Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Жртвите биле дел од група луѓе кои чекаа во ред за додатоци во исхраната. Израелската војска потврди дека нападот бил насочен кон припадник на военото крило на Хамас и изрази жалење за жртвите меѓу цивилното население, нагласувајќи дека инцидентот е во фаза на истрага. Во исто време, делегации од Израел и Хамас во Доха продолжуваат разговори за можна согласност за прекин на огнот и ослободување на заложниците. Сепак, според информации од ...
Во операцијата, која траеше од 23 јуни до 6 јули, со координација на Министерството за внатрешни работи на Обединетите Арапски Емирати, а преку Меѓународната иницијатива за спроведување на законот за климата (I2LEC), зададен е голем удар на транснационалните мрежи за еколошки криминал. Во координираната акција учествувале над 1.500 полицајци од Бразил, Колумбија, Еквадор и Перу. Властите спровеле над 350 координирани рации насочени кон ...
Како што е наведено во соопштението на НБС, банката изврши обратна репо трансакција – продажба на хартии од вредност со нивно повторно откупување по одреден период – во овој случај од една недела. Аукцијата подразбира повеќекратна варијабилна каматна стапка, додека максималната каматна стапка е 5,75 проценти. Датумот на повторно откупување е седум дена од датумот на аукцијата, односно 16 јули 2025 година. Според српски медиуми, од тој сектор ...
Последниот случај е токму објавата за прогласена кризна состојба, која пристигна кај многумина два дена по официјалната владина одлука. Дополнително, пораката беше испратена на латиница, што предизвика реакција кај дел од јавноста поради недоследност во службената комуникација. Граѓаните и експертите за кризни ситуации нагласуваат дека доцнењето во информирањето може да има сериозни последици, особено во ситуации кога секунда е важна. ...
Од Лондон, по посетата на британска воена база, за време на видео повик со останатите сојузнички лидери собрани во Рим на конференцијата за обнова на Украина, тие ја потврдија поддршката за Киев. Тие тврдат дека преземаат водство во потенцијална повоена воена мисија за обезбедување безбедност во Украина. Стармер оцени дека „овој координиран притисок ќе направи разлика“. „Треба да ја пренасочиме нашата работа кон подготовка на мирот, да го ...
Секторот за деактивирање на експлозивни направи ја пронајде и ја отстрани бомбата, која не експлодирала, за да ја достави за дополнителна истрага, јави дописничката на МИА од Атина. Според неофицијалните информации, експлозивната направа имала пет прачки динамит и детонатор, а не претходел никаков предупредувачки повик, како што е најчесто случај во Грција. Бомбата била поставена во дворот пред зградата во која живее новинарот Јанис ...
„Разговарав за тоа со претседателот Трамп минатиот четврток и го замолив да го испорача системот“, рече Мерц на конференцијата за обнова на Украина и Рим. Министрите за одбрана на двете земји разговараа за можниот договор, но конечната одлука сè уште не е донесена, рече Мерц. Германскиот канцелар истакна дека САД имаат потреба од дел од достапните „Патриот“ за сопствена одбрана и не прецизираше колку системи Берлин има намера да купи. Дпа ...
Министерството за внатрешни работи интензивно продолжува со процесите на дигитализација и со тоа приближување на своите услуги до граѓаните – од денеска на националниот портал uslugi.gov.mk достапна електронски е една од најбараните услуги на граѓаните на шалтерите на МВР: Уверение за жителство за моментална адреса на живеење. Како што соопшти МВР, граѓаните можат да ја пронајдат услугата директно на следниот линк: ...
„На 10.07.2025 во 15:30 часот, при вршење на патрола на патот помеѓу Кадино и Миладиновци од страна на полициски службеници од Единица за интервентна полиција при СВР Скопје е забележан црн дим (чад), при што затекнати се две лица кои имаа запалено кабли во близина на сува трева и ѓубре (дива депонија)“, стои во соопштението на МВР. Додаваат дека со брза реакција пожарот е спречен да се прошири и истиот е изгаснат. „Утврдено е дека станува ...
Освојувачот на последниот македонски фудбалски куп и најтрофејниот македонски клуб ФК Вардар вечерва повторно игра. Вечерва од 20:30 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, „црвено-црните“ го пречекуваат тимот Ла Фјорита од Сан Марино во првиот меч од квалификациите за Конференциската лига на УЕФА. Победа вечерва би значела психолошка предност пред реваншот на 17 јули во Сан Марино, потврда на добрата форма оти Вардар има ...
