Скопје
-5ᴼ /
-5ᴼ
Основниот кривичен суд во Скопјe ја објави пресудата во предметот со КОК бр. 98/25, кој се однесува на злоупотребите извршени од страна на вработените во затворот „Скопје“. Судот ги прогласи обвинетите за виновни за кривичните дела за кои се товарат, оценувајќи ги сите олеснителни и отежнувачки околности. Поранешниот директор на затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, Филип Андов – Сокол, е осуден на осум месеци затвор за кривично дело ...
Во СВР Тетово вчера во 10:35 часот било пријавено дека на регионалниот пат с.Желино-Тетово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со италијански национални ознаки, управувано од Љ.П.(44) од с.Голема Лешница, тетовско и патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Х.Љ.(40) од с.Добарце, тетовско, по што било удрено во паркирано патничко возило „јагуар“ со тетовски регистарски ознаки, ...
Ако сте бремени, можеби ќе треба да го намалите дневниот внес на вашите омилени пијалоци и закуски што содржат кофеин. Според Американското здружение за бременост, како стимуланс, кофеинот има тенденција да го зголеми крвниот притисок и срцевиот ритам, што генерално треба да се избегнува за време на бременоста. Кофеинот, исто така, ја зголемува фреквенцијата на мокрење, што предизвикува намалување на нивото на течности во телото и резултира ...
Охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ е запишан во Катастарот на недвижности и доби имотен лист по повеќе од 60 години, со што официјално е завршен процесот на негово легализирање, соопшти вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. Николоски посочи дека аеродромот кој функционира уште од 1970-тите години, досега немал регулиран имотно-правен статус, што претставувало долгогодишен проблем и пример за негрижа кон државниот ...
Лукот е познат како храна што го зајакнува имунолошкиот систем, но ако сакате да го избегнете лошиот здив и да го зајакнете имунитетот, можете да консумирате и други намирници. Јадењето храна богата со хранливи материи е докажан начин за зајакнување на имунолошкиот систем и спречување на болести. Додека лукот има антиинфламаторни ефекти кои помагаат во борбата против инфекциите, другите намирници што го зајакнуваат имунитетот можат да ...
Неколку трикови благодарение на кои батеријата на телефонот ќе трае подолго на сите празнични патувања и ќе ви даде можност да снимите незаборавни и магични моменти. Патувањето е возбудливо, но ништо не може да ја расипе забавата побрзо од празна батерија на телефонот. За среќа, со неколку практични трикови, можете значително да го продолжите животниот век на батеријата на вашиот телефон. Користете режим за заштеда на енергија Кога немате ...
Во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници, скопската Итна медицинска помош е подготвена да одговри на сите потреби од граѓаните. Сепак, од таму апелираат бројот за итни случаи да не се злоупотребува, односно граѓаните да повикуваат Брза помош само тогаш кога мора веднаш да се дејствува. „Линијата се кроисти само при акутни ситуации кои што носат загрозувачки сосотојби и кои настанале во моментот и што бараат акутно делување. Но, ние ...
Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија од 30 декември 2025 година, индексот МБИ10 забележа пад од 0,14%, спуштајќи се на 10.054,59 поени, додека индексот ОМБ остана стабилен на 129,44 поени. Вкупниот промет изнесуваше 10,86 милиони денари, што претставува умерена активност во последната целосна сесија пред крајот на годината. Најтргувани хартии од вредност ...
Вчера во 16:00 часот во СВР Скопје, 85-годишен маж од Скопје пријавил дека бил измамен од две лица за сума на пари од 5.000 евра. Според пријавеното, тие околу 11:00 часот на подрачјето на Центар го пресретнале него, при што едниот се претставил дека бил од Хрватска кој работел во Кувајт и го прашале дали може да им покаже евра за да ги споредат со еврата што ги имаат. Како што е пријавено, тој ги зел парите од неговиот дом и им ги дал, а ...
Хрватската музичка ѕвезда Северина одржа концерт во Ливно, а на социјалните мрежи сподели фотографии од специјалниот костим што го подготви за таа пригода. Пејачката носеше креација од хрватскиот моден дизајнер Матија Вуица. Стануваше збор за црн фустан со светки кој комбинираше проѕирен мрежест материјал со чипка. Фустанот, со една прерамка, имаше чипкана јака, а предниот дел беше малку пократок од задниот дел. Таа носеше црна долна облека ...
