Скопје
17ᴼ /
17ᴼ
Инспектори од Агенцијата за храна и ветеринарство потврдија дека заловеното животно во наслебата Козле е волк, а не куче – изјави вработената во скопската Зоолошка градина Тина Мицкоска. Од секое негово движење, и сите карактеристики во изгледот јасно е дека станува збор за волк. Сега за сега останува во карантин, со АХВ ќе се направи проверка дали има микрочип, зашто тие се сомневаат дека можеби е украдено од некоја друга држава, дали ...
Вечерва во една скопска населба беше заловен волк, кој очигледно бил незаконски чуван (со ремче и ланец) како домашно милениче. За случајот веднаш беа известени сите надлежни институции. Не можам да поверувам дека постојат толку несовесни поединци кои на ваков начин третираат диви животни, а притоа ја загрозуваат безбедноста на своите сограѓани. Ова не е само неодговорност, туку сериозна опасност за целата околина. Волкот во моментов се ...
Од Владата истакнуваат дека со ова започнуваат нова, посериозна и поодлучна фаза во борбата против нелегалното приредување игри на среќа, агресивното рекламирање и злоупотребите кои со години нанесуваат штета врз граѓаните, особено врз младите, децата и семејствата. Владата на денешната седница го утврди новиот усогласен текст на Предлог-законот за игрите на среќа и за забавните игри кој ќе биде испратен до Собрание. Од Владата истакнуваат ...
Во Радожда е избегната трагедија, откако огромна карпа тешка меѓу 10 и 15 тони се урна на самиот регионален пат кој води кон селото. Жителите предупредуваат дека половина село живее буквално под надвиснатите карпи и стравуваат дека следниот одрон може да биде кобен. Само среќата спречила катастрофа, бидејќи во моментот на одронот, на неколку метри од местото поминувале жители со мали деца. „Многу ризично е да се живее во ова село, пошто ...
Македонскиот пејач Александар Темелков преку објава на социјалните мрежи денеска соопшти дека тој и неговата сопруга донеле одлука да се разведат. Во емотивната порака, Темелков истакна дека причината за разделбата се различните карактери, но нагласи дека и понатаму ќе останат во добри пријателски односи поради нивниот син Мите. Македонскиот пејач Александар Темелков преку објава на социјалните мрежи денеска соопшти дека тој и неговата ...
ВАКА ИЗГЛЕДА ПРВАТА ГАЛЕРИЈА НА АВТОПАТОТ ОХРИД – КИЧЕВО Во изминатиот период на автопатот Охрид-Кичево на новите свлечишта се извршија дополнителни геоистражни работи врз основа на кои се изработија основни проекти за стабилизација на 14 свлечишта, во вид на т.н. Галерија. Галериите се исклучително комплициран инженерски потфат со кој се решава проблемот со свлечиштата на автопатот Охрид – Кичево Пишува министерот Николоски. ВАКА ИЗГЛЕДА ...
На денот на медицинските сестри, почина Сибела Омерова, позната меѓу штипјани како пожртвувана и посветена медицинска сестра. Таа пред две години ја обедини земјата, кога за неа се собираа средства за лекување на клиника во Турција. Сибела се бореше со канцер, а нејзиниот случај беше првиот за кој беше активиран Солидарниот фонд во Општина Штип. Во нејзина чест беа организирани бројни културно-забавни настани, а апели за помош пристигнуваа од ...
Славниот француски диџеј, продуцент и хитмејкер Дејвид Гета ќе биде главната музичка ѕвезда на прославата на 35 години независност на Македонија, објави Бобан Милошески од „Авалон“, кој ќе го реализира настанот во соработка со Владата. Настаните од прославата ќе се одржуваат од 8 август до 8 септември, кога на стадионот „Тоше Проески“ во Скопје ќе настапи Дејвид Гета. „Мојата основна идеја беше дека ако славиме, треба да славиме. Ако е бал, ...
Дали сакаш да те убијам?“ – вака ученик во основно училиште во Струмица им се заканувал со соученици. До редакцијата на Инфомакс пристига Јавно обраќање од група родители на ученици од VIв одд при ООУ ,,Сандо Масев ‘’ –Струмица во врска со инцидент во училиштето, кое ви го пренесуваме во целост во продолжение. Ние родителите на учениците од 6в одд при ООУ Сандо Масев Струмица ви се обраќаме јавно поради сериозноста загриженост за безбедност ...
