Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Втората половина од мај месец оваа година, надлежните служби, со полициско присуство се обидоа да го затворат фамозниот див пешачки премин кај Бит Пазар, но за жал, обидот беше неуспешен, бидејќи на лице место се собраа поголема група на скопјани, кои изразија револт на ваквата одлука. Набргу потоа, градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски изјави дека или преминот ќе биде легален во согласност со законот и би се отстранил натпатникот за да ...
Синот на Владимир Блажев – Панчо од групата ДНК, кој почина на 14. oктомври по долгаta борба по пожарот во Пулс, славеше полуматура. На полуматурата го одведе пријателот на Панчо, Перо Антиќ, а мајката на Андреја, Маја Блажев, сподели емотивна порака. - Едно поглавје завршено, само жалам што не сме сите на број. Оној најбитниот ни фали, но животот продолжува, сине. Ти посакувам успеси на секое поле, да си жив и здрав, твојот успех е и мој. ...
Општина Чаир планира да го трансформира просторот над плоштадот „Скендербег“ во современа Албанска библиотека. Оваа иницијатива беше официјално објавена од страна на градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, за време на прес-конференцијата организирана по повод затворањето на Саемот на албанската книга во Скопје. Според планот, новата библиотека ќе претставува современ мултифункционален простор, прилагоден на потребите на учениците, ...
Советниците во Советот на Град Скопје на денешната седница, по предлог на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, ќе дискутираат по дваесетина точки од предложениот дневен ред, меѓу кои и за Предлог-изменувањето и дополнувањето на Буџетот на Град Скопје за 2026 година. Со овој ребаланс се предвидуваат финансиски средства за реализација на многубројни проекти од областа на урбаното планирање, локалниот економски развој, комуналните работи, спортот, ...
Метеорологот Славчо Попоски предупредува на можна температурна аномалија која би започнала на 13 јуни, односно претстојниот викенд. Имено, според прегледите на прогностичките модели, од тогаш се очекува голем пад на температурите кој е невообичаен за овој период од годината. „Она што е најново на прогностичките материјали е тоа дека од 13 Јуни 2026 на Балканот и во Македонија е на повидок голема температурна аномалија и голем пад на ...
Жена на возраст од 58 години, која забременила со процедура ин витро, очекува тројка, објави д-р Таше Трпчевски од Битола. Ултразвучниот преглед потврдил тројна бременост, а според докторот од болницата „Плодност“, ова бил третиот обид со ин витро на пациентката и нејзиниот сопруг. - Годините не ја запреа желбата за мајчинство. Тројна бременост со ин витро кај пациентка на 58-годишна возраст. Кога желбата за дете е посилна од сите ...
Не запираат реакциите откако во јавноста гласно се проговори за проблемот со локалитетот „Камени кукли“ во кратовско. На странски туристи и домашни посетители им била наплаќана влезница. Случајот не е нов. МВР открива дека имало пријава уште пред две години. Едно лице од узрупаторите на локалитетот дури се заканувало „дека ќе им пушти куче“ на посетителите. На социјалната мрежа „X“ со бурни реакции за самоволието: Имав искуство со Mama Bear ...
Денот носи една од најтоплите и најоптимистични енергии во месецот. Photo by Niko Samik on Unsplash Спојот на Венера и Јупитер во Рак носи поддршка, среќни околности, убави средби и чувство дека луѓето се повеќе подготвени да помогнат. Ова е одличен ден за љубов, пријателства, семејни односи и секакви ситуации каде што е потребна доверба. Истовремено, Месечината влегува во Овен и ве поттикнува да не чекате работите сами да се случат. Ако ...
По повеќе од 30 години, Македонија повторно ќе добие средно полициско училиште. Владата ја усвои одлуката за формирање на Средно училиште на Министерството за внатрешни работи, кое ќе почне со работа од учебната 2026/2027 година. Новото училиште ќе обезбедува образование и обука за идни полициски службеници, а наставата ќе биде усогласена со современите стандарди и потребите на безбедносниот систем. Од Владата велат дека целта е создавање ...
Докторот Ненад Лазаров, кој е прилично активен на социјалните мрежи и често говори на различни теми поврзани најчесто во областа на здравството и здравјето, денеска сподели шокантни детали во делот на демографијата. Во Фејсбук објава, тој сподели дека лани во Германија биле родени 1.620 деца од родители со потекло од Македонија, додека лани во Македонија се родиле вкупно 16.061 деца, од кои 5.500 се родиле во Скопје. „Лани во Германија се ...
