Mакедонскиот поет Славе Ѓорѓо Димоски и српската поетеса Радмила Лазиќ се годинешните добитници на наградата „Книжевен жезол“ на Друштвото на писателите на Македонија. Оваа традиционална награда за животен опус, најголемата што ја доделува Друштвото, се состои од статуетка и од плакета, а на поетот и на поетесата ќе им биде врачена на манифестацијата „Празник на липите“, која ќе се одржи на 13 и 14 јуни во Скопје. Одлуката за избор на ...

Ретроспективна изложба на илустрации на еден од доајените на македонската уметност, Орде Манески ќе виде отвoрена во рамките на Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера“. Изложбата ќе биде поставена од 23 до 30 април, во галерискиот простор на Сули ан во Старата скопска чаршија каде годинава ќе се одржи „Литера“. Посетителите ќе се запознаат со богатото творештво на Манески и ќе ги погледнат препознатливите ...

Официјалното отворање на манифестрацијата „Гевгелија – Град на културата“ ќе се случи денес со повеќе настани во градот. Централен настан ќе биде концертот на Националниот џез оркестар што ќе се одржи на Стариот градски пазар, во 19.30 часот. Оркестарот ќе биде предводен од Џијан Емин, ќе бидат изведени незаборавни хитови и поп-евергрини од македонската и светската музичка сцена, специјално аранжирани со нов, уникатен звук за оваа пригода. Ќе ...

Изминатиот викенд ( 5 и 6 април) беше во знакот на интернационалниот танцов натпревар Diamond Dance Competition кој се одржа по втор пат во Хотелот Мериот во Скопје. Diamond по втор пат го собра најдоброто од танцувачката сцена на едно место. Натпреварот се одржа во атмосфера исполнета со енергија, емоција и уметност, каде што учесниците од Македонија, Полска, Србија, Бугарија, Грција, Унгарија, Албанија и Босна и Херцеговина имаа можност да ...

Употреба на документарниот филм како едукативна алатка во формалното образование е силна мисија на Здружението за промоција на документаристиката „МакеДокс“. Оваа децениска посветеност резултира со бројни успеси, а новитет во едукативната програма на „МакеДокс“ е „Некстас“, платформата за наставници кои се стремат да поттикнат критичко размислување кај младите луѓе и се подготвени да иновираат со нови аудиовизуелни средства во наставата. Во ...

Токму „100 години квантна механика“ е насловот на семинарот што ќе се одржи утре во 10 часот на Институтот за физика про Природно-математичкиот факултет Еден век квантна механика, делот од квантната наука кој брзо се развива и со себе носи нови и неочекувани резултати, велат физичарите. Технологиите засновани на овие откритија можат да ги променат животите и веќе го прават тоа. Токму „100 години квантна механика“ е насловот на семинарот што ...

Музичко–поетска вечер со Марко Виденовиќ и триото „Мевлем“ ќе се одржи вечерва во 20 часот, во Камерната сала на Филхармонијата во Скопје. Проектот „Мевлем“ е уникатна симбиоза на музика и поезија, создадена од композиторот и поет Марко Виденовиќ, кој преку своите дела создава извонредна уметничка комуникација помеѓу звуците и зборовите. Проектот вклучува премиерни изведби на композиции кои се специјално создадени за оваа прилика, што го ...

Саемот на книга, најголемиот книжевен настан во земјата, годинава ќе се одржи од 8 до 14 мај во арената „Борис Трајковски“ во Скопје. Саемот ќе се одвива под мотото „Храна за душа“, истакнувајќи ја моќта на пишаниот збор да инспирира, образува и збогатува. Арената „Борис Трајковски“ и годинава ќе се претвори во центар на литературата, каде што посетителите ќе можат да нурнат во светот на книгите и да ја пронајдат вистинската храна што им е ...

Изложбата „Соѕвездие на детските сни“ на илустрации на Ване Костуранов е отворена од синоќа во книжарницата Литература.мк во Дајмонд мол во Скопје. Изложбата е во рамките на фестивалот „Видик“, што го организира „Арс Ламина“. До 14 април делата ќе бидат изложени во холот на „Дајмонд мол“. Целта и на изложбата е да нурнеме во ониричниот свет на Костуранов, вели уредничката Бисера Бендевска. -На факултет нè учеа дека во книжевноста сè е ...

Во продажниот салон на Културно-информативниот центар во Скопје вечерва во 20 часот ќе биде отворена изложбата „Мапирање на спокојот“ од Јана Андреевска. Ова е прво претставување на Андреевска со своето ликовно творештво. Изложбата ќе биде отворена за посето до 16 април, во периодот од 10 до 20 часот. По 15 часот пристапот до изложбата ќе биде од главниот влез на КИЦ. Изложбата беше одложувана два пати. -Како што би рекле Битлси, With a ...

„Тој се јави во мал народ и тоа во време кога тој народ сè порешително ја изразуваше својата национална индивидуалност. Тој не беше само човек на литературата, ами по силата на околностите тој требаше, без никакви привилегии, да се вклучи во секидневната практична дејност, полна со опасност, за проширување на социјалните и националните права на својот народ, подложен на секаква дискриминација. (…) Во еден таков човек се обединува писател и ...