Европската Унија испрати порака дека вратите остануваат отворени за сите држави од Западен Балкан. Пораките беа испратени од седницата на Советот за надворешни работи на Европската Унија, која се одржа во Брисел, а на која присуствуваше и министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски. Но, најголемо задоволство е за Црна Гора, која според Брисел е на милиметри до членство во Европската Унија. Добри вести добија и Македонија и Албанија. ...
НА АВТОПАТОТ ОХРИД – КИЧЕВО ГРАДИМЕ АРХИТЕКТОНСКО ЧУДО Автопатот Охрид Кичево со силна посветеност ќе се заврши при крајот на 2026 година согласно предвидените рокови Силно напредува изградбата на автопатот Охрид – Кичево. Свлечиштата на автопатот Охрид-Кичево, проблем кој ја блокираше целата изградба на автопатот, го решивме со најголемиот инженерски потфат во овој регион, со изградба на таканаречени Галерии. Со вкупно 14 галерии на цела ...
Вишиот јавен обвинител Дарко Јакимовски на денешната седница во Апелациониот суд, каде се разгледуваат жалбите за случајот со убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, побара укинување на ослободителната пресуда за Александар Ѓорчевски, таткото на Вања, кој беше обвинет за помагање при грабнувањето. Обвинителството смета дека првостепениот суд не направил целосна анализа на доказите и не се произнел за клучните околности поврзани со ...
Случај на наводно физичко малтретирање на малолетници се истражува во Охрид, по пријава поднесена до СВР. Според полициските информации, во саботата вечерта во СВР Охрид, три лица на возраст од 45, 45 и 35 години, сите од Охрид, пријавиле дека околу 17:00 часот истиот ден нивните малолетни деца биле физички малтретирани, откако наводно биле фатени во обид да украдат чоколадно млеко од маркет во градот. Во пријавата се наведува дека по ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска оствари средба со македонското малцинство во соседна Албанија, посетувајќи ги Македонците од Туминец, Преспа. Преку објава на својот официјален профил на социјалната мрежа Фејсбук, проследена со галерија од фотографии од посетата, тој упати силни пораки за национално обединување и континуирана поддршка од матичната држава. Во своето обраќање, Мицкоски нагласи дека на Македонија денес повеќе од сè ѝ е ...
Докторите, физиотерапевтите заедно со фудбалерите и стручниот штаб на ФК Тиквеш, денеска на враќање од Скопје кон Кавадарци на клучката кај Мирковци притрчаа во прва помош на повредени лица во една сообраќајна несреќа. Имено, автобусот со кој фудбалерите на Тиквеш се враќаа во Кавадарци по победата над Македонија ЃП во домашното првенство, запре на автопатот за дел од медицинските лица притрчаат во помош на настраданите за да се спасат ...
Пред самиот почеток на летната сезона, грчките власти воведоа нови, значително построги сообраќајни правила на една од најфреквентните делници кон морето. Туристите кои патуваат кон популарните летувалишта на Халкидики треба да бидат особено претпазливи за да избегнат високи казни. Клучни промени на патот Солун – Неа Мудања На автопатот што води од Солун до Неа Мудања (и во спротивниот правец), досегашното ограничување на брзината од 110 ...
Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска во изјава по повод 9 Мај – Денот на Европа упати критки до власта дека ја држи државата изолирана од Европа и посочи дека треба да се направат уставни измени за да почнат преговорите за членство во Европската унија. -Денес го славиме Денот на Европа и Денот на победата над фашизмот. И на Денот на Европа можевме да имаме многу повеќе причини да славиме, еве, например, како Црна Гора, која што води ...
ОВР Прилеп поднесе известување против ученик во средно училиште во Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „компјутерски фалсификат”. Пријавениот, со лажно претставување дека е наставник по англиски јазик од основно училиште во Виница, креирал профил и стапил во контакт со вработена во Министерство за образование и наука, која му укажала дека разговорите со наставници не треба да се водат на социјални мрежи и му ...
На 08.05.2026 во 11:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека пред влезот на гробиштата во Ѓорче Петров, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 36-годишната З.К. и 55-годишната Д.З., двете од Скопје, при што бил употребен тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. На 08.05.2026 во 11:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека пред влезот на гробиштата во Ѓорче ...
Хако Витанов, брат на поранешниот конзул на Македонија во Италија Стојан Витанов, ја убил својата 56-годишна сопруга Милена Витанова во стан на периферијата на Пјаченца каде живееле со своите деца. Како што известуваат италијанските медиуми, тој бил пронајден во близина на градските гробишта од страна на карабињерите додека се обидувал да си го одземе животот. Целиот инцидент, кој се случил во работничка населба во градот, сè уште го ...
