Соработката не е прекината, рече тој, пренесе ДПА повикувајќи се на државната новинска агенција ИРНА. Сепак, сите активности поврзани со агенцијата на ОН сега ќе бидат префрлени на Националниот совет за безбедност на Иран. – Барањата на агенцијата ќе бидат испитувани, проценувани и ќе се одговара поединечно во однос на интересите на Иран, рече министерот. Иранскиот парламент на крајот на јуни донесе закон со кој се суспендира соработката со ...

Земјата не може да се фокусира само на „воена безбедност“, туку и на „цивилна одбрана и заштита на населението“, рече тој денеска во северниот град Росток, каде владата го одбележуваше Денот на цивилната заштита. Федералната влада работи со 16-те покраини за да ја процени достапноста на засолништа низ целата земја, рече министерот. Тој истакна дека многу засолништа биле демонтирани во изминатите децении, одлука која сега се преиспитува од ...

Ѓоковиќ и сопругата на кралот Чарлс се сретнале на Вимблдон и поминале неколку минути во разговор. Британските медиуми објавуваат дека кралицата изјавила дека „ги држела палците вкрстени“ за Новак пред неговиот четвртфинален натпревар на Вимблдон. По натпреварот, Новак не сакал да зборува за деталите од разговорот, наведувајќи само дека бил изненаден од прашањето што му го поставила кралицата. Англиските медиуми открија за што станувало збор. ...

„Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на ОЈО Скопје за определување мерки за обезбедување присуство против две лица, осомничени за кривичното дело Насилство од чл. 386 ст.3 вв ст.1 од КЗ, а поврзани со вчерашниот напад на градоначалникот на Градот Скопје, донесе решенија со кои: С.Љ., осомничени дека вербално и физички ја нападнал оштетената му се определува мерка куќен притвор во траење од 8 ...

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против две лица за кривично дело „насилство“. Првоосомничениот вчера се заканувал и физички ја нападнал градоначалничката на Скопје, која заедно со вработени во градските служби, по претходна пријава, излегле да извршат вонреден надзор на нелегален објект во градба на улицата „Севастополска“. Тој, како што се наведува, се претставил како сопственик на објектот во градба, па почнал грубо да ...

Според советничката на Град Скопје, Ирена Витина, ја инфорира јавноста дека работата на дивоградбата се одвива непречено, пред очите на Министерството за внатрешни работи, без никаква интервенција и без реакција од другите надлежни институции. „Овој случај уште еднаш го отвора прашањето каде се институциите и зошто не постапуваат? МВР, државната градежна инспекција на министерството за транспорт и општинските градежни инспекциски служби на ...

„Амбасадата на Франција најостро го осудува овој чин на физичко насилство, како и вербалните напади денес упатени кон градоначалничката на Град Скопје, г-ѓа Данела Арсовска,“ се наведува во реакцијата. Додаваат дека почитувањето на другиот и на претставниците на народот е суштинска демократска вредност. Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во петокот напладне била физички нападната при извршување на работни задачи во Чаир. Таа ...

Министерството информира дека пет шумски пожари сè уште не се изгаснати. Активни остануваат два пожари во округот Дибра, еден во округот Тирана, еден во Елбасан и еден во Корча, пренесе БТА. Шумските пожари се регистрирани во области со грмушеста вегетација, а досега се изгорени површини од 91 хектар и 20 маслинови дрвја. Во операциите за гаснење на пожарите биле ангажирани 38 противпожарни возила и 459 пожарникари. Вчера во гаснењето на ...

Меѓу нападнатите цели биле оперативци, складишта за оружје, позиции за лансирање противтенковски ракети, тунели и друга терористичка инфраструктура, соопшти ИДФ, објави „Тајмс оф Израел“. Министерството за здравство контролирано од Хамас, наведува дека во последните два дена загинале најмалку 143 Палестинци. Израелската војска соопшти дека пет дивизии на ИДФ, составени од десетици илјади војници, сè уште дејствуваат низ Газа. За време на ...

Едногласната одлука на членовите на УНЕСКО наиде на одушевување кај австралиската Влада, а народот Мардудунера е пресреќен што ова античко место, кое се нарекува „Културна средина Мурујуга“, доби заслужено место на списокот на светско наследство. Мурујуга, во регионот Пилбара, во северозападна Западна Австралија, има повеќе од милион петроглифи, од кои некои се стари 50.000 години. Овие петроглифи се наоѓаат на полуостров каде што се наоѓаат ...

„Преговорите во Доха се соочуваат со сложени пречки и тешкотии поради инсистирањето на Израел да презентира план за повлекување, што всушност е само план за повторно распоредување на израелската армија, а не вистинско повлекување“, изјавија палестински извори блиски до преговорите за француските медиуми. Израел, додаваат тие, продолжува да го одложува договорот со цел „да спроведе политика на војна на истребување“. Истите извори наведуваат ...

