Манчестер Јунајтед официјално го потврди доаѓањето на камерунскиот играч за врска Карлос Балеба од Брајтон. Прославениот англиски клуб плати фиксна сума од околу 65 милиони фунти, додека целиот договор би можел да се зголеми за дополнителни шест милиони евра со бонуси. 22-годишниот фудбалер потпиша повеќегодишен договор со „црвените ѓаволи“ откако успешно ги заврши медицинските прегледи. Доаѓањето на Балеба претставува најскапото летно ...

Но, се чини дека нивната врска можеби не е само прашање на изглед и долгогодишно пријателство. Харелсон откри дека постои можност двајцата всушност да се во роднинска врска, а сè започнало со необична реченица од мајката на Меконахи. Неочекувано откритие за време на разговорот Харелсон изјави за Variety дека пред три години разговарал со Мери Кетлин, мајката на Метју Меконахи, која ја познава повеќе од 25 години и со љубов ја нарекува ...

САД понудија награда до 10 милиони долари за информации за клучните лидери на Корпусот на гардата на исламската револуција, како дел од пошироката акција против воените активности на Иран, набавките и мрежите за шверц на нафта и петрохемиски производи. Стејт департментот и Министерството за финансии воведоа санкции за речиси 60 поединци, компании и бродови, за кои Вашингтон тврди дека овозможуваат ирански воени набавки, сајбер-операции и ...

Според судските документи до кои во понеделникот дојде „Калифорнија пост“ (The California Post), Јорк стапил во контакт со жената преку веб-страница за проституција и се договорил да плати 140 долари во замена за сексуални услуги. Согласно договорот, тој се упатил кон кампот за мобилни куќи „Вит Хил“ (Weat Hill), каде што бил уапсен. Обвинителството го преиначило првичниот обвинителски акт за вршење проституција во поблаго обвинение за ...

Жозе Мурињо се врати во Реал Мадрид со една единствена цел – да го врати шампионскиот ген во тим кој две сезони не знае за трофеи. Неговиот втор мандат на клупата на Реал започна без двоумење и без милост кон познати имиња. Додека во шпанската престолнина има дебата за новиот профил на средниот ред, експертите на радио станицата „Кадена СЕР“ најавија шок – Феде Валверде, еден од најборбените и најомилените играчи на “Сантијаго Бернабеу“, би ...

Компанијата ја потврди оваа информација. Комплексот „Амур“, лоциран во близина на градот Свободни во Амурската област, е заеднички проект вреден 10 милијарди долари меѓу рускиот петрохемиски гигант „Сибур“ и кинеската државна компанија „Синопек“. В Амурской области произошёл хлопок и началось возгорание на Амурском газохимическом комплексе возле поселения орков Свободный, у границы с Китаем. Его строят СИБУР и китайская Sinopec. Здесь ...

„Нападот со беспилотни летала во Лајпциг, меѓу другото, покажува дека се соочуваме со многу реални закани. германија е под зголемен надзор од хибридни напаѓачи“, рече Мерц. Германските власти за борба против тероризмот отворија истрага на 5 август откако еден вработен на аеродромот во Лајпциг пронајде дрон што носел експлозивна направа, на која детонаторот очигледно откажал. Истражителите пронашле уште еден дрон на 14 август во близина на ...

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Владата планира намалување на ДДВ на горивата, презема внимателни чекори, има план и стратегија затоа што, како што оцени, состојбата на Блискиот Исток може да потрае и неколку години, повеќе од предвидувањата. Граѓаните, според Мицкоски, треба да бидат спокојни затоа што државата има доволно нафтени резерви. – Да, планираме. Имаме јасна стратегија, имаме јасен план. Според нашите анализи ова ќе потрае. ...

Во моментот има околу 200 паралелки помалку во основното образование и 100 паралелки помалку во средното образование, соопшти министерката за образование и наука Весна Јаневска. Таа очекува годинава природно да бидат затворени 26 рурални училишта во кои нема упис на првачиња и во кои, како што рече „наводно учат“ од пет до осум деца. – Во моментот имаме околу 200 паралелки помалку во основното образование и 100 паралелки помалку во средното ...

Министерството за образование и наука денеска го промовира порталот „Е‑наука“ (e-nauka.mon.gov.mk) – единствена национална електронска база на податоци за сите истражувачи во земјата што вршат научноистражувачка работа. Министерката Весна Јаневска изјави дека идејата е да се поттикне и да се направи видлива научната мисла, таа да се поврзе со бизнис-секторот затоа што за економски развој заснован на знаење, треба да бидат поддржани ...