Генералка викенд“: Сиљановска-Давкова повика да бидеме како Јапонците во однос на чистата околина Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го означи почетокот на шестата национална еко-акција „Генералка викенд“, при што порача дека грижата за животната средина треба да стане дел од секојдневните навики, а не само повремена активност. Таа нагласи дека граѓаните треба да развијат култура на одговорност кон просторот во кој живеат, посочувајќи ...
Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, информираше дека денес во Веспрем, направен е значаен чекор во зајакнувањето на меѓународната соработка на Охрид. Имено, официјално беше потпишан Договорот за збратимување со градоначалникот Ѓула Порга. -Овој документ не е само протоколарна обврска, туку платформа за конкретна соработка во повеќе области како култура, туризам, образование, спорт, дигитализација… Убеден сум дека размената на ...
Во Локарно, Швајцарија, токму на големиот христијански празник Ѓурѓовден, македонската православна заедница доживеа момент кој долго време го очекуваше. Македонската православна црковна општина „Пресвета Богородица“ го заокружи процесот со официјално потпишување на договор за купопродажба на храмот во Локарно Монти. Со овој чекор, македонските верници во регионот конечно добиваат сопствен духовен простор, кој се очекува да прерасне во центар ...
Во услови на долготрајни демографски предизвици и континуиран одлив на млади луѓе, државниот врв упатува порака за останување и градење на иднината во земјата. Премиерот Христијан Мицкоски порача дека Македонија не треба да се гледа како транзитна точка, туку како простор каде младите треба да ги реализираат своите животни и професионални цели. Пораката беше упатена на Регионалната министерска конференција за демографски предизвици во ...
По долго боледување, на 53-годишна возраст почина новинарката на МИА Ирена Радовановиќ, една од препознатливите лица во македонското новинарство, особено во областа на внатрешната политика. Новинарската кариера ја започна во неделникот „Фокус“ во 1991 година каде работела до 2001 година, по што продолжува во „Вечер“ како новинар во внатрешно-политичката рубрика. Во 2024 станува дел од редакцијата на „Нова Македонија“, а од 2006 и 2007 на ...
На социјалните мрежи е објавено видео од жена која краде кутија со донации за детенце, која стоела на каса во маркет. Освен овие информации, засега нема детали во кој маркет се случил настанот, дали жената е пријавена во полиција и пронајдена. На снимката од камерите се гледа дека случката е снимена вчера, односно датумот е 07.05.2026 година. На социјалните мрежи е објавено видео од жена која краде кутија со донации за детенце, која стоела ...
Дваесетгодишна студентка од Република Турција попладнево е пронајдена почината во стан на улица „Васил Главинов“ во централното градско подрачје на Штип. Нејзините колеги со кои заедно студирала не можеле да стапат во контакт со неа неколку денови, по што била известена полицијата. Починатата студентка живеела сама во станот, па за да се влезе во него полицијата ги повикала пожарникарите да интервенираат и во станот е влезено преку врата од ...
Денеска во Струга свечено се одржа традиционалната литија со моштите на Свети Ѓорѓија Маченик, на која присуствуваа голем број верници, свештенослужители и гости од повеќе градови. Во молитвена и достоинствена атмосфера, светите мошти беа пренесени низ струшките улици, додека верниците со молитви и духовна радост бараа здравје, мир и благослов. Литијата, која претставува една од најзначајните духовни традиции во градот, и оваа година ја ...
Драстично зголемување на паричните казни за физички лица, од 400 евра за несоодветно чување и шетање на куче, до 5.000 евра за предизвикување болка, страдање или повреди, мачење, сурово и нехумано однесување и убивање на животните. Ова се само дел од измените кои ги предвидува предлог-законот за заштита и благосостојба на животните, до кој дојде Телма, чии измени главно се насочени на решавање на проблемот со напуштањето на домашните ...
Ученик во седмо одделение на друштвената мрежа Тик-Ток обајвил листа со име и презиме на свои соученици и се заканил дека ќе ги ликвидира. Во објавата е наведен и точниот датум. Директорот на основното училиште Стив Наумов од Битола во разговор за 4news.mk вели дека е одржан родителски состанок и дека известени се МВР и Центарот за социјални работи. Потврдува дека инцидентот се случил надвор од училишните клупи. Ученик во седмо одделение на ...