Скопје
17ᴼ /
17ᴼ
МВР информира дека утре 06.06.2026 (сабота) поради одржување на ревијална трка со почеток во 17:00 до 18:00 часот од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот. Имено трката почнува со старт од Порта Македонија, потоа десно долж улицата „Димитрие Чупоски“, десно по улицата „Васил Главинов“, право по булевар „ВМРО“, ...
Лекарската комора на Република Северна Македонија денеска, го одбележа својот значаен јубилеј – 34 години од формирањето на Комората. Во рамките на свеченоста, официјално беше отворено и историско катче на медицината, лоцирано во просториите на Комората. Овој простор е замислен како траен чувар на меморијата за развојот на македонското здравство каде што преку документи, фотографии и предмети се сведочи за патот, предизвиците и успесите на ...
„Единствениот пат кон членство во европската Унија се уставните измени, тоа се и последните пораки од ЕУ, нагласи пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, во дебатната емисија „Клик плус” на ТВ21. Лукаревска посочи дека одговорноста сега е кај Владата, но наместо стратегија која ќе го олесни влегувањето во европското семејство, власта свесно го блокира европскиот пат и во јавноста пласира лаги и манипулации. „Сите сигнали и пораки коишто ги ...
Федерален судија му наложи на Центарот за сценски уметности „Кенеди“ да го отстрани името на претседателот Доналд Трамп од неговиот назив, привремено запирајќи ги плановите за обемна реновација и двегодишно затворање. Одлуката дојде откако демократската конгресменка и членка на Управниот одбор на Центарот, Џојс Бити, поднесе тужба со која ја оспорува промената на името и плановите за затворање, а судијата утврди дека одборот ги пречекорил ...
Струга во сабота, 6 јуни 2026 година, ќе биде домаќин на „Craft to Impact – Социјален креативен базар“, настан што ги поврзува локалните креативци, занаетчии, претприемачи и граѓани околу идејата за креативност со општествено влијание. Базарот ќе се одржи во Паркот на поезијата, со почеток во 12:00 часот, а посетителите ќе имаат можност да се запознаат со автори на рачни изработки, оригинални креации и мали локални бизниси кои преку својата ...
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, им додели 30 пехари и симболични награди на победниците на Пензионерските спортски игри 2026, на кои пензионерите се натпреваруваа во пет дисциплини: пикадо, табла, домино, фудбал и кошарка. Натпреварите се одржаа во машка и женска конкуренција, а целта на манифестацијата е да се поттикнат активниот живот, рекреацијата и дружењето меѓу граѓаните од третото доба. Герасимовски им честиташе ...
Во Основниот кривичен суд Скопје продолжи судењето против 13 полициски службеници обвинети за тешки дела против општата сигурност, поврзани со пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој на 16 март 2025 година загинаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени. На денешното рочиште се изведуваа материјални докази. Пред судот бил презентиран писмен извештај од Институтот за судска медицина за обдукцијата на жртвите во пожарот. Станува збор за ...
Францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц од Самитот ЕУ – Западен Балкан во Тиват испратија јасна порака дека Европската Унија мора повторно да ја покаже политичката волја за проширување, а Црна Гора ја поставија како највидлив кандидат за следно членство. Макрон изјави дека европските лидери се во Тиват за да ја поддржат Црна Гора на патот кон Европската Унија и дека земјата треба што поскоро да се интегрира ...
Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, побара обвинителот Ненад Савески да го повика министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и да побара од него да ги достави доказите за предметот „Мазут“, за кои министерот јавно тврдеше дека постојат. Реакцијата доаѓа по изјавата на Савески дека предметот може повторно да биде активиран доколку во иднина се појават нови околности или релевантни докази. Димитријевиќ оценува дека ...
Во Тиват на јадранскиот брег се собраа шефовите на држави и влади на Европската Унија и шест балкански земји кои сакаат да се приклучат кон ЕУ, но најчесто чекаат со години да се приклучат кон блокот. Затоа, Германија и Франција имаат намера да започнат нова иницијатива на самитот во Тиват, насочена кон забрзување на процесот на пристапување. Како што објави германската агенција ДПА, двете земји, во заеднички документ, се обврзуваат да ...