ПСЖ ја набљудува ситуацијата околу Адил Хамдани, 17-годишниот напаѓач на Лион, кој е извонреден со своите настапи во последните месеци. Младиот играч сè уште не потпишал професионален договор, што го прави неговиот статус особено интересен на крајот од преодниот рок. Според францускиот „Л’Екип“, ПСЖ е сериозно заинтересиран за неговиот развој, особено ако Ибрахима Мбаје го напушти клубот. Интересот на парискиот клуб за играчот роден во Париз ...

Годишното гласање за престижните награди EISA се одржа во текот на јуни и јули. Главните награди за најдобар телефон на годината, како и во подктегории - надобар за фото/видео, најдобар за својата цена... речиси сите награди отидоа кај кинеските производители на кои само во една битна категорија им се плетка - Самсунг Изборот на лауреатите го извршија околу шеесет уредници на највлијателните технолошки списанија во светот, од Канада и САД, ...

Венко Филипче како прв човек на СДСM, а поставен на тоа место од неговиот другар Зоран Заев, кога станува збор посебно за здравството треба да молчи, рече денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков. – Неговите кажувања дека Обвинителството не покренало обвинение против него, покажуваат само дека обвинителот Ислам Абази е слеп пред доказите. Непокренувањето на обвинение е сè, само не е доказ дека Филипче е невин. Зошто? Бидејќи од ...

Полициските службеници кои секојдневно се соочуваат со несреќи, насилство и други тешки ситуации ќе добиваат дополнителна психолошка поддршка. Во МВР започна првата фаза од Програмата за поддршка при психолошка траума, која треба да им помогне на полицајците полесно да го препознаат стресот и последиците од трауматичните настани. На почетокот на програмата присуствуваше директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, кој порача ...

Одлуката е донесена во Минхен – Џамал Мусијаа нема да биде во составот на Баерн за првиот натпревар од новата сезона во Бундеслигата против Штутгарт. Иако е планирано младиот ас постепено да се приклучува на тимските тренинзи, тренерскиот персонал и медицинскиот тим немаат намера да преземаат никакви ризици, па затоа отворањето на првенството во петок е сè уште прерано за 23-годишниот напаѓач. Мусиала тренира одвоено од тимот од минатиот ...

Што може да се прочита за пет, десет или дваесет минути? Во време во кое вниманието е сè подрагоцено, а долгите текстови на многумина им изгледаат како напор, настануваат нови начини за да може литературата да им се доближи на читателите. Класиците се скратуваат и поедноставуваат и се нудат на места каде што не очекувате книги – на пример на одредени железнички станици во Германија. Патниците, во зависност од тоа колку чекаат, можат да ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во реализираните инвестиции и модернизацијата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), каде што беа претставени новите просторни, технички и лабораториски капацитети на институцијата. Како што информираше директорот на УХМР, Игор Лазаровски, во изминатите две години се реализирани бројни инвестиции насочени кон модернизација на лабораториските, метеоролошките и хидролошките системи, ...

Првичните тестери особено го фалат дизајнот, издржливата шарка и практичноста на големиот внатрешен екран. Сепак, недостатокот на телефото камера може да биде проблем со оглед на очекуваната цена од околу 2.000 долари. Apple треба да го претстави својот прв преклопен iPhone за само неколку недели, а некои внатрешни тестери веќе имаа можност да го испробаат уредот. Според Марк Гурман од Bloomberg, нивните први впечатоци се претежно позитивни, ...

Стејт департментот во наредните недели би требало да почне со поништување на таканаречените Б1 и Б2 визи издадени меѓу 2016 и 2026 година на нивните носители кои поднеле барање за азил или моментално бараат азил во САД, пренесе АП. Мерката се спроведува во координација со американското Министерство за внатрешна безбедност. – Се координираме со Министерството за внатрешна безбедност за да ги идентификуваме и поништиме неимигрантските визи на ...

Нарачките во главниот градежен сектор, прилагодени за ценовните и календарските фактори, се зголемија за 11,3 проценти во јуни во споредба со истиот месец минатата година, додека приходите, по прилагодување на цените, се зголемија за 6,6 проценти, делумно благодарение на големите договори. Посилна активност беше забележана и во градежништвото, кое во голема мера зависи од станбената изградба, како и во нискоградбата, која вклучува изградба ...

Тригодишно девојче со тешки повреди било пренесено на лекување во болница здобиени во несреќа со лифт во зграда во скопско Радишани. „ Вчера во 20:00 часот во СВР Скопје, Е.З.(30) од Скопје пријавила дека на 22.08.2026 околу 18:15 часот, додека таа и нејзините деца биле во лифт од станбена зграда на подрачјето на Радишани, вратата од лифтот ненадејно се отворила и затворила, при што нејзината тригодишна ќерка била повлечена и се се здобила ...