СВРбТетово соопштува дека во село во Гостивар се случила трагична сообраќајна несреќа во која едно лице го загубило животот. „На 30.12.2025 година околу 15:15 часот, во СВР Гостивар е пријавено дека во селото Долна Бањица во Гостивар, М.К. (69) од истото село, управувајќи трактор „ИМТ“ со приколка, изгубил контрола и се превртел. Од здобиените повреди, М.К. починал на местото на настанот, додека лекарот од Итната помош во Гостивар ја ...
Од Обвинителатвото за гонење на организиран криминал и корупција информираат дека е поднесено обвинение за бизнисменот Ристо Крмзов. -Поднесениот Обвинителен акт и Обвинителен предлог што по спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ги достави до Основниот кривичен суд Скопје е стапен на сила. Обвинителниот акт е против седум лица на кои им се става на товар ...
Првото место каде што ќе се дочека новата 2026 година е островот Киритимати (исто така познат како Божиќен Остров), кој е дел од Република Кирибати во Тихиот Океан. Островот Киритимати е првото населено место што ја дочека Новата година, но со само околу 5.000 жители, нема најавени поголеми настани. Во меѓувреме, Американска Самоа ќе биде последната што ќе ја прослави Новата година во 2026 година. Во 1994 година, Кирибати ја промени својата ...
Маж од гостиварско почина откако се превртел со трактор. – На 30.12.2025 околу 15:15 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека во с.Долна Бањица, гостиварско, М.К.(69) од с.Долна Бањица, управувајќи трактор „имт“ со приколка, изгубил контрола и се превртел со тракторот. Од здобиените повреди, М.К. починал на местото на настанот, а лекар од Итна медицинска помош Гостивар, констатирал смрт, стои за случајот во денешниот полициски билтен. По ...
Уште еден возбудлив астролошки ден е пред нас. Еве што да очекувате од секој хороскопски знак. ОВЕН ЉУБОВ: Можно е да се заљубите во некој од вашиот круг на пријатели, ако веќе не сте. РАБОТА: Финансиската состојба ќе се подобри поради поголем прилив на пари . ЗДРАВЈЕ: Послаб имунитет. БИК ЉУБОВ: Сè уште сте во поволен период за љубов. БИЗНИС: Можен успех ако се занимавате со креативна работа, како и со сè што вклучува партнерска работа. ...
Обилните снежни врнежи што ја зафатија Турција донесоа големи проблеми во сообраќајот и секојдневието. Ниските температури и мразот предизвикаа прекин на наставата во повеќе провинции, а авиосообраќајот е сериозно нарушен. Најголем удар претрпе националната авио-компанија „Туркиш ерлајнс“. Портпаролот Јахја Устун соопшти дека за 31 декември се откажани 61 лет, најмногу на релации кон централните и источните делови на земјата. Тој нагласи ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека некои од документите насочени кон решавање на војната, развиени за време на преговарачкиот процес, ќе бидат подготвени за потпишување во јануари. Зеленски за време на онлајн прес-конференцијата на 30 декември, како што објави „Европска правда“, зборуваше за дипломатските чекори планирани за следниот месец. „Предлагаме ова: советниците да се сретнат во јануари, лидерите да се сретнат во ...
Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во своето новогодишно обраќање до граѓаните, рече дека 2025 година не била лесна година, туку година со сериозни предизвици и, како што вели, година во која државата прво морала да застане на свои нозе. Според премиерот, по долг период на нестабилност, неизвесност и разнишани институции, како што вели, било потребно да се стабилизира и консолидира. „Ова беше услов без кој беше ...
Американското Министерство за правда се соочува со исклучително обемна и сложена задача за прегледување на дури 5,2 милиони страници документи поврзани со осудениот педофил Џефри Епстин. За оваа операција е неопходно ангажирање на 400 адвокати, што речиси сигурно ќе го одложи објавувањето на списите далеку по рокот кој Конгресот го постави за 19 декември, се наведува во официјален владин документ. Во операцијата за проверка се вклучени ...
Крадците користеле голема дупчалка за да провалат во сеф во филијала на банка на главна улица во западна Германија и да украдат околу 30 милиони евра во готовина и вредни предмети, соопшти полицијата. Портпаролот на полицијата го спореди грабежот со холивудскиот филм „Оушнс единаесет“, изјавувајќи за новинската агенција АФП дека грабежот бил „извршен многу професионално“. За време на грабежот во штедилницата „Шпаркасе“ во градот ...
