Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
FACT-CHECK: Премиерот користи официјални податоци за платите, но од нив прави споредба што не претставува стапка на раст. „70 отсто побрз раст“ е резултат на делење на вкупниот пораст со бројот на месеци во два различно долги периода. Кај пензиите, споредбата е уште посложена бидејќи нивното зголемување е врзано за законска формула. Премиерот Христијан Мицкоски во гостувањето на ТВ Сител направи споредба на растот на просечната плата и ...
На 4 октомври истекува шестмесечниот период во кој, според Уставот, вршителот на должноста претседател на Косово може да ја извршува таа функција. Албуљена Хаџиу, како претседател на десеттото свикување на Собранието на Косово, почна да ги извршува должностите претседател на 4 април, кога заврши петгодишниот мандат на Вјоса Османи на чело на државата. Бидејќи парламентарните партии не успеаја да постигнат консензус за следниот претседател на ...
Српското Министерство за труд, вработување, ветерани и социјални работи исплатило речиси 1 милион евра на организации на ветерани од почетокот на 2025 година, од кои некои се поврзани со проруски структури. Ова е според истражувањето на Радио Слободна Европа/Радио Либерти. Анализата на одлуките за финансирање објавени од министерството покажува дека околу 70 здруженија добиле средства во рамките на последните три конкурсни постапки, со кои се ...
Во спогодбите за признавање вина на двајцата осудени во истрагата за шверц на марихуана од Северна Македонија во Србија, беше наведено дека осум тони дрога биле транспортирани во пет транспортни патувања, објави Телевизија Телма. Според она што беше наведено во договорите и во признанијата за вина на двајцата, објавени од Кривичниот суд во Скопјe, станува збор за транспорт на количина поголема од осум тони, но не е прецизирано дали вкупната ...
Здружението на градежни инспектори на Северна Македонија, тврди дека вештачењето во случајот „Пулс“ ја проширува надлежноста на градежниот инспектор надвор од она што го предвидува Законот за градење и предупредува дека професионалната одговорност не може да се темели само на академски титули, туку на познавање на конкретната инспекциска практика. Од Здружението бараат од вештаците и Обвинителството да одговорат на низа конкретни прашања за ...
Уште 16 подрачни училишта треба да престанат да работат годинава. Во руралните средини ова веќе не е исклучок, туку годишна статистика: по десетина училишта исчезнуваат од образовната карта, заедно со генерациите деца што некогаш ги полнеа нивните училници. Една мала училишна зграда во македонско село може да изгледа како сосема обична градба. Неколку училници, двор, знаме, табла со името на училиштето. Но зад тие ѕидови често стои многу ...
Антологиската едиција „Бајки од Македонија“ продолжува да создава нови креативни форми за бајките од македонското народното творештво. Најпознатата македонска бајка за Силјан Штркот, која претходно беше објавена како дел од изданието „Бајки од Македонија за цела година“, отсега е достапна во нова посебна илустрирана сликовница. Сликовницата е во издание на „Арс Ламина – публикации“, во соработка со Здружението за поддршка на креативноста „Иво ...
Врз основа на европскиот налог за апсење од Германија, хрватските власти го уапсија украинскиот државјанин Владимир З. во Пула, кој беше обвинет за учество во саботажата на гасоводот Северен тек. Се очекува негова брза екстрадиција. Според германското федерално обвинителство во Карлсруе, апсењето го извршило Полициското одделение на Пула во координација со Дирекцијата на полицијата во Загреб. Осомничениот е под сериозно сомнение дека, заедно ...
Учениците кои не се задоволни од резултатите од августовскиот рок на Државната матура имаат уште еден ден за реакција. Државниот испитен центар на 19 август ги објави прелиминарните резултати, а приговор може да се поднесе најдоцна до 20 август во 16:00 часот. На официјалната страница за матура е објавен и посебен пакет „Приговори август 2026“. Право на приговор има кандидат кој смета дека е направена грешка при оценувањето на задачите, ...
Здружението за заштита на правата на увозниците на месо „Алиментариа“ е формирано во ноември 2025 година како организација која ги обединува увозниците на месо и месни производи и ги застапува нивните економски и професионални интереси. Здружението за заштита на правата на увозниците на месо „Алиментариа“ Скопје својата работа ја дефинира како заедничко застапување на компаниите од секторот на увоз на месо и месни производи, со фокус на ...
