Селото Плоски е спасено од големиот шумски пожар што ја загрозуваше населбата. Цела ноќ доброволци, локални жители и противпожарни екипи неуморно се бореа за да го спречат ширењето на огнената стихија и да ги заштитат домовите на жителите, јавува Општина Сандански, пренесува Пиринско. Со помош на тешка механизација беа направени противпожарни просеки кои го ограничија ширењето на пламените јазици кон селото. Благодарение на овие навремени ...

Бугарската влада ќе додели вкупно 900 илјади лева како финансиска помош за семејствата погодени од неодамнешните пожари, соопшти министерот за труд и социјална политика, Борислав Гуцанов, пренесува БГНЕС. „Досега граѓаните можеа да аплицираат за 1.914 лева. Сега доделуваме дополнителни 3.000 лева по семејство. Исто така, може да се побараат уште 2.500 лева за набавка на техника уништена во пожарите. Вкупната сума што едно домаќинство може да ...

Чешкиот хеликоптер „Блек хок“, кој пристигна на скопскиот аеродром, се упатува кон планината Готен, каде ќе се вклучи во гаснењето на пожарот од беровска страна. На состанокот утрово беше утврдено дека вештачкото езеро Турија, оддалечено околу десет километри воздушна линија од пожарот, е најпогоден извор за полнење вода. Покрај чешкиот хеликоптер, во земјава пристигна и конвој од 61 словенечки пожарникар со 18 возила. Според податоците на ...

На територијата на Република Северна Македонија во изминатото деноноќие биле регистрирани вкупно 28 пожари на отворен простор, од кои три сè уште се активни, пет се ставени под контрола, а дваесет се целосно изгаснати. Активните пожари се лоцирани во планинските предели кај Нивичино, како и на потегот помеѓу неколку села во Прилепско и Кавадаречко. Во Прилепско, интервенцијата е отежната поради детонации во близина на пожарот, поради што на ...

Повеќе од 60 пожарникари од Словенија со 18 возила утрово пристигнаа преку граничниот премин „Табановце“. Тие се приклучија на македонските и чешките тимови во борбата против шумските пожари кои беснеат низ земјава. Според последните информации на Центарот за управување со кризи (ЦУК), во изминатото деноноќие биле регистрирани вкупно 28 пожари на отворен простор, од кои три сè уште се активни, пет се ставени под контрола, а дваесет се целосно ...

Целосното потфрлање на ВМРО-ДПМНЕ во справување со пожарите минатата и оваа година донесе невидена катастрофа. Податоците се аларманти. Минатата 2024 година, изгореле 95.181 хектари во Македонија. Дури 8 пати повеќе отколку од просекот во последните 17 години, објави СДСМ. Од таму велат дека изгорените 95.000 хектари зеленило, шуми пасишта ја става Македонија прва во Европа ако се спореди соодносот меѓу изгорената површина со површината на ...

Српскиот информативен портал „Niške Vesti“ објави „анализa“ во која тврди дека Бугарија „настапува“ во Јужна Србија преку голем број граѓани на Србија кои добиваат бугарско државјанство, пренесува БГНЕС. Во текстот не се спомнува дека кандидатите за државјанство притоа мораат да докажат бугарско потекло и да изјават бугарска национална самосвест. Според податоците, меѓу 5.000 и 8.000 српски државјани веќе имаат бугарски пасош, а само во ...

Во текот на изминатите неколку часа, повеќе земји, вклучувајќи ги САД и Јапонија, беа издадени предупредувања за цунами и наредби за евакуација откако земјотрес со јачина од 8,8 степени го погоди брегот на Русија. Тоа е еден од најсилните земјотреси некогаш регистрирани. Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави на социјалните мрежи: Поради разорниот земјотрес што го погоди Тихиот Океан, на сила е предупредување за цунами за сите жители на ...

Силен земјотрес со интензитет од 8,8 степени што го погоди рускиот Далечен Исток предизвика цунами, а Јапонија и Хаваи наредија евакуација. Земјотрес со интензитет од 8,8 степени според Рихтеровата скала го погоди градот Петропавловск на Камчатка, а според првичните извештаи, има повредени, објавија руските медиуми. Првиот бран цунами ги погоди Курилските острови, а цунами високo 3-4 метри го погоди полуостровот Камчатка. Гувернерот на ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за обид да изврши – Тешки дела против општата сигурност од член 292 став 1 во врска со член 288 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот вчера попладне, преку една социјална мрежа, се заканил на лице од Струмица дека ќе му ја запали викендицата, а потоа се обидел заканите да ги реализира. На локацијата брана Водоча се ...

Собранието денес ја изгласа интерпелацијата на државниот обвинител Љупчо Коцевски, поднесена од партијата „Левица“. Со 71 глас „за“, без воздржани и без гласови против, Собранието констатира дека наводите во интерпелацијата се основани. Партијата Левица ја поднесе интерпелацијата минатиот месец поради селективност во истрагата за пожарот во Кочани, политичко влијание во работата на Обвинителството, функционален хаос во Вишото јавно ...

