Капитенот на Кристал Палас, Марк Гуеи (25), го информирал клубот дека не сака да потпише нов договор и дека ќе го напушти клубот следната година, откри тренерот Оливер Гласнер. Англискиот репрезентативец има важечки договор со Палас до 30 јуни, кога може да ги напушти „Орлите“ како слободен агент. Гуеи може да потпише и преддоговор со странски клуб кога ќе се отвори преодниот рок во јануари 2026 година. „Мислам дека Марк веќе ни кажа дека ...

Откако го напушти Ливерпул, Јирген Клоп беше многу јасен во своите изјави – повеќе нема да се занимава со тренерска работа. Но, тоа сигурно не значи дека Клоп не е во фудбалот. Покрај улогата што ја има во Ред Бул, Клоп сега има нова улога во германскиот фудбал. Јирген Клоп ќе биде еден од членовите на експертската група на Германската фудбалска лига. Целта на ова советодавно тело ќе биде подобрување на германскиот фудбал и долгорочно ...

Формула 1 потпиша договор за продажба на ТВ права на компанијата „Епл“, односно на телевизијата на таа компанија, која на тој начин, ексклузивно, ќе ги емитува трките на најбрзиот циркус за САД. Медиумите објавуваат дека „Епл“ ќе плати вкупно 750.000.000 долари на Формула 1 за преноси на трки, односно 150 милиони долари годишно од договорот. Договорот стапува на сила на почетокот на 2026 година. Сите корисници на „Епл“ ТВ ќе можат да ги ...

Младиот бразилски напаѓач, Ендрик не успева да се наметне во Реал под команда на Чаби Алонсо. Бразилецот е закован за клупата, не одигра ниту една секунда од почетокот на сезоната и се очекува во јануари да биде испратен на позаијмица. Пред неколку недели Ендирк се поврзуваше со Валенсија, а бразилскиот „ESPN“ пишува дека Марсеј се приклучил во трката. Тимот предводен од Роберто де Зерби има бод помалку од првопласираниот Пари Сен Жермен и ...

Во изминатите неколку дена се појави информација дека Нејмар бил понуден на Наполи и Интер ова лето, но повредата го натерала да остане во Сантос. Бидејќи неговиот договор со Сантос истекува на крајот од годината, извесно е дека брилијантниот напаѓач ќе го промени клубот. Се споменуваше Интер Мајами, каде што ќе им се придружи на Меси и Суарез, а се пишуваше дека повторно ќе биде понуден на клубови од Серија А. Сепак, тоа нема да биде Интер ...

Италијанскиот фудбалски новинар Паоло Барџиѓа предизвика бурни реакции откако објави нова епизода од подкастот „Центрокампо“, каде што даде низа остри коментари против одредени фудбалски ветерани, вклучувајќи го и Лука Модриќ. Неговите изјави, кои ги пренесоа „Milannews.it“ и бројни корисници на социјалните мрежи, предизвикаа бран полемики во Италија. Во клип кој брзо стана вирален, Барџиѓа ја спореди италијанската Серија А со „гробишта на ...

Фудбалерите Пари Сен Жермен и Стразбур ремизираа 3:3 во дербито на осмото коло од Лига 1. Луд натпревар беше виден на „Паркот на принцовите“. Домаќинот трган фуриозно, а на крајот мораше да се бори за еден бод. Сè започна со голот на Баркола во шестата минута, но гостите до полувремето направија пресврт, со головите на Паничели во 26-та и Мореира во 41-та минута. Паничели дополнително ги загрижи „Светците“ во 49-та минута, а Рамос го врати ...

Ханси Флик, на прес конференцијата, пред натпреварот со Џирона, бурно реагираше на прашањето дека претседателот на Барселона барал Ламин Јамал да игра против ПСЖ во Лигата на шампионите. Шпанските медиуми со денови шпекулираат за наводниот конфликт во врвот на каталонскиот клуб, според кој претседателот Џоан Лапорта наводно му наредил на Ханси Флик да го вклучи Ламин Јамал во почетниот состав за натпреварот против ПСЖ, иако 18-годишникот, ...

