Осум екипи од осум различни држави изборија пласман во четвртфиналето од ЕХФ Европскиот куп, а меѓу нив е и македонскиот претставник Охрид. Охриѓани оваа сезона играат одлично во европското натпреварување, а тоа го потврдија и со двете победи во осминафиналето против чешката екипа Дукла Прага. Извлекувањето на четвртфиналните двојки ќе се одржи утре со почеток во 11 часот во Виена. Покрај македонскиот претставник во четвртфиналето сè уште: ...

Италијанскиот клуб Торино доби нов тренер, откако раководството реши да му ја довери клупата на искусниот стратег Роберто Д’Аверса. Промената доаѓа по период на нестабилни резултати и желба клубот да внесе нова енергија во тимот.Roberto D’Aversa Д’Аверса има значајнRoberto D’Aversa о искуство во италијанскиот фудбал и претходно водеше неколку екипи во Серија А и Серија Б. Неговата задача ќе биде да ја стабилизира формата на тимот и да го ...

Тренерот на Боде-Глимт, Кјетил Кнутсен, ги сподели своите очекувања за реваншот против Интер во плејофот од Лигата на шампионите. Првиот натпревар, кој се одржа во Норвешка на 18 февруари, заврши со победа од 3:1 за Боде-Глимт. – Не треба да седиме длабоко во одбраната. Според мене, подобро е да излеземе на теренот како резултатот да е 0:0 и дека не можеме да играме премногу длабоко. Ни треба рамнотежа – не треба да се повлекуваме во длабока ...

Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер го очекуваат уште три натпревари во Лигата на шампионите, но секако за клубот поголема важност сега имаат дуелите во домашните натпреварувања. Битолчани за таа цел донесоа и засилување односно играч на позицијата пикер. – Бев близу да дојдам во Еурофарм Пелистер, уште минатата сезона кога заминував од Веспрем, но заради други причини го одбрав Вецлар. Сепак останавме во контакт со клубот. ...

Светскиот шампионат во мотоциклизам, Мото ГП, добива нова и атрактивна дестинација во календарот. Од 2027 година трката за Големата награда на Австралија ќе се одржува на улична патека во центарот на Аделаида. Со оваа одлука, легендарната трка се сели од традиционалната патека „Филип Ајленд“ во урбана средина, што претставува значаен пресврт во историјата на шампионатот. Организаторите најавуваат модерна улична конфигурација која ќе ги ...

Македонската кошаркарска легенда Владо Илиевски се врати во македонската кошарка, како координатор на сите национални репрезентативни селекции. Илиевски има огромно меѓународно искуство, длабокото познавање на репрезентативниот систем и авторитетот што го ужива во кошаркарските кругови. – Ја прифатив оваа функција да го предадам моето име, моето искуство што сум го стекнал триесет години за Македонија и заедно со оваа екипа да направиме ...

Аргентинските клубови се согласија да штрајкуваат од 5 до 8 март во знак на протест против гонењето на претседателот на Аргентинската фудбалска асоцијација (АФА), Клаудио Тапија, објави АП. Најавата за штрајкот следеше по повикувањето на Тапија на сослушување од страна на судија на 5 март во врска со наводната злоупотреба на средствата од социјалното осигурување. Истрагата се базира на жалба поднесена од владината Агенција за собирање приходи ...

Фудбалерот на Ал Наср, Кристијано Роналдо, ѝ се обрати на олимписката шампионка од 2010 година, американската алпска скијачка Линдзи Вон, која беше подложена на пет операции по сериозниот пад на Олимписките игри во 2026 година во Италија. Вчера, скијачката објави дека лекарите размислувале да ѝ ја ампутираат ногата. На 8 февруари, за време на спуст трката, Вон, која се натпреваруваше со скинат преден вкрстен лигамент, се удри во една од ...