Сите државни институции и јавни правни лица имаат обврска најдоцна до 15 септември 2025 година да ги заменат регистарските таблици на службените возила со нови, специјални таблици во боја. Оваа одлука е донесена на денешната владина седница, по иницијатива на директорот на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски. Од СОЗР појаснуваат дека целта на оваа мерка е зголемување на транспарентноста, отчетноста и воспоставување контрола ...

На 28 јули 2025 година, Вокално-инструменталната група „Елеганс“ при читалиште „Пробуда 1961“ од Ќустендил, Бугарија, настапи на свечен концерт во Крива Паланка. Настанот беше дел од овогодинешното издание на „Кривопаланечко културно лето“, кое го организираат Општина Крива Паланка и Центарот за култура, јавува Пиринско. На концертот учествуваа повеќе музички состави и изведувачи од Северна Македонија, а „Елеганс“ беше единствената група од ...

Археолошки тим предводен од проф. д-р Људмил Вагалински започна да открива недопрен гроб покриен со масивни камени плочи во Западната некропола на античкиот град Хераклеја Синтика, објави Archaeologia Bulgarica. Гробот се наоѓа на самиот раб од зоната каде што се изведуваат спасувачките ископувања, што значително ја отежнува работата на тимот. И покрај сложените услови, археолозите очекуваат до крајот на денот да имаат нови детали за наодот, ...

Меѓународна помош ќе пристигне во земјава да помогне во справување со пожарите. Помошта ќе дојде од Чешка и од Словенија. Чешка испраќа хеликоптер Блек Хок со седумчлен екипаж. Се очекува да пристигнат попладнево. Утре, пак, во Берово ќе пристигне тим од Словенија составен од 61 пожарникар со 18 возила. Во текот на измнинатото деноноќие на територијата на државата евидентирани се вкупно 27 пожари на отворен простор. Од нив, седум се активни, ...

Согласно измените на Законот за оружје, стапи во сила новиот систем за набавка на муниција. Со него, граѓаните кои поседуваат оружје ќе можат да ја набавуваат потребната муниција директно во овластените правни субјекти. Повеќе не е потребно претходно одобрение за набавка на муниција. „Истовремено, преку централен електронски систем, Министерството за внатрешни работи ќе врши континуирана контрола и увид во количините што се набавуваат, во ...

Министерството за транспорт ја поништи јавната набавка за избор на понудувач за набавка на 120 електрични еколошки автобуси за јавен превоз и станици за полнење. Оттука информираа дека на јавниот повик кој беше објавен 17 јуни со краен рок за достување на понудите 24 јули 2025 година, само една компанија доставила понуда. „По извршената евалуација, Комисијата надлежна за спроведување на јавната набаака, утврди дека компанијата не ги исполнува ...

Полицијата поднесе кривична пријава против Г.С.(45) од Виница, директорка во основно училиште во овој град, поради несовесно работење во службата. „На 27 јануари пријавената склучила договор за вработување со својата ќерка С.С., иако немала соодветно образование, на работно место предметен наставник по математика во основно училиште“, соопшти МВР. Оттука велат дека со тоа му била нанесена штета на буџетот на училиштето на име исплата на плати ...

Раководителот на Главниот штаб за управување со кризи и директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, синоќа присуствуваше на координативниот состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во Берово, предводен од градоначалникот Звонко Пекевски. На работниот состанок се анализираа извештаите за движењето и интензитетот на пожарот во планината над селото Русиново. Како главни предизвици беа посочени променливиот ...

Во општина Битола, денес беше одржан состанок, со кој се означи почетокот на реализацијата на проектот за изградба на пречистителната станица за отпадни води. Во присуство на претставници на Министерството за животна средина, Министерството за финансии, изведувачот на пречистителната станица конзорциумот Лантаниа-Стентон градба-Карканиас, избраниот надзор- фирмата Ептиса, претставници на КЈП „Нискоградба“ и претставници на општинската ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека во Газа владее вистинскa глад и дека САД ќе воспостават центри за храна во регионот. „Ќе воспоставиме центри со храна, без огради, за да се олесни пристапот“, изјави Трамп пред новинарите по средбата со британскиот премиер Кир Стармер во Тернбери, каде што Трамп поседува имот со голф игралиште. Тој додаде дека САД ќе соработуваат со други земји за да испратат повеќе хуманитарна помош за ...

Десет дена по медиумските објави во кои се гледаат службени возила на вицепремиерите Изет Меџити и Арбен Фетаи нешто пред полноќ паркирани пред трговскиот центар „Мавровка“, премиерот Христијан Мицкоски не знае дали таму биле на владин состанок. Тој денес кажа дека ќе ги праша на каков состанок биле со службените возила. „Ние како Влада работиме до доцна навечер, и јас исто така. Сигурно биле на состанок во кој што имало потреба и поврзани ...

