Досегашниот вицепремиер за добро владеење, Арбен Фетаи, се повлекува од својата функција за да ја преземе новата дипломатска должност како специјален претставник на Владата во Брисел. Оваа вест ја потврди Изет Меџити, копретседател на коалицијата ВЛЕН. Оставка и нова функција Според информациите од Меџити, Фетаи веќе официјално поднел оставка од местото вицепремиер, објави 4news.mk Неговото именување за специјален претставник доаѓа по период ...

Околу 20 до 30 вработени во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во период од 6-7 години редовно земале плата без да се појават на работното место. Ова денеска го соопшти директорката на Институтот, д-р Марија Андоновска, појаснувајќи дека овие лица биле уредно регистрирани во системот за евиденција на работа, за што на одредени колеги им плаќале по 200 евра за да им ги отчукуваат картичките. Дел од вработените кои ги откуцувале картичките ...

90 000 невработени лица а дури 10 000 слободни работни места се регистрирани во државава за првото тримесечје годинава, покажуваат новите анализи на државниот завод за статистика. Според податоците добиени од истражувањето, најголем проблем со вработување имаат компаниите со 10 до 49 вработени. Најголем број слободни работни места, 2 346, има во групата на работници во услужни дејности и продажба. Потоа следуваат преработувачката индустрија, ...

Педесет и две годишен пациент кој чекал на националната листа за трансплантација од 2021 година доби ново срце од донор, а 23 годишник нов бубрег, информира денеска Министерството за здравство. Двајцата пациенти се во стабилна состојба. -Во градите на 52-годишен пациент, кој од 2021 година со нетрпение и верба чекал на националната листа за трансплантација – од денес чука ново срце. Симбол на нов живот, нов почеток и неизмерна благодарност. ...

Соопштението на ФФМ ви го пренесуваме во целост: „Дисциплинската комисија при ФФМ донесе одлука со која ФК Силекс се казнува со парична казна во висина од 5.000 евра поради користење на пиротехнички средства на финалниот натпревар од Купот на Македонија помеѓу ФК Силекс и ФК Шкендија. Дисциплинската комисија при ФФМ донесе одлука со која ФК Шкендија се казнува со парична казна во висина од 15.000 евра поради користење на пиротехнички ...

По повод големиот јубилеј 600 години од изградбата на црквата „Св. Спас“ во Лескоец, денес, имав особена чест и задоволство, во мое лично име и во име на Општина Охрид, да подарам икона „Вознесението Господово“. Ова светилиште со векови е сведок на нашиот опстој, вера и традиција. Шест века духовност се доказ дека Охрид има со што да се гордее, да го чува и да го негува за идните генерации. Нека ни е честит и за многу години големиот ...

Со длабока почит кон починатиот органодарител и со искрена благодарност до неговото семејство, медицинскиот тим оддаде чест на една од најхуманите одлуки што може да се донесе во миг исполнет со најдлабока болка и тага. -Во овие моменти, хуманоста на едно семејство и посветеноста на здравствените работници отвораат можности за нова надеж и нов живот, вели проф.д-р Билјана Кузмановска, национален координатор за трансплантација. ...

Со фокус на намалување на невработеноста и зајакнување на економската активност, Владата денеска го усвои и го презентираше Оперативниот план за вработување за 2026 година. Документот предвидува сет мерки насочени кон зголемување на вработеноста, подобрување на условите на пазарот на трудот и поттикнување на домашната економија преку нови инвестиции и активни политики за вработување, објави 4news.mk Планот беше претставен од министерот за ...

За година и половина завршивме 37 км и ги пуштивме во сообраќај на автопатот Охрид-Кичево и тоа е доказ дека многу сериозно ги водиме проектите. За разлика од нас, владата на СДСМ и на ДУИ седум години не стави ни метро асфалт, истакна вицепремиерот Александар Николоски во интервју на поткастот „Риштази”. Проблемот е на претходната влада која што од политички причини тој проект го напушти. Факт е дека седум години владата на Зоран Заев на ...

Инженерската институција на Македонија го избра Тодор Санев за најдобар млад инженер, а оваа награда се доделува за посветеност, иновативност и значаен придонес во областа на инженерството. Ова признание не само што ја вреднува досегашната работа на наградените, туку и ги мотивира да продолжат со уште поголем ентузијазам и амбиција во својата кариера. -Оваа награда за мене претставува огромна чест. Особено ми значи што наградата доаѓа од ...

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека земјава во првите три месеци од 2026 година ќе биде меѓу трите земји во Европа според растот на Бруто-домашниот производ (БДП). Што се однесува до бруто-домашниот производ, сите индикатори коишто ги следиме од првиот квартал којшто веќе измина, тоа се месеците јануари, февруари и март, велат дека ќе имаме, во услови на епска светска енергетска криза, солиден раст. Јас би очекувал растот да се движи меѓу ...

