Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Дел од граѓаните на Центар сметаат дека на местото каде треба да се гради нова зграда, со оглед дека земјиштето е склоно кон свлечишта, добра идеја е да се направи парк. Станува збор за просторот на улицата „Христо Смирненски“, каде а 25.мај при ископ на градежна јама за нов објект за малку беше избегната трагедија. Според информациите од МВР, при изведување градежни работи со багер дошло до свлекување на земјиштето, при што работната машина ...
По интензитетот од претходните денови, денес енергијата се забавува. Месечината влегува во Бик и нè потсетува дека не мора секогаш да брзаме кон следната цел. Photo by Nasrin Pakari on Unsplash Следните неколку дена носат потреба од стабилност, практичност и враќање кон она што ни создава чувство на сигурност. Сепак, квадратот со Плутон во Водолија може да предизвика фрустрации, особено кога работите не одат по наш план или кога некој се ...
Два мотоцикли се судрија попладнево во скопската населба Ѓорче Петров, во близина на пазарчето. Според првичните неофицијални информации, еден од мотоциклите го управувал полициски службеник кој во моментот бил на работна задача. Очевидци за Скопје Инфо велат дека во сообраќајната незгода има повредени лица, а според првичните информации, меѓу нив има и полициски службеници. На местото на настанот интервенирале екипи на Итната медицинска ...
Предлогот Исмаил Синани да биде избран за член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација отвори сериозни дебати во јавноста, откако Мрежата за заштита од дискриминација јавно се спротивстави на неговата кандидатура и побара Собранието да не го избере за член на ова независно тело. На јавниот оглас за избор на член на Комисијата се пријавиле вкупно 11 кандидати, од кои осум ги исполниле условите утврдени со огласот. Во ...
Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски сподели дека денеска со особена чест и задоволство им ги доделил признанијата и паричните награди на првенците на генерација од општинските основни училишта на територија на Општина Гази Баба. Како што самиот посочи во објавата на Фејсбук, станува збор за млади луѓе кои со својот труд, посветеност, дисциплина и љубов кон знаењето покажале дека успехот не доаѓа случајно, туку е резултат ...
Македонскиот научник Петар Поповски е назначен за член на Кралската данска академија на науките и книжевноста, една од најпрестижните научни институции во Данска. Фото Веста ја соопшти самиот Поповски преку објава на социјалните мрежи, во која истакна дека за него претставува голема чест да стане дел од Академијата. „Привилегиран сум што станав член на Кралската данска академија на науките и книжевноста, чијшто некогашен претседател е еден ...
Оставката на проф. д-р Симона Груевска-Маџоска од Советот за македонски јазик отвори јавна дебата за односот на институциите кон македонскиот јазик. Груевска-Маџоска, која беше претседателка на Советот за македонски јазик, на 12 мај преку објава на социјалните мрежи соопшти дека поднесува оставка поради незадоволство од, како што наведе, односот на Министерството кон работата на Советот и кон прашањата поврзани со македонскиот јазик. Во ...
Вчера во 12:50 часот во селото Логоварди, битолоско, полициски службеници од Полициското одделение Новаци го лишиле од слобода В.Ј.(29) од село Новаци. Од МВР информираат дека тој се сомничи дека на 08.06.2026 отишол во куќата на И.Т.(51) во Новаци, физички го нападнал, му се заканувал и му одзел личен предмет, по што заминал. По преземени мерки, тој бил пронајден и приведен. Од МВР посочија дека по целосно документирање на случајот против ...
36-годишен кривопаланчанец доби кривична пријава затоа што физички нападнал 54-годишен сограѓанин. Во полицискиот билтен се наведува дека Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднела кривична пријава против И.С.(36) од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 16.05.2026 во Крива Паланка, по претходна расправија, пријавениот физички го нападнал ...
Синоќа во 21:15 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Б.С.(45) од Велес. Од МВР информираат дека 45-годишниот велешанец бил уапсен постапувајќи по претходна пријава од неговата 18-годишна ќерка дека во семејниот дом физички ја нападнал. Исто така, и од Центарот за социјални работи Велес било пријавено дека изминатите неколу денови, Б.С. физички ја нападнал и неговата малолетната ќерка, при што употребил и дрвен ...