Министерството за внатрешни работи предупредува дека до граѓаните се испраќаат лажни СМС-пораки со известувања за наводни сообраќајни прекршоци и казни поврзани со системот „Безбеден град“. Според МВР, пораките содржат линкови преку кои од граѓаните се бара да внесат лични или банкарски податоци и да извршат плаќање на наводна казна. Станува збор за обид за измама и прибирање чувствителни податоци. Од Министерството посочуваат дека ...
Одбележувањето на државноста е легитимна обврска, но претворањето на незаокружената 35-годишнина во едномесечен естраден караван со светски диџеи во 11 градови е драстично непропорционален потег. Ваквиот модел на трошење јавни пари зад превез на системска нетранспарентност – и тоа во услови на тешка буџетска и економска криза – претставува најочигледна реприза на популистичката матрица од ерата на „Скопје 2014“ и масовните медиумски кампањи ...
Македонија влегува во 20 август со неколку тешки пожарни фронтови, по ден во кој биле регистрирани околу 30 пожари на отворено, а најголемата битка повторно се водеше во Мариово. Огнот кај Крушевица во еден момент го преминал асфалтираниот пат и се приближил кон селото, поради што за првпат ова лето превентивно биле ангажирани и околу 30 припадници на Армијата. Истовремено, пожарот се движи и кон битолскиот дел на Мариово, во правец на селото ...
Украински нуркач осомничен дека директно учествувал во поставувањето експлозив на гасоводите „Северен тек 1“ и „Северен тек 2“ е уапсен денеска, 19 август, во Пула, Хрватска. Германското Сојузно јавно обвинителство го сомничи Владимир З. дека бил дел од групата која во септември 2022 година со јахта стигнала до Балтичкото Море, нуркала до гасоводите кај островот Борнхолм и поставила експлозивни направи. Апсењето повторно го отвора големото ...
Да го спакувате лаптопот и да ја замените канцеларијата со Сеул, Токио, Барселона или Ханој повеќе не е необична идеја. Ново рангирање на 104 големи светски градови открива каде дигиталните номади во 2026 година добиваат најдобар спој од брз интернет, места за работа, прифатливи трошоци, култура, забава и поволно време. А резултатот е прилично убедлив, Азија речиси целосно го презема врвот, додека Европа има само два града меѓу првите десет. ...
Жешките ноќи не значат само непријатно превртување во креветот и уште едно утро со недоволно сон. Новите климатски и здравствени истражувања покажуваат дека високите температури во текот на ноќта му го одземаат на организмот периодот во кој треба да се олади и да закрепне од дневната жештина. Последиците можат да бидат пократок и понеквалитетен сон, дехидрација и дополнително оптоварување на срцето и крвните садови. На проблемот денеска ...
Авганистан се обидува да го оживее туризмот под власта на талибанците, нудејќи им на странските посетители планини, историски локалитети и древни градови. Сепак, зад обидот земјата да се претстави како туристичка дестинација стојат строги правила, ограничувања и безбедносни ризици.По враќањето на талибанците на власт во 2021 година, Авганистан остана изолиран од голем дел од меѓународната заедница. И покрај тоа, властите во Кабул се обидуваат ...
„Охридско лето“ утре, 20 август, го затвора своето 66. издание по фестивалска програма која траеше 40 дена и донесе околу педесет културни настани со повеќе од 700 уметници од 24 земји. Последната вечер нема да заврши со класичен концерт, туку со современиот македонски мјузикл „Као какао“, инспириран од музиката на Влатко Стефановски, кој ќе биде изведен од 21 часот во Долни Сарај. Датумот на затворањето е двојно потврден и во официјалната ...
Македонија има висок процент домаќинства приклучени на јавен водовод, но кога водата ќе помине низ домовите, сликата станува многу понеповолна. Само 75,5 отсто од становите се поврзани со јавна канализација, 13 отсто сè уште користат септички јами, 4,3 отсто имаат слободен истек на отпадните води, а 7,3 отсто воопшто немаат инсталација за одвод. Уште позагрижувачки е податокот дека во 2025 година дури 72,6 отсто од испуштените отпадни води не ...
Европската централна банка започна процес на редизајнирање на евро банкнотите, а новата серија би требало да донесе поинаков визуелен изглед на европската валута. Промените, сепак, не значат укинување на готовината, туку обид банкнотите да се модернизираат и да добијат посовремени заштитни елементи. Новата серија ќе биде избрана врз основа на теми кои ја претставуваат европската култура и заедничкото европско наследство. Според Европската ...