Шумски пожар во ваша близина. Ако сте во конкретната област евакуирајте се на север, е пораката, напишана на грчки и англиски јазик, проследена со силен карактеристичен звук, што ја добиваат сите оние кои се наоѓаат во регион со активен пожар во Грција, а е испратена од цивилната заштита преку бројот 112 за итни случаи, со цел да се информираат граѓаните, но и туристите и да избегнат опасност по нивните животи. Европскиот број за итни случаи ...

Американската министерка за правда и воедно главен државен обвинител, Пам Бонди, вчера отпушти уште девет вработени во Министерството за правда, кои работеа за специјалниот советник Џек Смит, кој го истражуваше Доналд Трамп за задржување на доверливи документи и неговите напори да побара преглед на изборите во 2020 година, јавија британските медиуми. Најмалку двајца од отпуштените беа обвинители кои неодамна работеле во обвинителства во ...

Откажан е музичко забавниот дел од програмата за одбележување на Петровден, празникот на градот Кочани. Ваква одлука донесе в.д. градоначалникот, Венко Крстевски, откако родителите на загинатите во трагедијата од 16 март годинава ссиноќа се собраа пред сцената во Паркот на Револуција, каде требаше да запчне концерт со настап на повеќе бендови. Тие поставија фотографии на своите деца и запалија свеќи. „Животот продолжува, но трагедијата во ...

„Ми велат дека не сум ни требала да излегувам на терен, како тоа да е оправдување за нападот“, наведува Арсовска. Таа тврди дека се прави обид случајот да се минимизира и пренасочи вината кон неа. „Ова се причините зошто во Македонија доаѓаме до фемицид – пријавувате сто пати, никој не реагира, и на крај ќе ве убијат“, напиша Арсовска. Според неа, Министерството за внатрешни работи не застанува во одбрана на жртвите, туку на сторителите. „МВР ...

„Одлуката на ПКК да се откаже од оружјето гарантира дека не само курдското прашање, туку и сите турски проблеми ќе бидат решени преку демократски средства“, се наведува во партиското соопштение. ДЕМ е трета најголема опозициска партија во турскиот Парламент. ПКК и Турција се во вооружен конфликт од 1084 година поради позицијата на Курдите, кои живеат во пограничните области на земјата со Ирак. Курдите имаат и своја област на ирачката страна ...

Од октомври минатата година досега на Хаити се убиени речиси 5.000 лица, поради ескалацијата на насилствата меѓу бандите, особено во главниот град Порт-о-Пренс, се наведува во извештајот на Високиот комесар на ОН за човекови права, објавен денеска, а пренесен од британските медиуми. „Насилството драстично се зголеми во последните месеци“, се додава во извештајот. Во периодот меѓу октомври 2024 и јуни 2025 годинава во главниот град се убиени ...

Дарел „Плант“ Томас, познат и сакан сопственик на автоперална од Источен Детроит, им приреди вистински спектакл на жителите од неговата заедница – дури и по неговата смрт. На својот погреб, одржан на 27 јуни, Томас организирал фрлање пари од хеликоптер – неверојатен чин на великодушност со кој сакал да им се заблагодари на луѓето што му значеле во животот. 58-годишниот Томас почина од Алцхајмерова болест, но неговиот дух на дарежливост живее ...

РСФ синоќа почнаа артилериско гранатирање на населбите во градот Обеид, главниот град на покраината Северен Кордофан, при што загинаа најмалку четири лица, а неколку беа ранети, соопшти Мрежата на судански лекари. Групата наведе дека цел на гранатирањето биле жени и постари лица. „РСФ намерно предизвикуваат смртни случаи во населбите на Ел-Обеид, кои се густо населени со раселени луѓе и оние кои побегнале од подрачјата под контрола на РСФ“, ...

Времето утре сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 18, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени. Во Скопје, сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 35 степени. Во наредните денови следува ...

Мигрантите кои нелегално влегле во Грција со пловно средства и при тоа ќе се враќаат, без регистрација, или во земјата од која дошле или во земјата на потекло, во наредните три месеци не можат да добијат азил, јави дописничката на МИА од Атина. Портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис рече дека беше изгласан „важен и апсолутно неопходен амандман“, што според него, има за цел да ја „заштити земјата од зголемувањето на нелегалните ...

Нападот се случил синоќа во селото Лин Та Лу, во централниот дел на земјата, и повредил околу 30 лица, додека десет се во сериозна состојба. Во последните неколку недели, повеќе од 150 луѓе од околните села се засолниле во манастирот, што бил бомбардиран од млазен авион, со цел да избегнат копнени напади во регионот. Војската на Мјанмар претходно изјави дека напаѓа само легитимни воени цели и ги обвини силите на отпорот за тероризам. ...