52-годишен беровец доби кривична пријава затоа што физички и со употреба на метален предмет ја нападнал својата сопруга, при што ѝ нанел повреди. Како што се наведува во полицискиот билтен, Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднела кривична пријава против М.Д.(52) од Берово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 01.06.2026 во семејниот дом во Берово, пријавениот физички ја ...
Институтот за судска медицина утврдил присуство на инсектицидот метомил, во јавноста познат како ланате, во парчиња салама пронајдени во населбата Расадник во Општина Кисела Вода, во непосредна близина на детско игралиште. Информацијата денеска ја соопшти ЈП Лајка, од каде предупредуваат дека станува збор за високо токсична супстанца која претставува сериозна опасност и за животните и за луѓето. Според претпријатието, сомнителната храна била ...
Вчера во СВР Велес било пријавено дека околу 15:00 часот на улица „Браќа Капчеви“ во Велес, А.А.(47) од Велес, управувајќи мопед „кимко“ со велешки регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во полицискиот билтен се наведува дека при несреќата, со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општа болница Велес. Увид извршила увидна екипа од СВР Велес. Вчера во СВР Велес било пријавено дека околу 15:00 часот на ...
Жена пронајдена почината во својот дом во скопски Аеродром. Немала траги на насилство на телото. - На 09.06.2026 во 11:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека во домот на подрачјето на општина Аеродром била пронајдена почината Д.А.(59). Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по насоки од јавен обвинител телото на починатата било дадено за обдукција, информираа денеска од МВР. Жена пронајдена ...
Жена вработена во училиште во скопско село починала на работното место. Трагедијата се случила вчера претпладне откако ѝ се слошило. - На 09.06.2026 во 11:35 часот во СВР Скопје е пријавено дека во основно училиште во село Црешево, скопско, каде била вработена, на В.Ѓ.(57) и се слошило и починала. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по насоки од јавен обвинител телото на починатата било дадено за ...
Во своето обраќање министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски истакна дека веднаш во летото 2024 година се пристапило кон реструктуирање на проектот – Модернизација на земјоделството, за кој претходно напомена дека претходната власт зела кредит од Светска Банка, а кој за време од 4 години имал многу слаба реализација помала од 10%. „Ние за неколку дена од денес ќе имаме избрано компанија која што ќе го гради ...
Од Општина Карпош денеска информираа дека превземале мерки за заштита од змии. „Во соработка со Центарот за јавно здравје, започнавме акција за поставување на „Репелент“ – средство за превенција и заштита од змии. Акцијата започна денес на територија на Козле, а во наредните денови ќе продолжи низ целата територија на Карпош“, велат од Општината. Од таму посочија дека производот е безопасен за луѓето, животните и околината, а ја намалува ...
СВР Скопје до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против лицето А.С. (23) од Скопје, поради основано сомнение за сторено кривично дело казниво по член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик. Имено, како што информираат од МВР, на 28.05.2026 година во 23:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улица „34“ во населбата Илинден се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „БМВ“ со ...
Македонски Телеком, Министерството за дигитална трансформација и Британскиот совет започнуваат партнерство за „Училишта на 21 век – Фаза 2“, проект насочен кон развој на дигитални вештини кај учениците. Проектот ќе трае од мај 2026 до јули 2027 година и ќе опфати ученици на возраст од 9 до 10 години и наставници од одделенска настава кои ќе работат на критичко размислување, решавање проблеми, програмирање, сајбер безбедност и основни ...
„Ладна“ и оваа година им носи возбуда на потрошувачите преку наградната игра „Капачето на среќата“, која веќе активно се одвива и привлекува голем број учесници. Сите кои ќе се вклучат имаат можност да освојат бројни вредни награди, вклучувајќи ја и ексклузивната главна парична награда од 300.000 денари. Наградната игра трае до 21 јули 2026 година, а големото извлекување на главните награди ќе се одржи на 22 јули 2026 година. Учеството е ...