Ќе се снима биографски филм за Слаткар, објавени филмовите што добија поддршка од Агенцијата за филм Макфакс29/05/202617:41 885 Агенцијата за филм ги објави добитниците на финансиска поддршка за кинематографски проекти за 2026 година, вклучувајќи биографскиот документарец за Марко Маринковиќ – Слаткаристика. Поддржани се повеќе филмски проекти во различни жанрови, како и меѓународни копродукции, со цел унапредување на македонската филмска ...

РК Охрид вечерва го игра најважниот натпревар во својата историја – реванш финалето од ЕХФ Европскиот Куп против унгарскиот тим МОЛ Татабања. Охриѓани влегуваат во дуелот со предност од еден гол разлика по победата од 29:28 на првиот натпревар во Унгарија. Натпреварот ќе се одигра денес, 31 мај 2026 година, со почеток во 20:00 часот, во спортската сала „Билјанини Извори“ во Охрид. По фантастичната сезона и историскиот пласман во европско ...

На 30.05.2026 година во СВР Скопје, 37-годишна жена пријавила дека во близина на нејзиното работно место, додека била во возило со својот вонбрачен партнер А.Н., тој ѝ истурил хемиско средство во пределот на лицето и очите. На оштетената и била укажана лекарска помош во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, објави 4news.mk На 30.05.2026 година во СВР Скопје, 37-годишна жена пријавила дека во близина на нејзиното работно место, додека била во ...

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска ја брануваше јавноста во Собранието, изјавувајќи дека по цели две децении, Македонија конечно добила „нормален министер“ на чело на МВР. Оваа негова самопофалба, која во собраниските кулоари беше протолкувана како директна глорификација на самиот себеси, автоматски ги стави во категоријата „ненормални“ сите негови претходници на функцијата – вклучувајќи ги Гордана Јанкулоска, Митко ...

Владата прави напори преку конкретни политики и мерки за сите наставници да ги задржат работните места, и покрај тоа што бројот на ученици значително е намален во изминатите години, а лани во 147 подрачни училишта воопшто и не се запишале ученици. Меѓудругото, затоа и воведуваме едносменска настава и продолжен престој во училиштата, со цел наставниците да имаат дополнителни активности, полн фонд на часови и да добиваат целосна плата. Во ова ...

Министерството за внатрешни работи (МВР) објави Кодекс за облекување за вработените и странките во објектите на Одделот за граѓански работи и бара отсега да се внимава на облеката кога ќе се доаѓа за сликање или за подигање лични документи. На прашање на САКАМДАКАЖАМ.МК како треба да се облечени странките, но и вработените, во МВР ни одговорија во детали, назначувајќи дека сè што важи за граѓаните, странките, истото е и за вработените. „За ...

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, денеска беше домаќин на церемонијата „Women in Tech® Macedonia Awards“, каде беа доделени признанија за иновација, лидерство и влијание во ИТ секторот. Настанот, организиран од Women in Tech® Македонија во соработка со Министерството за дигитална трансформација, има за цел да ја истакне улогата на жените во дигиталниот свет. Добитнички на главните награди Претседателката ги врачи ...

Потрошувачката на гориво би требало да биде исклучително ниска – во идеални услови само 2,2 литри на 100 километри. Предвидената цена му е 12.000 евра со што ќе биде еден од најевтините автомобили во Европа. Повторно… Легендарната југословенска марка автомобили Југо се враќа на пазарот речиси 20 години по завршувањето на производството. Лани во Германија беше презентиран новиот дизајн, а актуелниот сопственик сопственик на марката, српскиот ...

На инстаграм се појави видео снимено на граничниот премин помеѓу Србија и С. Македонија на кое се споделува снимен разговор со полициски службеник кој откако претходно му вели дека не може да влезе со возилото во државата поради тоа што недостасува соодветна документација за сопственоста на возилото. Според разгоорот кој патниците го водат во возилото службеникот „се премислил“ и наводно побарал некој од лицата во возилото да остави сума на ...

Средба со вицепремиерот на Хрватска Олег Бутковиќ, суштински разговори за развој на коридорите и поддршка за решавање на проблемот на превозниците Зборувавме за развој на транспортниот сообраќај во регионот, можностите за продлабочување на соработката во делот на железничкиот сообраќај и продлабочување на економската соработка помеѓу двете земји. На мојот колега Олег му се заблагодарив за поддршката во решавањето на проблемот со превозниците ...

Министерството за финансии ја одзеде лиценцата на финансиското друштво Креди Јес, со што практично се става клуч на врата на една од најраспространетите компании за брзи кредити во земјава. Одлуката следува по спроведен вонреден надзор, инициран по пријава од граѓанин, при што биле утврдени сериозни неправилности во работењето. Од Министерство за финансии засега не откриваат детали за конкретните прекршоци, но потенцираат дека се работи за ...