Во СВР Скопје вчера во 16:00 часот било пријавено дека на регионалниот пат Скопје-ХЕЦ Козјак, во близина на с. Нова Брезница, 36-годишниот В.М. од Скопје, управувајќи мотоцикл „сузуки“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“- Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје. Во СВР Скопје вчера во ...
Ноќеска во 01:15 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Д.К.(36) од Скопје. Од МВР информираат дека 36-годишниот скопјанец бил уапсен постапувајќи по претходна пријава дека на 07.06.2026 околу 23:00 часот во домот физички ги нападнал неговата 37-годишна сопруга и нејзината мајка, при што употребил и тврд предмет, а се заканувал со остар предмет и кршел дел од покуќнината. Откако ...
Во МВР вчера пристингале две пријави со различни искази семејно насилство на подрачјето на Бит Пазар. Како што информираат од таму, вчера во 08:13 часот во СВР Скопје, Н.М.(73) од Скопје пријавила дека околу 02:00 часот во семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар во кој што живееле и нејзиниот брат Н.М.(60) и снаа А.М.(42) започнала вербална расправија, а потоа во домот пристигнале и нејзиниот втор брат Р.М. со неговата сопруга и според ...
Кривично ќе се гони гостиварец кој нападнал полицаец на должност. Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Н.Р.(35) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. - На 14.05.2026 на паркинг простор во Гостивар, пријавениот физички нападнал полициски службеник, кој извршувал службени дејствија, информираа од полицијата. Кривично ќе се гони гостиварец ...
Повозрасна скопјанка била ограбена од две лица од кои едното ја нападнало со тврд предмет. Ѝ го украле паричникот. - На 07.06.2026 во 12:05 часот во СВР Скопје, Р.Д.(70) од Скопје пријави дека на 06.06.2026 околу 21:30 часот во влез од зграда на подрачјето на Центар две лица физички ја нападнале, при што едниот употребил тврд предмет и ѝ одзеле паричник со пари, информираа од МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Повозрасна ...
68-годишен скопјанец вчера пријавил насилен грабеж на подрачјето на Центар. Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера во 16:30 часот во СВР Скопје, А.П.(68) од Скопје пријавил дека околу 09:00 часот на подрачјето на Центар, две машки лица физички го нападнале, додека едно женско лице кое било со нив, му одзело пари од паричник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 68-годишен скопјанец вчера пријавил насилен грабеж на ...
44-годишна скопјанка се здобила со тешки телесни повреди откако паднала во одводна шахта додека управувала велосипед на улицата „Жан Жорес“ во Скопје. Како што информира МВР, на 7 јуни во 16:40 часот од Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив е донесена повредената жена. Според пријавеното, несреќата се случила претходниот ден, на 6 јуни околу 21:00 часот, кога таа, возејќи велосипед, паднала во ...
Вчера во 19:00 часот на автопатот Скопје - Тетово, кај наплатната станица Желино, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода А.Р.(41) од село Добридол, поради основано сомнение за сторено кривично дело „насилство“. Како што се наведува во полицискиот билтен и според пријавеното, претходно на наплатната станица тој физички и со тврд предмет го нападнал Н.Џ.(28) од село Мала ...
Канада интензивно ископува критични минерали и ги снабдува партнерските држави со рудите неопходни во најзначајните индустрии. Од друга страна, кај нас нов рудник се нема отворено со децении, а притоа и инвестициите во оваа гранка се во застој. Зад една од нив стои токму канадската компанија „Еуромакс Ресоурцес“, чиј проект за рудник за критичниот минерал бакар во Иловица се уште не е реализиран. Додека канадските власти сметаат дека со ...
Под мотото „Спремни за средно!“, оваа среда деветтоодделенците од Општина Кисела Вода ќе имаат своја голема и бесплатна полуматурска забава. Настанот е во организација на Општина Кисела Вода, овозможувајќи им на сите 560 ученици кои го завршуваат основното образование заеднички да го прослават крајот на деветте изминати училишни години. Забавата ќе се одржи на 10 јуни со почеток во 20 часот во спортската сала „Независна Македонија“ при ...