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски сподели дека денеска заедно со градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски извршиле увид во изградбата на новиот мега парк долж булеварот „Христијан Тодоровски - Карпош“, при што најави дека запуштениот простор многу наскоро ќе прерасне во модерен, функционален и убав зелен центар за сите генерации. На површина од 8.000 метри квадратни никнува мега парк со богати зелени површини, плоштад, ...
Возачите кои викендов ќе патуваат кон Халкидики ќе се соочат со привремен променет сообраќаен режим поради градежни работи на обиколницата на Солун. Според најавите, вечерва, 10 јуни, од 23 часот до 5 часот наутро, дел од обиколницата на потегот кон Халкидики ќе биде затворен за сообраќај. Дополнително, од петок, 12 јуни, од 23 часот, па сè до недела, 14 јуни во 23 часот, истиот дел од патот ќе биде целосно затворен во двата правци. Во овој ...
Денес завршува учебната 2025/2026 година. Година што беше подобра од претходната и во која воведовме бројни новини во воспитно-образовниот процес, во интерес на учениците, наставниците, стручните соработници, како и на родителите и старателите. Благодарност до сите за поддршката и прифаќањето на промените. Уверена сум дека веќе ги гледаме првите позитивни резултати, што претставува дополнителен мотив да продолжиме со унапредувањето на ...
Во услови на растечка глобална побарувачка за критични минерали, Македонија подготвува законски измени кои треба да обезбедат поголеми економски придобивки од експлоатацијата на природните ресурси. Целта е да се привлечат нови инвестиции, а истовремено да се зголемат приходите за државата и општините. Проектите за ископ на бакар, меѓу кои и „Иловица“, се посочуваат како можност за комбинирање на економски развој, извоз и отворање нови ...
Скопјани од населба Капиштец за утре најавија мирен протест во 19 часот, кај кошаркарското игралиште во населбата, како реакција на, како што велат, континуираната бучава од угостителските објекти. Протестот е организиран од граѓанската иницијатива „За пристоен Капиштец“, која преку социјалните мрежи упати повик до жителите да излезат и да го изразат незадоволството. „Доста ни е од бучавата, сега ние ќе бидеме гласни. Додека нас не држат ...
Ноќеска во 00:10 часот на Граничен премин Долно Блаце, на влез во државата, полициски службеници ги лишиле од слобода Т.Е.(45) и Р.Ф.(39), двајцата од Скопје, затоа што при пасошка контрола и проверка во оперативната евиденција било констатирано дека евидираат со мерка апси по барање на ЕВР Чаир поради сомнение за сторено кривично дело „одземање моторно возило“. Имено, како што информираат од МВР, по преземени мерки и активности дојдено било ...
На социјалната мрежа „Х“, профилот со псевдоним „Хипокризија“ сподели сведоштво кое, покрај тоа што ја враќа вербата дека во Скопје има граѓани кои сè уште чувствуваат вина доколку бидат гласни и би им пречеле на соседите, ја враќа вербата и дека сè уште постојат млади кои се заинтересирани за традиционалните музички инструменти и народната музика. Преку две објави, оваа „твитерџика“ раскажува како додека пешачела по булеварот 8-ми Септември ...
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, оствари средба со осумте практиканти кои ја поминаа селекцијата и започнаа практична работа во локалната самоуправа. Во наредните шест месеци тие ќе бидат ангажирани во различни сектори, 20 часа неделно, согласно своите студиски програми, со месечен надоместок од 15.000 денари. „Ме радува што оваа година сите практиканти се од различни струки и се распоредени во соодветните сектори. Тие ...
Откако во јавноста беше споделена прекрасната вест дека жена на возраст од 58 години забременила со процедура ин витро и очекува тројка, на социјалната мрежа „Х“, „твитерџија со псевдоним „Македонски Генерал“ сподели контроверзно мислење по овој повод. Тој смета дека да се роди тројка на 58 години не било медицинско чудо, туку себичност. Неговото мислење го аргументира со тоа дека кога децата ќе тргнеле во 5-то одделение, мајката ќе одела со ...
Градот Скопје ги известува граѓаните дека утре (четврток), во раните утрински часови ќе се изврши авионска дезинсекција против ларви од комарци на подрачјето на градот Скопје. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин. Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите. Градот Скопје ...