Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
Скопје, 14 април, 2024 година – Автомобилите на Google Street View оваа пролет се враќаат во Македонија. Во наредниот период ќе се движат по јавните патишта низ државата, вклучувајќи ги, но не ограничувајќи се на, Скопје, Куманово, Битола, Прилеп, Тетово, Штип, Велес, Охрид и Струмица. Целта на ова возење е да се ажурираат фотографиите на Google Street View од градовите, патиштата и автопатите во Македонија на Google Maps. Благодарение на ...
Со освоените 15 медали, од кои осум златни, „Макпетрол“ на неодамнешното државно првенство повторно ја истакна својата доминација во карате-спортот. Ова е уште една потврда за фактот дека во периодот од 2001 до годинава, оваа скопска екипа е убедливо најуспешната во земјава. Епитетот најтрофеен е добиен порадинајголемиот број освоени медали на сите натпреварувања организирани од националната карате федерација (КФРСМ), Европската (ЕКФ), како и ...
Вчера во организација на Сојузот на Спортови на Скопје, а под покровителство на Град Скопје, се одржа 13. издание на традиционалната Авицена Женска трка. Како и во изминатите години, така и овој пат, учесничките успеаја да го наполнат Градски Парк со спортски дух и позитивна енергија. Приближно 3000 жени учеснички од девет возрасни категории се појавија на стартот на кружната трка во должина од 3 километри, во близина на фонтаната „Лотос“, ...
Во недела (13 април) ќе се одржи 13. издание на „Авицена Женска Трка“ во организација на Сојуз на Спортови на Скопје, а под покровителство на Град Скопје. Стартот на кружната трка во должина од 3 километри ќе биде во 10.00 часот од булевар „Илинден“, во близина на фонтана „Лотос“. Пред самиот почеток, во 09:40 часот, предвидено е и загревање со аеробик вежби. Досега се пријавени приближно 3000 учеснички во трката, а има вкупно девет старосни ...
Во рамките на подготовките за Европскиот младински олимписки фестивал – ЕМОФ Скопје 2025, што ќе се одржи од 20 до 26 јули во Скопје и Куманово, денеска во хотелот „Холидеј Ин“ во Скопје официјално беше отворен Chefs de Mission семинарот, што ќе се одржува на 9 и 10 април, и на кој присуствуват делегации од 49 европски олимписки комитети. Учесниците имаа можност да се запознаат со организациските аспекти, спортските објекти и логистичките ...
Домот е повеќе од ѕидови и мебел, тој е продолжение на внатрешниот свет, огледало на мислите, амбициите и соништата. Но, кога просторот станува натрупан, истото се случува и со умот. Пакомак повикува на длабоко патување: не сезонско чистење, туку безвременска трансформација на сопствениот дом. Оние ретки, драгоцени момени на јасност кои се појавуваат кога опкружувањето, нашиот простор, кога е чист и уреден станува прибежиште. Она што го ...
Најпосакуван автомобил во Македонија е Cupra Formentor, покажаа резултатите од гласањето на Златно тркало 2025, по двонеделно активно учество на автомобилските ентузијасти од целата држава. Ова петто издание на Златно тркало 2025 донесе рекорден интерес – досега најголем одзив во историјата на изборот, со вкупно 30.630 гласови распределени во пет категории. Освен главната награда – најпосакуван автомобил во Македонија, Cupra Formentor кој ...
Разликата помеѓу верзиите од телефоните во денешно време не се толку големи како порано, па обично корисниците и немаат некои големи очекувања кога излегува нов модел за годината. Galaxy S25 Ultra можеби на доста им изгледа како доста мала надградба во споредба со ланскиот модел, но од моето искуство изминатите месец дена со овој телефон, можам да заклучам дека телефонот е можеби најдобар досега. Промените не се драстични, но Samsung овој пат ...
По минатогодишниот успех и голем број посетители, Саемот на мебел 2025 повторно ги отвора вратите за сите љубители на дизајнот, ентериерот и иновациите. Под слоганот „Инспирација за секој дом“, ова реномирано саемско случување ќе се одржи од 26 до 30 март во комплексот Борис Трајковски во Скопје. Саемот на мебел оваа година ќе биде организиран во четири специјални зони: двор и градина, аксесоари за домот и осветлување, мебел и внатрешен ...
Во моменти кога зборовите тешко ги доловуваат чувствата, нашите дела зборуваат најгласно. Токму затоа, годинашниот Саем на мебел, што ќе се одржи од 26 до 30 март во комплексот Борис Трајковски во Скопје, не е само простор за дизајн, инспирација и иновации – туку и заедничка подадена рака. Среде подготовките за настанот кој секогаш носи креативност и свежи идеи за уредување на домот, не можеме да останеме рамнодушни пред болката што ја ...