Фудбалерот на Челзи, Кол Палмер (23), нема да може да им се придружи на соиграчите уште шест недели поради повреда на препоните, објави тренерот Енцо Мареска. Палмер не играл од поразот на Челзи од Манчестер Јунајтед на 20 септември. Тој го напушти теренот во првото полувреме, а Мареска потоа објави дека ќе го одмори до октомвриската репрезентативна пауза, која сега е завршена. „Згрешив. За жал, тој ќе биде надвор од терените веројатно шест ...

Шведската фудбалска легенда Златан Ибрахимовиќ покажа дека годините за него се само бројка. Тој на социјалните мрежи објави видео снимено во сауна во природа, каде се релаксира во долна облека со поглед кон планински пејзаж. Објавата веднаш стана вирална и собра повеќе од 140.000 лајкови, а коментарите беа преполни со пофалби за неговиот изглед: „Златан е жив оган“, „Изгледаш како да имаш 23 години“, „Викинг, легенда!“. Ибрахимовиќ ...

Ламин Јамал без конкуренција е првата ѕвезда на шпанскиот фудбал, но не се труди многу да ги избегне светлата на големата сцена и реакциите на јавноста. Јамал се најде во центарот на вниманието со одлуката дека повеќе нема да дава автограми на деца, освен ако не платат за тоа. Иако и самиот се уште е момче, 18-годишен тинејџер, под изговор на капитализам и најголем можен профит, реши да ангажира специјализирана страница за колекционери ...

Поранешниот македонски репрезентативец, Дејан Манасков, го постигна најубавиот гол во петтото коло, во Лигата на шампионите. Еурофарм Пелистер, во средата загуби од Барселона во Битола со 30:34. Манасков голот на колото го постигна во последната минута. Тоа беше цепелин, додавање од голманот Митревски, а левото крило на Еурофарм Пелистер погоди од невозможен агол. Foto/ facebook.com/hceurofarmpelister 🔥 𝙏𝙊𝙋 5 𝙂𝙊𝘼𝙇𝙎 – Round 5 ...

Македонската фудбалска репрезентација назадуваше на новата ранг-листа на ФИФА за најдобрите селекции во светот. Македонија се наоѓа на 65-то место, што во однос на претходното рабгирање, преставува пад од две места. Фудбалската репрезентација на Македонија, минатата недела одигра два натпревари во квалификациите за пласман на СП. Двете средби со Белгија и Казахстан завршија 1:1. Пред Македонија, меѓу другте на листата меѓудруготе се ...

Еден од основачите на инвестициската фирма „777 Partners“, која се обиде да го купи Евертон, е обвинет за наводна измама на инвеститори за повеќе од 500 милиони долари. Наводно, Џош Вандер користел лажни финансиски документи за да донесе пари во „777 Partners“. Барем така велат федералните истражители од Њујорк. Групата „777 Partners“ се обиде во јуни 2024 година да го купи Евертон, но тој обид неславно пропадна. „Вандер ја користеше ...

Принцот на Рим, Франческо Тоти, целата своја кариера ја мина во Рома. Започна во март 1993 заврши во мај 2017. Одигра 619 натпревари постигна 250 голови за Рома. Тоти е легенда, икона на „Волчицата“, но последната сезона не ја памети по добро. Познато е дека односот меѓу Лучано Спалети и Тоти не беше добар, но малкумина можеа да претпостават дека односот меѓу двајцата е толку лош што Тоти веруваше дека поранешниот селектор на Италија се ...

Вилијамс, Рејсинг Булс, Мекларен, Хас и Астон Мартин открија специјални бои со кои ги и украсија своите автомобили за време на Ф1 викендот во Остин, Тексас. Вилијамс оддава почит на својот дизајн од 2002 година, што ја означува годината на основање на главниот партнер Атласијан, а легендарниот Хуан Пабло Монтоја, колумбискиот возач кој возеше за Вилијамс таа година заедно со Ралф Шумахер, го откри новиот изглед на автомобилот токму во ...