Петте тима на СТЕМ Академија од Скопје освоија пет награди на Медитеранскиот натпревар во СТЕМ и роботика што се одржа во Атина. Тие имаа тематски предизвик „Дали може да се преживее на Марс?“ Секој тим освои по една награда: најдобро решение на понуден проблем, најдобра соработка како тим, најдобра прва автоматизација и најдобра идеја и креативност, а тимот на Future Stars го освоија и првото место во напредната категорија. -Годинава на ...

Светски познатиот виолинист Роман Симовиќ, концертмајстор на Лондонскиот симфониски оркестар, ќе одржи хуманитарен концерт во Скопје за жртвите и повредените во стравотниот пожар во дискотеката во Кочани. Тој ќе настапи во придружба на FAME’S Институт на 29 април (20 часот) во камерната сала на Македонската филхармонија. На програмата е Концерт за виолина и Симфонија бр. 7 од Лудвиг ван Бетовен. – Обединети преку музиката за добротворна цел – ...

Петте тима на СТЕМ Академија од Скопје освоија пет награди на Медитеранскиот натпревар во СТЕМ и роботика што се одржа во Атина. Тие имаа тематски предизвик „Дали може да се преживее на Марс?“ Секој тим освои по една награда: најдобро решение на понуден проблем, најдобра соработка како тим, најдобра прва автоматизација и најдобра идеја и креативност, а тимот на Future Stars го освоија и првото место во напредната категорија. -Годинава на ...

Во малата сала на Центарот за култура во Битола вечерва во 19 часот ќе се одржи специјална проекција на македонскиот документарен филм „Градина“. На настанот ќе гостуваат режисерот Бојан Тантуровски, продуцентот Илија Тирицовски и киноматограферот Кирил Шентевски, со кои по проекцијата ќе следува дискусија за филмот. „Градина“ ќе се прикажува во редовната програма на европски филм во мала сала од утре до 12 април. „Градина“ е приказна за ...

Mакедонскиот женски младински хор „Менада“ од Тетово, кој долги години со гордост ја носи титулата „Амбасадор на македонското хорско пеење“, ќе одржи концерт на 11 април во 19 часот во македонскиот Културно-информативен центар во Белград. Хорот „Менада“, предводен од маестро Ивица Зорица, ќе се претстави со 50-минутна музичка програма, која во најголем дел ќе содржи духовна музика, а ќе бидат исполнети и неколку македонски евергрин ...

Во КСП „Центар-Јадро“ во Скопје вечерва во 20 часот ќе биде отворена изложбата „Sehschärfenbestimmung/Проверка на диоптријата“ што ја организира фестивалот „Зрно“ во соработка со Галеријата „Герила“ од Виена и со „Центар-Јадро“. Станува збор за ревијална поставка која ги обединува љубителите на аналогната фотографија од Европа и пошироко. Голем дел од авторите се учесници на работилниците за благородни фотографски постапки кои ги организира ...

,Издавачката куќа „Арс Ламина“ го распишa традиционалниот литературен и ликовен конкурс „Читањето е супермоќ“. На овој креативен предизвик, кој трае од 2 април до 2 мај 2025 година, право на учество имаат сите деца од градинките и учениците од основните училишта од целата држава. Децата од градинките, на возраст од 4 до 6 години, можат да учествуваат со цртежи инспирирани од светот на приказните, додека учениците од основните училишта можат ...

Драмски театар со претставата „Хеда Габлер“ гостува во Тиват, Црна Гора, каде вечерва во 20 часот во Центарот за култура Тиват ќе настапат во рамките на црногорското издание на регионалниот театарски фестивал РУТА. „Хеда Габлер“ е работена по текст на авторот Хенрик Ибзен. Режисер на претставата е Васил Христов, адаптацијата е на Викторија Рангелова Петровска и Васил Христов. Сценограф на претставата е Васил Христов и костимите се на ...

Македонија годинава ќе биде во друштво на најдобрите 50 тима од целиот свет во FIRST LEGO лигата, која претставува глобална иницијатива која ги воведува децата во науката, технологијата, инженерството и математиката (СТЕМ) преку интерактивно и забавно учење базирано на пракса. Македонија на Светскиот шампионат што ќе се одржи од 2 до 4 мај во Софико, Коринт, Грција ќе ја претставува скопското основното училиште „Александар Македонски“ и тимот ...

„Под исто небо“ е слоганот на 7. издание на Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера“, кое ќе се одржи од 23 до 25 април во Сули Ан, Скопје. Фестивалот годинава ќе ја прослави моќта на литературата и илустрацијата како универзален јазик што ги поврзува децата од различни култури и општества. Во рамки на „Литера 2025“ ќе се организираат интерактивни работилници, средби со автори и илустратори, како и специјални ...

Умно.мк во соработка со Europe Housе ја реализира рубриката „Надреден знак“, во која интелектуалци од одредена област пишуваат колумни на теми што нè засегаат Пишува: Наташа Димова, претседателка, „Мрежа Стела“ Кога првпат се најдов во улогата на менторирана личност, чувствував голема несигурност. Имав многу прашања и не знаев од каде да почнам. Во тој момент, мојата менторка ми кажа реченица што ја паметам и денес: „Не си сама. И јас бев ...

