Меѓународна изложба „Нема време за работа. Нема време ослободено од работа.“ на која ќе учествуваат десетина уметници од европската и балканската уметничка сцена, ќе биде отворена на 3 септември во Националната галерија на Македонија – Мала станица. Изложбата е во рамки на 19. Фестивал за современи уметности „АКТО“. „’Нема време за работа. Нема време ослободено од работа.’ е меѓународен изложбен проект кој вклучува уметници од Република ...

Се намалува бројот на високообразован кадар во земјата кој активно бара работа, покажува евиденцијата на Агенцијата за вработување на Северна Македонија (АВРСМ). Ако се направи споредба/анализа на невработеноста според степен на образование, за изминатите пет години, може да се забележи опаѓање на бројот на лица со високо образование кои бараат работа, а паѓа и бројот на невработени лица кои се стекнале со титула, пишува новинската агенција ...

По годишноодморската пауза вратите на Кинотеката, домот на седмата уметност, во септември повторно се отвораат. „Разновидноста, во неколку форми, е карактеристика на оваа понуда за гледачите. Различни жанрови, разновидни земји во кои се продуцирани, разновидно време во кои се создадени. Оваа инклузивност го подразбира и значителниот број на регионалните копродукции, како дел од месечнава програмска понуда“, велат од Кинотека на Македонија. ...

Бројот на ковид случаи е во пораст. Иако една од главните препораки на Комисијата за заразни болести е лицата со хронични болести и лицата над 65 години да се вакцинираат против Ковид-19, нема вакцини во поликлиниките при Здравствен дом Скопје, пишува агенцијата Мета.мк. Мета.мк се обратила до поликлиниките Букурешт во Карпош, Бит Пазар и во Чаир, каде што го добиле истиот одговор – „вакцини немаме, не можете да се вакцинирате“. Ова се ...

Во организација на здружението за субкултура „ПП Џез Фестивал“, од четврток до недела (29-31 август) на летната сцена од Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе се одржи 13. издание на фестивалот „Прилеп џез викенд“ (Prilep Jazz Weekend). „Прилепскиот џез фестивал и овој пат ќе понуди одлична програма со повеќе концерти, и перформанси, со што ветува доживување на ново и незаборавно искуство на сите љубители на добрата музика“, велат ...

Досега не слушнавме аргументи и анализи во намерата да се одземат ингеренциите на Градот над јавните претпријатија кои треба да се грижат за јавната хигиена и за одржувањето на зеленилото во Скопје и за јавниот транспорт, велат од граѓанската иницијатива Шанса за Центар, по најавите на скопските градоначалници за расформирање на градските претпријатија и за преземање на нивните надлежности. На пример, велат од иницијативата, градоначалниците ...

Фестивалот „Друга приказна“ годинава се одржува по деветти пат, првпат во „Кафе Станица“ (Ленинова 64а). Дел од програмите ќе се одржат во „Јадро“ и „Ла Кања“. На книжевниот фестивал што ќе се одржува од 30 август до 1 септември учествуваат десетина странски гости и дваесетина од нашата земја. Фестивалот го организира книгоиздателството „Темплум“. Во продолжение програмата: Петок, 30 август КАФЕ СТАНИЦА (Ленинова 64а) 19 ч. – „30 години ...

Алгоритам развиен од експерти од Барселона може да предвиди кои лекови ќе бидат најефективни за лекување на генетски болести и рак, покажа истражувањето објавено вчера во списанието „Nature Genetics“, а пренесува Ал Џазира Балканс. Развиениот компјутерски модел за предвидување е алатка за јавна употреба наречена „RTDetective“ и овозможува забрзување на развојот и ефикасноста на клиничките испитувања за широк спектар на нарушувања предизвикани ...

Универзитетското студентско собрание (УСС) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) информираше дека Министерството за образование и наука (МОН) им прифатило две од барањата што ги испратија пред неколку денови, со цел да се подобри студентскиот стандард. „Идните бруцоши можат да аплицираат на повикот за користење на мерката субвенциониран студентски оброк до 5 септември со што ќе се стекнат со правото на користење на мерката од ...

Четвртото издание на Синестетика ќе се одржи на 31 август, сабота, на на ледината Шамак, над Козле на Водно, со почеток на пладне. Организаторите Виктор Танасковски и Ива Дамјановски ова издание решија да се вика „Настава во природа“ – ден пред први септември и последниот викенд пред враќање во школските клупи. „Се надеваме дека ќе ве инспирираме да научите нешто што можеби сте сакале да го пробате и запознаете. Ние мислиме дека нема ништо ...

ОДАС (Организација за дијалог и афирмација на средношколците и студентите) реагира на нефункционалниот и несигурен јавен превоз кој може да ги остави средношколците и студентите без начин да стигнат на училиште или факултет, пренесува агенцијата Мета.мк. „Тековниот застој и прекин во системот на јавен превоз во Град Скопје доведе до можноста учениците и студентите да останат без сигурен и достапен начин да стигнат до училиште или факултет. ...