До четврток, времето претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Поради големата енергија и влага во атмосферата во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Од УХМР најавуваат дека во петок се очекува процесите да бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд и изолирано невреме со појава на град, а температурата ќе опадне за неколку ...
Јубилејното петто издание на МААЛСКИ ФЕСТИВАЛ 5.0, ќе се одржи на 11, 12 и 13 јуни 2026 година во КСП Центар – Јадро и во Паркот на Франкофонија. Оваа година топлиот бран ни го носи МААЛСКИ ФЕСТИВАЛ во летно издание, вели организаторот. Во текот на трите фестивалски дена посетителите ги очекуваат добро познати маалски програми и лица од претходните изданија, но и нови содржини што ќе го одбележат јубилејот: работилници, изложби, уметност во ...
Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски сподели дека започнала изградба на фекална канализација за дел од Миладиновци. „Станува збор за проект кој го ветив пред граѓаните во изборната кампања, а со истиот ќе ги опфатиме домовите во централниот дел на Миладиновци кои досега немаа пристап до ваков систем со што ова неселено место ќе има 100 % покриеност со фекална канализација“, истакна Георгиевски. Проектот предвидува ...
Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески денеска сподели дека уште 50 нови домаќинства се приклучиле кон селекцијата на пластичен отпад во Лисиче. „Големиот интерес на жителите покажа дека грижата за животната средина станува секојдневна навика во нашата општина. Затоа, потпишавме нови 50 договори со домаќинства од населба Лисиче кои активно ќе се вклучат во системската селекција на пластичен отпад, а на семејствата им беа поделени ...
Традиционално во јуни во Скопје парада на ЛГБТИК лицата (лезбејки, геј, бисексуални, трансродови, интерполови и квир лица). Овогодишниот Скопје Прајд ќе се одржи под слоганот „Сите нека знаат / Let Everyone Know“ на 20. јуни. Собирањето на учесниците ќе започне во 18 часот кај Фонтаната во Градски парк, а маршот ќе започне во 19 часот. Поворката ќе се движи по булеварот Илинден, улицата Рузвелтова, булеварите Партизански одреди и ВМРО, како ...
Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески во објава на Фејсбук сподели дека денес и утре граѓаните ќе можат бесплатно да го одложат својот кабаст отпад. Бесплатното одложување на кабастиот отпад, граѓаните ќе можат да го направат на следните локации: Булевар „Јане Сандански“ бр. 25 (кај Лесковачка) Булевар „АСНОМ“ бр. 56 (кај контејнерите) „Заедно придонесуваме за почист и поуреден Аеродром, без диви депонии и отпад на јавните ...
Вчера во 19:15 часот на патот Граничен премин Блаце - Скопје, кај тунелот „Блаце“, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции во БЈБ го лишиле од слобода Р.Ш.(42) од Косово. Од МВР информираат дека при преглед во товарно возило „фолксваген“ транспортер со косовски национални ознаки, кое го управувал, била пронајдена поголема количина на брендирана и друга разновидна стока за ...
Во фејсбук групата „Во одбрана на Буњаковец“ се отвори дилема дали градоначаникот на општина Центар Горан Герасимовски има приемен ден. Откако беше објавена порака од жителка која испратила документ во кој се наведува дека нема приемен ден за жителите кај првиот човек на општината, како што е случај во повеќето скопски општини. - Прашање до Општина Центар - Скопје: Дали документов што ни беше пратен по порака е автентичен, односно дали ...
На социјалната мрежа „Х“, профилот со псевдоним „Man from Skopje“ сподели интересно, а за многумина веројатно и котраверзно мислење, односно, тој вели дека не постои такво нешто како „Македонска кујна“. Неговата теза е дека најголем дел од тоа што денес го сметаме за „традиционална македонска храна“ дошло кај нас преку Отоманската империја: сарма, ќебапи, пастрмајлија, баклава, тулумби, локум, симит, турско кафе, полнети пиперки, мусака, ...
Под покровителство на општина Ѓорче Петров и во организација на ЕФЗ „Седум Осмини“, на 10. јуни во Реонскиот парк во Ѓорче Петров за првпат ќе се одржи заедничка прослава за полуматурантите од шест основни училишта од општината. Настанот ќе започне во 10 часот и ќе биде исполнет со музика, македонски ора, настапи со зурли и тапани, како и доделување награди за ученици и наставници. Од општината посочуваат дека целта е да им се оддаде ...