Привремениот тренер на Манчестер јунајтед, Мајкл Карик, ја коментираше победата од 1:0 над Евертон остварена синоќа на гостински терен во 27. коло од англиската Премиер лига. – Беше натпревар со одлична завршница. Немилосрден финиш. Ми се допадна начинот на кој Шешко ја реализираше шансата со вистинска самодоверба. Куња и Мбемо го поставија нападот совршено, а ние сме опасни во контранападот, изјави Карик за „Скај Спортс“. Манчестер јунајтед ...

Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман, е во преговори со клубот од американската МЛС лига, Орландо Сити. Според „Атлетик“, разговорите се во напредна фаза. Спортскиот директор на Орландо, Рикардо Мореира, неколку пати патувал во Шпанија за да ја договори соработката. Орландо се надева дека ќе го потпише напаѓачот пред да се затвори преодниот рок во МЛС на 26 март. Сепак, Французинот не планира да го напушти Атлетико пред летниот ...

Манчестер јунајтед го победи Евертон со 1:0 синоќа во натпревар на гостински терен од 27. коло на англиската Премиер лига. Словенечкиот фудбалер Бенџамин Шешко го постигна единствениот гол во 71. минута. Шешко влезе како замена во 58. Минута. Во сезоната 2025/26, напаѓачот има осум гола и една асистенција во 24 натпревари. -Верувам во себе, а и другите играчи веруваат во мене. Тие знаат што да очекуваат од мене кога ќе стапнам на теренот. ...

Фудбалерот на Бенфика Џанлука Престијани привремено е суспендиран и нема да биде на располагање на Жозе Мурињо за реванш дуелот против Реал Мадрид в среда за дуелот од Лигата на шампионите. Аргентинецот е обвинет дека за време на првиот дуел од 1/16 финалето расистички го навредувал играчот на Реал Мадрид Винисиус Жуниор. Од Бенфика реагираа веднаш дека ќе се жалат, иако се сомневаат дека жалбата ќе има некое влијание. Навредите стигнаа кога ...

Шпанскиот кошаркарски стручњак Жозеп Мариа Берокал, од денеска и официјално е селектор на машката македонска кошаркарска репрезентација. Новиот македонски селектор веќе почна со работа, одржа два тренинга и ги изнесе своите први импресии пред претставниците на медиумите: – Ви благодарам за можноста да бидам тука, привилегија е да бидам селектор на Македонија. Знам дека е краток периодот за подготовки, но во овие само два тренинга со ...

Селекторот на женската ракометна репрезентација Кристијан Грчевски го објави поширокиот список на ракометарки за дуелите со Белгија од квалификациите за Европското првенство 2026. На списокот се наоѓаат 35 ракометарки, а 13 настапуваат во странство. Грчевски во текот на оваа недела ќе го објави и скратениот список. Неделата на ЕХФ стартува на 1.март. Првиот дуел македонските ракометарки го играат на гостински терен, додека на 7.март двете ...

Екипата на Тиквеш со победа и три бодови се враќа од гостувањето кај Македонија Ѓорче Петров откако во последниот дуел од 19.коло славеше гостинска победа со 1:0. Стрелец на победничкиот гол во 77.минута беше Луисињо. Гостите од Кавадарци постигнаа гол преку Сила и во 55.минута, но прегледувањето на ВАР снимката голот беше поништен. Тиквеш со новите три бодови со вкупно 24 се проби на седмото место на табелата, додека Македонија ЃП остана со ...

Екипата на Денвер Нагетс загуби на гостување кај Голден Стејт Вориорс со 128-117 во НБА натпревар одигран во Сан Франциско. Домашниот тим ја прекина серијата од два порази со силна завршница во последната четвртина. Брендин Подзиемски постигна 18 поени, од кои 12 во последните пет минути. Тој додаде 15 скока и девет асистенции, контролирајќи го ритамот во клучните моменти. Ал Хорфорд погоди шест тројки и заврши со 22 поени и седум асистенции. ...