Пензионираниот жандарм Саша Лазиќ во Луштица резервирал луксузен смештај за 45 членови на групата што во среда (3 јуни) беше вратена во Белград од аеродромот Тиват поради закани по националната безбедност, дознава „Вијести“ од Подгорица од неколку извори. Според истите неофицијални информации, Лазиќ дошол на полуостровот што се наоѓа на влезот во Которскиот Залив со сограѓаните од Обреновац – Иван Ѓукиќ и Горан Михајловиќ. Изворот на ...
Научници од Универзитетот Кембриџ развија нова вакцина со помош на вештачка интелигенција, која би можела да овозможи поширока заштита од цели групи вируси, наместо само од една конкретна варијанта. Станува збор за прв клинички тест кај луѓе на вакцина чија активна компонента е целосно дизајнирана со компјутерски симулации и машинско учење. Вакцината е развиена како универзален кандидат против сарбеко-коронавируси, група во која спаѓаат ...
Луксузниот туристички проект на албанскиот брег, поврзуван со Џаред Кушнер, зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, отвори сериозни прашања за сопственоста врз земјиштето, транспарентноста на инвестициската шема и иднината на еден од најчувствителните природни предели во Албанија. Во фокусот е подрачјето околу Звернец, Пише Поро и лагуната Нарта, дел од заштитениот пејзаж Вјоса-Нарта на јадранскиот брег. На простор од повеќе од 1,3 ...
Прилеп го одбележува јубилејот на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, кој шест децении е столб на националната култура. Оваа година, под мотото „Храбриот нов театар“, фестивалот ги преиспитува општествените кризи преку богата програма, изложби и почит кон доајените на македонската театарска уметност, потврдувајќи ја својата улога како средиште на театарската мисла. Со претставата „Мачкина глава“ на Драмски театар Скопје, ...
Евроамбасадорот Михалис Рокас при посетата на струшката депонија изрази сериозна загриженост за состојбата на терен и за нејзината близина до куќите, реката Црн Дрим, водоводот и Охридското Езеро. Рокас оцени дека проблемот е голем и дека не може да се чека само долгорочното решение со регионалниот систем за управување со отпад во Новаци. Според него, потребни се и итни мерки за актуелната состојба, бидејќи депонијата се наоѓа на локација што ...
Македонија за првпат од осамостојувањето е избрана за членка на Економскиот и социјален совет на Обединетите нации, познат како ЕКОСОК, за мандатниот период 2027-2029 година. На гласањето во Њујорк земјата добила поддршка од 174 земји членки на ОН. Изборот значи дека Македонија во следните три години ќе има директно место во едно од најважните тела на системот на Обединетите нации за економски, социјални, развојни и хуманитарни прашања. ...
Цената на златото продолжи да се намалува на меѓународните пазари, при што еден грам од благородниот метал се тргува околу 122 евра. На глобалните берзи, златото се движи околу 4.460 долари за тројска унца, со пад во текот на денот и со можен неделен минус. Движењето доаѓа по период на високи цени, зголемена побарувачка и посилни осцилации на пазарот на благородни метали. Пазарот внимателно ги следи сигналите од американската економија, ...
Етиопија, една од најсиромашните земји во Африка, се претвора во неочекуван лидер во електричната мобилност, откако стана првата земја во светот што го забрани увозот на возила со погон на фосилни горива и за две години стигна до повеќе од 100.000 електрични автомобили на патиштата. Потегот на Адис Абеба на прв поглед изгледа радикално, но зад него стои студена економска логика. Земјата со околу 140 милиони жители троши огромни суми за увоз ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во отворено писмо до Владимир Путин предложи директна средба меѓу двајцата лидери, со цел да се отвори пат кон прекин на војната во Украина. Во писмото, објавено на 4 јуни, Зеленски наведува дека Украина предлага завршување на војната преку директен ангажман меѓу Киев и Москва. Тој предлага средбата да се одржи во неутрална земја, меѓу можните домаќини ги наведува Швајцарија, Турција и земјите од ...
Сè поочигледната неспособност на Русија да го прекине ќор-сокакот на бојното поле во Украина ги наведе влијателните гласови во рускиот естаблишмент јавно да повикаат на прекин на конфликтот. Главното прашање е дали претседателот Владимир Путин ќе ја признае оваа реалност и ќе се откаже од својата намера да ја уништи украинската независност. Во петтата година од најкрвавиот конфликт во Европа во последните генерации, сè уште нема знаци дека ...
