Тимот на Рома попладнево успеа да забележи уште една победа во домашниот Серија А шампионат. „Волчицата“ триумфираше со 0:2, на гостувањето кај Болоња, со головите на Мален во седмата односно Ел Ајнауи во судиското продолжение од првиот дел. Потоа, домаќинот немаши ниту сила, ниту капацитет да се враќа резултатски. Рома со оваа победа дојде до 61. бод во 34 мечеви, и се наоѓа на петтата позиција на табелата, која што секако обезбедува ...

Чуварот на мрежата на македонската фудбалска репрезентација, Столе Димитриевски со својот тим Валенсија предмалку успеа да извојува значајна победа на домашен терен од конечни 2:1, против тимот на Џирона. Нашиот интернационалец стандардно беше дел од почетните единаесет во триумфот кој што го донесоа Рамазани, односно Садик со головите во 50. односно 59. минута. Гостите намалија преку Рока во 63. минута но тоа беше се од нив на овој меч. ...

Екипата на Арсенал во рамките од 34. коло од Премиер лигата ја одработи задачата што се вели и на домашенм терен славеше со минимални 1:0 против екипата на Њукасл. На тој начин тимот од Лондон остана сам на врвот на табелата, со сега веќе освоени 73 поени, три повеќе од второпласираниот тим на Манчестер Сити, кој што има 70 бодови, но нормално и меч помалку. Што се однесува пак до денешниот дуел, клучниот момент се случи рано во мечот ...

Денеска продолжува актуелното 29. Коло од домашниот ПМФЛ шампионат, во кое на стадионот во Ѓорче Петров ќе се сретнат домаќинот Македонија и тимот на Работнички. Оваа градска пресметка која инаку стартува до 16:00 часот значи само едно за двата тима. Освојување на бодови кои ќе значат и натаму шанса за останување во прволигашката конкуренција. Двата тима се во лоша состојба на табелата. Македонија е претпоследна, единаесетта со 24 бодови, ...

Пелистер ја оправда улогата на фаворит против ГРК Охрид, на домашен терен го совлада со 44-23 во натпревар од 6. коло во плеј-офот во Супер-лигата. Битолчани отворија со 7-2, после 20 минути игра запишаа двоицфрена предност од 17-7. На одморот резултатот беше 22-12. Кавадарчани беа немоќни во продолжение, додека пак Пелистер не се штедеше. На голот на Пелистер беше Давид Брестовац кој запиша 114 одбрани, додека прв стрелец беше Петар ...

Во рамките од 26. коло во домашниот кошаркарски шампионат, тимот на Кожув кој што е дел од плеј офот го совлада Тиквеш во Кавадарци со конечни 90:97. Гостите на овој дуел може да се каже дека имаа подобро второ полувреме, кога реално и го добија дуелот. По првичните 24:22, односно 26:20, до полувреме домашните имаа не само резултатски баланс, дури имаа и водство. Сепак, во продолжението, третата делница Кожув ја доби со убедливи 19:32, по ...

Тимот на Гостивар со конечни 80:94 го победи тимот на Ангели во новото коло од кошаркарскиот шампионат на Македонија. Во дуелот на двете последнопласирани екипи од плеј аутот, Гостивар сепак на терен го покажа повисокото ниво на квалитет и обезбеди триумф. Првата четвртина заврши со водство на домашните од 26:22, за да до полувреме Гостивар направи резултатска рамнотежа и ја добие втората делница со 12:19. Клучните десет минути на овој меч ...

Во таборот на светскиот првак едноставно владее хаос. Челзи е во агонија, ама за тоа виновно е раководството на гигантот кој го донесе некој си Лиам Росениор за менаџер. Не дека со Енцо Мареска беше идеално, ама овој Росениот едноставно беше катастрофа. А хаосот можеше да се види на натпреварот против Брајтон каде „галебите“ можеа да постигнат најмалку пет гола, честопати голманот Санчез го спасуваше својот тим од вистински катастрофи, а ...