Бразилскиот клуб Сантос наводно ги прекинал разговорите за продолжување на договорот со Нејмар. Во клубот биле загрижени за неговата физичка подготвеност и високата плата. Нејмар (33) пропушти значителен број натпревари оваа година поради повреди, и иако односот меѓу него и клубот е сè уште одличен, раководството сака повторно да ја процени ситуацијата пред да се обврзе на продолжување на договорот што истекува во декември, пишува ...

Поранешниот играч на ПСЖ, Челзи и Милан, Тијаго Силва, му донесе победа на својот Флуминенсе во 98-та минута со брилијантен гол за триумф над Хувентуд во бразилското првенство. Силва, кој цела кариера игра како централен дефанзивец, дојде на скок пред голот на противникот, постигна гол со акробатски потег. O gol espírita que o Thiago Silva arrumou no último lance pro Fluminense no Maracanã: inacreditável o que esse cara joga aos 41 anos! “O ...

18-годишниот фудбалер на Барселона и шпански репрезентативец Ламин Јамал влезе на листата на најплатени фудбалери. Магазинот „Форбс“, објави ранг-листа на која Јамал е на 10-то место, со заработка од 37 милиони евра во изминатата сезона. Најголемата причина за таков скок на заработката на Јамал се потпишаните договори за спонзорство со голем број познати компании (Adidas, Konami, Powerade и Beats by Dre – брендот за слушалки порзан со ...

Душан Влаховиќ (25), напаѓач на Јувентус и српската репрезентација и најскапиот фудбалер во историјата на таа земја, би можел да се пресели во Барселона во јануари. Италијанските и шпанските медиуми пишуваат дека преговорите меѓу актуелниот шампион на Шпанија и централниот напаѓач на Јуве започнале во летниот преоден рок, но разговорите меѓу спортскиот директор на Барса, Деко, и менаџерот на Влаховиќ, Дарко Ристиќ, се интензивирале во ...

Јувентус потврди дека Европската фудбалска унија (УЕФА) покрена постапка против клубот за кршење на финансискиот фер-плеј и очекува да биде казнет. Јувентус очекува да биде казнет за кршење на правилата на УЕФА, што може да доведе до забрана или ограничување за потпишување нови играчи во сезоната 2026/27, објавија италијанските медиуми. Црно-белите го потврдија прекршувањето во соопштение поврзано со објавувањето на билансот на состојба за ...

Меѓународната тениска федерација (ИТФ) објави дека ќе го промени своето име во „Светски тенис“ од 2026 година. Промената беше усвоена од националните тениски федерации на годишниот состанок на управното тело. „Промената ќе обезбеди појасен идентитет што е порелевантен за играчите, навивачите, партнерите и засегнатите страни во тенисот низ целиот свет и ќе го усогласи брендот со повеќето од најистакнатите светски управни тела“, се вели во ...

Голманот на репрезентацијата на Англија, Џордан Пикфорд потпиша нов договор со Евертон. Финансиските детали од договорот не се објавени, но се претпоставува дека со новиот договор, голманот неделно ќе заработува помеѓу 150-180.000 фунти. Со потпишувањето на новиот договор, Пикфорд стана најплатениот играч на клубот од Ливерпул. Пикфорд одигра 326 натпревари во дресот на Евертон, од кои 296 беа во Премиер лигата. Голот на Англија, Пикфорд го ...

Адриен Рабио (30), незаменлив играч од средниот ред на Милан и француската репрезентација, го повреди листот на левата нога додека играше за репрезентацијата во квалификациите за Светското првенство. Дополнителните прегледи покажале дека неговиот солеус, клучен мускул во потколеницата, е оштетен. Рабио ќе паузира околу еден месец. Ова значи дека сигурно ќе ги пропушти натпреварите против Фиорентина, Пиза, Аталанта, Рома и Парма, а прашањето ...