Ракометарите на лидерот во Супер лигата Вардар на стартот од плеј оф дуелите ќе стартува со две гостувања. Првото ќе биде овој викенд во Автокоманда, каде „црвено-црните гостуваа во саботата и победија со 28:25. Во следното коло (второ – плеј оф) Вардар гостува во Битола, кај првакот Еурофарм Пелистер, а термин за одигрување на дуелите од таа рунда е 14 или 15.март. Инаку, во првото коло (28.февруари – 1.март) од плеј офот ќе играат: Тиквеш – ...

На вонредна седница на Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија, донесени се следните одлуки: – Поради слаба организација на натпреварот ФК ВАРДАР – ФК БАШКИМИ, навредливо и националистичко скандирање од страна на навивачката група на ФК Вардар и користење на недозволени пиротехнички средства, клубот ФК ВАРДАР се казнува со забрана на присуство на публика на еден натпревар и парична казна во износ од 5.000 евра. ...

Фудбалскиот клуб Партизан, по вчерашниот дебакл во „вечното дерби“ и поразот од Црвенз звезда (3:0), му врачи отказ на тренерот Ненад Стојаковиќ. Клубот потврди дека до крајот на сезоната тимот ќе го води поранешниот фудбалер на црно-белите, Дамир Чакар, а ќе му помага Ѓорѓије Ќетковиќ. Стојаковиќ во ноември го презеде првиот тим од Срѓан Благојевиќ, кој во тоа време изненадувачки доби отказ. Чакар ќе биде четвртиот тренер на Партизан, откако ...

Македонскиот претставник во ракометната Лига Европа, тимот на Вардар го очекува натпревар со Мелсунген во четвртата рудна од Главната фаза. „Црвено-црните“ дуелот со германскиот претставник го дочекуваат со зголемена самодоверба по победата над Алкалоид во саботата во дербито на колото на македонскиот шампионат. Тренерот Иван Чупиќ верува дека со две победи на домашен терен ќе се обезбеди осминафинале. – По поразот од Бенфика, знаевме дека ...

Најдобриот ракометен клуб во светот во моментов, германски Магдебург, официјално го објави доаѓањето на хрватскиот голман Доминик Кузмановиќ. Голманот на Гумерсбах ќе го носи дресот на клубот од „ГЕТЕК Арената“ од лето, а договорот е на пет години. Тој во Масгдебург ќе дели минутажа на голот со неговиот соиграч од репрезентацијата на Хрватска, Матеј Мандиќ. Хрватските голмани ќе стават голем товар на својот грб да ја замени двојката Ернандез ...

Македонскиот прволигаш ГРК Охрид се пласираше меѓу осумте најдобри екипи во ЕХФ Европскиот куп, откако вечерва во осминафиналето го елиминираше чешкиот противник Дукла со вкупен резултат 60-45 (30-24, 30-21) Ракометарите на ГРК Охрид допатуваа на реваншот во Прага со предност од 30-21 од првиот натпревар пред една недела и со гостински триумф од 30-24 го заверија пласманот во осминафиналето во третото по ранг европско клупско натпреварување. ...

Незадоволен од политиката на клубот, Кристијано Роналдо бојкотираше три натпревари на Ал Наср. Се појавија гласини, а португалските медиуми јавно пишуваа за тоа, дека еден од најпопуларните фудбалери во историјата, и покрај стотиците милиони долари што ги добива, ќе ја напушти Саудиска Арабија. Сепак, Роналдо го негираше сето тоа откако постигна два гола на натпреварот против Ал Хазем. „Јас припаѓам на Саудиска Арабија и сакам да останам ...

Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс, постави нов рекорд во НБА-лигата. Тој ноќеска на натпреварот со Бостон селтикс на домашен терен одигра 34 минути и забележа 20 поени, пет асистенции и четири скока. По овој натпревар Џејмс стана првиот играч во историјата на лигата кој надмина 43.000 поени во регуларниот дел од сезоната. Неговото достигнување сега е 43.008. Леброн вклучувајќи ги и плејоф натпреварите има вкупно 51.297 поени. ...