Немаше никакви изненадувања попладнево во мечевите од 26.коло во ВМФЛ. Сите аспиранти за највисок пласман победија па така и натаму изгледот на табелата, барем за првите четири места, остана ист. Брегалница без проблем славеше дома против Слога Виница со 4:1, па така и натаму е лидер, но сега со 61 бод. Шкендија Арачиново како гостин во Гевгелија успеа да победи со 0:1, додека Скопје со 0:2 славеше на гостувањето кај Преспа. Победи и Охрид ...

Македонскиот интернационалец и репрезентативец, Милан Ристовски денеска е стрелец за својот тим Бохемианс, во домашната победа против тимот на Спарта Прага од конечни 2:0. Бохемианс секако имаше улога на аутсајдер на овој меч против фаворитот, но тоа не му пречеше на домаќинот, а особено не на нашиот Ристовски да се истакнат денеска. Напаѓачот го отвори резултатот на овој меч со погодокот во 60. минута, а само две минути подоцна, Хулка ги ...

Екипата на Барселона денеска дојде до уште една победа во овогодинешниот Примера шампионат. Лидерот на оваа конкуренција денеска на гостувањето кај Гетафе, забележа триумф од 0:2, со што уште повеќе си ги забетонира шансите да ја освои титулата сезонава. Творци на победата денеска за Каталонците беа Фермин кој погоди во 45. минута, односно Маркус Рашфорд кој што резлизираше во 73. минута. Со ова, Барселона по 33. кола има 85. бодови и има ...

Денешната програма од Премиер лигата донесе мечеви кои што имаат влијание исклучиво на битката за опстанок. А во неа, тимот на Вест Хем забележа огромна победа на свој терен против тимот на Евертон со конечни 2:1. И тоа на каков начин. Соучек погоди во 52. минута за водство, но Евертон израмни преку Киран Десбјури Хол во 88. минута. Домашните не ги фати паника, туку тргнаа по нов погодок и среќата ги погледна. Ветеранот Калум Вилсон во ...

Македонија ЃП – Работнички 2:1 е резултатот од попладневниот меч од 29.коло во ПМФЛ. Меч кој беше директна пресметка за избегнување на најлошото, меѓу градските ривали и некогашни шампиони. На крајот победи Македонија ЃП која сега има 27 бода и натаму е претпоследна, Работнички остана на 28, а “безбедниот“ Пелистер на деветата позиција има 29 бода и меч помалку. Убав, отворен меч со многу шанси на двете страни. Стрелци на головите беа ...

Поранешниот нигериски репрезентативец, Мајкл Енерамо, почина во петокот на 40-годишна возраст откако се онесвести на теренот за време на пријателски натпревар. Нигериската фудбалска федерација соопшти дека веројатна причина за смртта е срцев удар. Енерамо го одиграл целото прво полувреме, а несреќниот момент се случи пет минути по почетокот на второто полувреме. „Ова е катастрофално. Во овој момент сум без зборови“, рече генералниот секретар ...

И дефинитивно ова го може само Баерн Минхен. Попладнево на гостувањето кај Мајнц, старо – новиот шампион на Германија губеше со 3:0, и тоа поради фактот дека тренерот Компани им даде шанса на дел од резервистите. И кога виде дека може да доживее бламажа во пресрет на 1/2 финалето во ЛШ против ПСЖ во вторник, тој во игра ги внесе Олисе, Кејн и останатите свои ѕвезди. И јасно беше дека ќе дојде до пресврт и тоа каков. Од 3:0 до 3:4 за гостите ...

Како што информираат од РК Вардар, пуштени се во продажба билетите за дуелот Вардар 1961 – Монпеље. Од Вардар велат: „Да го направиме последниот чекор заедно! Во продажба се пуштени билетите за претстојниот натпревар против Монпеље во четвртфиналето од ЕХФ Лига Европа. Натпреварот Вардар 1961 – Монпеље ќе се одигра во вторник, на 05.05.2026 година, со почеток од 20,45 часот, во СЦ „Јане Сандански“. До самата завршница на Лига Европа не делат ...

