Од наредната сезона Дуашн Влаховиќ нема да биде играч на Јувентус, тоа е сигурно, се поставува прашањето дали Србинот ќе остане во Торино по заимскиот преоден рок. Влаховиќ е повреден, нема да игра до месец март наредната година, но Јувентус сепак ќе се обиде да го продаде. Неколку англиски медиуми тврдат дека Влаховиќ би можел да заврши во Ливерпул. „Црвените“ се во потрага по напаѓач откако Александер Исак доживеа тешка пшовреда. Нејасно ...

Фудбалскиот клуб Челзи има намера да се откаже од најмалку шест играчи во зимскиот преоден рок. Енцо Мареска во летниот преоден рок подвлече дека има премногу играчи во тимот, но тогаш не успеа да го скрати спиското. Сега клупските челници ќе се обдат да го намалат ростерот. Мареска јасно стави до знаење дека вишок се: Тосин Адарабијо, Факундо Буонаноте, Аксел Дисаси, Рахим Стерлинг, Беноа Бадијашиле и голманот Филип Јоргенсен. Од почетокот ...

Манчестер Јунајтед сака да се засили во зимскиот преоден рок, а најреалната опција наводно е Рубен Невеш. Рубен Аморим би сакал да го засили средниот ред, особено по повредата на Бруно Фернандеш, и фактот дека Коби Меину е незадоволен од својот статус во клубот. Исто така, Рубен Невеш би бил среќен да се врати во Премиер лигата, за да го дочека Светското првенство следното лето во најдобра можна форма. Португалецот има договор со Ал Хилал ...

Тренерот на Интер, Кристијан Киву, беше прогласен за најдобар романски тренер во 2025 година. Тоа е големо признание за 45-годишникот, кој стана тренер на сениорски тим дури оваа година. Тој ја презеде Парма во февруари, а потоа се врати во Интер, каде што работеше во фудбалската академија, пред да се пресели во Парма. Од минатото лето одигра 27 натпревари со Интер и моментално е лидер во италијанското првенство. Зад себе има одлична ...

Моментално е празничен одмор во Шпанија, но во фудбалскиот клуб Еспањол немаат време за одмор. Имено, во првиот натпревар во 2026 година, Еспањол ќе го пречека својот најголем ривал, Барселона, што исто така значи дека Џоан Гарсија повторно ќе биде меѓу „своите“. Навивачите на Еспањол веќе подготвуваат пеколен пречек за него, бидејќи од ова лето го сметаат за најголем предавник во историјата на клубот. Како што е познато, голманот на ...

Фудбалскиот клуб Манчестер Сити ќе биде активен во зимскиот преоден рок. Како што е познато, Антоан Семењо е блиску до трансфер на „Етихад“, но за да дојде крилниот напаѓач на Борнмут, најмалку двајца играчи ќе мора да го напуштат клубот. За почеток, има прецртани играчи кои дури и не играат оваа сезона, станува збор за Калвин Филипс и Оскар Боб. Филипс е на позајмица во Вест Хем, каде што речиси и да не игра. а Боб не може да се псрави со ...

Искусниот грчки дефанзивец Константинос Цимикас, кој ова лето пристигна од Ливерпул на позајмица до крајот на тековната сезона во Рома ја заврши својата мисија на „Олимпикo“. „Газета дело Спорт“, тврди дека тренерот Џан Пјеро Гасперини не смета на овој играч. Откако актуелниот англиски шампион го донесе Милош Керкез од Борнмут ова лето, стана јасно дека на „Енфилд“ нема место за Цимикас, бидејќи во конкуренција беше и Енди Робертсон. Клубот ...

Поранешниот играч на Атлетико Мадрид, Хави Галан, потпиша договор со Осасуна, објави клубот од Памплона. Во соопштението се наведува дека левиот бек потпишал договор со Осасуна до 30 јуни 2026 година, а клубот од Памплона издвоил надомест од 500.000 евра за овој трансфер. „Во случај двете страни да ја продолжат соработката по 30 јуни 2026 година, мадридскиот клуб ја задржува можноста да добие дополнителни 500.000 евра за секоја сезона што ...