Двајцата најдобри тенисери во светот, Карлос Алкараз и Јаник Синер се пласираа во финалето на турнирот „Шест Кралеви“ во Ријад. Турнирот е егзибиција, не е во калнедарот на АТП, а во полуфиналето Алкараз и Синер беа супериорни против Тејлор Фриц, односно Новак Ѓоковиќ. Јаник Синер во два сета со 6:4, 6:2 го победи Ѓоковиќ. Најдобриот на сите времиња, Новак Ѓоковиќ нема решение за Синер. Италијанецот ја забележа седмата последовна победа ...

Лионел Меси би можел да се соочи со рушење на неговата вила на Ибица вредна 11 милиони евра, поради контроверзиите околу имотот од 16.000 квадратни метри. Имено, вилата е изградена на заштитено земјиште без потребните дозволи. Меси го купи имотот во 2022 година, но оттогаш се соочи со низа проблеми, вклучувајќи го и вандализмот од страна на климатските активисти минатата година. Имотот лоциран во Сант Жозеп де Са Талаја на западниот брег на ...

Италијанскиот фудбалски гигант Интер оствари рекордни 567 милиони евра приходи во изминатата финансиска година, беше објавено на веб-страницата на клубот. Финансиските извештаи за сезоната 2024/25 покажуваат приходи од 567 милиони евра, што е зголемување од 94 милиони евра во споредба со претходната сезона. Ова е рекорд, не само за Интер, туку и за италијанскиот фудбал како целина. Претходниот рекорд го држеше Јувентус кога имаше приходи од ...

Трофејниот шпански стручњак Рафаел Бенитез (65) треба да го преземе грчкиот тим Панатинаикос во наредните денови, откако че бидат дефинирани деталите за идната соработка. Великанот од Атина е во потрага по тренер по заминувањето на Португалецот Руи Виторија, кој беше отпуштен на 15 септември, еден ден откако „зелените“ загубија од Кифисија со 3:2. Во меѓувреме, Панатинаикос значително ја подобри играта и резултатите под водство на ...

Центарот на Лос Анџелес Лејкерс, Џексон Хејс (25), откри дека е во процедура за добивање словенечки пасош за во иднина да може да игра со Дончиќ и во репрезентацијата. Хејс е член на Лејкерс од 2023 година, претходно играше за Њу Орлеанс. Наскоро би можел да биде опција за селекторот на Словенија, Александар Секулиќ, кој бара играч на позицијата „пет“ по повлекувањето на Џош Нибо за последниот Евробаскет. Нибо, да потсетиме, поради повреда, ...

По речиси две недели оо контроверзниот инцидент на Големата награда на Индонезија, судиите на Мото ГП ја донесоа конечната одлука да го казнат возачот на Априлија, Марко Бецеки. Марко Бечеки е казнет со двоен долг круг, кој ќе мора да го одработи на неделната трка на Големата награда на Австралија. Станува збор за судирот што се случи во седмата кривина, во првиот круг од трката на патеката „Мандалика“, кога Бецеки го собори Марк Маркез. ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
2.57
67%
1015
weather icon

Белград

15ᴼ / 13ᴼ
4.12
37%
1018
weather icon

Загреб

15ᴼ / 11ᴼ
4.63
43%
1021
weather icon

Софија

13ᴼ / 11ᴼ
1.54
48%
1015
weather icon

Сараево

13ᴼ / 13ᴼ
1.6
64%
1017
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 13ᴼ
2.68
41%
1020
weather icon

Атина

23ᴼ / 21ᴼ
4.12
55%
1011
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
3.6
59%
1013
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
5.14
36%
1013
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 11ᴼ
3.6
61%
1016
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 13ᴼ
3.09
31%
1019
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 8ᴼ
7.2
91%
1015
Currency

61.645

Currency

52.4687

Currency

70.884

Currency

37.5414

Currency

38.4236

Currency

67.2068

Currency

7.6959

Currency

0.69846

Currency

0.32902

Currency

0.52513

Currency

1.16927

Currency

0.56091

Кобалт

45.39

Платина

66680.65

Калај

50.46

Родиум

326330.08

Бакар

12.11

Цинк

3.43

Алуминиум

3.56

Рутениум

54591.97

Злато

166450.52

Паладиум

49675.57

Сребро

2840.84

Иридиум

253540.09