Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Има ли срам Валбон Лимани градоначалникот на Гостивар кој вели дека не чувствува никаква морална одговорност за скандалот со водата, праша Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Кандидатот на Филипче, Ахмети и Таравари, Валбон Лимани вчера вели дека за скандалот со водата во кои директно беше погоден целиот град Гостивар, не чувствува никаква морална одговорност. Па со кое лице излегува пред неговите сограѓани и без срам и образ, вели ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на свечена церемонија со највисоки државни и воени почести ја пречека Друпади Мурму, прв претседател на Република Индија во официјална посета на државава. По тет-а-тет средбата следеше пленарен состанок на македонската и на индиската делегација. Предмет на разговорот беа актуелните македонско-индиски односи, со акцент на можностите за соработка во економијата, образованието, науката, културата, ...
Скопје денес е град во кој ништо не функционира, освен тендерите и личната промоција на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Ѓубрето не се собира, дивите депонии се преполни, јавниот превоз е во распад, а граѓаните секојдневно се соочуваат со хаос, изјави Кети Штерјова од СДСМ. Наместо решенија за овие проблеми, вели таа, скопјани добија билборд со коњ со пет нозе, „Камен мост“ што личи на вијадукт и белградски храм сред Скопје. „Орце Ѓорѓиевски ...
Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Оливер Миланов, на прес – конференција информира дека и денеска продолжуваат активностите во Гостивар по скандалот со загадената вода за пиење. Гостиварци сѐ уште не смеат да ја користат водата ниту за пиење, ниту за миење, ниту , пак, за било што во извршување на секојдневните активности. Стручни лица на Институтот за јавно здравје земале мостри од водата од резервоарот, од градинки, од ...
Бугарија и Романија продолжуваат да ја зајакнуваат соработката во областа на одбраната, беше истакнато на средбата на заменик-началникот на бугарската одбрана, генерал-лејтенант Красимир К’нев, со досегашниот романски воен аташе во Бугарија, полковник Василе-Кристијан Онесимјук, и неговата наследничка, потполковник Анжела-Кристина Пистоља. К’нев ја нагласи заедничката работа за подобрување на оперативната подготвеност преку вежби, обуки и ...
Исланд нема што да изгуби ако ги отвори преговорите за членство со Европската Унија, изјави францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро пред референдумот на Исланд за ова прашање. Исланѓаните ќе одлучат на 29 август дали да го продолжат процесот на пристапување што нивната влада го суспендираше во 2015 година, шест години откако земјата аплицираше за членство предизвикан од финансиската криза, објави Euronews. „Гласањето на 29 ...
ВМРО-ОКГ сега знае што значат истрага и доверливост на информациите. Ова доаѓа од партија која секојдневно ја користи доверливоста како изговор за да го заштити својот криминал, велат од СДСМ. Кога Мицкоски сака да му се закани на политичкиот противник, додаваат од партијата, тогаш има „чувство“ и јавно наредува истраги од собраниската говорница и преку медиуми. „Кога треба да се утврди одговорност за труењето на граѓаните во Гостивар, тогаш ...
Силно невреме синоќа го зафати Дојран. Причинета е материјална штета, а градоначалникот ги повика граѓаните да пријават штети. „Околу 20 часот Стар Дојран беше зафатен од силно невреме проследено со обилни врнежи и силен ветар кое за среќа помина без повредени, само со материјална штета. Би сакал да ве известам дека екипите на ДППД Дојран и доброволна група граѓани,екипите на ЕВН веднаш излегоа на терен и започнаа со расчистување на ...
Додека Венко Филипче се обидува да се претстави како авторитет за здравствениот систем, граѓаните многу добро паметат што остави зад себе додека беше министер, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Наместо реформи и подобро здравство, неговиот мандат беше обележан со низа скандали, афери и неодговорени прашања. Од случајот со набавката на вакцините преку посредник, фирма која претходно се занимавала со трговија со тропско овошје, до аферата „Крвави тендери“ ...
Военомедицинската академија на Бугарија прими претставници на Националната гарда на американската сојузна држава Тенеси во рамките на Државната програма за партнерство, јавува инфоцентарот на бугарското Министерство за одбрана. Посетата беше насочена кон развој на военомедицинските капацитети, размена на знаења и добри практики и подобрување на подготовката на медицинските тимови. „Разговаравме за можностите за унапредување на веќе ...
