Скопје
13ᴼ /
13ᴼ
Холандската атлетичарка Фемке Бол, двократна светска шампионка во трките на 400 метри со пречки, објави дека во иднина ќе се натпреварува во дисциплината 800 метри. Бол (25) ја опиша одлуката како „ново поглавје во нејзината кариера“, нагласувајќи дека преминот кон подолга дисциплина е „голема промена полна со неизвесност и вистински предизвик“. Фемке Бол го освои своето второ светско злато во трките на 400 метри со пречки оваа година, со ...
Фудбалската репрезентација на Македонија одигра без голови во Гент, против Белгија, во квалификациите за пласман на Светското првенство во САД, Канада и Мексико. Македонските фудбалери ја исполнија целта, останаа непоразени против фаворизираната Белгија и ја задржаа лидерската позиција во Ј групата. Македонија ја продолжи успешната серија, во официјалните натпревари нема пораз на последните 13 натпревари. Избраниците на Благоја Милевски ...
Кошаркарите на Црвена звезда на теренот на европскиот шампион Фенербахче ја забележаа првата победа во сезоната. Црвено-белите славеа во Истанбул со 86:81, во 3. коло од Евролигата. Звезда цело време го контролираше натпреварот, во ниту еден момент Фенербахче не поведе. На крајот имаше мала драма, но тимот од Белград успеа да ја одржи предноста во пенал завршницата. Победата на Црвена звезда добива на значај бидејќи тимот го предводеше ...
Со убедлива победа на гости против Сејшелите, фудбалерите на Брегот на Слоновата Коска се доближија до пласман на Светското првенство, кое ќе се одржи во САД, Мексико и Канада од 11 јуни до 19 јули следната година. Брегот на Слоновата Коска се први на табелата во групата Ф, попладнево победија со 7:0 против Сејшелите со головите на Сангаре (7-11м), Агбаду (17), Диаките (32), Гесанд (39), Диоманде (55), Адингра (67) и Кеси (90). „Слоновите“ ...
Младата македонска фудбалска репрезентација ја забележа првата победа во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2027 година. Попладнево во Скопје, Македонија ја победи соодветната селекција на Ерменија со 2:1. Херој на победата беше стрелецот на двата гола, Димитар Трајков. Македонските надежи со пресврт во второто полувреме дојдоа до првите бодови во Е групата. Ерменците имаа предност од 38-та минута кога погоди Ховханисијан. ...
Бразилската фудбалска репрезентација ја победи Јужна Кореја со 5:0 во пријателски натпревар одигран во Сеул. Екипата на Карло Анчелоти ја демонстрираше својата сила против една од најдобрите азиски селекции. Двојни стрелци за „селесао“ беа Естевао (13, 47) и Родриго (41, 49), додека еден гол постигна Винисиус Жуниор (77). Со играта, Бразил потсети на најдобрите денови на оваа репрезентација, Родриго, Естевао, Куња, Винисиус правеа што ...
Техничкиот директор на Галатасарај, Дурсун Озбек, потврди дека овој клуб добил покана да игра во НБА Европа. „Добивме покана за НБА Европа. Минатиот месец бевме во Женева на покана на ФИБА“, рече Озбек, објави „Јурохупс“. „Тие сакаат Галатасарај да биде дел од оваа лига. Сè уште не е завршено, но добивме покана од организаторите. Ќе ја информираме јавноста за секој понатамошен чекор“, објасни Озбек. У ште еден состанок меѓу ФИБА, Евролигата ...
Лука Дончиќ се подготвува за новата сезона со Лос Анџелес Лејкерс. Словенецот најде време да гостува во емисијата “First we feast”, каде што јадеше пикантни крилца. Словенечкиот кошаркар добро се сеќава на атмосферата од Евролигата, играше во многу сали, но една му остави посебен впечаток. Дончиќ сè уште се сеќава на лудилото што го создадоа навивачите на Панатинаикос кога го носеше дресот на Реал. „Србија, Грција и Турција имаат најдобра ...
Заедно со Винисиус и Џуд Белингам, Килијан Мбапе е меѓу најважните запчаници во машинеријата на Реал Мадрид. Францускиот напаѓач беше тој што зборуваше за односот што го има со бразилскиот крилен напаѓач. Мбапе и Винисиус делуваат како хармоничен тандем на теренот, а тоа го потврди и најдобриот стрелец на Реал: „Имам многу добар однос со Винисиус, многу подобар од минатата сезона бидејќи се познаваме подобро. Тој е одличен фудбалер и ...
Бернардо Силва неодамна наговести дека би можел да го напушти Манчестер Сити кога ќе му истече договорот следното лето. Не е познато каде ќе ја продолжи кариерата Португалецот, јасно е само дека тоа нема да биде Манчестер Сити. Италијанските медиуми тврдат дека челниците на Милан го контактирале Португалецот за да ги дознаат неговите намери на крајот од сезоната. Силва не е заинтересиран за преселба во Саудиска Арабија, има 31 година и ...
