Претседателот на САД, Доналд Трамп, ги пречека телата на американските војници загинати во иранските напади врз кувајтските бази. Трамп, во придружба на првата дама Меланија, потпретседателот Џ. Д. Венс, министерот за одбрана Пит Хегсет и семејствата на загинатите учествуваше на церемонија на предавање во воздухопловната база Довер, Делавер. На церемонијата им беше оддадена почит на шестемина војници на американската армија од 103-та команда ...

Турција утре ќе испрати шест борбени авиони Ф-16 на Кипар за да ја поддржат безбедноста на турскиот дел од островот во услови на конфликт на Блискиот Исток, објави „Сајпрус меил“, повикувајќи се на вршителот на должноста директор на воздухопловните власти на кипарските Турци, Аксин Месели. Првично се очекуваше Турција да испрати четири борбени авиони Ф-16 на Кипар, кои ќе бидат стационирани на аеродромот Ерџан во турскиот дел на островот. ...

Претседателот на СДСМ Венко Филипче, предупреди дека економската состојба во државата е сериозно влошена и дека постојат сериозни проблеми во јавните финансии, што веќе се одразува и врз работењето на компаниите. „Ја следиме ситуацијата со финансиите. Бладата бара заеми. Последниот е околу 300 милиони евра. Дупката во Буџетот е некаде околу две милијарди евра. Една милијарда евра се издаде еврообврзница, меѓутоа тоа не е доволно”, рече ...

Премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски, најави дека ќе стапи во контакт со адвокатот Тони Менкиновски за подетално да се информира за случајот во кој Бугарија му изрекла забрана за влез во земјата до 2036 година. Мицкоски изјави дека веќе има комуникација со Менкиновски и дека планира директно да разговара со него за да ги добие сите детали поврзани со случајот. Тој нагласи дека институциите ќе ги искористат сите расположливи механизми и ...

Здравствените експерти предупредуваат на опасниот тренд на социјалните мрежи познат како „парацетамол-предизвик“, кој може сериозно да го загрози здравјето на младите. Според извештај на „Еуроњуз“, здравствените власти низ Европа алармирале по информациите дека некои адолесценти на интернет наводно се натпреваруваат кој може да внесе поголема количина парацетамол. Референци за овој тренд постојат уште од 2015 година, но пребарувањето на ...

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Државниот пазарен инспекторат е на терен поради поплаките од граѓани дека на некои бензински пумпи има ограничување при точење дизел, но нагласи дека снабдувањето со нафта и нафтени деривати во земјата е стабилно. Тој посочи дека ваквите појави најчесто се забележани во пограничните општини, каде што има зголемен притисок поради значително повисоките цени на горивата во соседните држави. Државниот ...

Тренерот на машката ракометна репрезентација на Србија, Раул Гонзалез (48), официјално е назначен за нов тренер на РК Партизан, потврди белградскиот клуб. Во своето прво обраќање до медиумите на клубот, новиот тренер истакна дека самото име Партизан претставува одлична референца во ракометот и дека со голем ентузијазам очекува да започне со работа во српската престолнина. Раководството на клубот ми ја објасни својата идеја и бев многу ...

Со минута молк и пораки за правда започна денешниот традиционален Осмомартовски марш во Скопје, организиран од повеќе граѓански иницијативи и здруженија. Маршот стартуваше точно напладне од паркот „Жена борец“ од каде учесниците се упатија кон Градскиот парк и бистата на Вера Јоциќ. Слоганот на маршот „Нема да нè снема“, како што велат организаторите, ја изразува непоколебливата и нужна борба на жените да опстојат во систем и општество што ...

Евакуираните македонски државјани од Обединетите Арапски Емирати, кои со организиран лет се враќаат во Република Македонија, се очекува да слетаат на Меѓународниот аеродром Скопје вечер околу 21:15 часот, информират од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. На аеродромот патниците ќе ги пречека министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека се ...

По повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март, Движењето ЗНАМ за Наша Македонија организираше панел-дискусија под наслов „Жените ЗНААТ: Еднакви можности, силни жени, силно општество“, на која учествуваа пратенички, советнички, директорки и други носителки на јавни функции од редовите на движењето. Настанот не беше симболична прослава, туку платформа за сериозна и содржинска дискусија за улогата на жените во креирањето политики, нивното ...

Претседателот на ВМРО- ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес во изјава за медиуми најави вкупно 17 инвестиции во вредност од околу 650 милиони евра кои треба да креираат до 5.000 нови работни места, а кои се почнати, се реализираат или се во фаза на договарање. -Втората тема која што е многу важна е економијата. Мојата борба е да донесеме свеж капитал. И кога доаѓа моментот кој треба да направи разлика меѓу нас и нив од СДСМ и ДУИ, е фактот што со ...