Манифести за вештачката интелигенција сè почесто пристигнуваат директно од луѓето кои ги водат најмоќните технолошки компании во светот. Марк Закерберг последен се приклучи на овој тренд со текст долг околу 6.500 зборови во кој ја изложува својата визија за иднината со суперинтелигенција. Пред него свои големи визии објавија Сем Алтман од OpenAI и Дарио Амодеи од Anthropic. Зад оптимистичките предвидувања, сепак, се отвора едно поважно ...
СДСМ го критикува Орце Ѓорѓиевски за начинот на кој Град Скопје се справува со комарците во период кога западнонилската треска се шири во главниот град. Од партијата велат дека градоначалникот набројува датуми кога било прскано, но не одговара на клучното прашање, зошто Скопскиот регион стана центар на епидемијата и дали спроведените мерки биле доволно ефикасни. Заклучно со 18 август во Македонија се регистрирани 38 случаи, 37 од нив во ...
Сплит од денес, 19 август, ја ограничува продажбата на алкохол во продавниците во вечерните и ноќните часови. Од 21:00 до 6:00 часот алкохол повеќе не смее да се продава во малопродажните објекти на целата територија на градот, мерка што директно ги засега и туристите кои летуваат или транзитираат низ една од најпосетените дестинации на хрватскиот Јадран. Одлуката е формулирана како сезонска мерка за периодот од 1 јуни до 15 септември. Иако ...
Словенија влегува во неколкудневен период на нестабилно време, со можност западниот дел од земјата до сабота да добие меѓу 30 и 80 милиметри дожд, а локално и повеќе од 100 милиметри. Најризичниот период се очекува од четврток попладне до петок, кога силните врнежи може брзо да ги подигнат поројните води и да создадат проблеми за туристите, камперите и патниците што минуваат низ западна Словенија. Според словенечката Агенција за животна ...
Реконструкцијата на Владата за Шабан Салиу не значеше и заминување од извршната власт. Поранешниот министер без ресор, задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите, по разрешувањето од министерската фотелја доби нова владина функција: национален координатор за следење на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022–2030. Одлуката била донесена на владина седница на 21 јули, практично во истиот период кога Салиу ...
Сплит од денес, 19 август, ја ограничува продажбата на алкохол во продавниците во вечерните и ноќните часови. Од 21:00 до 6:00 часот алкохол повеќе не смее да се продава во малопродажните објекти на целата територија на градот, мерка што директно ги засега и туристите кои летуваат или транзитираат низ една од најпосетените дестинации на хрватскиот Јадран. Одлуката е формулирана како сезонска мерка за периодот од 1 јуни до 15 септември. Иако ...
Пациент од Охрид, кој со години чека трансплантација на срце, по влошување на здравствената состојба денеска е итно транспортиран во Германија. Тој е префрлен во Универзитетскиот клинички центар во Берлин, каде треба да биде стабилизиран и подготвен за оперативен зафат, додека се чека соодветен органодарител. Според информациите од Владата, пациентот претходно се лекувал на Клиниката за кардиохирургија и бил квалификуван за трансплантација на ...
Авганистан се обидува да го оживее туризмот под власта на талибанците, нудејќи им на странските посетители планини, историски локалитети и древни градови. Сепак, зад обидот земјата да се претстави како туристичка дестинација стојат строги правила, ограничувања и безбедносни ризици.По враќањето на талибанците на власт во 2021 година, Авганистан остана изолиран од голем дел од меѓународната заедница. И покрај тоа, властите во Кабул се обидуваат ...
Селото Чаниште во Мариово во моментов не е загрозено, но пожарот продолжува да се движи во правец на Крушевица и Зовиќ. Во изминатото деноноќие низ земјата се регистрирани 37 пожари на отворен простор, од кои три и натаму се активни. Според директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во реонот на Чаниште нема опасност ниту за селото ниту за трите манастири што се наоѓаат во околината. Огнената линија, сепак, е долга, а ...
Управата за јавни приходи во Охрид ги информираше туристичките работници дека приходите од издавање сместување и опрема за рекреација на вода подлежат на данок на личен доход. На средбата со издавачи на вили, апартмани и соби, хотелиери и други туристички работници, УЈП посочи дека обврските важат и за сезонските и повремените дејности. Информативната средба била организирана во соработка со Општина Охрид, во рамки на кампањата „Фер туризам ...