Манчестер Јунајтед пред репрезентативната пауза го победи Сандерленд и на тој начин Рубен Аморим си купи време на клупата на англискиот гигант. Недолго по победата, ко-сопственикот на клубот, сер Џим ретклиф рече дека Португалецот е сигурен на клупата и дека нема да добие отказ. Сепак, многумина на кои Јунајтед им „чежи на срцето“ со задоволство би му го виделе виделе грбот на Аморим. Еден од нив е и легендарниот капитен Рој Кин. Тој тврди ...
Ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс, кој сè уште не учествувал на тренингот на тимот, ќе отсуствува дополнителни три до четири недели поради ишијас на десната страна од телото, објави тимот во четврток. 40-годишниот Џејмс ги пропушти првите два натпревари на Лејкерс пред сезоната и сè уште не одработил ниту еден тренинг со соиграчите. Доколку Џејмс отсуствува три до четири недели, тој ќе го пропушти отворањето на сезоната против ...
Фудбалската репрезентација на Црна Гора претрпе тежок пораз од 4:0 против Фарските Острови во групата Л и со тоа математички испадна од сите комбинации за пласман на Светското првенство. Кошмарно деби во Торшван имаше новиот селектор, легендата на црногорскиот фудбал, Мирко Вучиниќ. Домашните поведоа во 16-та минута преку Ханус Серенсен, а Арни Фредериксберг го зголеми резултатот на 2:0 во 36-та минута. Истите играчи беа стрелци и во ...
Низ целиот свет, во тек се квалификациите за Светското првенство, кое ќе се одржи следното лето во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико. За потсетување, тоа ќе биде првото Светско првенство на кое ќе учествуваат дури 48 репрезентации, што е за 16 повеќе од сите првенства од 1998 година до денес. Кога станува збор за распределбата на местата на Светското првенство по континенти, ситуацијата е таква што Европа ќе има 16 ...
Фудбалската репрезентација на Македонија, вечерва во Гент (20.45 часот) ќе и се спротивстави на Белгија во квалификациите за пласман на Светското првенство, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико. Македонија во Белгија дојде како првопласирана селекција во групата, на што селекторот Благоја Милевски е посебно горд. Тој верува дека неговите избраници ќе го дадат најдоброто од себе. „Можам да кажам дека сум горд на моите фудбалери, и тоа не ...
Тренерот на Мајами Хит, Ерик Сполстра, е новиот селектор на кошаркарската репрезентација на Соединетите Американски Држави. Сполстрај го наследи Стив Кер на клупата на националниот тим, а целта е злато на Светското првенство во 2027 година и Олимписките игри една година подоцна во Лос Анџелес. Откако беше главен асистент на Кер за време на Олимписките игри во 2024 година во Париз, каде што Американците го освоија златниот медал, Сполстра ...
Фудбалската репрезентација на Австрија го декласира Сан марино со 10:0 во квалификациите за пласман на Светското првенство. Мечот го обележа Марко Арнаутовиќ кој стана најдобриот стрелец во историјата на австрскиот национален тим. Марко Арнаутовиќ, фудбалер на Црвена звезда постигна четири гола. Тој ги постигна вториот, седмиот, деветтиот и десеттиот гол во натпреварот,што му беше доволно да влезе во историјата на австриската ...
Кошаркарите на Панатинаикос, на гостински терен, ја победија Басконија со 86:84, во третото коло, во Евролигата. Натпреварот со звукот на сирената го реши Кендрик Нан. Тимот на Ергин Атаман водеше тимот од самиот почеток, а во третата четвртина имаше предност и од 17 поени. Домашните не се предадоа, ја стопија разликата, а потоа во финишот на четири секунди пред крајот, Форест намерно го промаши второто слободно фрлање, фати офанзивен скок ...
Октомврискиот прозорец во рамките на квалификациите за пласман на Мундијалот започна со понижувачкиот пораз на Црна Гора, ремито на Хрватска во Прага и траедијата на Босна и Херцеговина, која во 96.минута остана без победата против Кипар. Црна Гора на дебито на новиот селектор Мирко Вучиниќ доживеа дебакал на Фарските острови. Домашната селекција победи со 4:0. Херои на Фарските острови беа Ханус Соренсен и Арни Фредериксберг, кои по два ...
Селекторот на фудбалската репрезентација на Англија, Томас Тухел, изјави дека неговиот тим ќе биде аутсајдер на Светското првенство следното лето и дека нема шанси за успех ако тимот не се обедини. Репрезентацијата на Англија играше во две последователни финалиња на Европските првенства, но не стигнаа до финалето на светските првенства од 1966 година, кога ја освоија својата единствена голема титула во историјата. Англија ќе се квалификува ...