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто, објави нова порака до Украинците на X, барајќи објаснување за големите суми готовина што, според него, поминале низ Унгарија. – Сè уште чекаме одговор: зошто 900 милиони долари и 420 милиони евра готовина беа префрлени преку Унгарија? За што се искористени и во чиј интерес? Колку од нив беа потрошени во Унгарија и во чија корист?“, напиша Сијарто. Објавата доаѓа по инцидентот што ...

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска реагираше на прес-конференцијата на претседателката на Форумот на жени на СДСМ, оценувајќи дека трагичниот настан во скопската населба Карпош се користи за политички напади. Според Мицкоски, настапот на претставничката на СДСМ бил проследен со симболика што, како што рече, асоцирала на Шарената револуција, но и на трагедијата во која животот го загубија мајка и нејзината ќерка. Во ...

Американскиот претседател Доналд Трамп го обвини Иран за нападот врз иранското женско училиште во јужниот дел на земјата, во кој загинаа над 160 лица. Пред новинарите во претседателскиот авион „Ер Форс 1“ (Air Force One), Трамп нагласи дека САД не стојат зад нападот. – Според моето мислење, засновано на она што го видов, нападот е дело на Иран. Тие се многу непрецизни со својата муниција. Ова го направи Иран – изјави тој. Американскиот ...

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДСМ и неговиот лидер Венко Филипче во изминатиот период се обидувале да шират паника во јавноста преку, како што велат, „измислени теми“, со цел да освојат политички поени. Од партијата наведуваат дека една од тие теми била тврдењето за наводно носење мигранти од Велика Британија во земјава. „Оваа лажна конструкција на СДС беше демантирана од сите релевантни институции и беше јасно потврдено дека не постои никаков план ...

Силна експлозија денеска одекна пред зградата на амбасадата на САД во главниот град на Норвешка, Осло, предизвикувајќи помала материјална штета, но без жртви и повредени, соопшти норвешката полиција. Експлозијата се случила во комплексот на американската дипломатска мисија во западниот дел на Осло околу 1:00 часот по локално време. – Можеме да потврдиме дека ударниот бран од експлозијата беше во американската амбасада – изјави портпаролот на ...

Меѓународниот ден на жената – 8 март се прославува секоја година во сеќавање на протестот на текстилните работнички во Њујорк со барање за поголеми права, одржан на овој датум во 1857 година. Обединетите нации почнаа да го чествуваат овој ден од 1975 година, а две години подоцна Генералното собрание на ОН ги повика земјите членки да го прогласат 8 март за официјален празник на Светската организација посветен на правата на жените и светскиот ...

Eвакуацијата на македонските државјани од земјите од Блискиот Исток, која ќе се реализира со комерцијални чартер-летови, ќе започне денеска, соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Од Министерството информираа дека склучиле договор со авиокомпанија, согласно Законот за јавни набавки, по спроведена соодветна постапка. Согласно утврдениот план и предвидената динамика, се очекува до средината на следната недела да ...

Koj вели дека големите концерти се резервирани само за пејачите од регионот? Дека македонската публика сака домашни изведувачи доказ е вчерашниот концерт на Влатко Лозановски во „Борис Трајковски“. Полна сала пее македонски хитови. Лозано има глас, песни, а фановите му возвраќаат пеејќи заедно со него. Не се само песните, туку настапот беше збогатен со танчерки и неколку гости. Мики Јовановски-Џафер, Александра Јанева и Пере Нокаут. Јако ...

Откако беше слободен во првото коло, Новак Ѓоковиќ славеше во второто коло на Индијан Велс против Полјакот Камил Мајхшак со 2:1 во сетови. Почетокот на мечот воопшто не беше според планот на Ѓоковиќ. Првиот сет го загуби со 6-4.Ѓоковиќ го доби вториот сет со убедливи 6:1. Во третиот сет при резултат 2:2 во гемови, по голема борба Ѓоковиќ успеа да направи брејк и едноставно да го скрши отпорот на противникот. По тој освоен гем, Ѓоковиќ ...

Парите им се лепат за рацете на овие 2 хороскопски знака – од пролет живеат без да се грижат за парите. Овие два знака ќе уживаат во период на финансиски просперитет почнувајќи од пролетта. Ѕвездите укажуваат дека им се отвораат неочекувани можности за дополнителна заработка, а инвестициите и бизнисите што ги започнуваат сега можат да донесат значителен профит. Вистина е за нив – парите им се лепат за рацете и можат да планираат за иднината ...

Британскиот амбасадор во земјава Метју Лосон ги демантира тврдењата дека постојат и дека постоеле преговори меѓу Лондон и Скопје за прифаќање мигранти. Во интервју за емисијата „Европат“ на ТВ 24, Лосон истакнува дека британската влада ниту преговарала, ниту има намера да наметнува решенија што би биле неприфатливи за македонската влада. Нагласува дека таков договор не постои и никогаш не постоел. Во разговорот, амбасадорот се осврнува и на ...