На 21 јули, вторник, претседателката и врховен командант на Вооружените сили на Бугарија, Илијана Јотова, ќе ја посети 3. воздухопловна база – Граф Игнатиево. Шефицата на државата ќе биде пречекана со почесна гарда во 09:50 часот. Во рамките на посетата, претседателката ќе разговара со личниот состав и со раководството на воздухопловната база. Таа ќе се запознае со изградената инфраструктура за новите борбени авиони F-16 Block 70 и со ...
Владимир Перев 1. Крајот на Втората светска војна донесе промени во светските видувања на политиката, како во позициите на обичниот човек, така и во неговите видувања на светските лидери. Привидот на “единство меѓу големите и малите, меѓу богатите и сиромашните“ доведе до привид на демократија во која сите ние сме исти, еднакви, со еднакви права и задолженија, кои ние по малите, најчесто мислиме дека не сме должни да ги исполнуваме. Потоа ...
Одбележувањето на 149-годишнината од борбите на врвот Шипка за време на Руско-турската ослободителна војна (1877-1878) ќе се одржи на 21 и 22 август, соопшти Обласната администрација во Габрово, јавува БТА. Во кулминацијата на националната прослава повеќе од 400 членови на Националното друштво „Традиција“ ќе ги реконструираат борбите кај Шипка. Настанот се организира под покровителство на претседателката на Бугарија, Илијана Јотова. На 21 ...
Во тек се превооружувањето и модернизацијата на сите видови вооружени сили и во сите оперативни домени. Ова го изјави заменик-министерот за одбрана на Бугарија Љубомир Монов, цитиран од прес-центарот на Министерството, за време на Годишната конференција со вонредните и ополномоштени амбасадори и постојаните претставници на Република Бугарија, организирана од Министерството за надворешни работи. Според Монов, водечки приоритет на ...
Министерката за надворешни работи на Бугарија Велислава Петрова упати поздрав по повод Денот на бугарската дипломатска служба за време на свечениот прием во Министерството за надворешни работи. На настанот присуствуваа претседателката на Народното собрание Михаела Доцова, вицепремиери, министри, пратеници, претставници на дипломатскиот кор, дипломати и вработени во Министерството за надворешни работи, како и судии, обвинители, новинари и ...
Шеста година по ред Факултетот за странски јазици на Универзитетот во Тирана беше домаќин на Летната школа по бугарски јазик и култура – етаблирана иницијатива што обединува студенти, професори и пријатели на бугаристиката, јавува Радио Бугарија. Проектот го реализираат Факултетот за странски јазици и Катедрата за словенски и балкански јазици при Универзитетот во Тирана, во соработка со Универзитетот „Св. св. Кирил и Методиј“ во Велико ...
Бугарскиот фолклорен танцов ансамбл „Мездра“ освои второ место на „International Folk Festival Albania“, како и специјална награда за автентични и убави народни носии, соопшти бугарската Амбасада во Тирана, пренесува БТА. Од дипломатската мисија оценија дека ансамблот се претставил со висока уметничка изведба, автентичност и почит кон бугарските народни традиции, со што го потврдил богатството на бугарскиот фолклор и квалитетот на танцовата ...
Бугарскиот национален тим освои пет индивидуални медали на Меѓународната олимпијада по економија (IEO 2026), одржана од 12 до 20 јули во Шенжен, Кина, соопшти бугарското Министерство за образование и наука, пренесува БГНЕС. Во конкуренција на учесници од 56 држави, Бугарија го освои 13. место во екипниот пласман. Од европските тимови, пред неа се пласираше само Швајцарија. Сребрени медали освоија Сара Илиева од Националната ...
Мојата последна порака е дека оваа ситуација треба да нè обедини сите гостиварци и не смее да се злоупотребува, туку сите заедно да ја надминеме што е можно полесно и побрзо, изјави градоначалникот на Општина Гостивар, Валбон Лимани. Тој денеска на прес-конференција изјави дека по прогласувањето на епидемијата во Гостивар веќе е активиран Кризниот штаб. „На мој предлог го активиравме Кризниот штаб по прогласувањето на епидемијата, кој ќе биде ...
Од вчерашниот ден се забележува почетно намалување на бројот на новопрегледани пациенти со симптоми на гастроентероколит, односно пациенти кои првпат побарале лекарска помош, информира Министерството за здравство за епидемиолошката состојба на подрачјето на Гостивар. Кумулативно, во Општа болница Гостивар досега се евидентирани 1.554 пациенти, а во Здравствен дом Гостивар 1.392 пациенти. Четирите лица, кои беа хоспитализирани веќе се пуштени ...