По убедливиот пораз од 1:4 од Арсенал вчеравечер во 27. коло од англиската Премиер лига, тренерот на Тотенхем, Игор Тудор, одговори на прашање за шансите на неговиот тим да го задржи местото во елитната лига на крајот од сезоната 2025/26. – Дали сум уверен дека Тотенхем ќе остане во Премиер лигата? Секако, сум уверен, бидејќи верувам дека имаме добри играчи со лоши навики. Тие се квалитетни играчи, никој не може да каже дека им недостасува ...

Голманот на ПСЖ, Лукас Шевалие, ризикува да го изгуби местото во составот за Светското првенство во Франција 2026. Според Л’Екип, 24-годишниот голман повеќе не е стандарден голман број еден во парискиот тим, а неговото време за играње е нагло намалено. Од 1 февруари, рускиот интернационалец Матвеј Сафонов ги започна сите натпревари на ПСЖ. Тренерот, Луис Енрике, го врати Сафонов во игра во натпреварот од Лига 1 против Мец на 21 февруари, ...

Тренерот на Рома, Џан Пјеро Гасперини, го коментираше триумфот од 3:0 над Кремонезе остварен синоќа во домашниот натпревар од 26. коло од италијанското фудбалско првенство. – Имавме тешко прво полувреме. Ни беше тешко да се пробие нивната одбрана во последната третина, но потоа го приближивме Кристанте до Мален, постигнавме гол од корнер и браната пукна. Се надевав дека сè ќе оди добро тука. Кога го видов ставот на овие момци на првите ...

Од Турција медиумите известуваат дека играчите на турскиот гигант, актуелен шампион Галатасарај и тим кој пред неколку дена го декласираше Јуве со 5:2 во ЛШ, не земале плата дури три месеци. Тврдењата дека платите на играчите не биле исплатени три месеци предизвикаа голема возбуда во клубот, а молчењето за ситуацијата само поттикнува дополнителни прашања. Навистина е неверојатно што клуб со такви играчи и таква база на навивачи, а пред сè ...

Фудбалерите на Рома го победија Кремонезе со 3:0 (0:0) во натпреварот од 26-то коло од италијанското првенство. Со оваа победа, Рома стигна до третото место на табелата – прескокнувајќи го актуелниот шампион Наполи, кој претходно загуби од Аталанта. Рома беше доминантна во текот на целиот натпревар, но отпорот на гостите го скрши во второто полувреме кога головите ги постигнаа Кристанте, Ндика и Пизили. Foto:mia МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: ...

Во последниот вечерашен натпревар од 25-то коло на шпанската Ла Лига меѓу Виљареал и Валенсија, домашните заминаа како победници со 2:1. На стадионот „Керамика“, Виљареал ги освои трите бода со кои доаѓа зад Барселона и Реал (М) на третото место на табелата. Напаѓачот на Валенсија, Ларџи Рамазани, го постигна првиот гол на натпреварот, реализирајќи пенал во 27-та минута. Четири минути подоцна, играчот од средниот ред на Виљареал, Сантијаго ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
93%
1024
weather icon

Белград

7ᴼ / 5ᴼ
2.06
88%
1019
weather icon

Загреб

8ᴼ / 7ᴼ
1.54
91%
1015
weather icon

Софија

6ᴼ / 4ᴼ
1.03
80%
1024
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
1.18
98%
1024
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 7ᴼ
0.51
96%
1015
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
0.45
87%
1023
weather icon

Тирана

10ᴼ / 7ᴼ
2.06
90%
1023
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
100%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
2.24
94%
1023
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
4.12
92%
1018
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
4.63
98%
1024
Currency

61.601

Currency

55.056

Currency

73.829

Currency

37.95

Currency

39.087

Currency

67.209

Currency

8.2572

Currency

0.67043

Currency

0.34799

Currency

0.52348

Currency

1.0978

Currency

0.58665

Сребро

1691.13

Иридиум

321507.47

Рутениум

61086.42

Платина

50123.01

Родиум

297394.41

Цинк

3.76

Паладиум

32600.86

Злато

132371.05

Алуминиум

3.05

Бакар

12.71

Кобалт

33.53

Калај

46.53