Замина уште едно звучно име од македонската јавност На 77-годишна возраст почина Мартин Треневски, поранешен министер, амбасадор и долгогодишен новинар. Веста за неговата смрт ја потврди неговото семејство. Богата професионална кариера Роден во 1949 година во Скопје, Треневски изгради импресивна биографија во новинарството, дипломатијата и државната администрација: Новинарство: Кариерата ја започнува во Скопје, по што станува дописник на ...

Министерот за внатрешни работи во интервју за 360 степени најави раскинување на рамковната спогодба со една од двете компании задолжени за набавка на униформи за специјалните полициски единици. Станува збор за српската фирма „Памитекс тим“, која била задолжена за еднобојните униформи. Одлуката доаѓа по извршената суперанализа во странство, која потврдила дека доставените примероци не го исполнуваат бараниот квалитет пропишан во тендерската ...

ЗЛАТНА ИТАЛИЈАНСКА МИСИЈА ЗА Македонска Традиционална Таеквон-До Федерација — МАКЕДОНСКИТЕ ШАМПИОНИ ГО ОСВОИЈА “BARLETTA CHALLENGE 2026” Македонското знаме гордо се вееше во Barletta, Италија, каде натпреварувачите на Македонска Традиционална Таеквон-До Федерација приредија вистинска спортска експлозија и испратија моќна порака до европската конкуренција — МАКЕДОНИЈА СОЗДАВА ШАМПИОНИ! На престижниот меѓународен турнир “Barletta Challenge ...

Во Чешка е приведен митрополитот на Руската православна црква Иларион. Тој е осомничен за поседување наркотици. Како што се наведува на Telegram-каналот на митрополитот Иларион (во светот Григориј Алфеев), приведувањето се случило на 24 мај во Карлови Вари. Автомобилот во кој се наоѓал свештеникот бил запрен по излегувањето од православниот храм на светите првоврховни апостоли Петар и Павле. При претресот, во багажникот биле пронајдени ...

На 24.05.2026 во 15:50 часот во ЈЗУ УК „Гинекологија и акушерство“ при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ја лишија од слобода 38-годишната С.К. од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од установата во 13:40 часот дека кај нив била донесена малолетната ќерка на С.К. со породилни болки. Со таткото на малолетничката Б, објави 4news.mk К.(38) извршен е службен разговор и известен е јавен ...

Светската асоцијација на лауреати, која обединува добитници на Нобелова, Тјурингова, Волфова и Ласкерова награда, три месеци подоцна повторно ги актуализира и објави ставовите на македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова, оценувајќи дека нејзините пораки за вештачката интелигенција и образованието оставиле силен впечаток во глобалната дебата за иднината на човештвото. Станува збор за Светскиот самит на лауреати (WLS), еден од ...

Со потресни зборови и пораки исполнети со неизмерна болка, Христина Велкова се прости од својот син Адам Велков и сопругот, оперскиот баритон Ристе Велков, кои трагично ги загубија животите во стравичната сообраќајна несреќа на скопската обиколница. Таа во јавни објави ги сподели тагата и болката кои ги живее. Во емотивната објава за својот син Адам, таа напиша: Ах, Адам мој! Прва радост моја! Душава ми ја изгоре, срцето ми го распарчи! Си ...

Кучиња нападнале мајка со малолетни деца во кичевско, едното дете има повреди по лицето! Во продолжение објавата на жртвата: На 22.05.2026 година, во с. Другово – Кичево, доживеавме вистински хорор. Излегов со моите две малолетни деца на кратка прошетка, кога нè нападнаа две агресивни црни кучиња (ротфајлери). Прво почнаа да лаат. Во паника, помалото дете го кренав во раце, а со другата рака се обидував да го заштитам поголемото девојче и ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
1.45
58%
1018
weather icon

Белград

21ᴼ / 21ᴼ
2.19
71%
1018
weather icon

Загреб

25ᴼ / 25ᴼ
1.06
66%
1016
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
2.35
66%
1018
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
3.74
62%
1016
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 19ᴼ
1.82
89%
1017
weather icon

Атина

23ᴼ / 22ᴼ
2.68
56%
1016
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
2.37
75%
1017
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
0.45
66%
1018
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 21ᴼ
2.68
57%
1015
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 21ᴼ
2.24
56%
1015
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 16ᴼ
4.41
93%
1016
Currency

61.6317

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0838

Currency

66.8246

Currency

7.86334

Currency

0.73441

Currency

0.33232

Currency

0.52507

Currency

1.15091

Currency

0.56002

Злато

135639.33

Паладиум

40767.15

Родиум

257205.97

Сребро

2186.28

Кобалт

45.39

Рутениум

48965.59

Алуминиум

3.54

Иридиум

253540.09

Калај

53.60

Цинк

0.00

Бакар

13.01

Платина

55170.68