Групата српски граѓани на кои им беше забранет влез во Црна Гора, планирале да организираат серија митинзи во поддршка на Александар Вучиќ за време на неговиот престој во Тиват. Целта била да се создаде лажен впечаток дека претседателот на Србија има силна поддршка меѓу граѓаните на Црна Гора, пишува Nova.rs. Додека црногорската полиција официјално наведува дека кај патниците биле пронајдени транспаренти со натпис „Србија победува“ и ...
Во отворено, директно писмот до Путин, украинскиот претседател Володимир Зеленски му предложи на рускиот лидер Владимир Путин да одржат лична средба за да разговараат за начините за завршување на војната. „Доста со војната. Украина предлага да се заврши оваа војна. Мора да го направиме тоа праведно, со достоинство и да гарантираме дека нема да има ново избувнување на војна. Гледаме дека Соединетите Држави го посветуваат целото свое внимание ...
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во Тиват изјави дека самитот на ЕУ и Западен Балкан е посветен на следните чекори во европската интеграција на регионот „Прекрасно е повторно да се биде во Тиват. Каде што луѓето и културите се среќаваат со векови. Целиот Западен Балкан лежи во срцето на европската историја. Нашиот самит е посветен на следното поглавје“, напиша фон дер Лајен на X. Заедно со таа порака, фон дер ...
Јуни значи едно: Светското првенство во фудбал за мажи 2026 започнува овој месец. Со повеќе тимови, повеќе играчи и повеќе натпревари од кога било досега, најдобрите машки фудбалски тимови ќе се борат за титулата крунисана за шампиони на светот. Аргентина се враќа како актуелен шампион, додека Франција е во потрага по одмазда по поразот во финалето во 2022 година. Европските сили Шпанија и Англија се стремат да додадат втора ѕвезда на своите ...
Во ексклузивен извештај, Euronews открива што ја навед Унгарија да го повлече своето двегодишно вето за пристапувањето на Украина во ЕУ. Амбасадорите во Брисел беа во просторијата речиси 12 часа по ред. Списокот на теми изгледаше бесконечен – конкурентност, одбрана, миграција, климатски акции, конфликтот на Блискиот Исток, па дури и директива за оданочување на тутунот – а дипломатите почнаа да го чувствуваат притисокот. Потоа, токму кога ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски предложи средба лице в лице со Владимир Путин во отворено писмо до рускиот лидер, велејќи дека е подготвен и за „целосен прекин на огнот“. Писмото е еден од ретките случаи во кои Зеленски директно му се обратил на Путин по руската инвазија во 2022 година. Разговорите меѓу Русија и Украина се заглавени со месеци, додека дипломатските напори предводени од САД се ефикасно замрзнати поради војната со ...
Во Културно-информативниот центар – Скопје (КИЦ), во салонот „Империјал“, во петок, на 5 јуни, со почеток во 19 часот, ќе се одржи промоцијата на книгата „Од ’Црвенкапа’ до ’Џинџуџе’“ од универзитетската професорка и книжевна критичарка, Весна Мојсова-Чепишевска, во издание на „Панили“. Наместо класична промоција со формални обраќања, книгата ќе биде претставена преку разговор меѓу авторката и Елена Ѓорѓиовска, која под менторство на ...
Црна Гора доби силна поддршка од францускиот претседател Емануел Макрон, кој денеска на Цетиње порача дека земјата одлучно и одговорно тргнала по патот на владеењето на правото, по потпишувањето повеќе договори меѓу владите на Црна Гора и Франција. Макрон оцени дека неговата посета е симболична и одлучувачка, нагласувајќи дека станува збор за прва историска посета на француски претседател на Црна Гора. Тој му честиташе на премиерот Милојко ...
Грција упати формална дипломатска жалба до Украина во врска со беспилотниот морски дрон полн со експлозив, кој беше откриен овој месец на карпест брег во западна Грција, соопшти Министерството за надворешни работи. Портпаролката на министерството, Лана Зочиу, го објави демаршот до Киев за време на прес-конференцијата во среда. Како што објави „Катимерини“ минатата недела, министерот за надворешни работи, Јоргос Герапетритис, ја информираше ...
Вкупниот број македонски државјани регистрирани како странци што живеат во Германија заклучно со декември минатата година изнесувал 161.120 лица, што е за над 2.000 лица повеќе отколку во 2024 година кога оваа бројка изнесувала 158.995 лица, покажуваат податоците на германскиот Федерален завод за статистика. Од 2015 година до 2025 година бројот на македонски државјани регистрирани како странци во Германија се зголемил за над 65.000 лица. ...