Рајан (19) е несомнено едно од најголемите откритија на бразилскиот фудбал во 2025 година. Овој деветнаесетгодишен напаѓач на Васко да Гама особено блесна во последната сезона, каде што речиси сам му ја донесе на својот клуб титулата во Купот против Коринтијанс. Неговите извонредни настапи го привлекоа вниманието на европските гиганти како Баерн, а рускиот Зенит веќе испрати конкретна понуда од 31 милион евра. Сепак, во Васко не ...

Буркина Фасо ја победи Екваторијална Гвинеја со 2:1 во првиот натпревар од Групата Е на Африканскиот куп на нации. Екваторијална Гвинеја водеше со 1:0 до 95-та минута со голот на Марвин Аниебо, но Буркина Фасо направи пресврт со головите во 95-та и 98-та минута. Прво, Георги Минунгу постигна гол за израмнување, додека Едмонд Тапсоба постигна гол за победа. Со голот што го постигна 23-годишниот Минунгу, ја испиша најубавата приказна на ...

Веста на денот во Турција е дека првиот човек на фудбалскиот и кошаркарскиот клуб Фенербахче, познатиот бизнисмен Садетин Саран, е во притвор поради наводна консумација на дрога. Минатата недела турските власти започнаа голема истрага што е дел од широка операција поврзана со употребата на наркотици меѓу познати личности во оваа земја: уметници, таканаречени „инфлуенсери“, луѓе од деловниот свет… Голем број луѓе беа приведени, меѓу кои и ...

Менаџерот на Челзи, Енцо Мареска, изјави дека играчите на неговиот тим, Лиам Делап и Естевао, ќе бидат подготвени за претстојниот натпревар од 18-то коло од Премиер лигата против Астон Вила. „Естевао се врати и ќе биде достапен за натпреварот во сабота. Исто така и Делап. Двајцата играчи се вратија во тимот“, изјави Мареска на прес-конференција. Делап го повреди рамото на 6. декември на натпреварот против Борнмут (0:0). Мареска рече дека ...

Сандро Тонали е најголемата желба на Јувентус на пазарот, работата изгледа комплицирана, но во Торино веруваат дека не е невозможна, пишува „Газета дело Спорт“. Фудбалерот од средниот ред на Њукасл игра одлично во Премиер лигата, но враќањето во Италија сериозно го привлекува, особено ако повторно го носи дресот на голем клуб. Во моментов, Јувентус се појавува како единствена реална опција. Њукасл не планира лесно да се откаже од ...

Иднината на Мохамед Салах во Ливерпул повторно е актуелна тема, а клубот се подготвува за клучни разговори со неговиот менаџер, додека египетската ѕвезда е на Африканскиот куп на нации. Ситуацијата се заостри претходно овој месец по ремито 3:3 против Лидс, кога Салах реагираше бурно и тврдеше дека „клубот го фрлил под автобусот“. По тој настап, Салах беше изоставен од составот за натпреварот од Лигата на шампионите против Интер, кој ...

Аргентинскиот десен бек Факундо Мура ја продолжува својата кариера во Соединетите Американски Држави. Иако Ривер Плата исто така беше заинтересиран за него, Мура наводно се договорил со Интер од Мајами, каде што ќе им се придружи на Лионел Меси и на растечката аргентинска колонија. Мура ќе го потпише договорот до декември 2029 година, со што ќе заврши неговиот четиригодишен престој во Расинг. Тој ја напушта својата татковина за прв пат. ...

Формула 1 сè уште не влегла во сезоната 2026, а веќе се соочува со сериозни контроверзии. Во центарот на вниманието е Макс Ферстапен, четирикратниот светски шампион, кој изнесе загрижувачки тврдења за техничките контроли на болидите. Во интервју за шведските медиуми, возачот на Ред Бул рече дека многу тимови намерно ги поместуваат границите на прописите и често избегнуваат казни само затоа што не се темелно проверени по секоја трка. „Сите ...