Шпанецот Карлос Алакрас се пласираше во финалето на турнирот во Вимблдон, откако пред малку го победи американскиот тенисер Тејлор Фриц. Во интересен меч, Алкараз победи со 3:1 во сетови ( 6:4, 5:7, 6:3, 7:6) и со тоа стана првиот финалист. Шпанецот во недела ќе игра против подобриот од второто полуфинале кое попладнево го играат српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и италијанецот Јаник Синер. Во женското финале, утре ќе играат Анисимова од САД и ...

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска попладнево била физички нападната во скопската општина Чаир. Арсовска која со тим од Град Скопје била на увид на дивоградба, прво била вербално, а потоа и физички нападната од неколку лица. По нападот Арсовска заминала на преглед во ГОБ „8ми Септември“, а настанот го потврдија и од Министерството за внатрешни работи. „На 11.07.2025 во 12:15ч од страна на А.Ј. во СВР Скопје пријавено е дека при ...

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека руската армија трпи големи загуби во војната против Украина, кои нагло се зголемија од почетокот на оваа година. „Важно е да се напомене дека од јануари оваа година, на пример, руската страна изгуби 100.000 војници – убиени, а не ранети. А од украинската страна, бројките се помали, но сепак значајни“, рече шефот на Стејт департментот на конференцијата на АСЕАН во Малезија. Според него, ...

Денеска се играат полуфиналните дуели на најпрестижниот тениски турнир Вимблдон. Полуфиналната програма ќе ја отворат вториот носител Карлос Алкараз од Шпанија и Тејлор Фиц (5) од САД. По завршување на мечот (но не пред 16.30) на централниот терен ќе се сретнат првиот носител Јаник Синер од Италија и српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ. И додека сите очекуваат спектакуларни мечеви, светскта тениска јавност е фокусирана на тоа дали Ѓоковиќ ќе успее ...

На 11 јули, светот го одбележува Светскиот ден на населението, инициран од ОН во 1989 година, како потсетник на денот кога светската популација достигна 5 милијарди (1987). Денес, таа бројка е над 8.23 милијарди, а темата за 2025 година е: „Овозможување на младите да ги создадат семејствата што ги посакуваат во праведен и надежен свет“. Клучни демографски податоци за 2025 Најнаселени земји во 2025 Регионални трендови Демографски предизвици ...

Оваа година, Националната установа Турски Театар – Скопје со гордост одбележува значаен јубилеј – 75 години од изведбата на првата претстава, култната комедија „Сомнително лице“ од Бранислав Нушиќ. Во 1950 година, во едно време на обнова, ентузијазам и културно будење, храбра група уметници и визионери го поставија темелот на она што денес претставува еден од најзначајните театарски центри на турски јазик во Европа. Претставата „Сомнително ...

Израел заклучил дека дел од подземните резерви на збогатен ураниум во Иран преживеале американски и израелски напади минатиот месец и дека би можеле повторно да бидат достапни за иранските нуклеарни инженери, според изјава на висок израелски функционер. Според New York Times (NYT), овој функционер изјавил дека Израел кон крајот на минатата година започнал да презема чекори кон воена акција против Иран, откако забележале, според него, трка за ...

PFAS сега ги загадуваат телата на речиси сите Европејци – вклучувајќи деца, бремени жени и адолесценти. Министрите за животна средина и клима на ЕУ се поканети да ја тестираат нивната крв за PFAS – штетни „вечни хемикалии“ поврзани со рак и други сериозни здравствени ризици. Иницијативата, водена од Данското Министерство за животна средина и родова еднаквост во партнерство со Европскиот биро за животна средина (EEB) и непрофитната ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
57%
1029
weather icon

Белград

10ᴼ / 8ᴼ
8.23
55%
1027
weather icon

Загреб

12ᴼ / 7ᴼ
1.03
57%
1025
weather icon

Софија

7ᴼ / 3ᴼ
6.17
53%
1031
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
3.65
73%
1031
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 5ᴼ
1.03
71%
1025
weather icon

Атина

11ᴼ / 9ᴼ
5.14
64%
1027
weather icon

Тирана

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
76%
1026
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
76%
1026
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 3ᴼ
3.09
76%
1033
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
2.68
59%
1027
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 6ᴼ
6.17
74%
1031
Currency

61.6317

Currency

53.0259

Currency

71.0056

Currency

36.9694

Currency

38.9897

Currency

67.8896

Currency

7.68854

Currency

0.66331

Currency

0.33476

Currency

0.52519

Currency

1.20282

Currency

0.57679

Цинк

3.24

Злато

164352.04

Иридиум

231355.22

Платина

68931.20

Бакар

11.57

Кобалт

66.14

Сребро

2696.16

Калај

50.61

Родиум

374556.20

Рутениум

47358.05

Паладиум

52052.06

Алуминиум

3.42