Како што е објавено на официјалната страница на Европскиот парламент, гласањето се одржало поединечно, а за предлогот да биде усвоен беше потребно двотретинско мнозинство од вкупниот број пратеници. Расправата на пленарната седница со фон дер Лајен се одржа во понеделникот. Според деловникот на Европскиот парламент, предлог за изгласување недоверба може да поднесе најмалку една десетина од пратениците, односно 72 од вкупно 720 членови на ...
Оваа акција е дел од иницијативата „Непослушно корзо“, која започна на 29 јуни како реакција на полициска репресија врз студентите. Акцијата се состои од блокирање на сообраќајници кои се претвораат во импровизирани шеталишта, симбол на отпор и слобода. Првата блокада започна кај Футошката пазарница, а потоа се прошири по цел булевар на Ослободување и други делови од градот. Организаторите велат дека присуството вечерва е клучно, бидејќи ...
Причината? Марципанот, поради својата густа текстура, на безбедносните скенери може да изгледа како експлозив. Според Џон, кој работи со багаж на аеродром, доколку се сомневаат во содржината, вашиот куфер ќе биде издвоен, а вие ќе бидете повикани на дополнителна проверка – што може да значи дека нема да стигнете навреме на летот. „Има иста густина како одредени експлозиви. Ќе ви го издвојат багажот и ќе ве повикаат на скенирање. Никогаш не ...
Пилотите и кабинскиот екипаж на нискобуџетната компанија EasyJet, која има бази на аеродромите во Милано Малпенза, Неапол и Венеција, ќе стапат во 24-часовен штрајк. Компанијата лета и до многу други италијански дестинации како Рим, Пиза и Палермо. Штрајкот дополнително ќе биде засилен од вработените кои ракуваат со багажот на аеродромите во Милано Линате, Милано Малпенза, Венеција, како и персоналот на аеродромите во Калјари (Сардинија) и ...
Трамп изјави дека одлуката е донесена врз основа на „опсежна проценка за национална безбедност“, според која овие мерки се неопходни за заштита на клучните индустрии во земјата. „Бакарот е од суштинско значење за полупроводници, авиони, бродови, муниција, дата-центри, литиум-јонски батерии, радарски системи, противракетна одбрана и дури и хиперсонично оружје кое во моментов масовно го произведуваме,“ напиша Трамп на социјалната мрежа Truth ...
Минималните температури ќе се движат меѓу 7 и 16 степени, додека максималните дневни температури ќе бидат во интервал од 22 до 31 степен Целзиусов. Во Скопје времето ќе биде слично – сончево со мала до умерена облачност и засилен северен ветер. Температурата ќе се движи од 13 до 29 степени. Според најавите од синоптичарите, во следните денови не очекува стабилно, сончево и потопло време, со постепен пораст на дневните температури и услови за ...
Најтешка е состојбата во општина Македонски Брод, каде се води борба со четири активни пожари. Пожарот кај селото Рамне се проширил од кругот на фабриката „Самоков“, а се гори и дабова и мешана шума во околината на селата Црешнево, Локвица, Слатина и Ковче. Критична точка е и Чучер Сандево, каде кај селото Блаце гори ниска вегетација, додека во Шуто Оризари се активни пламени јазици на депонијата кај селото Визбегово. Во Прилеп сè уште е ...
Според податоците, 76.8 % од студентите се запишани на државни високообразовни установи, додека 23.2 % одбрале приватни универзитети. Во прва година студии се запишани 14 644 студенти, од кои 13 825 се запишале првпат. Ова покажува континуирана заинтересираност за високото образование, како и значителен интерес за студирање на државните факултети. Податоците потврдуваат благ раст на студентската популација, со благо зголемување на учеството ...
Најпогодени подрачја се општините Прилеп, Македонски Брод, Велес, Желино, Чашка, Дојран и Виница. Гореле шуми, пасишта и нискостеблеста вегетација, а дел од пожарите се прошириле во близина на населени места. И додека теренот бара итна и организирана интервенција, јавноста со загриженост следи како институциите реагираат спорадично и неефикасно. Трн уште пред почетокот на пожарната сезона упати прашања до ЈП Национални шуми со намера да ...
Научниците ја поврзуваат оваа забрзаност со моменталната положба на Месечината – поблиску до Земјините полови – што суптилно го зголемува нејзиниот спин. Иако овие промени не се опасни, тие се ретки и можат да предизвикаат историски чекор во мерењето на времето: воведување на т.н. „негативна секундарна скок-секунда“ до 2029 година – прва од ваков вид досега. Благодарение на прецизни атомски часовници и сателитски технологии, овие промени се ...