Европскиот младински олимписки фестивал – ЕМОФ Скопје 2025 ќе биде најголемиот мултиспортски настан што досега се одржал во Македонија, обединувајќи над 2.500 млади спортисти од целиот континент. Од 20 до 26 јули, Скопје, заедно со Куманово и Осиек, Хрватска, ќе биде центар на спортскиот дух, тимската работа и олимписките вредности, каде што младите ќе се натпреваруваат во 15 спортски дисциплини. Овој фестивал нема да биде возможно да се ...
На свечена гала церемонија синоќа (4 март) во хотел Мериот, Фестивалот БЕАМ ги прогласи најдобрите настани од изминатата година. Како единствено признание од ваков вид во Македонија, БЕАМ ги истакнува најуспешните проекти и креативни постигнувања во индустријата за настани. Наградата Гран При за најдобар настан отиде во рацете на Светското првенство во Хип Хоп, организирано од Пипл Медиа, настан кој триумфираше уште во две категории – ...
Скопје, [25.02.2025] На настанот присуствуваа претставници од владата, меѓународни партнери и експерти од индустријата кои ги презентираа придобивките и начините на кои дигиталните технологии ја менуваат водоснабдителната индустрија во Македонија. како што се:транспарентноста, контролата на потрошувачката на вода и намалувањето на трошоците. Конференцијата е во организација на Асоцијацијата на даватели на комунални услуги во Македонија ...
Дали Македонија станува земја на празни клупи и напуштени домови? Колку млади ќе останат во земјата до следниот попис? Ова се прашањата што ги отвора најновото 56. издание на „Лице в лице“, кое го става фокусот на најгорливите проблеми со кои се соочува младата генерација. Соочени со економска несигурност, недостаток на можности и систем што не им дава глас, младите сѐ повеќе ја гледаат својата иднина надвор од границите на земјата. Новиот ...
Секој отпад не мора да биде ѓубре. Пакомак ве повикува да ја истражите вашата креативност и да го испратите вашето уметничко дело направено од амбалажен отпад на овогодинешниот награден конкурс Trash for Art. Trash for Art 2025 е отворен за сите деца и возрасни, а пријавените дела ќе се натпреваруваат во три категории: 1) градинки, 2) основни училишта и 3) поединци и други организации. За секоја од категориите се предвидени по три парични ...
Промени во политиките на платформата за рекламирање која Google ја објави во декември 2024, а ќе почнат да важат од овој месец, покажуваат дека од компанијата изгледа сакаат да овозможат поголемо следење на корисниците. Вакво нешто секако е очекувано од компанија која најголемиот дел од своите приходи ги прави од продажба на реклами, а од истите повеќе се заработува кога е овозможено точно таргетирање на корисниците според нивните интереси. ...
Oppo го најави својот нареден уред на преклоп, од категоријата на уреди како „книга“, како најтенкиот на пазарот. Сега Oppo Find N5 е официјално претставен и гледаме дека од компанијата не претерале со својата најава. Главната карактеристика со која започнува претставувањето на Find N5 е неговата дебелина. Истата изнесува 8,93 милиметри кога е затворен, со што корисниците конечно добиваат ваков вид на уред кој може да се користи како класичен ...
По Google со нивниот нов Willow чип од минатата година, сега и Microsoft излегоа со нов квантен чип кој донесува доста голем пробив во областа. Чипот од Microsoft е наречен Majorana 1 и според најавите тој би требало доста да го забрза развојот на функционални квантни компјутери. Со Majorana 1, квантните компјутери може да се очекуваат за години, а не за децении како што беше досега, барем според Microsoft, а чипот е направен со целосно нова ...
Иднината на одржливиот транспорт и подобрување на квалитетот на воздухот преку воведувањето на електричните возила во јавниот транспорт се темата на форумот „Електробус“, кој се одржа денес на Машинскиот факултет. Настанот е организиран во соработка со партнерите на факултетот „Stark Energy“ и унгарската компанија Икарус, која пред присутните ги претстави техничките карактеристики на електричниот автобус IK E120 овозможувајќи панелистите да ...
xAI објавија дека нивниот најнов голем јазичен модел, кој го претставија неодамна, им станува достапен на сите корисници, бесплатно. Grok3, кога беше претставен им стана достапен на корисниците кои плаќаат претплата, како и преку посебната Grok апликација. Сепак, најновиот и досега најдобар јазичен модел од xAI, ќе можат да го пробаат сите корисници, а за истото не мора ни да имаат X или xAI сметка, па можат да го користат „четботот“ со ...
