Скопје
17ᴼ /
17ᴼ
Тажна вест за спортска, посебно одбојкарска Македонија. На 66 години почина легендарниот одбојкар Владимир Ѓорчески, еден од нашите најдобри одбојкари во историјата и татко на нашата тенисерка Лина Ѓорческа. Вест која ја потресе Македонија, објави порталот СпортСпорт. Ѓорчески својата кариера ја почна во своето Тетово, во тимот на Југохром, потоа кариерата го носеше во Работнички и Вардар. Ѓорчески својата блескава кариера ја продолжи во ...
По повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј, доделивме признанија на најуспешните основци и средношколци од Охрид, кои постигнаа врвни резултати на државни и регионални натпревари. Драги ученици, Вашите успеси се гордост за Охрид, за вашите семејства и за целата наша заедница. Вие сте доказ дека Охрид продолжува да живее како град на писменоста, културата и знаењето. Продолжете да верувате во себе, да ги ...
Синот на поранешниот претседател на Македонија, Стево Пендаровски, Огнен Пендаровски, е добитник на признание за најдобро дипломиран студент на Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Информацијата беше споделена преку објава на Факултет за електротехника и информациски технологии по повод свеченостите за 77-годишнината од основањето на УКИМ и одбележувањето на 24 Мај – Денот ...
Фросина и Пеце Козароски од Општина Кривогаштани, освоија автомобил Ford Kuga од инстант лозот „Титаниум“ на Државна лотарија. Интересно е што тие за нивната свадбена прослава добиле коверт „Среќа плус“ со повеќе инстант лозови од Државна лотарија, а меѓу нив бил и еден лоз „Титаниум“, во којшто се криела оваа премија. -На нашата свадба добивме многу подароци, но еден беше навистина посебен – колешките од работа ни подарија грепки. Имаше 3 ...
Камионот кој учествувал во тешката сообраќајна несреќа на скопската обиколница и понатаму се наоѓа на местото на настанот, додека истражните екипи вршат увид и прибираат докази за утврдување на причините за трагедијата. Несреќата се случи синоќа околу 23 часот на делницата меѓу надвозникот кај Визбегово и клучката Мирковци, на обиколницата околу Скопје. Според првичните информации од надлежните институции, 76-годишен возач од Косово, ...
Македонија планира да се врати на Евровизија во 2027 година, по пауза од последното учество во 2022 година, кога земјата ја претставуваше Андреа Коевска со песната „Circles“. Информацијата произлегува од записникот на Програмскиот совет на Македонската радио-телевизија, во кој е наведено дека претставници на Европската радиодифузна унија очекуваат Македонија повторно да биде дел од евровизиската сцена во 2027 година. Во разговорите со ЕБУ ...
Оперскиот пејач Ристе Велков и неговиот син Адам се меѓу загинатите во стравичната сообраќајна несреќа што ноќеска се случи на скопската обиколница. Според неофицијалните информации, Ристе го управувал возилото. Адам пак е втора на ФИНКИ. Со нив биле уште две лица, од кои едното лице е 20-годишниот П.М. Идентитетот на второто лице се утврдува. Според неофицијалните информации на „Скопје1“, истражните органи веќе утврдиле дека камионот удира ...
Жена на возраст од 37 години била пронајдена со прострелна рана во главата во скопско село. Од Обивинтелството известија дека јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје и екипи на СВР Скопје извршиле увид на лице место во село Копаница, скопско, каде беше пронајдено нејзиното тело. По наредба на јавниот обвинител телото на починатата е дадено на обдукција, а се преземаат и други мерки и активности за целосно расчистување на ...
Пецаков и премиерот Мицкоски во „Костал“ – одбележан 10-годишен јубилеј Денес, заедно со Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, менаџментот и вработените, одбележавме значаен јубилеј на компанијата која го позиционираше Охрид на мапата на глобалната автомобилска индустрија. Германскиот гигант докажа дека македонскиот работник поседува врвен квалитет и потенцијал. Но, успехот е најголем кога се споделува со заедницата. Општина Охрид и ...
Градоначалникот на Врапчиште Исен Шабани доби пријава од Управата за финансика полиција. Постојат сомнежи дека тој незаконски склучил и реализирал тендер за реконструкција на локален пат, иако постапката по жалба сè уште не била завршена. Според Финансиската полиција, со исплатата фирмата која била избрана се стекнала со 193.000 евра противправна имотна корист. Според соопштението, пријавениот во текот на 2025 година постапил спротивно на ...