Со изложба на отворено во дворот на куќата во која е сместена канцеларијата на здружението „ГЛАС“ во Босилеград, свечено заврши шестото издание на Меѓународниот ликовен пленер „Босилеград во бои 2026“, пренесе НРТВ-Босилеград, јавува Far.rs. Во текот на седум дена, учесниците имаа можност да се внесат во атмосферата на Босилеград и околината, претворајќи ги неговите живописни пејзажи, богатото културно наследство и историските знаменитости во ...
Министерот за правда, Јетон Шасивари, и заменик на министерот за правда, Ален Деребан остварија работна средба со претседателката на Основниот кривичен суд Скопје, Даниела Димовска, како и со судиите-поротници, на која се разговараше за нивните барања и предизвиците со кои се соочуваат во вршењето на својата функција, со посебен акцент на висината на надоместоците. На средбата беше истакнато дека судиите-поротници имаат значајна улога во ...
И ова лето повеќе од 150 деца од Цариброд, Босилеград и Бабушница ќе имаат можност да поминат незаборавен десетдневен одмор на бугарското Црноморје, јавува Far.rs. Традиционалните летни кампови во Равда ги организираат културно-информативните центри со финансиска поддршка од Народното собрание на Република Бугарија, а за дел од програмите помош обезбедува и Националниот центар за ученички одмор, туризам и спорт. Први за Равда ќе отпатуваат ...
Нема да има селективност, ќе се санкционира секој доколку се утврди одговорност за случајот со водата во Гостивар, изјави портпаролката на Владата, Марија Митева. Таа кажа дека Владата од првиот момент кога биле добиени информациите за состојбата со водоснабдувањето во Гостивар реагирала брзо, координирано и институционално. „Веднаш беа активирани сите надлежни институции, воспоставена е постојана координација помеѓу Министерството за ...
Гостиварската полиција ги уапси директорката на Јавното претпријатие „Комуналец“ во Гостивар, Артана Асани, техничкиот директор Леон Нуредини и раководителот на секторот водовод Валедин Дервиши откога во градот 3.100 лица побараа медицинска помош поради стомачни тегоби, дијареа и температура. Тројцата се приведени во рамки на предистражната постапка што е поведена поради сомневања за загадување на водата за пиење во градскиот водовод. ...
„Целосна реконструкција следи насекаде во касарните, но еве овде може да видиме на лице место дека има поголема динамика“ рече министерот за одбрана Владо Мисајловски при денешниот увид во градежните активности кои се изведуваат во Командата за обука и доктрини во касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес. Тој посочи дека се вложуваат околу 11 милиони денари за темелна внатрешна реконструкција на оваа зграда што опфаќа промена на врати, ...
Очекувањето на премиерот Христијан Мицоски морална одгворност да понесе целата локална самоуправа во Гостивар откога 3.100 лица се пожалија на стомачни проблеми, СДСМ го протолкува како уште еден обид за бегство од одговорност. „Морална, а не кривична одговорност бара човекот кој знае дека прв би требало да одговара токму тој. Не може да се крие дека министерот за здравство и Министерството за здравство имаат директна одговорност за труењето ...
Бројката на лица кои побарале помош од здравствените работници поради стомачни проблеми, дијареа, а некои и треска, денес се искачи на 3.100. Министерот за здравство Сашо Клековски рече дека бројката од над 1.200 заболени лица која беше пријавена викендов била нецелосна. „Она што можеме да го кажеме е дека во моментот до сега има 3.100 здравствени контакти. Здравствени контакти значи контакти во Здравствениот дом Гостивар и во Општата болница ...
Велислав Илиев/БГНЕС Пред само три месеци Бугарија одбележа 150 години од Априлското востание, чие брутално задушување ги натера Големите сили да го свртат погледот кон страдањата на бугарскиот народ. Иако претставувало воен неуспех, Априлското востание ја постигнало својата политичка цел – да предизвика меѓународна интервенција што ќе ѝ донесе слобода на Бугарија. Дваесет и седум години подоцна, следејќи го примерот на своите претходници, ...
Кандидатот на СДС, ДУИ и Таравари во Гостивар потрфли, а од СДС нема барање на одговорност за овој скандал кој ја потресе државата, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ за епидемијата во овој град. „СДС и Филипче не можат да го вперуваат прстот кон Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, затоа што кадарот кој тие со Ахмети и Таравари го промовираа и поддржаа на изборите, потфрли. Но, една работа е многу важна. Овој случај ќе добие правен епилог, нема да заврши ...