Не беше веднаш јасно дали има други повредени или загинати во експлозијата во Воената академија Џале Сијад, еден од главните центри за обука на воени регрути во Сомалија. Ал Шабаб, организација која долго време извршува смртоносни напади во Сомалија врз владини и цивилни цели, соопшти дека бомбаш самоубиец таргетирал западна делегација која ги обучувала регрутите. Засега не е јасно која делегација би можела да биде таму. САД, ЕУ и Турција се ...
Во изминатите 48 часа во областа Атика, поширокиот регион на Атина биле регистрирани четири случаи на вирусот Западен Нил, што воедно се и првите во Грција за оваа година, соопштија од Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина. Четирите случаи на инфекција биле дијагностицирани истовремено, а според ЕОДИ, станува збор за пациенти на возраст од над 65 години. Вирусот Западен Нил, што го пренесуваат ...
„Јавен обвинител ќе издаде наредби и насоки за целосно испитување на причините за настанување на пожарот во Визбегово и евентуалната предизвикана опасност врз животот и телото на луѓето, имотот или врз животната средина“, информираат од Обвинителство. Во пожарот кој избувна утрото околу 9 часот на отпад за старо железо на улица „Б. Буна“ во скопско Визбегово, повредено е едно лице. Поради ветрот чадот од пожарот се гледа од неколку страни на ...
ЦУК денеска во 17 часот информира дека се уште е активен и пожарот на депонијата во Визбегово, во Општина Шуто Оризари, а гори и ниска вегетација кај Црквата „Св. Никита“ во Општина Чучер Сандево. Активен е и пожарот кај Станковец, кон Бензинската пумпа Дизел, пожарот во Волково, во Општина Ѓорче Петров, каде гори ниска вегетација и пожар во Катланово, Општина Петровец, каде гори сува трева. На територијата на државата до 13 часот имало ...
Од нејзиниот Кабинет информираат дека ангажманот се реализира согласно Законот за управување со кризи, а истиот следи по одлуката на Владата да прогласи кризна состојба поради ширењето на пожарите. „Генералштабот на Армијата ќе го одреди начинот на делување на војската на терен, во согласност со потребите и проценките на надлежните служби,“ соопштуваат од Кабинетот. Претседателката е во тек со состојбата со пожарите и изразува загриженост и ...
Од Министерството за цивилна заштита и климатски кризи на Грција информираа дека двата авиона полетале од Солун денеска во 18 часот по локално време. Копнените екипи веќе се на терен и активно учествуваат во справувањето со огнената стихија. Поддршката е резултат на билатерално барање од Центарот за управување со кризи на Северна Македонија до грчкиот координативен центар за операции и управување со кризи. Грчката Влада веднаш позитивно ...
За производство на само една маица се потребни околу 2.700 литри вода, а 35% од микропластиката во океаните доаѓа од перење на облека, предупредуваат од Europe House. Во Европската Унија годишно се фрлаат приближно 5 милиони тони текстил, со што модната индустрија станува значителен загадувач на планетата. Во обид да се стави крај на негативните еколошки последици од таканаречената ултрабрза мода, Францускиот Сенат неодамна изгласа закон кој ...
Руто рече дека „е доста“ и ја повика полицијата „да им пука во нозе“ на оние кои се вклучени во ограбување и палење бизниси. Тој тврди дека незадоволството е политички мотивирано и оти неговите политички ривали сакаат да ја соборат неговата влада со насилство. Во Кенија со недели има големи демонстрации, откако познат блогер почина во полициски притвор минатиот месец, што разлути многу Кенијци. Тензиите дополнително се зголемија откако ...
Безбедноста на новинарите претставува суштински предуслов за професионално и независно информирање, што пак е темел на правото на граѓаните да бидат точно, навремено и објективно информирани. Неопходно е новинарите да имаат можност слободно и безбедно да ги извршуваат своите професионални обврски во интерес на јавноста и насилството врз медиумските работници, во каква било форма, е апсолутно неприфатливо и мора да биде јасно санкционирано. ...
„Ситуацијата е критична. Пожарот е веднаш до бензинските. Во опасност се и луѓето и целиот регион,“ велат граѓани кои се на теренот и апелираат за итна интервенција. Поради сувото време, силниот ветер и тежок терен, пожарот брзо напредува, а ризикот за поширока еколошка и материјална штета е огромен. „Спасете што може да се спаси“, апелираат граѓаните. Надлежните служби се на терен, но очигледна е потребата од воздушна поддршка и засилување ...