Кипар би поднел апликација за членство во НАТО „уште утре“, но тоа во овој момент е политички невозможно – порака што претседателот Никос Христодулидис ја испрати на 7 март 2026, во време кога островот повторно се најде на безбедносна мапа поради нападите и ескалацијата во поширокиот регион. Оваа изјава звучи како дипломатски сигнал за подготвеност, но зад неа стои старо ограничување што Кипар не може да го „прескокне“: НАТО прима нови членки ...

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул предупреди на нов бран миграција кон Европа во светлината на регионалните последици од војната во Иран. „Ситуацијата создадена од војната е драматична во некои аспекти“, рече Вадефул на состанокот со неговиот холандски колега Том Берендсен во Берлин. Тој додаде дека затоа тие мора да обезбедат и многу внатрешно раселени лица да не станат нов бран бегалци. Германската влада сака да ја ...

Американскиот претседател Доналд Трамп на својата социјална мрежа Truth Social објави дека Иран бил жестоко нападнат, тврдејќи дека Техеран бил принуден да попушти под притисокот на американските и израелските напади. Трамп вели Иран им се извинил на своите соседи на Блискиот Исток и ветил дека нема повторно да ги нападне. – Ова ветување е дадено само поради континуираните напади на САД и Израел, напиша Трамп. Тој додаде и дека Иран претходно ...

Б-1 Лансер, долг околу 44,5 метри, има распон на крилјата од околу 41,8 метри, тежи 86 тони и е најбрзиот бомбардер на американските воздухопловни сили, според Боинг, достигнувајќи брзина од повеќе од 1.450 километри на час. „Коската“ има напредни радарски и GPS системи за да му помогнат да ги таргетира целите, како и електронски блокирачи, радарски предупредувања и систем за мамка за да се избегне откривање од страна на непријателот. Б-1, ...

Бугарија му забранила влез во земјата на адвокатот Тони Менкиноски, до 2036 година, кој вели дека во официјалниот документ што го добил стоело дека наводно тој претставувал закана за националната безбедност на Република Бугарија. Менкиновски на денешната прес-конференција изрази сомневање дека ваквата мерка е директно поврзана со неговата работа како адвокат кој ги застапува Македонците во Бугарија пред Европскиот суд за човекови права во ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека деновиве се очекува да завршат консултациите и Владата да излезе со предлог-име за нов државен јавен обвинител. -Следнава недела очекуваме да финишираат консултациите и да излеземе со предлог име кое ќе го испратиме до Парламентот – рече Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања по поставувањето камен-темелник на нов кампус на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје. Премиерот Христијан ...

Дубаи, градот што со години го продаваше луксузот како „безбедна рутина“, одеднаш доби поинаква мерна единица за ризик: денови свежа храна на полиците. Во јавноста излезе проценка дека залихите на свежи производи – овошје, зеленчук, млечни производи и билки – се доволни за околу десет дена, поради прекинати синџири на снабдување во услови на војна и нападната логистика во Заливот. Проценката е врзана за логистички мониторинг на глобален ...

Има доволо нафта и нафтени деривати, граѓаните треба да бидат спокојни, а Владата веднаш ќе интервенира ако има драматичен скок на цената, порача денеска премиерот Христијан Мискоски. Одговорајќи на новинарски прашања по поставувањето камен-темелник на новиот кампус на Униветзитетот „Мајка Тереза“’, Мицкоски напомена дека не би ги коментирал одлуките на Регулаторната комисија за енергетика, зашто таа институција е, рече, независна и носи ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
1.5
66%
1014
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
0.89
91%
1013
weather icon

Загреб

16ᴼ / 16ᴼ
3.29
84%
1014
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
1.0
71%
1014
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
3.7
92%
1012
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 18ᴼ
0.89
76%
1012
weather icon

Атина

23ᴼ / 20ᴼ
1.04
66%
1013
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.16
72%
1015
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
1.96
61%
1015
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 17ᴼ
4.02
71%
1010
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 12ᴼ
1.34
60%
1012
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
1.82
100%
1013
Currency

61.645

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0603

Currency

66.8565

Currency

7.86455

Currency

0.73493

Currency

0.33253

Currency

0.52573

Currency

1.15121

Currency

0.55992

Калај

53.60

Родиум

257205.97

Бакар

13.01

Рутениум

48965.59

Иридиум

253540.09

Паладиум

40767.15

Цинк

0.00

Платина

55170.68

Злато

135639.33

Кобалт

45.39

Алуминиум

3.54

Сребро

2186.28