На повидок е мега – трансфер. Имено Василије Костов, мега – талентот на Ц.Звезда, кој веќе има настапи и за А-репрезентацијата на Србија, по потекло е Македонец, иако има само 17 години, е пред историски трансфер. Црвена звезда планира да земе 30 милиони евра од трансферот на Василије Костов, а како што стојат работите, планот на лидерот на клубот, Звездан Терзиќ ќе се оствари. 17-годишната ѕвезда е посакувана од вистински европски гиганти. ...

Легендарниот шпански тенисер Рафаел Надал испрати порака за поддршка до својот сонародник Карлос Алкараз, кој вчера објави дека нема да може да ја одбрани титулата на Ролан Гарос поради повреда. „Храбро, Карлос! Се надевам дека брзо ќе се опоравиш. Овие тешки моменти го истакнуваат сè што ќе постигнеш. Среќно и ти испраќам многу љубов!“, напиша Надал, кој 14 пати го освои Ролан Гарос. Сè уште не е познато колку долго Алкараз ќе отсуствува од ...

Победник на спринт трката во Херез во МОТО ГП за ГН на Шпанија, е возачот на Дукати, Марк Маркез. Во општиот хаос предизвикан од дождот, Маркез на крајот сепак заврши како прв, На второто место се најде неговиот клупски колега Франческо Бањаја, кој имаше многу проблеми пред дождот, но реагираше на време, го смени моторот во првите моменти и успеа да стигне до подиумот. Франко Морбидели беше на третото место. Зад нив беа:Бред Биндер, Фабио ди ...

Македонија ЃП – Работнички 1:0 е исходот од првото полувреме на денешниот меч во Ѓорче од 29.коло во ПМФЛ. Уште во 2.минута домашните поведоа со голот на Кабаркас кој убаво се снајде пред гостинскиот гол и со шут со глава ја затресе мрежата на Работнички. Отворен фудбал од двете страни, со многу шанси како на едната така и на другата страна. “Лавовите“ преку Лазаревиќ и Софијановски гаѓаа стативи, а овој вториот имаше уште една шанса за 2:0. ...

Џанлука Роки во свое време беше еден од најдобрите судии во Европа. Италијанецот беше главен судија на Суперкупот 2017 во Скопје меѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, и судеше на Македонија со Полска во Скопје, и токму тој Роки е вмешан во голема скандал. Медиумите во Италија пренесуваат дека Роки е под истрага на Јавното обвинителство поради тоа што како функционер правел притисок врз судиите да ги менуваат ВАР одлуките во Серија А. Откако ...

Фулам ја победи Астон Вила на својот „Крејвен Котиџ“ со резултат 1:0, во натпреварот од 34-то коло од англиската Премиер лига. Со 48 бода, клубот од Лондон ја гледа својата шанса да се квалификува за Европа, додека Вила е сè уште четврта со 58 бода, учеството на тимот на Унаи Емери во елитното натпреварување не е доведено во прашање. Иако тимот од Бирмингем го чека полуфиналниот натпревар од Лигата на Европа против Нотингем Форест во ...

Ете, тоа се вика една убава фудбалска бајка. Имено пред стартот на сезоната ретко кој во Швајцарија го сметаше Тун за тим кој може да се бори за врвот, а за титулата речиси никој. Сепак Елмин Растодер и неговите соиграчи просто “мелеа“ во текот на целиот шампионат и вечерва (20:30 часот) пред своите фанови, ако победат против Лугано на Џани Алиоски, и дефинитивно ќе испишат историја. Во својата речиси 130 годишна историја за првпат ќе станат ...

Легендарниот Веселин Вујовиќ повторно ќе ја предводи репрезентацијата на Катар. Поранешниот македонски селектор и тренер на Вардар, отпатувал во Доха, каде што ќе ја преземе репрезентацијата што ја водеше во периодот 2024-2025 година и со која играше на Светското првенство во Хрватска во 2025 година. На тој турнир, Катар заврши на 21-то место и загуби од Македонија во главната рунда. Шпанецот Валеро Ривера се врати како замена за Вујовиќ кон ...