Самуел Асамоа, 31-годишен играч од средниот ред на Того, е во критична состојба и се соочува со „висок ризик од параплегија“ по сериозен судир со билборд за време на натпревар од втората кинеска лига. Асамоа играше за Гуангси Пинггуо против Чонгкинг Тонглијанглонг, а по дуелот со противничкиот играч, со главата удрил во билборд до теренот и паднал на тревата. Лекарите реагирале брзо, а клубот објави дека Асамоа претрпел повеќекратни ...
Шпанскиот фудбалски клуб Еспањол од Барселона има нови сопственици. Од четврток, каталонскиот клуб официјално е во рацете на американската компанија „Velocity Sports Partners (VSP)“, која пак е дел од поголемата група „ALK Capital“, во сопственост на Американецот Алан Пејс. VSP го купи поголемиот дел од пакетот акции (99,66%) по цена од 130 милиони евра, според шпанските медиуми. Претходниот сопственик на клубот, кинеската компанија ...
Белгиецот Себастијан Поконоли (38) сигурно ќе биде новиот тренер на Монако. Француските и белгиските медиуми пишуваат дека Монако веќе презел конкретни чекори за да ја започне сезоната со ново име на клупата по репрезентативната пауза. Сегашниот тренер Ади Хитер сè уште го води тимот, но, како што се наведува, само прашање на време е кога ќе добие отказ. Во клубот од Монте Карло не се најзадоволни од начинот на кој оди сезоната, иако ...
Валентин Вашеро, 211-от тенисер во светот кој игра под знамето на Монако, се пласираше во полуфиналето на Мастерсот во Шангај. Иако целосен аутсајдер, Вашеро го победи Холгер Руне во три сета, со 2:6, 7:6, 6:4. Мечот беше решен откако поради грчевите Данецот не можеше да стои, а во последните поени беше целосно беспомошен. Вашеро го искористи тоа и стигна до најголемиот успех во својата кариера, но секако мора да му се оддаде признание за ...
Фаиза Ламари, мајката на Килијан Мбапе, откри детали од приватниот живот на својот син, еден од најдобрите играчи на денешницата. Во вторникот, во Париз се одржа настанот „Demain le Sport“, каде што таа зборуваше за тоа колку е тежок животот на ѕвездата на Реал Мадрид. „Разговарав со него минатата година, кога работите не одеа добро. Го прашав дали сака да има девојка, а тој одговори: „Дали во овој хаос има место за некоја жена?““, рече ...
Пријателскиот натпревар меѓу Аргентина и Порторико во Соединетите Американски Држави е преместен од Чикаго во Форт Лодердејл и одложен за вторник поради безбедносни и логистички проблеми, соопштија организаторите. Натпреварот, кој првично беше закажан да се игра во понеделник на „Солдер Филд“, сега ќе се одржи ден подоцна на стадионот „Чејс“ во Флорида, домот на капитенот на Интер Мајами, Лионел Меси. Според медиумите, локацијата е ...
Фудбалскиот клуб Јувентус планира инвестиции за зимскиот преоден рок, а големата желба на Игор Тудор е португалскиот репрезентативец, Рафаел Гереиро. Како што објави новинарот на „Билд“, Кристијан Фалк, Јувентус покажува сериозен интерес за 31-годишниот лев бек и ќе се обиде да го доведе во зимскиот преоден рок. Португалецот е во последната година од договорот во Минхен и нема индикации дека Баерн ќе му понуди нов договор. Гереиро пристигна ...
Вељко Пауновиќ повеќе не е тренер на Реал Овиедо, објави шпанскиот клуб. Српскиот стручњак со тоа стана првиот заменет тренер во сезоната во шпанската Ла Лига. Иако го продолжи договорот до јуни 2026 година пред само три месеци, Пауновиќ ја загуби работата по серијата лоши резултати, две победи и шест порази во првенството досега. Клубот се реши за „шок терапија“ во обид да излезе од кризата. Со заминувањето на Пауновиќ, членовите на ...
Еден од капитените на Барселона, Френки де Јонг, го крена гласот против одлуката натпревар од Ла Лига да се игра на американска почва. Како што е познато, УЕФА и Ла Лига конечно се согласија оваа недела и официјално објавија дека Виљареал и Барселона ќе играат натпревар на стадионот „Хард Рок“ во Мајами на 20 декември. Де Јонг смета дека таквата одлука е неприфатлива. „Не ми се допаѓа што ќе играме таму и не се согласувам со таквата одлука. ...
Англискиот фудбалер Џејмс Тарковски го продолжи договорот со Евертон до крајот на јуни 2028 година, објави клубот од Ливерпул. Тарковски (32) е член на Евертон од 2022 година и во тој период одигра 128 натпревари и стана заменик-капитен. „Многу сум возбуден и горд што сум играч на Евертон и што го продолжувам ова патување. Беа луди неколку години со огромни падови и огромни подеми. Успеавме да ги надминеме тешките времиња и се надеваме дека ...