„Во образованието никој не смее да биде изложен на дискриминација и сегрегација, секое дете имаат право на образование. Оваа Влада има и програмска определба дека во текот на мандатот ќе ја зголеми инклузијата на децата Роми во основното и во средното образование. Истото важи и за децата од сите други етнички заедници. Заедно со со општина Штип ќе најдеме решение за сите предизвици, затоа што наш приоритет се младите и нивното квалитетно ...

Со вчерашната изложба на фотографии од минатото на рокенролот и промоција на книгите на Тошо Филиповски почнаа активностите за овогодишниот „Рудар рок фест“, кој денеска продолжува од 12 часот со првата берза на винили, цедеа и касети во Пробиштип. Потоа, од 19:30 часот стартува и главната хард-рок музичка програма. Организаторот вели дека со оглед на препознатливоста на Пробиштип преку рударството, хард-рок музиката е културен и уметнички ...

„Ако ја затрупаат, јас ќе застанам пред багерот, нека ме затрупаат“. Човек во години, со својот емоционален крик ја нагласува моралната дилема како една урбана градина, зелена оаза на периферијата на Скопје, може да биде уништена од багери бидејќи се наоѓа на јавно земјиште што не е во сопственост на оние што го обработуваат и одржуваат со децении. Човекот, практично, е оној глас што сите нас ни вели: зошто воопшто да се ништи зелен предел ...

Туристичката автобуска линија на ЈСП Скопје веќе четири години не функционира. Панорамските автобуси за линијата сега веќе се пуштени во употреба за да се пополни недостатокот на автобуси во јавниот превоз, каде фалат околу 40-50 автобуси за летниот возен ред, односно 100 автобуси за зимскиот од септември. Во меѓувреме, од туристичкиот сектор сметаат дека ваквата линија е од нужна потреба, а од ЈСП најавуваат дека активно работат за нејзино ...

Промоција на антологијата „Од поети за поети“, во избор на македонскиот поет Милован Стефановски, ќе се одржи вечерва, 23 август во рамки на „Струшките вечери на поезијата“ со почеток во 20 часот на летната сцена на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“. „Во изборот на посветени песни од современите македонски поети, под заеднички наслов ‘Од поети за поети’, се застапени претставници на сите генерации, вкупно 53 поети од кои десет се ...

Стотици луѓе вчеравечер се собраа под широко отвореното небо над Куршумли ан за заедно да го затворат овогодишниот јубилеен петнаесетти фестивал на креативен документарен филм „МакеДокс“. Откако се доделија наградите, фестивалџиите ги „докопаа“ своите емоции низ времето со краткометражниот филм „Помеѓу нежноста и насилството“ и македонската премиера на филмот „Патување пеш“ од режисерката Тамара Котевска. Вечерта ја заокружи уникатен концерт ...

Државата, општините да воспостават механизми за следење – превенција, евиденција, санкција во случај на дислоцирање на кучиња од една во друга општина, бара организацијата „Анима Мунди“. Од таму апелираме на итно постапување во случаи на напуштање, или пострашно масовен истовар на кучиња од една општина во друга. „Доволно е да се читаат коментари кои ги оставаат граѓаните, за да се сфати дека принципот ‘грижо моја, прејди на друг’ беспрекорно ...

Обединетите нации (ОН) процениле дека во 2050 година шесте земји од Западен Балкан ќе имаат околу три милиони жители помалку од денес, дека Србија ќе има најголема загуба во апсолутни бројки, а процентуално, Босна и Херцеговина и Албанија предничат, кои до средината на векот ќе загубат повеќе од 20 отсто од своето население, пренесува агенцијата Мета.мк. Наместо минатогодишните 16.977.000, Западен Балкан во 2050 година ќе има 13.975.000 ...

Во склоп на овогодишниот „Рудар Рок Фест“, вечерва во 19 часот во Домот на културата во Пробиштип ќе има изложба на фотографии од минатото на рокенролот во Македонија и промоција на книгите на Тошо Филиповски. „Ќе имате можност преку фотографија да го почувствувате минатото на рок музиката кај нас. Ќе бидат изложени повеќе од триесет ретки фотографии од рок настани од шеесетите години па наваму“, посочуваат од фестивалот. Во вториот дел, во ...

Министерот за транспорт Александар Николоски во изминатиов период даде многу изјави дека јавниот интерес му бил во прв план, особено кога се работи за општина Карпош и Центар, каде според него не смее да има нови станбени згради, велат од „О2 Иницијатива“. Оттаму, посочуваат тие, на дело ќе видат колку навистина го мисли тоа што го кажува. „Министре, еве Ви шанса да покажате дека навистина го имате јавниот интерес во прв план. Бараме итно ...

Универзитетското студентско собрание (УСС) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје во изминатите денови испратило сеопфатни барања за подобрување на студентскиот стандард до Министерството за образование и наука (МОН). УСС бара од МОН измена на Правилникот за начинот и постапката за финансирање, создавање и усовршување на научно – истражувачките кадри. „Целта е да се овозможи и студентите што се на интегрирани студии од 3+2 ...