Италијанскиот великан Лацио е заинтересиран за купување на српскиот репрезентативец Лазар Самарџиќ. Со решавањето на финансиските тешкотии, Лацио повторно е активен на пазарот и има намера да донесе сериозни имиња во зимскиот преоден рок. Според „Газета дело спорт“, Маурицио Сари сака да го засили тимот со играч од средниот ред, а прв пик му е Самарџиќ. „Сари го посочи потпишувањето на квалитетен играч од средниот ред како врвен приоритет. ...

Изборот на Гоце Седлоски за нов селектор на фудбалската репрезентација на Македонија, ги раскара поранешниот селектор Игор Ангеловски и директорот на националните репрезентации, легендарниот Горан Пандев. Ангеловски и Пандев се „пресметаа“ на социјалните мрежи, односно андев не му остана должен на поранешниот селектор. „Селекторот Гоце Седлоски ни риба ни девојка! Несериозен пристап на раководството на ФФМ заедно со УО најпрво со селекторот ...

Кошаркарите на Сан Антонио, втор пат во последните 10 дена, успеаја да забележат победа во дуелот со шампионот Оклахома. Изминатата ноќа, Сан Антонио убедливо ги победи Тандер со 130:110. Сан Антонио фатија ритам, ја забележаа седмата победа во последните осум натпревари. Единствениот пораз во таа серија беше оној во финалето на Купот против Њујорк во Лас Вегас. Спарс до победата ги предводеа Келдон Џонсон со 25 поени, Стефон Касл со 24 и ...

Ливерпул се соочува со сериозен проблем во нападот по повредата на Александар Исак. Повредата ги наруши плановите на тренерскиот штаб во клучниот дел од сезоната. Шведскиот напаѓач заработи сериозна повреда, а првите проценки укажуваат дека ќе биде надвор од терените подолг временски период. Клубот од „Енфилд“ е принуден брзо да реагира и да најде краткорочно решение кое би го покрило отсуството на Исак. Според ексклузивни информации од ...

Првиот пик на драфтот во 2025 година, Купер Флег ФЛАГ одигра еден од најдобрите натпревари откако пристигна во НБА, а неговите Далас Маверикс ги победија Денвер Нагетс со 131:130. Купер го заврши натпреварот со учинок од 33 поени, девет скока и девет асистенции. Тој исто така постигна четири тројки, што е негов рекорд во кариерата во најсилната кошаркарска лига во светот. Ентони Дејвис беше одличен за Далас со 31 поен и девет скока во ...

Фудбалерите на Арсенал се последните полуфиналисти од англискиот Лига куп. Лондонските „топџии“, по голема борба и по изведување на пенали, славеа во градското дерби против тимот на Кристал Палас и закажаа дуел против уште поатрактивниот градски ривал, Челзи. Натпреварот на стадионот „Емирати“ заврши по регуларното време со резултат 1:1 (0:0), но момците на Микел Артета беа поуспешни во изведувањето на пенали и победија со 8:7. Трагичар на ...

Фудбалскиот клуб Челзи се вклупи во трката за потписот на крилниот напаѓач на Борнмут, Антоан Семењо. Од птртходно е познато дека интерес за овој играч покажаа Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити и Ливерпул. Клубот од „Стемфорд Бриџ“, воспоставил контакт со колегите од Борнмут, прашале под кои услови би биле спремни да го продадат Семењо. Репрезентативецот на Гана има откупна клаузула од 65 милиони фунти во својот договор, кој стапува на ...

Еден од најдобрите македонски фудбалери на сите времиња, Васил Рингов, почина на 71-годишна возраст по кратко боледување. Рингов е еден од најголемите фудбалери во историјата на македонскиот фудбал и на Вардар. Роден е во Струмица на 17 април 1955 година, каде што ја започна својата кариера во локалната Беласица. Кратко време го носеше дресот на Партизан, а потоа играше во Тетекс, а оттаму се пресели во Вардар, каде што остави најимпресивна ...