На еден ден пред расправата за интерпелацијата на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски поднесена од партијата Левица, премиерот Христијан Мицкоски вели дека не го менува ставот ниту тој како човек, ниту пак го менува ставот партијата ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски уште во март, по пожарот во Кочани, кажа дека ќе им даде шанса и на Коцевски и на останатите обвинители да работат и да сработат, имајќи ја предвид чувствителноста на ситуацијата. ...

Украинската државна енергетска компанија Нафтогаз го потпиша првиот договор со азербејџанската државна нафтена и гасна корпорација SOCAR за увоз на природен гас по Трансбалканската рута, јавува БГНЕС. „За првпат се остварува пробна испорака на гас по Трансбалканската рута — по коридорот Бугарија–Романија–Украина“, се вели во официјалното соопштение на Нафтогаз, објавено на веб-страницата на компанијата. Иако обемот на испораката не е ...

Во текот на изминатото деноноќие, 27/28.07, на територијата на Република Северна Македонија се регистрирани вкупно 51 пожар, од кои осум се активни, седум се под контрола, а 36 се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи. АКТИВНИ ПОЖАРИ: 8 1. Општина Василево, Радовиш и Берово – с. Нивичино, на планината Голем Готен и Малешевските Планини (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација). 2. Општина Прилеп – с. Бешиште, ...

Вие ќе бидете дел от ЕУ, дури и ако вашата вашата влада не го сака тоа! Со овие зборови бугарскиот европратеник Ивајло В’лчев им се обрати на граѓаните на РС Македонија за време на своето гостување во македонско-бугарскиот подкаст „Коридор 8“. В’лчев заедно со неговиот колега во европскиот парламент д-р Андреj Ковачев говореа за тоа кој навистина ја блокира РС Македонија на нејзиниот пат кон ЕУ. Двајцата европратеници ја отворија темата и за ...

Верувам дека здравството е повеќе од систем. Тоа е нераскинливо морално ветувањето што си го даваме едни на други: дека кога најмногу ни треба, ќе има некој тука за нас“, порачува во видео обраќање министерот за здравство, Азир Алиу. Тој нагласува дека тоа ветување денес има потреба да се врати во системот, но без импровизирани одлуки, туку со јасна визија. Без носталгија, со податоци и храброст. -Визијата станува реалност со голем прв чекор: ...

До 13:30 часот на 27 јули 2025 година, на територијата на државата се евидентирани вкупно 16 пожари на отворен простор, од кои осум се активни, шест се ставени под контрола и два се целосно изгаснати. Како што информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов најтежок е пожарот на Планината Готен. -Најсериозен и најкомплексен пожар со кој се соочуваме моментално е оној на планината Готен, која се наоѓа помеѓу ...

Во време кога летните горештини го зголемуваат ризикот од пожари, а бројот на активни огнени жаришта се зголемува ширум државата, секоја служба на терен има своја задача. Но, кога станува збор за спасување човечки живот, сите се еднакви – и тоа денеска уште еднаш се покажа на дело. Полициски службеници со хеликоптерот „Агуста Бел 212“ на Министерството за внатрешни работи (МВР), денеска извеле драматично спасување на повредено лице на фронтот ...

Штабот за борба со пожарите при бугарското МВР соопшти дека ситуацијата останува критична поради високите температури и силниот ветер, пренесува БГНЕС. Бугарија побара помош од европските партнери – денеска ќе пристигнат хеликоптери од Франција, Унгарија, Чешка и Словачка, како и два авиона од Шведска. Дополнително, турски екипи со три противпожарни машини и два противпожарни камиони веќе помагаат кај Лесово, информираше заменик-министерот за ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
4.63
44%
1027
weather icon

Белград

14ᴼ / 13ᴼ
7.72
41%
1026
weather icon

Загреб

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
39%
1024
weather icon

Софија

9ᴼ / 9ᴼ
7.2
45%
1030
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
4.45
50%
1030
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 14ᴼ
2.06
43%
1023
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
8.23
60%
1026
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
2.57
47%
1024
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
3.6
44%
1025
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 10ᴼ
5.14
53%
1032
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 13ᴼ
5.66
46%
1026
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 7ᴼ
11.32
64%
1030
Currency

61.6317

Currency

53.0259

Currency

71.0056

Currency

36.9694

Currency

38.9897

Currency

67.8896

Currency

7.68854

Currency

0.66331

Currency

0.33476

Currency

0.52519

Currency

1.20282

Currency

0.57679

Кобалт

66.14

Родиум

374556.20

Иридиум

231355.22

Рутениум

47358.05

Платина

68931.20

Цинк

3.24

Злато

164352.04

Бакар

11.57

Алуминиум

3.42

Калај

50.61

Паладиум

52052.06

Сребро

2696.16