Македонија денес загуби еден од своите најголеми глумци. Почина легендарниот Гоце Тодоровски – човекот чии улоги оставија неизбришлива трага во македонската култура и во спомените на многу генерации. Тажната вест предмалку на социјалните мрежи ја соопшти неговата ќерка, Сашенка Тодоровска. Со неговите незаборавни улоги, особено во „Македонски народни приказни“, пораснаа генерации Македонци. Неговиот талент, харизма и препознатлив хумор ќе ...

Македонија и македонската културна јавност и театарската сцена денес се простуваат од еден од своите најголеми и најомилени актери. На 75 годишна возраст почина Гоце Тодоровски – легенда на македонското глумиште, човекот чиј препознатлив хумор, неповторлива харизма и извонреден актерски талент со децении ги освојуваа срцата на публиката. Неговата ќерка Сашенка објави дека погребот ќе се одржи утре, на гробиштата Бутел во 13 часот. ...

На 75 годишна возраст по долга и тешка борба со здравствените проблеми почина доајенот на македонскиот хумор,актерот Гоце Тодоровски. Еден од најпочитуваните актери во историјата на македонското глумиште ја заврши својата животна кариера. Веста за заминувањето ја потврди неговата ќерка Сашенка Тодоровска. Во емотивната порака напиша дека Гоце имал огромна желба за живот, но за жал, неговото срце не издржало. „Уште кога си замина кумац Ванчо, ...