Смртните случаи од жештина во Европа би можеле да се зголемат тројно до крајот на векот, а бројките непропорционално се зголемуваат во јужноевропските земји како Италија, Грција и Шпанија, покажа студијата објавена во „Lancet Public Health“, а пренесува Гардијан. Студот убива повеќе луѓе отколку топлината во Европа, а некои тврдат дека климатските промени ќе имаат корист за општеството со намалување на тие смртни случаи. Но, студијата покажа ...

Меѓународен салон на стрип „Велес 2024“, единствената манифестација од ваков вид во Македонија, годинава го одбележува своето 21. издание во организација на Стрип центарот на Македонија. На отворањето во Јуроп Хаус беа доделени награди и признанија додека присутните можеа да ги видат изложени стрип дела, годинава пристигнати во рекорден број – 351 стрипови од 17 земји. Наградени беа: Прва награда „ ЗЛАТЕН СТРИП“ Стрипот „РЕВОЛВЕР “ НА Војдан ...

Со музичкото драмско дело/рап-перформансот „Црнила ремикс“ ќе се отвори летната сцена на Македонскиот народен театар (МНТ) „Славиша Кајевски“ на 17 септември со почеток во 21 часот. „Режисер на ова современо читање на драмската класика ‘Црнила’ од Коле Чашуле, е Јордан Симонов кој заедно со Дарко Димитриевски и Павле Димковски од рап-колективот ‘Зад аголот’ го поставија овој проект во современ“, информираат од МНТ. Актерската екипа, односно, ...

Земјава ја доби првата оперативна процедура за постапување при случаи со труење на диви животни. Десетина институции, меѓу кои и Инспекторатот за заштита на животна средина, Министерствата за внатрешни работи и за земјоделство, шумарство и водостопанство, Агенцијата за храна и ветеринарство и другите надлежни институции за сузбивање на незаконското труење на диви животни како правосудните органи, судовите и јавните обвинителства конечно ...

Вечерва со доделување на награди, проекција на филмот „Патување пеш“ на Тамара Котевска и концерт на Дуке Бојаџиев, завршува 15. издание на фестивалот за креативен документарен филм „МакеДокс“ со почеток од 20 часот во Куршумли ан. Филмската програма на фестивалот е рапоредена во пет категории – Главна програма, Нови автори, Кратки документарни филмови, Студентски документареци и Програма за деца и младинци. Оттука, вечерва ќе се доделат пет ...

Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) „Скопје“ информира дека во тек е надградба на системот за електронска наплата во автобусите на ЈСП и на приватните превозници, согласно договорот бр. 08-359/1 од 15 април со софтверската компанија „Аитоникс Македонија“. Како што објаснуваат од ЈСП, надградбата се врши во три фази. Моментално се работи на втората фаза, во која се инсталира по еден валидатор во сите возила од новиот надграден систем. „Оваа ...

Outernational Inity е дружина обединета да го промовира регето во интернационални рамки. Во дружината членуваат повеќе реге имиња од различни држави во Европа и сите се со сериозен диџејски бекграунд, а во петок (23 август) од 20 часот ќе имаат реге настан во „Буква“ „Гето Руди е нашиот претставник од оваа дружина, потоа добро познатиот Rub-A-Dub Ramses од Холандија, кој ќе настапува заедно со RasTaphant од Унгарија, а вечерта ќе ја отвори ...

Годинешното 63. издание на фестивалот Струшки вечери на поезијата започнува со церемонија на свечено отворање и традиционалното поетско читање „Меридијани“ утре, 22 август, од 20 и 30 часот во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, познат и како Домот на поезијата. „Оваа година, церемонијата на свеченото отворање ќе се случува во големата сала на Центарот за култура, со специјално подготвена сценографија од ОТП студио, на начин ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
66%
1017
weather icon

Белград

8ᴼ / 7ᴼ
3.6
60%
1018
weather icon

Загреб

9ᴼ / 4ᴼ
1.54
56%
1021
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
0.51
87%
1016
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
2.52
90%
1017
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
77%
1022
weather icon

Атина

16ᴼ / 13ᴼ
3.58
77%
1011
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
4.63
71%
1014
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
66%
1017
weather icon

Букурешт

9ᴼ / 7ᴼ
1.54
66%
1017
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 10ᴼ
5.14
41%
1018
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.63
77%
1016
Currency

61.645

Currency

52.6183

Currency

71.0956

Currency

37.6837

Currency

38.5248

Currency

67.1488

Currency

7.70987

Currency

0.70065

Currency

0.32997

Currency

0.52528

Currency

1.1713

Currency

0.56113

Родиум

326330.08

Кобалт

45.39

Цинк

0.00

Бакар

12.18

Калај

51.07

Платина

66584.20

Сребро

2508.22

Паладиум

50026.56

Иридиум

253540.09

Злато

153002.26

Рутениум

53788.20

Алуминиум

3.62