Индустриското производство во периодот јануари-ноември 2025 година, во споредба со истиот период минатата година, е зголемено за 1,9 проценти, објави Државниот завод за статистика. Во ноември оваа година, пак, во споредба со ноември 2024 година, има намалување од 2,8 проценти. Индустриското производство во секторот Рударство и вадење камен во ноември 2025 година, во споредба со ноември 2024 година, е намалено за 4,7 проценти, во секторот ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека разговара со американскиот претседател Доналд Трамп за евентуалното распоредување на американски трупи во Украина, но нагласи дека таквата одлука ќе зависи исклучиво од американскиот лидер. Шефот на државата го изјави ова одговарајќи на новинарски прашања, пренесува „Укринформ“. На прашањето дали, како дел од безбедносните гаранции, САД планираат да распоредат свои трупи во Украина – ...
Проблеми со напојувањето во Евротунелот (Channel Tunnel) предизвикаа прекин на сообраќајот и ги нарушија плановите на илјадници патници кои патуваат меѓу Велика Британија и Франција за време на новогодишните празници. Иако тунелот е делумно отворен и некои линии на „Eurostar“ и „LeShuttle“ се обновени, сообраќајот се одвива со значителни доцнења. Дефектот на електричните водови и вчерашниот дефект на еден воз на „LeShuttle“ предизвикаа ...
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) го затвори пансионот за кучиња „Ав ав хепи дог“ во скопската населба Бардовци, по добиени пријави дека во објектот можно е да циркулира вирусот парвовироза. Од Агенцијата за „Скопје1“ потврдија дека е издадена временска забрана за работа, која ќе остане на сила сè додека трае вонредниот инспекциски надзор и не се утврди здравствениот статус на кучињата што престојувале таму. „По добиените ...
Од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје утрово информираат дека шалтерите за наплата, шалтерите за рекламации, како и операторите во Дирекцијата на претпријатието, денеска ќе работат во периодот од 7:30 до 15:30 часот. – Утре е неработен ден. Од петок се продолжува со редовно работно време, додаваат од претпријатието. Од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје утрово информираат дека шалтерите за ...
Бројот на пријавени случаи на грип и заболувања слични на грип во Македонија забрзано расте токму пред новогодишните собирања. Во 51. недела (15–21 декември) се пријавени 314 случаи, што е 2,3 пати повеќе од претходната недела, покажува неделниот извештај на Институтот за јавно здравје. ИЈЗ нотира дека активноста сè уште е под прагот за „влез во сезоната“, но трендот оди нагоре, а највисока неделна инциденца има кај децата од 0 до 4 години. ...
Додека отслужуваше четиригодишна затворска казна, американскиот рапер Шон Диди Комбс ја повлече озлогласената вила за забави од продажба откако не успеа да најде купувач повеќе од една година. Раперот, кој неодамна поднесе жалба тврдејќи дека неговата казна била прекумерна и дека судијата ја пречекорил пресудата на поротата, се бори да најде купувач за куќата, која ја посетувале многу познати личности на контроверзни забави. Записите за ...
Обидот за напад од страна на украинските вооружени сили врз резиденцијата на рускиот претседател Владимир Путин ја стави Украина под интензивен дипломатски притисок од земјите ширум светот, објави Фајненшл тајмс. „Индија, Пакистан и Обединетите Арапски Емирати му се придружија на американскиот претседател Доналд Трамп во осудата на нападот врз резиденцијата на рускиот лидер. Украинските претставници побрзаа да ги минимизираат дипломатските ...
Околу 638 илјади тони комунален отпад биле собрани во Македонија минатата година, односно 2,5 отсто повеќе во однос на 2023. Секој жител во просек создал по 438 килограми комунален отпад, што е намалување во однос на претходната година кога секој жител во просек создал по 503 килограми комунален отпад, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Според нив, собраниот комунален отпад од домаќинствата, дуќаните и уличниот смет се ...
Две жени, реформаторки, ќе бидат предложени за нови членови на Судскиот совет од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Таа го најави ова на вечерашното новогодишно интервју за првиот канал на Македонската телевизија. Според Сиљановска-Давкова, едната од жените што ќе ги предложи е професорка, а другата е адвокатка и тие се, како што вели, со огромен углед во општеството. Најавата на претседателката доаѓа еден ден откако во Собранието ...