Професорката д-р Светлана Мојсов, родена скопјанка, која со години работи на Универзитетот „Рокфелер“ во Соединетите Американски Држави и нејзините колеги ја добија престижната награда Breakthrough Prizes за 2025 година, во пошироката јавност позната и како „Оскар за наука“. Ова е последна од низата светски награди кои во последната година ги добива тимот кој го спроведе истражувањето GLP-1 за дијабетес и дебелина. Наградата ја добија и ...

Книгата „На врв од острицата“ од Сузана В. Спасовска ќе биде промовирана утревечер во 19 часот во свечената сала на Друштвото на писателите на Македонија. Промотори на изданието ќе бидат Соња Стојменска-Елзесер и Владимир Мартиновски, а изданието е на „Макавеј“. Во својот осврт кон книгата, Соња Стојменска-Елзесер истакнува: „На врв од острицата“ е критичко-есеистичка книга во која се собрани текстови што ја отсликуваат критичарската ...

Со претставата „Народен пратеник“ во режија на Егон Савин, Македонскиот народен театар утревечер ќе ја започне својата турнеја во регионот, дел од одбележувањето на јубилејот 80 години од основањето. На истата сцена, на 9 април, ќе биде изведена претставата „12“ на Синиша Евтимов. Предвидени се два блока на гостувања, надвор од границите како и во нашата земја. По Црна Гора, следува настапите во Сараево, Босна и Херцеговина, на 11 и 12 април. ...

Детскиот културен центар ,,Карпош’’ денеска во 11 часот она тартан патеката во Градскиот парк во Скопје организира крос трка по повод Меѓународната недела на здравјето. Во оваа спортска манифестација учествуваат дечиња од градинките од градот и околината. Трката ќе се трча на 250 м. во мешана категорија, момчиња и девојчиња. Исто така ќе се трча и штафетно трчање 200 метри 4×50 метри. Целта на оваа манифестација е да го одбележиме ...

Од 25 до 27 април ќе се одржи 30. издание на скопскиот моден викенд (Fashion Weekend Skopje – FWSK 30). Публиката нема да биде само љубител на модата, туку и оние што ја чувствуваат како социјален и културен феномен. Оние што знаат дека во модата стилот е личен, но промената е колективна. Манифестацијата го помести датумот на одржување поради трагедијата во Кочани што ја потресе целата јавност. Повеќе информации и целата програма ќе ја ...

Издавачката куќа „Прозарт медиа“, организатор на Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ и на „Скопје Фелоушип програмата“, присуствува на најзначајниот Саем на книга за деца во светот, во Болоња, Италија. „Прозарт медиа“ е поканета од Саемот, во рамки на престижната „Invitation program“, заедно со четириесетина други одбрани издавачи од целиот свет. Во рамки на оваа програма, Саемот обезбедува и штанд за „Прозарт медиа“, на ...

Во Салон 19.19 при Културно-информативниот центар во Скопје вечерва во 18 часот ќе почне 7. Меѓународен фестивал за кларинети „Кларифест“. Фестивалот ќе биде отворен со концерт на ученици и студенти од музичките училишта и факултети во земјава. Фестивалот ќе се состои од семинари и концерти за кларинет, а гости годинава се реномирани професори и интернационални солисти на кларинет, Николаи Пфефер од Германија и Габор Варга од Унгарија. Тие ќе ...

„Славит природата“ е насловот на изложбата од Емилија и Стојче Тоциновски отворена во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово. Тие се претставуваат со 30-тина слики работени во техниката акрил на платно. Според историчарот на уметноста Роберт Цветковски, редок феномен е двајца уметници да работат на едно платно и во една симбиоза го креираат финалниот продукт. – Уникатниот пристап, изборот на теми како и нивната интерпретација – ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
2.57
62%
1026
weather icon

Белград

12ᴼ / 10ᴼ
3.6
52%
1026
weather icon

Загреб

13ᴼ / 9ᴼ
1.54
52%
1025
weather icon

Софија

8ᴼ / 8ᴼ
3.6
60%
1027
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
3.12
64%
1028
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 9ᴼ
1.54
54%
1025
weather icon

Атина

12ᴼ / 11ᴼ
4.63
61%
1026
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
0.0
58%
1026
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
3.6
54%
1026
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
61%
1029
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 7ᴼ
1.54
46%
1026
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 6ᴼ
4.63
63%
1029
Currency

61.6317

Currency

53.0188

Currency

71.0739

Currency

37.3113

Currency

39.0511

Currency

68.3732

Currency

7.68792

Currency

0.66893

Currency

0.33606

Currency

0.52476

Currency

1.20326

Currency

0.57672

Бакар

11.73

Сребро

2711.59

Рутениум

47358.05

Кобалт

66.14

Злато

166253.76

Калај

50.64

Платина

68963.35

Родиум

372948.66

Алуминиум

3.42

Цинк

3.24

Паладиум

51794.85

Иридиум

231355.22