Гоце Седлоски, првиот што одигра 100 натпревари во дресот на националниот тим, официјално е назначен за нов селектор на Фудбалската репрезентација на Македонија. На функцијата, Седлоски дојде на местото на Благоја Милевски, чии договор не беше продолжен по завршувањето на квалификацискиот циклус за пласман на Светското првенство. „Ова е голема чест, во исто време и голема одговорност, веројатно најголема во мојата кариера. Нашата цел ќе ...

Дефанзивецот на Баерн Минхен, Дајо Упамекано, конечно би можел да потпише нов договор со клубот. Преговорите што траат неколку месеци влегуваат во последна фаза, а наводно единствената преостаната ставка е клаузулата за откуп. Како што откри „Билд“, менаџерите на Упамекано ги прифатиле апсолутно сите услови што ги понудил Баерн Минхен, но исто така побарале да се постави клаузула за откуп и тоа во првата година од договорот. Ставот на ...

Францускиот прволигаш Олимпик Лион постигна договор со Реал Мадрид за позајмица на талентираниот бразилски напаѓач Ендрик (19). Клубот активно бараше голгетер по заминувањето на Александар Лаказет и Жорж Микаутадзе во лето, а младиот Бразилец беше главна цел на тренерот Пауло Фонсека од самиот почеток. Ендрик брзо се согласи да се пресели во францускиот клуб, како што објави „Л’Екип“. Клучната причина за трансферот е желбата на Ендрик, ...

Кошаркарскиот клуб Партизан официјално објави дека Џоан Пењароја е новиот тренер на клубот. Пењароја, кој ја започна оваа сезона како тренер на Барселона и доби отказ поради лошите резултати, пристигна во Белград во понеделник вечерта, а во текот на денот ќе им биде претставен на новинарите и официјално ќе ја преземе функцијата шеф на тренерскиот штаб на црно-белиот тим. Шпанскиот тренер, роден на 20 април 1969 година, досега ги водеше ...

Кошаркарскиот клуб Партизан официјално објави дека Џоан Пењароја е новиот тренер на клубот. Пењароја, кој ја започна оваа сезона како тренер на Барселона и доби отказ поради лошите резултати, пристигна во Белград во понеделник вечерта, а во текот на денот ќе им биде претставен на новинарите и официјално ќе ја преземе функцијата шеф на тренерскиот штаб на црно-белиот тим. Шпанскиот тренер, роден на 20 април 1969 година, досега ги водеше ...

Дивок Ориги (30) го раскина договорот со Милан и е достапен како слободен агент од 1 јануари и почетокот на зимскиот преоден рок. Белгискиот напаѓач е во Милан од 2022 година, но одигра само 36 натпревари и постигна два гола. Од минатата година е член на резервниот тим на Милан Футуро, кој игра во четвртата лига. Дивок Ориги го напушти Милан откако поминаа повеќе од 600 дена од неговиот последен официјален натпревар. Својот последен гол го ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
93%
1016
weather icon

Белград

10ᴼ / 9ᴼ
2.06
83%
1016
weather icon

Загреб

9ᴼ / 9ᴼ
2.57
76%
1018
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
87%
1015
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
2.39
82%
1014
weather icon

Љубљана

10ᴼ / 8ᴼ
3.09
81%
1018
weather icon

Атина

20ᴼ / 18ᴼ
2.24
59%
1011
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
72%
1012
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
100%
1014
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 7ᴼ
2.24
83%
1016
weather icon

Будимпешта

11ᴼ / 8ᴼ
2.06
71%
1017
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 11ᴼ
9.26
85%
1013
Currency

61.645

Currency

52.4687

Currency

70.884

Currency

37.5414

Currency

38.4236

Currency

67.2068

Currency

7.6959

Currency

0.69846

Currency

0.32902

Currency

0.52513

Currency

1.16927

Currency

0.56091

Кобалт

45.39

Сребро

2840.84

Иридиум

253540.09

Бакар

12.11

Рутениум

54591.97

Паладиум

49675.57

Калај

50.46

Родиум

326330.08

Злато

166450.52

Цинк

3.43

Платина

66680.65

Алуминиум

3.56