ГРК Охрид денеска ја стартува битката за пласман во финалето на ЕХФ Европскиот Куп, кој минатата година го освои Алкалоид. Македонскиот тим првиот натпревар го игра на гостински терен кај Целје, дуелот е закажан со почеток во 18 часот. „Многу се истрошивме во натпреварите од Купот и во финалето против Вардар, но немаме многу време за тага. Мора да мислиме на следниот ривал, а тоа е првиот натпревар против Цеље. Се подготвуваме и се надеваме ...

Нов шок и тоа каков за селекторот на Бразил, Карло Анчелоти, но и за сите милиони фанови во таа земја. Имено Едер Милитао, кој е клучен дефанзивец на селекцијата на Бразил е повреден и ќе паузира најмалку четири месеци. Тоа значи дека стоперот на Реал Мадрид нема да игра на СП 2026 кое започнува за помалку од два месеци. Ова значи дека по Родриго и Естевао, Дон Карло нема да може да смета и на Милитао, на сите тројца поради повреди. Инаку ...

И дефинитивно синоќешното реми на Реал Мадрид против Реал Бетис ѝ отвори врата на Барселона да направи огромен чекор кон титулата во Ла Лига, бидејќи ситуацијата на табелата сега целосно се сврте во корист на каталонскиот клуб. Реал Мадрид моментално има 74 бода и е осум бода зад тимот на Ханси Флик, кој е на 82, со натпревар помалку, што дополнително ја нагласува предноста на Барселона на крајот од првенството. Барса веќе има можност ...

Ако имаше каква било надеж дека Реал Мадрид може да ја освои Ла Лига оваа сезона, таа беше уништена синоќа во Севиља. Реал Мадрид ремизираше 1-1 со Бетис во 32-то коло, па сега заостанува осум бода и има натпревар помалку од Барселона. „Кралскиот“ клуб водеше на „Ла Картуха“ од 17-та минута со голот на Винисиус, но Белерин му донесе бод на Бетис во длабокото судиско продолжение, во 94-та минута. Тренерот на Реал, Алваро Арбелоа, беше многу ...

И дефинитивно фудбалот е нешто посебно. Секоја чест за останатите спортови, ама се знае дека фудбалот е бр.1. Еве уште еден пример зошто е тоа така. Имено навивачите холандскиот клуб од највисоката лига „Го Ахеад Иглс“ организираа спектакуларно збогување за долгогодишната домаќинка на клубот. Карла Вити, која се пензионира по 27 години, доби ретка чест – џиновски транспарент со нејзиното лице на него. Materiaalvrouw Carla Whittie wordt voor ...

И тоа како добра вест за стратегот на европскиот шампион, Луис Енрике. Имено Пари Сен Жермен доби охрабрувачки вести пред нивниот клучен натпревар од Лигата на шампионите. Витиња има сериозни шанси да биде достапен за првиот натпревар од полуфиналето против Баерн Минхен. Според најновите медицински информации од клубот, воспалението на португалскиот играч од средниот ред се смирува и неговата состојба се развива во вистинската насока. Тој сè ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
1.5
66%
1014
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
0.89
91%
1013
weather icon

Загреб

16ᴼ / 16ᴼ
3.29
84%
1014
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
1.0
71%
1014
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
3.7
92%
1012
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 18ᴼ
0.89
76%
1012
weather icon

Атина

23ᴼ / 20ᴼ
1.04
66%
1013
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.16
72%
1015
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
1.96
61%
1015
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 17ᴼ
4.02
71%
1010
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 12ᴼ
1.34
60%
1012
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
1.82
100%
1013
Currency

61.645

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0603

Currency

66.8565

Currency

7.86455

Currency

0.73493

Currency

0.33253

Currency

0.52573

Currency

1.15121

Currency

0.55992

Паладиум

40767.15

Кобалт

45.39

Сребро

2186.28

Злато

135639.33

Платина

55170.68

Бакар

13.01

Калај

53.60

Алуминиум

3.54

Родиум

257205.97

Цинк

0.00

Рутениум

48965.59

Иридиум

253540.09