Со песната ,,Во добро и зло” од Борис Новковиќ во позадина, фолк пејачката Анета Љумаковска објави фотографии од нејзината венчавка со колегата Рубин Размо. Веста за венчавката на Анета, која своевремено беше дел од познатата битолска група Молика, на некој начин како да беше очекувана, бидејќи парот со месеци наназад се појавува заедно во јавност и не ја крие својата блискост. Неодамна во интервју за Гламур, таа кажа дека е вљубена, но не ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави за време на велигденскиот ручек во Белата куќа дека би можел да направи многу повеќе ако беше крал. Зборувајќи пред гостите, Трамп се осврна на библиската приказна за влегувањето на Исус во Ерусалим, а потоа направи паралела со себе. На Цветници, Исус влезе во Ерусалим додека луѓето го поздравуваа како крал. Сега ме нарекуваат крал, верувате ли во тоа? Јас не сум крал. Јас сум таков крал што не ...
Славиша Пајкиќ, попознат како Биба Струја, почина на 69-годишна возраст по кратка борба со тешка болест, пренесуваат медиумите во регионот. Причина за смртта е карцином на мозок. Роден во 1957 година во селото Полјане кај Пожаревац, Пајкиќ уште како тинејџер открил необична способност – неговото тело можело да спроведува електрична струја без да чувствува болка. Ова го забележал додека работел како чирак, кога сфатил дека напон од 220 волти ...
Полицијата ја уапси младата сопственичка на кравите од кривопаланечко – случај кој подолго време е присутен во јавноста. Ј.Ѓ. е уапсена затоа што спречувала вработени во Агенција за храна и ветеринарство при заловување на крупен добиток. На 20.05.2026 во 13:25 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка ја лишија од слобода Ј.Ѓ.(28) од Крива Паланка, постапувајќи по претходна пријава дека кај место викано „Калин камен“ спречувала ...
Во Хрватска е усвоен законот со кој професионалните возачи ќе можат да добиваат долгорочни визи. Тоа е чекор напред во решение на проблемот кој произлезе со воведување на ЕЕС системот во Шенген зоната. Овој закон многу ќе помогне на македонските професионални возачи. Ова е реализација на договорот што го направивме со вицепремиерот и министер Олег Бутковиќ во Јануари годинава. Швајцарија веќе издава долгорочни визи. Очекуваме и други држави ...
Царинските службеници на граничниот премин „Богородица“ спречија обид за криумчарење на златна плочка чија вредност се проценува на 4,5 милиони денари. Инцидентот се случил на излез од државата при контрола на патнички автобус. Начин на извршување на делото Случајот бил откриен при детален преглед на автобус кој сообраќал на релација Гостивар – Истанбул, објави 4news.mk Поради сомневање кај царинските органи, извршен е личен претрес на еден ...
На 18.05.2026 во 05:25 часот во СВР Охрид е пријавено дека на ул.„7 Ноември“ во Охрид, патничко возило „цитроен“ со охридски регистарски ознаки, управувано од И.Р.(22) од Охрид, изгубило контрола и излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ Охрид. На 18.05.2026 во 05:25 часот во СВР Охрид е пријавено дека на ул.„7 Ноември“ во Охрид, патничко возило ...
Тензиите на протестот за полагање на правосудниот испит на албански јазик во Скопје ескалираа во физичка пресметка, по што полицијата приведе три лица. Според информациите, за време на протестот дошло до инцидент меѓу неколку учесници, при што имало шамари, боксови и влечење по облека. На снимките и фотографиите кои се шират на социјалните мрежи може да се забележи како едно лице останува со искината маица по тепачката. Од полицијата засега ...
Поскапуваат горивата од полноќ. Дизелот и 98 октанскиот бензин за 2,5, еуросупер 95 –ката за 2 денари по литар. Одлуката ја донесе Регулаторната Комисија за енергетика врз основа на растот на цените на нафтата на светските берзи и повисокиот курс на доларот во однос на денарот. Во овие цени е вкалкулирана и владината одлука за намалени акцизи од 2 денари за сите горива, како и пониското ДДВ од 10 отсто за бензините. Попустот кој ОКТА им го ...
Во рамки на проектот за реконструкција на плоштадот „Чинар“, Општина Охрид континуирано го следи текот и квалитетот на градежните активности преку стручен надзор ангажиран согласно законските процедури. При извршената контрола на терен, надзорниот орган, кој како независен и стручен субјект има обврска да ја следи изведбата согласно проектот, техничките стандарди и договорените услови, констатираше одредени неправилности во поставувањето на ...