Продолжуваат гласините дека Apple идната година ќе претстави iPhone на преклоп, во стилот на „книга“ како што ги нарекуваат, односно во стилот на Galaxy Z Fold или најтенкиот ваков уред кој беше претставен оваа недела, Oppo Find N5. Најновата гласина доаѓа од Digital Chat Station преку кинескиот Weibo, а овој профил досега има погодено повеќе информации, па тоа што го кажува може да се земе како можно точно. Според оваа гласина, iPhone на ...
Поддршката за Firefox на постарите оперативни системи требаше да заврши во март оваа година. Се работи за постарите ESR верзии од Firefox, односно Firefox 115 ESR и Firefox 128 ESR кои продолжија да добиваат поддршка на Windows 7, 8, 8.1, како и на macOS 10.12 и 10.14. Од организацијата објавија дека поддршката ќе биде продолжена до септември оваа година, но ни тогаш не е сигурно дека ќе биде прекината. Одлуката повторно ќе биде проценета до ...
Тим Кук го најави претставувањето на нов уред, а претпоставките беа точни и денеска го имаме новиот уред од Apple. Како што се очекуваше, се работи за нова генерација од поевтиниот iPhone, но, како што кажуваа и гласините, тој сега има друго име, па не се работи за нова генерација од iPhone SE. Телефонот кој беше претставен го носи името iPhone 16e и може да се каже дека со тоа Apple оди во сличен стил на Google, со претставување на поевтина ...
Се верува дека е во развој околу 7 години, а компанијата ја чинел повеќе милијарди евра, првиот 5G чип од Apple конечно е официјално претставен. Дека од компанијата работат на развој на ваков чип можеше да се заклучи и по купувањето на овој дел од Intel во 2019 година за 1 милијарди долари. Apple C1 е првиот 5G чип од компанијата и беше официјално претставен како дел од iPhone 16e, замената за iPhone SE, како поевтин iPhone на пазарот. Поради ...
Скопје и Куманово на крајот на јули оваа година ќе бидат домаќини на еден од најзначајните спортски настани за младите во Европа – Европскиот младински олимписки фестивал – ЕМОФ Скопје 2025. Илјадници млади спортисти од целиот континент ќе се натпреваруваат во духот на олимписките вредности, носејќи енергија, страст и спортски дух во срцето на Балканот. И покрај тоа што се работи за спортска манифестација, ЕМОФ претставува и платформа која ...
На почетокот од годината Grok на корисниците им стана достапен и надвор од X, како посебна апликација, но за почеток достапна само за корисниците во САД. Сега апликацијата официјално им станува достапна на сите корисници, па истата може да се симне на двете мобилни платформи, а може да се користи и преку веб. Очекувано, апликацијата е бесплатна и може да се користи без најава, но корисниците кои ќе се најават имаат одредени предности. ...
По најавата на Марк Гурман дека Apple минатата недела ќе го претстави iPhone SE 4, која не се оствари, директорот на компанијата нестандардно за него најави претставување на нов производ за оваа недела. Секако дека во најавата не беше откриено ништо повеќе, па останаа претпоставките дека се работи за четвртата генерација од поевтиниот iPhone SE. Гурман верува дека претставувањето на овој нов производ ќе се случи денеска, а остануваат ...
Факултетот за ликовни уметности (ФЛУ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, најстарата и најреномирана вискокообразовна институција и центар за развој на ликовната и визуелна култура во нашата држава, оваа година одбележува 45 години од своето основање. Сите активности на ФЛУ до крајот на 2025 година ќе се случуваат во чест на јубилејот со официјален датум 31 март. Оваа недела, од 18 – 20 февруари, на ФЛУ се одржува значајна ...
Џон Просер, преку новиот познат YouTube канал fpt., објави слики од неофицијалниот тенок iPhone, за кого верува дека дефинитивно ќе биде наречен iPhone Air. За овој телефон повеќе пати можевме да прочитаме, а фактот што и Samsung најави претставување на потенок уред, може да се смета како доказ дека и од Apple работат на вакво нешто. Просер, како и повеќе пати досега, тврди дека тој ги има видено официјалните дизајни на уредот, па заедно со ...
Apple поради огромната популарност на генеративната вештачка интелигенција го прекрши нивниот досегашен стил да доцнат со воведување на одредени функции и карактеристики кај нивните производи, се додека истите не се доволно добро развиени и напредни. Поради тоа Apple Intelligence не само што беше пуштена избрзано и постепено, оценките се дека корисниците и не ги користат баш достапните функции. Главната новина која се чека е подобрување на ...