Габриел Мартинели би можел да го напушти Арсенал и да ја продолжи кариерата во Ал Хилал, а двата клуба веќе се во преговори за евентуален трансфер, според англиските медиуми. 25-годишниот Бразилец не настапи во последните два натпревари на „топџиите“ – победата над Манчестер Сити во Суперкупот и победата од 3-0 над Ковентри во Премиер лигата. Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, разговарал со Мартинели за неговата иднина во клубот, а клубот ...

Во современото деловно работење, податоците се еден од највредните ресурси на секоја компанија. Без разлика дали станува збор за сметководствени документи, бази на клиенти, деловни апликации или заеднички датотеки за вработените, потребно е тие да бидат безбедно складирани и лесно достапни. Токму затоа, сè повеќе компании се одлучуваат за набавка на сопствен сервер. Lenovo ThinkServer Tower серијата нуди сигурно и практично решение за мали и ...

На денешен ден, 25 август, му оддаваме почит на еден од најфасцинантните и најконтроверзните умови во историјата ‒ Фридрих Ниче, кој го заврши својот земен пат точно на овој датум во 1900 година, оставајќи зад себе идеи што засекогаш го променија начинот на кој го разбираме човекот, моралот и постоењето. Фридрих Ниче, роден во 1844 година во малото германско село Рекен, бил еден од највлијателните филозофи на 19 век, чии дела длабоко ги ...

Европскиот автомобилски пазар е во процес на длабока трансформација, при што електричната мобилност постепено се етаблира од нишен феномен во главен двигател на продажбата. Повикувајќи се на официјални податоци од водечките индустриски организации, меѓународните новински агенции известуваат за извонреден пресврт - во јули, уделот на нови целосно електрични возила (BEV) достигна 25,7% од вкупните регистрации. Ова практично значи дека секој ...

Според новиот извештај од Планот за закрепнување на Венецуела, повеќе од 226.000 луѓе се во болници, додека инспекциите на домовите според Планот Семафоро и расчистувањето на урнатините продолжуваат. „Бројот на жртви од земјотресите што ја погодија Венецуела на 24 јуни се искачи на 6.509, според најновиот официјален билтен од 24 август“, се вели во Планот за закрепнување, како што објави „Globovision“. Бројот на спасени лица остана ист ...

Џеф Безос, основачот на „Амазон“, во понеделникот ја посети јахтата „Мунрис“ на Јан Кум, компјутерски програмер, милијардер и коосновач на популарната апликација за размена на пораки „ Вотсап “, која е вкотвена кај Млет. Безос пристигна на јахтата во доцните попладневни часови, во друштво на американскиот медиумски могул и милијардер Бари Дилер. Истиот ден, Јан Кум со хеликоптер слета на својата јахта. И претходно доаѓале во Хрватска На ...

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање како ја коментира изјавата дека не се исти, дадена од претседателот на опозициската СДСМ Венко Филипче, истакна: „Јас можам за прв пат да се сложам со претседателот на СДСМ дека не сме исти. Јас никогаш не би сакал да бидам ист со куклата на луѓето кои ја уништија и ограбија Македонија. Ниту во најлошиот сон не би сакал тоа да бидам. Така што еве за прв ...

Пациентите со трансплантирани органи од утре, 26 август 2026 година, ќе можат да го подигнуваат лекот Myfortic (mycophenolic acid) од 180 mg и 360 mg без доплата од договорните аптеки на Фондот за здравствено осигурување. Она што Фондот го најави како решение за заштита на оваа специфична категорија пациенти, сега е целосно реализирано. Завршени се сите потребни постапки, Управниот одбор ја даде потребната согласност, направени се измените ...

Околу 140 возила во сопственост на туристи се оштетени во пожар на паркинг што го опслужува аеродромот Гетвик во Велика Британија. Службите за итни случаи реагираа на пожарот што избувна веднаш по 21 часот во саботата во деловниот парк Калдин, во близина на Кроли, на околу 8 милји (13 км) од аеродромот. Пожарот остави 2.133 домови и бизниси без струја околу три минути во 23:02 часот откако се сомневаше дека е запален. Речиси 60 имоти беа без ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
87%
1027
weather icon

Белград

3ᴼ / 2ᴼ
2.06
81%
1027
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
1.54
73%
1028
weather icon

Софија

7ᴼ / 0ᴼ
2.06
55%
1027
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.26
93%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.09
63%
1026
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1023
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.57
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
5.14
59%
1030
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 3ᴼ
1.34
73%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Платина

49319.25

Родиум

295786.87

Рутениум

61086.42

Сребро

1670.34

Кобалт

33.53

Алуминиум

3.07

Иридиум

315077.32

Бакар

12.58

Паладиум

32279.35

Калај

46.54

Злато

130856.75

Цинк

3.76