Државјанин на Непал снимен како врши нужда во центарот на Кавадарци !! На социјалните мрежи се појави фотографија на која, според објавата, државјанин на Непал е снимен како врши физиолошка нужда на јавно место во самиот центар на Кавадарци. Фотографијата предизвика бројни реакции кај граѓаните, кои посочуваат дека ваквото однесување е недозволиво и несоодветно без разлика на националноста на лицето. Тие апелираат до надлежните институции да ...
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски изјави дека од македонска страна целосно се завршени сите подготовки за граничниот премин Клепало, во координација со надлежните институции, додека одложувањата ги лоцира на бугарската страна. „Во однос на ГП Клепало, од наша страна целосно се завршени работите во координација со релевантните институции, Министерството за внатрешни работи, Царинската управа и останатите институции ...
Под слоганот „Сите нека знаат / Let Everyone Know“, на 20 јуни 2026 година ќе се одржи овогодишната Парада на гордоста во Скопје. Организаторите најавуваат дека Скопје Прајд годинава доаѓа во време на сериозни политички и општествени предизвици, како на локално, така и на глобално ниво. Според соопштението на организацискиот одбор, настанот се организира во контекст на воени превирања, климатска криза, инфлација и системска корупција, но и ...
На 16.05.2026 во 13:13 часот во ОВР Струга од Медицински центар Струга е пријавено дека кај нив бил донесен П.К. (54) од Р.Албанија, кој починал откако претходно му се слошило додека бил во маркет во Струга, по што со возило на Итната медицинска помош Струга бил пренесен во болницата. По насоки на јавен обвинител телото на починатиот е предаден на обдукција. На 16.05.2026 во 13:13 часот во ОВР Струга од Медицински центар Струга е пријавено ...
Копретседателот на ВЛЕН, Изет Меџити, преку видео-порака на социјалните мрежи го поздрави новиот Закон за игрите на среќа. Меџити вели дека овој закон го исполнува ветувањето за „заштита на семејствата од ова проклетство“. Тој најавува дека ќе бидат преземени мерки и за регулирање на прашањето со брзите кредити. Несреќата од игрите на среќа подалеку од нашето општество. Денес започнува нашата правна борба против коцката и комарот. Ветивме ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави акција против моторџиите кои возат без да ги почитуваат сообраќајните правила и се ризик за сите учесници. Тој нагласи дека акцијата нема да биде насочена кон вистинските моторџии кои како што рече Тошковски никогаш нема да ги прекршат сообраќајните правила зашто добро знаат кои се последиците кога не се почитуваат правилата како носење на кацига и возење во рамки на пропишаната брзина. ...
Ветено – остварено. Асфалтиран патот за село Завој кој од магистралниот пат води до селото. Ја развиваме патната мрежа на целата територија на општина Охрид, бидејќи секое населено место заслужува модерни и безбедни патишта. Ги поврзуваме сите населени места и го олеснуваме секојдневието на нашите сограѓани. Создаваме услови за локален економски и туристички развој. Продолжуваме со реализација на капитални проекти кои носат добробит за сите ...
Обвинителството открива нови детали за „серискиот убиец од Старо Нагоричане“ Основното јавно обвинителство (ОЈО) Куманово ја прошири истрагата против 25-годишниот осомничен од Старо Нагоричане за уште четири кривични дела. Според обвинителот Љубомир Лапе, се работи за првиот регистриран случај на сериски убиец во Македонија кој вршел фемицид – убиства врз основа на родова припадност. Вкупниот биланс на неговите злосторства вклучува:, објави ...
Министерството за здравство за првпат подготвува сеопфатна стратегија за кризно управување со здравствениот систем. Овие мерки се преземаат како одговор на прашањата за подготвеноста на државата да се справи со евентуална ескалација на хантавирусот. За потребите на овој план, формирана е специјална експертска група во која членуваат претставници од повеќе релевантни институции, објави 4news.mk Нивната примарна задача е да креираат прецизен ...
На 12.05.2026 во 12:05 часот во СВР Скопје е пријавено дека на локален пат на Водно, полицискиот службеник М.Т.(32) од с.Радишани, скопско, управувајќи мотоцикл „хонда“, сопственост на МВР, обидувајќи се да избегне лисица што излегла на патот, изгубил контрола и паднал. Притоа, тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје. На ...