе го наследи проблемот.Одговорот е – не мора. Фактот дека мајката, таткото, бабата или дедото имаат hallux ...

Германска туристка и нејзината 12-годишна ќерка доживеаја вистински кошмар откако биле нападнати од животно за кое се претпоставува дека е волк, во популарното туристичко место Пунта Пицо, во близина на Галиполи, на југот од Италија, пренесува Quotidiano di Puglia. Драмата започнала додека девојчето шетало мало куче, кога дивиот ѕвер ненадејно ги нападнал. Мајката веднаш притрчала да го заштити детето, но и таа била зафатена и повредена. ...

Дали вегетаријанската исхрана навистина е поврзана со подолг живот? Ново истражување објавено во „The American Journal of Clinical Nutrition“ го испитувало ова прашање кај 5.203 лица на возраст од 80 и повеќе години, користејќи податоци од кинеско истражување за долговечност што започнало во 1998 година. Истражувачите од Универзитетот Фудан и Кинескиот центар за контрола и превенција на болести следеле кој од учесниците доживеал 100 години, ...

Топлата вода наутро често се препорачува како едноставен начин за почеток на денот, особено по неколку часа сон кога организмот има потреба од течности, но и покрај честите тврдења, нема убедливи докази дека таа сама по себе го забрзува варењето или има посебен „детокс“ ефект. За разлика од кофеинот, кој може да ја поттикне дигестивната активност, водата првенствено помага во надополнување на течностите. Нејзината главна корист е едноставна ...

Јужна и Средна Европа се под опсада на шестиот и најсилен топлотен бран оваа сезона, предизвикан од т.н. „топлотна купола“ — стабилен систем на висок воздушен притисок што го заробува и додатно го загрева воздухот над континентот. Според прогнозите на Severe Weather Europe, од четврток до сабота температурите во котлините и речните долини на Балканот, Северна Италија, Источна Хрватска, Србија и БиХ ќе се искачат до рекордни 42 до 43 °C. Она ...

Природните непогоди годинава предизвикаа милионски штети врз хрватското земјоделство, при што загубите на земјоделските култури од почетокот на 2026 година до средината на август достигнаа околу 37 милиони евра. Податоците ги соопшти потпретседателот на хрватската Влада и министер за земјоделство, шумарство и рибарство, Давид Влајчиќ. Тој ги претстави податоците на средбата со словенечкиот министер за земјоделство Јанез Циглер Крал во рамки ...

Израелскиот пратеник од крајната десница, Зви Сукот, заедно со неколку соработници, со чекани го срушил споменикот посветен на загинатите Палестинци во селото Мадама на Западниот Брег, при што инцидентот предизвика осуди и од израелската армија и од политички претставници. На видеото прво објавено од палестинските медиуми, се гледа војник како стои до Сукот, член на партијата Религиозен ционизам, и други мажи кои удираат во споменикот. Други ...

Во петок православните христијани го одбележуваат еден од најголемите празници денот на Успението на Пресвета Богородица. Одбележувањето на празникот во манастирот кај Матка посветен на Успението на Пресвета Богородица започнува на 27 август со вечерната литургија, а потоа се одржува сеноќно бдение. Утрото на 28 август Божествената литургија по повод празникот започнува во 8:30 часот, а со неа ќе чиноначалствува Митрополит ...

Асоцијацијата Макам-транс упати повик до сите превозници, возачи, соработници и ВИП членки да се приклучат на протестот против правилото 90/180 дена престој во Шенген зоната, кое создава сериозни проблеми за професионалните возачи. Протестот ќе се одржи во понеделник, 31 август, од 12:00 до 14:00 часот, пред Делегацијата на Европската Унија во Скопје. Од асоцијацијата порачаа дека целта е да се испрати јасна порака до европските институции ...

Управата за јавни приходи (УЈП) информира дека до граѓаните пристигнуваат лажни SMS-пораки во кои се тврди дека „даночниот поврат е подготвен“, а во пораката е приложен и линк. Оттаму предупредуваат дека станува збор за можен обид за измама и апелира граѓаните да не го отвораат линкот и да не оставаат лични или банкарски податоци. Од УЈП велат дека информациите поврзани со даночните услуги и повратот на ДДВ треба да се проверуваат исклучиво ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
87%
1027
weather icon

Белград

3ᴼ / 2ᴼ
2.06
81%
1027
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
1.54
73%
1028
weather icon

Софија

7ᴼ / 0ᴼ
2.06
55%
1027
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.26
93%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.09
63%
1026
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1023
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.57
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
5.14
59%
1030
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 3ᴼ
1.34
73%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Алуминиум

3.07

Сребро

1670.34

Родиум

295786.87

Калај

46.54

Платина

49319.25

Бакар

12.58

Паладиум

32279.35

Иридиум

315077.32

Рутениум

61086.42

Кобалт

33.53

Цинк

3.76

Злато

130856.75